Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина на крајот ќе ги изгуби своите западни територии, нагласувајќи оти левиот брег на реката Дњепар историски секогаш бил дел од Русија. – Сигурен сум дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби овие западни територии. Она што им припаѓаше на Полска, Унгарија и Романија, порано или подоцна – можеби не утре, задутре, за една година, две, 10 или 15 – историски ќе се врати на своето ...

Скопје, 27 јули 2026, (МИА) -„Дали безбедни граници, безбедни градови и разумно трошење се принципи кои можат да се наречат десничарски и крајни… Тоа се ставови на нормални луѓе“. Најбогатиот човек на светот Илон Маск во ексклузивното интервју за британски Економист со уредничката Зани Минтон Бедоус, пред три дена отворено застана против апсурдната и лажна карактеризација на десницата, особено од некои традиционални медиуми, истовремено ...

Преземените мерки на споменикот Македониум во Крушево имаат исклучиво превентивна заштитна функција. За конзервација на објектот во тек е изработка на Основен проект за конзервација, реставрација и санација на куполата од Споменикот Илинден-Македониум, во кој ќе се дефинираат сите потребни интервенции во согласност со конзерваторските принципи, стручните стандарди и важечката законска регулатива за заштита на културното наследство, соопшти ...

Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на Берлинската парада на гордоста е застрелан денеска за време на полициска операција, јави ДПА. Мажот бил застрелан од полицијата, а подоцна починал од повредите. – Околу 18 часот, осомничениот за вчерашниот напад во паркот Гросер Тиергартен бил сместен во комплекс од градинарски парцели во берлинскиот округ Шпандау. Според досегашните информации, тој се стрчал кон полицијата со ладно ...

– Денес се сеќаваме и оддаваме почит на жртвите од разорниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година. Пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, за само дваесет секунди, градот беше претворен во урнатини. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи, илјадници семејства останаа без својот дом, зад себе остави урнатини и болка – вели претседателот на СДСМ Венко Филипче во објава на Фејсбук, Но, Скопје се издигна од рушевините. Со ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, доби казни од пет секунди на секоја од последните три трки. На неговото домашно Гранд при на Велика Британија, седумкратниот шампион во Формула 1 беше казнет за движење пред стартниот сигнал. Во Белгија, стјуардите го прогласија Хамилтон за виновен за судир со неговиот поранешен колега од Мерцедес, Џорџ Расел, а во Унгарија беше казнет за пречекорување на ограничувањето на брзината во боксот за 0,1 км/ч. ...

Русија смета дека е прерано да се коментираат извештаите дека САД и Украина разговараат за евентуален прекин на воздушните напади како дел од напорите за завршување на војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговиот коментар следува по изјавата на украински функционер за Ројтерс дека претставници од Киев и Вашингтон разговараат за предлог што би и бил презентиран на Русија за прекин на воздушните напади како дел од ...

По четири часа Територијалната противпожарна единица Радовиш го изгасна пожарот кој денеска избувнал во атарот меѓу селото Бучим и истоимениот рудник, информираа радовишките пожарникари. Според ТППЕ Радовиш, пожарот бил пријавен во 13:10 часот, а пожарникарите го гаснеле со две противпожарни возила и пет пожарникари. -Поради големиот ризик на пожарот и близината на огнот кој се ширеше заради ветерот, кој што дуваше во правец на првите куки во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа. „Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали. Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и САД. ...

„Слободен печат“ доби официјални информации од МВР за овие тестови, кои веќе се нарачани и се прилично евтин начин преку кој ќе се врши скрининг на возачите што им се сомнителни на полицајците и управуваат возила под дејство на наркотици. Еден тест чини само 218 денари, а нарачани се 10 илјади парчиња што ќе пристигнат во првата половина на август. Овие кинески тестови имаат точност од 99 проценти и покажуваат резултати брзо, во времетраење ...

