Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска од Лешок информираше оти кризата со труењето од водата во Гостивар бележи надолен тренд и влегува во смирувачка фаза, а според најновите податоци, бројот на пациенти кои бараат лекарска помош е значително намален, со 80 новопријавени случаи во текот на денот, што е двојно помалку од претходните бројки, додека пак вкупниот број на заболени изнесува околу 4 000 лица. Министерството за здравство ...
Основното државно обвинителство (ОДО) во Улцињ одреди задржување до 72 часа за државјанка на Северна Македонија со иницијали С.С., поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“. Според соопштението на Обвинителството, осомничената во близина на Булеварот „Теута“ со автомобил „Мерцедес“ прегазила и усмртила домашно куче од расата шарпланинец, кое било во сопственост на ...
Мазутот кој компанијата РКМ го испорачала на ТЕЦ Неготино е со соодветен квалитет, не предизвикувал загадување на воздухот и околината, а дополнително ѝ заштедил милиони евра на државата, а граѓаните се спасиле од повисоки сметки за струја во текот на енергетската криза, покажуваат податоци од Вештачење нарачано од тогашниот директор на ТЕЦ Неготино, направено во 2024 година. Во вештачењето се анализира дали постои економска оправданост за ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници во Прилеп го лишиле од слобода Д.Т. (50), вработен во локалната Агенција за вработување (АВРСМ), поради основано сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека осомничениот ја злоупотребил својата службена положба на штета на 47-годишен сограѓанин, кој е невработен и примател на социјална помош, откако во периодот од ...
Забавување во системот за рано предупредување од три до четири дена е регистрирано при првичните известувања за инфекциите во Гостивар, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Според неговите изјави, надлежните служби веќе ги анализираат сите медицински податоци и повици до матичните лекари за точно да се утврди хронологијата на настаните. Клековски беше дециден дека утврдувањето на одговорноста е неизбежно, но нагласи дека целиот ...
Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат. Се преземаат мерки за ...
Скандалот со водата во Гостивар е само изговор за Венко Филипче и актуелното раководство на СДСМ да се појавуваат во јавноста и да шират лаги со цел собирање евтини политички поени рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната прес-конференција во партиското седиште од каде упати остри критики до опозициската партија поради манипулација со информации и обид за предизвикување паника меѓу граѓаните. Како очигледен пример за ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи му реплицираше на поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, велејќи дека тој е последниот човек кој има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не во преговарачкиот процес. Муцунски нагласи дека Османи многу добро знае што точно преговарал, што сè прифатил и во каква незавидна позиција ја оставил државата, воено порачувајќи му да не ...
Шпанскиот национален тим ќе плати приближно 30 проценти од наградниот фонд за освојување на Светското првенство во 2026 година во даноци, објави „Фокс њуз“. Победникот на турнирот ќе добие уплатница со 15 милиони долари даноци. Според американскиот медиум, ФИФА обично преговара со земјите домаќини на Светското првенство за ослободување на националните федерации од даноци. Сепак, американските власти ги сметаа шпанските репрезентативци за не ...
Воздухопловните сили на Романија собориле дрон што го нарушил романскиот воздушен простор над ретко населена област во близина на границата со Украина, што е втор ваков инцидент за два дена. Првиот дрон, за кој романското обвинителство, кое ги истражува остатоците, соопшти дека е руски, беше соборен вчера откако влегол во воздушниот простор на Романија. Романскиот претседател Никусор Дан објави на социјалните мрежи дека вториот дрон е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на враќање од Самитот на НАТО во Туција го смени авионот поради закани од групи поврзани со Иран, објави Њујорк тајмс. Трамп пристигна на самитот на НАТО во Анкара што се одржа на крајот на јуни со авион „Боинг 747-8“ обезбеден од Катар. Авионот сè уште нема напредни одбранбени капацитети како постарите претседателски авиони, пишува американскиот весник. По откривањето на заканата, безбедносните служби ...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, а во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алекснадра Николоски, во објава на Фејсбук. Николоски посочува дека две галерии се целосно завршени и оти на третата интензивно се работи. Укажува дека изгрaдбата на галериите е најдоброто ...
