Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Животот во Македонија, за секој човек кој упорно ја бара вистината од институциите, лесно може да се претвори во Голгота. Полни пет и пол години водам законска и јавна борба за да се расветли стечајот на Еуростандард банка и улогата на институциите што го овозможија нејзиното ,,законско” ликвидирање. Не барам да ми се верува на зборот, на мојот долгогодишен углед и кредибилитет, сѐ што барам е фактите да бидат проверени, документите да бидат ...
На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на ...
– Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, ...
Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значителни“ царини откако, како што наведува, Брисел им наметна серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: Соединетите Американски Држави не се „касичка“ за Европа, ниту пак ќе дозволиме да бидат!“ – Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании! ...
Индустрискиот сектор во Германија губи околу 15.000 работни места секој месец, предупреди раководителката на Федерацијата на германски индустрии (BDI), Тања Генер. Геополитичките случувања, како што се царинските политики на САД и растечката индустриска доминација на Кина, влијаат врз германската индустрија. Генер во изјава за ДПА предупредува дека ситуацијата во индустрискиот сектор е критична, но оти се уше има можност работите да се ...
МВР соопшти дека вчера, по извршен претрес, е лишено од слобода едно лице од Арачиново, во чиј дом се пронајдени над два килограми марихуана. -На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново. При претресот се пронајдени над два килограми наркотична ...
– Водата е отруена веќе во шест населени места.Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Преглово. Дури и во болницата во Лешок немаше безбедна вода.Сега бела пена тече низ Лепенец и Вардар. Отровот стигна до Скопје. Мицкоски и организираната криминална група ВМРО немаат милост. Нема одговорност. Нема кривични пријави – се вели во денешото соопштение од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Обвинителот Савески се сокри. Нема наредба од ...
Јеменското движење Хути, поддржано од Иран, вети дека ќе се одмазди за вчеерашните саудиски напади врз цели во Јемен, преднсува ДПА. Нападите врз цивилни цели „нема да останат неказнети“, објави новинската агенција Саба, контролирана од Хутите. Доцна синоќа, воената коалиција предводена од Саудиска Арабија соопшти дека извршила напади во Јемен како одговор на нападот врз брод под саудиско знаме. Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, ...
Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе поради големите шумски пожари што беснеат во двете земји. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите. Пожарот во Жиронд досега проголта ...
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, има желба за соиграч во клубот од Саудиска Арабија да го има својот сонародник Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед, објави „365Scores“. Четириесет и едногодишниот Португалец лично се обидува да го убеди Фернандеш да се приклучи на Ал-Наср, надевајќи се дека ќе го искористи тоа што преговорите за продолжување на договорот на играчот со Манчестер јунајтед досега не успеаја. Роналдо, исто така, бара ...
Приврзаници на соборениот претседател на Венецуела Николас Мадуро вчера на протест на плоштадот Симон Боливар во Каракас ги запалија американското и израелското знаме, извикувајќи слогани против САД. Демонстрантите, исто така, ги газеа сликите на Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, извикувајќи „Грингоси, одете си дома!“ и „Ова не е помош, ова е окупација“ – алудирајќи на американската помош обезбедена по двата земјотреса ...
Најновите американски царини за шеесетина земји воведени од претседателот Доналд Трамп веднаш предизвикаа приговори од трговските партнери како што се Кина, Јапонија и Австралија, а австралискиот министер за трговија ги нарече „целосно неоправдани“. Администрацијата на Трамп воведе царини од 10 до 12,5 проценти наводно затоа што тие земји не ја спроведувале соодветно забраната за продажба на производи изработени со принудна работа. Царините ...
Камерен концерт под наслов „Бетовен за пијано“ на Мариа Летиција Микиелон од Италија ќе се одржи вечерва во рамки на Скопско лето со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар), соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. -Рецитал посветен на доцниот творечки период на Лудвиг ван Бетовен, во кој пијаното станува носител на длабока лична и музичка мисла. Програмата е обединета преку неговиот зрел ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а ...
По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје денеска организира бесплатен панорамски разглед на градот. Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле ...
Mакедонската државјанка С.С (43) денеска во Улцињ е уапсена под сомнение дека прегазила и убила куче со својот автомобил, соопшти Полициската управа на Улцињ. Од Управата наведуваат дека полицијата брзо ја идентификувала, пронашла и, по наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во тој град, ја уапсила С.С. „По извршувањето на кривичното дело, таа имала намера да ја напушти територијата на Црна Гора, но полицијата ја ...
Четири години трпам критики оти велам дека протоколите не се дел од преговарачката рамка, а сега тој чекор е поминат, вели ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако актуелниот министер, Тимчо Муцунски денеска го потврди токму тоа – дека според него, и како министер – и како правник, протоколите, односно записниците од разговорите, не се дел од Преговарачката рамка. „Четири години велам дека протоколите не се дел од ...