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“, а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково. Според истрагата, на 24 јули околу 21:20 часот тие насилно ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да ја напушти земјата доколку неговата Српска напредна партија (СНС) ги загуби изборите кои ги најавува во последните месеци, додека се разгледуваат можните термини за нивно одржување. Вучиќ, гостувајќи на провладината телевизија „Прва“, рече дека претседателските избори најверојатно би се одржале во јануари 2027 година доколку парламентарните избори се одржат во октомври, објави ...

Иран ја обвини Украина за напад врз ирански трговски брод во Каспиското Море во саботата наутро, при што загина еден морнар, а еден беше повреден, објави денеска иранската новинска агенција ИРНА. Според агенцијата, која се повикува на иранското Министерство за надворешни работи, нападот бил предизвикан од експлозија на бродот. – Нападот извршен од украинскиот режим врз ирански трговски брод во Каспиското Море, за кој шефот на тој режим ...

Американско-рускиот вселенски екипаж денеска безбедно слета на степите во Казахстан по осуммесечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во капсулата „Сојуз МС-28“, која безбедно се спушти со падобран во означената област. Нивната мисија на орбиталната станица траеше 241 ден. За Вилијамс и Микаев, тоа беше прв вселенски лет, додека за ...

Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен сопруг за првпат станаа родители на здраво машко бебе по успешно спроведена ин витро постапка во болницата „Д-р Органџиски“. Од болницата го оценија случајот како историски успех, посочувајќи дека бременоста била постигната по внимателна и индивидуализирана медицинска подготовка. На успешната ин витро постапка ѝ претходела хистероскопска реконструкција на матката, а биле користени донирани ...

Лира Грабул, ќерка на Јордан и Искра Грабул, автори на споменикот Македониум во Крушево, во чија сопственост се авторските права на ова уметничко дело, во изјава за Рацин.мк вели: „Запрепастена сум од кокошарников на галериите… многу креативно! Среќа што авторите не се со нас. Не сум за ништо известена, запрепастена сум“, вели револтирано Лира Грабул, наша врвна уметница и професорка по уметност. Таа вели дека авторските права се на ...

Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна“ вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме?, се вели во соопштението на СДСМ. Кога на Мицкоски и на неговата влада црвените светла и алармите им доцнат, како да веруваме дека оваа ...

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Повредената жена била пренесена во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се ...

Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. – Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш ги контактираше и ги ...

– Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само ...

Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека на планината Елбрус се пронајдени телата на двајца планинари од Босна и Херцеговина, додека по уште тројца членови на групата се трага и се стравува дека и тие настрадале. Двајца планинари биле спасени. Седумчлената планинарска експедиција од Босна и Херцеговина била зафатена од снежна бура за време на искачувањето на Елбрус. Еден член на групата успеал самостојно да се спушти и да побара ...

Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми. Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени. Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот. Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), ...

– Најголемиот копнен граничен премин меѓу Ирак и Кувајт повторно е отворен, соопштија ирачките власти. Граничниот премин „Абдали“ беше привремено затворен по нападот со дрон извршен во четвртокот, во кој имаше беше предизвикана материјална прета, но без човечки жртви, соопшти кувајтската армија. Преминот „Абдали“ што се наоѓа во северниот кувајтски гувернорат Ал Џахра, е стратешки важен коридор за движење на луѓе и стоки меѓу двете земји. ...

Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар. Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста, изјави Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз Во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

Според водечкото саудиско спортско издание „Аријадија“, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е во длабока финансиска криза. На раководството му е забрането да потпишува нови договори додека не се најде решение. Една опција е продажба на дел од клубот. Долгот на Ал-Наср изнесува приближно 800 милиони ријали (над 200 милиони долари). Сепак, и покрај финансиската криза, Роналдо инсистира раководството на клубот да одобри засилувања за тимот ...

Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена. Дронот бил соборен во 10:13 часот од борбен авион „Ф-16“ над романските територијални води на Црното Море, на околу 12 километри североисточно од Сулина. „Дронот беше безбедно уништен во националниот воздушен простор ...

Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 милијарди денари „ново финансирање“, стои во соопштението од Левица што МИА ви го пренесува ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35