Имам разбирање зошто гостиварци не излегуваат на протест. Сигурно се премалени и дехидрирани од болеста. Ама, навистина не ми е јасно како никој од здравите луѓе низ цела држава не се загрижи дека државата им краде од парите што ги тргаат во вториот пензиски фонд. Особено што и премиерот им кажа дека идните пензионери нема да бидат задоволни од пензиите. Пред десетина дена имаше труење во менза во една штипска фабрика. Работниците најавија ...

1 По 35 години од прогласувањето независност, гледаме дека државата ни се претвори во елементарна непогода. Не ни пречи дека ни е загадена почвата. Не ни пречи дека ни е загаден воздухот. Сега веќе не ни пречи и дека ни е загадена водата. Дека не ни се сигурни дискотеките, автобусите, болниците, жичниците, градилиштата, фабричките мензи… Дури и парите што сме ги тргале за старост во задолжителниот приватен пензиски фонд не ни се сигурни. ...