Дезинформациска операција спроведена од проруска мрежа е откриена против Едуар Филип, кандидат на претстојните претседателски избори во Франција, изјави претставник на безбедносните служби. Ова е прва ваква операција насочена против кандидат на претседателските избори, чиј прв круг е закажан за 18 април следната година. Француските власти стравуваат од зголемена опасност од странско мешање, пренесува Франс24.. „Речиси незабележливата кампања“ ...
Андреа Пирло треба да биде новиот селектор на Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми и познатиот италијански фудбалски новинар Фабрицио Романо, Пирло постигнал устен договор со фудбалската федерација на Италија. Тој дал согласност за планот на Паоло Малдини и Леонардо и во следните денови се очекува да биде потпишан и официјалниот договор. За 47-годишниот Пирло ова би требало да биде најголем предизвик во тренерската кариера. Со ...
Руските воени сили извршија напад со повеќе видови оружје врз објект во предградие на Киев, каде што се одржувала демонстрација на беспилотни летала користени за напади врз цивилни објекти во Русија“ – се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана, пренесува ТАСС. При нападот било користено високопрецизно оружје со голем дострел. Според соопштението, во објектот сместен во предградието на украинската престолнина „се одржувала ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека за детектирање на белата пена во Лепенец пуштил дрон. Човекот што не може да направи билборд без грешка, сега со дрон од воздух ќе го открие загадувањето на Лепенец и Вардар, се наведува во соопштението од СДСМ, Прво вештачка интелигенција за билборд. Сега дрон, за пена во река. Додека граѓаните во пет града не смеат да ја пијат водата, а во Скопје тече синтетичка пена, власта и ...
Пет килограм марихуана се пронајдени денеска при претрес на дом во Скопје, а две лица се лишени од слобода, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска по наредба од Основен кривичен суд Скопје извршиле претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје. При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога ...
Според информациите добиени од експертските тимови кои работат на терен, се очекува граѓаните на Гостивар кон крајот на оваа недела да добијат техничка вода, а кон крајот на следната седмица и вода за пиење, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител, таа информира дека ИЈЗ во изминатите денови два пати има излезено на терен во Гостивар за да се земат ...
Македонскиот министер за локална самоуправа и лидер на Демокракатската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, соопшти дека Србија ќе ги покрие сите трошоци оперативните зафати на младите кои беа повредени во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Стоиљковиќ информира дека по разговорите со српскиот државен врв, српските здравствени институции ќе ги изведат интервенциите на сопствен трошок, а институциите на двете држави веќе ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија се вмешани во конфликтот во Иран, но предупреди дека доколку се вмешаат, „тоа би било многу лошо за нив“. „Претседателот Шји, за време на нашата неодамнешна средба во Пекинг, Кина, ми рече дека под никакви околности нема да ѝ обезбедува или продава оружје на Исламската Република Иран – а таа изјава ги вклучуваше и кинеските компании“, напиша Трамп на социјалната ...
Имам разбирање зошто гостиварци не излегуваат на протест. Сигурно се премалени и дехидрирани од болеста. Ама, навистина не ми е јасно како никој од здравите луѓе низ цела држава не се загрижи дека државата им краде од парите што ги тргаат во вториот пензиски фонд. Особено што и премиерот им кажа дека идните пензионери нема да бидат задоволни од пензиите. Пред десетина дена имаше труење во менза во една штипска фабрика. Работниците најавија ...
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и неговиот ирански колега Абас Арагчи денеска остварија средба на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Шангајската организација за соработка (ШОС) во киргискиот туристички град Чолпон-Ата, во услови на силно зголемени тензии меѓу САД и Иран на Блискиот Исток. Според кинескиот државен радиодифузер ЦГТН, двајцата шефови на дипломатиите разговарале за билатералните односи ...
По епидемијата прогласена во Гостивар поради загадената вода од градскиот водоснабдителен систем, можна е појава и на жолтица, како последователна последица, предупредуваат од Комисијата за заразни болести. Од Комисијата, која е советодавно тело на министерот за здравство, велат дека будно ја следат ситуацијата со епидемијата во Гостивар и здравствената слика кај пациентите што изминатиот период се јавија во болниците поради стомачни тегоби и ...
– По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје утре организира бесплатен панорамски разглед на градот. Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле ...
Управниот одбор на Македонска навигација, во својство на раководно лице, на седница одржана на ден 17.07.2026 година, донеле Oдлука за одобрување на краткорочна позајмица од 7.000.000.00 евра во денарска противвредност, на Јавното претпријатие за државни патишта, неофицијално дознава Фокус. Според документите со кои располагаме, одлуката е донесена врз основа на задолжување од Владата, која е единствен акционер, видливо од Извадокот од ...