Веројатно многумина од вас заборавија на Келиен Конвеј, доверливата советничка на претседателот Доналд Трамп во неговиот прв мандат. И во Америка во голема мерка заборавија на неа, освен оние што гледаат една стриминг платформа на Фокс њуз. Таа ја напушти администрацијата на Трамп во август 2020, неколку месеци пред изборите. Една фраза на Келиен Конвеј кажана на 22 јануари 2017 година (два дена по инаугурацијата на Трамп) стана дел од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа присуствуваше на вечерата со дописниците од Белата куќа, која се одржа три месеци по настанот организиран по истата пригода, на кој се случи оружен инцидент поради кој претседателот и други виоски прествници од неговата администрација мораа да бидат евакуирани. Вечерата со дописниците од Белата куќа во хотелот „Валдорф Асторија“ во Вашингтон во април годинава беше прекината, откако вооружен човек ...
Членот на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јон Фрчкоски на денешната прес-конференција ја обвини власта за системски колапс кој резултираше со неисправна вода за пиење во дури седум населени места. Додека јавното здравје е загрозено, Фрчкоски вели оти трошењето на милионски суми за државни прослави е нехумано и неодговорно и побара нивна пренамена за обезбедување чиста вода за населенито. Тој рече дека ...
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична ...
МВР соопшти дека на 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко, зашто при преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, се пронајдени кокаин и марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во ...
Австрија е против брзото пристапување на Украина во Европската Унија, изјави австриската министерка за европски прашања Клаудија Бауер, упатувајќи критики до украинскиот претседател Володимир Зеленски дека инсистира на брзо членство. – Мојот впечаток е дека украинскиот претседател, во последните месеци, често го привлекуваше вниманието кон себе сакајќи да диктира датум за пристапување во ЕУ. Забрзаното пристапување што тој го бара очигледно ...
На 24.07.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. На 24.07.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат ...
Тројца пилоти на авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ се разболеле за време на лет од индискиот град Хајдерабад кон Лондон по сомневање за труење со храна, по што компанијата започнала истрага. Инцидентот се случил на летот БА276, кој сообраќал од Хајдерабад до лондонскиот аеродром „Хитроу“. Еден од пилотите сериозно се разболел додека авионот бил на височина од околу 30.000 стапки, односно приближно 9.000 метри, и не бил во можност да продолжи ...
Брод со 11 европски туристи и двајца членови на екипажот, исчезна во близина на заливот на индонезискиот остров Сулавеси. Индонезиските власти соопштија дека е почната потрага по бродот, кој испловил од островот Танџунг Унауна во петокот наутро и се упатил кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал како што били планирано. На бродот имало еден чешки државјанин, еден Белгиец, пет холандски државјани, тројца ...
Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика (ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...
Украинските и руските власти објавија серија ноќни меѓусебни напади, во кои беа убиени и повредени неколку лица, а оштетени се и станбени објекти и друга инфраструктура. Гувернерот на рускиот регион Белгород, Александар Шуваев, објави дека Украина го нападнала истоимениот град со дронови и дека има сомнителни жртви. – Белгород и регионот Белгород се под масовен напад од непријателски дронови. За жал, има повредени лица кои се итно префрлени ...
Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Шпанската вечер, на која ќе настапи реномираното трио „Вибрарт“. Ансамблот го сочинуваат пијанистот Хуан Перез Флористан, виолинистот Мигуел Колом Куеста и виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез. Основано во 2015 година во Берлин, триото „Вибрарт“ претставува спој на тројца врвни шпански музичари кои со искрен и автентичен пристап ...
Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. -При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од ...
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства. – По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе следува соодветна пријава – информира МВР. Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово ...
– Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена – се вели во соопштението од Левица. Наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа треба да биде причина за ...
Не можам да ги читам, ниту да ги слушам еминентните доктори, врвни експерти, најголемите епидемиолози, микробиолози, токсиколози во оваа земја, Драган Даниловски, Никола Пановски и Нико Беќаровски. Затоа што, тие се луѓето кои нѐ враќаат во едно време, кое одамна го нема. Тогаш кога оваа земја беше држава. Кога ја водеа луѓе како нив, како Даниловски, Пановски и Беќаровски. Затоа што знам дека нема да се вратат онаму каде што припаѓаат. ...
Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа на проценка од 1.200 евра“, тврдат од Град Скопје. Тоа е и една од причините зошто ...
Четириесет и едногодишниот кошаркар Леброн Џејмс потпиша со Филаделфија. Договорот беше објавен на 24 јули. Џејмс прифати соработка за 3,88 милиони долари оваа сезона. На ранг-листата на плати во НБА за претстојната сезона, Џејмс е на 291. место, изедначен со центарот на Њу Орлеанс Сеинтс, ДеАндре Џордан, објави „Sportrac“. Џејмс претходно играше за Кливленд кавалирс, Мајами хит и Лос Анџелес лејкерс. Тој е четирикратен шампион на НБА и ...