Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, информираат од МЖ Инфраструктура. При кражбата, како што посочуваат, биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар. Според одлуката на РКЕ, од 28 јули во 00:01 часот, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ Медиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме. Медиуми веќе објавуваат дека српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар. Групата „Ало”, поврзана со „Информер” и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. Ова е дел од планот за целосна контрола врз информирањето, за кој СДСМ постојано ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид ...
Унгарската компанија за производство на автобуси, „Икарус“ по вторпат победи на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и доколку во следните десетина дена нема жалби до Комисијата во Бирото за јавни набавки, таа ќе почне да работи на производство и испорака на првите возила во следните шест месеци. Икарус е легендарен унгарски производител на автобуси и еден од најпознатите индустриски брендови во Источна Европа, пренесе Фокус. ...
Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан Признанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност! Над 4.070 граѓани во Гостивар досега побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии. Само вчера се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано. Овие бројки се најсилниот доказ за целосниот колапс на институциите задолжени да го штитат најважното – здравјето на граѓаните. ...
Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила на 27 јули околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Според МВР, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.С. од Штип, паднал сопатникот ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Според информациите, пријавениот, во својство на сопственик и управител на компанијата, во периодот од 2024 до 2025 година не го пријавил и не го платил законскиот надоместок за отпад од увезен текстил кон Министерството за животна ...
По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар е оценета како безбедна за техничка употреба. Тоа значи дека граѓаните можат да ја користат за капење, миење садови и останати домашни потреби, но таа сè уште не е препорачана за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција. Тошковски нагласи дека дистрибуцијата на флаширана вода ќе продолжи сè додека не се потврди ...
Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен во саботата во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а ...
До Левица беа доставени фотографии и пријава од загрижени жители на село Долни Балван, Општина Карбинци, кои алармираат дека од сточарска фарма со години се испуштаат течен животински измет и фекалии во канал што директно се влева во реката Брегалница. Граѓаните веќе поднеле официјално барање до Државниот инспекторат за животна средина, со кое бараат итен вонреден инспекциски надзор, земање мостри од водата и поведување соодветна постапка ...
Патниците кои утрово се упатија кон Грција треба да сметаат на подолго задржување на граничните премини поради предупредувачкиот штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран). За време на протестот, патничките возила се пропуштаат во ...
Рудник што беше затворен повеќе од 40 години наскоро повторно ќе почне со работа во шпанската област Галиција. Проектот „Пенута“ ќе стане единствениот домашен извор на тантал и ниобиум во Европската Унија, откако компанијата „Енерџи транзишн минералс“ ја доби регионалната дозвола за ископ. Покрај стратешкото значење за Европа, инвеститорот најавува дека приоритет ќе имаат локалните жители при новите вработувања. Компанијата планира да задржи ...
Посочуваат дека претпријатието е подготвено на надлежните институции, ревизорските тела и истражните органи да им ја стави на располагање документацијата со која располага ЈП „Комуналец“ – Гостивар до медиумите испрати и фотографии и видео материјали од проектот Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, тврди дека проектот за реновирање на градскиот водовод, финансиран од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања – SECO и ...
Џани Инфантино првпат опширно проговори по завршувањето на Светското првенство во 2026 година и веднаш поттикна нова дебата. Претседателот на ФИФА објави долга порака на Инстаграм во која го опиша турнирот во САД, Канада и Мексико како голем успех, но истовремено остро им одговори на сите оние што во изминатите недели упатија критики за организацијата, одлуките на ФИФА и поширокиот политички контекст на Светското првенство. Инфантино тврди ...
Цените на нафтата забележаа пад на почетокот на неделното тргување, продолжувајќи го повлекувањето од двомесечниот максимум достигнат минатата седмица, откако втор ден по ред немаше нови воени напади меѓу САД и Иран во регионот на Персискиот Залив. Фјучерсите на суровата нафта Брент за септемвриска испорака се намалија за 4,9 проценти, достигнувајќи 92,02 долари за барел, по падот од 3,9 проценти во петокот. Минатата недела Брент накратко ја ...
Црна Гора подготвува нови правила за издавање дозволи за престој и работа на странски државјани, со цел да се зајакне контролата врз вработувањето, работењето на компаниите и наплатата на даноци и придонеси. Според најавите, ќе биде воведена единствена дозвола за престој и работа, која ќе ја издава Министерството за внатрешни работи, но само доколку претходно биде добиена согласност од Агенцијата за вработување. Без позитивно мислење од ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави дека доброволните пожарникари ќе добијат институционална поддршка, а со средствата предвидени во ребалансот на Буџетот ќе се овозможи нивно поинтензивно ангажирање во текот на летната сезона. Во гостување на телевизија Сител, Ангелов истакна дека доброволните пожарникари, кои досега функционирале како дел од ...
СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Во моментов, владините институции активно работат на справување со состојбата и преземаат мерки за нејзино целосно стабилизирање во Гостивар. Бројот на граѓани кои бараат медицинска помош континуирано се намалува, ...
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, објавени утрово. Од јавното претпријатие соопштија дека го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 јули зема 195 примероци за физичко-хемиска и ...
– Максим Димитриевски денеска рече дека завршило времето на политичари што се натпреваруваа кој ќе летува на поексклузивна дестинација (веројатно мисли на Мицкоски и неговите патувања со државниот авион) и дека дошло време за отчет пред граѓаните. Да, Максо. Време е. Време е граѓаните да ви ја испорачаат сметката. За предавство на партијата. За предавство на гласачите. За Пошта. За тендерите – се наведува во реакцијата од СДСМ на изјавата на ...
Претседателот на Сирија, Ахмед ал Шара во вчерашното интервју за катарска телевизија Ал Џазира изјави дека Дамаск се стреми да постигне да постигне безбедносен договор со Израел Според него, таквиот договор би можел да го отвори патот за сеопфатен мир помеѓу двете земји без да се наруши правото на Сирија врз Голанска Висорамнина, територија што Израел ја зазеде од Сирија за време на Шестдневната војна во 1967 година и ја анектираше во 1981 ...
По една недела ограничувања и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за користење. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба. Говорејќи за состојбата во ...
Две лица загинаа, а петмина се повредени во вчерашниот вооружен инцидент што се случи на фестивал на храната во американскиот град Сиетл. Пукањето се случило околу 18 часот по локално време, кон крајот на годишниот Фестивал на храна што привлекува стотици продавачи на храна и илјадници гости. Полицијата го истражува инцидентот и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Сè уште нема приведени лица. Помеѓу петтемина повредени е и едно ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени – информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, претежно ...
Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон свика состанок на кризниот кабинет за денеска поради шумските пожари кои се приближуваат до Бордо во југозападниот дел на земјата. Борбата со пожарот уште повеќе ќе ја отежне новиот топлотен бран кој го зафати регионот, а големи пожари се активни и во Шпанија, пишува Би-Би-Си. Градоначалникот на Бордо Томас Казенаве изјави дека пожарот е на само 15 километри од градот. Според него, во моментов не се ...
Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. -Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…. – објави неговата ќерка. Гоце ...
„Седум години го чекав ова“ – сопруг упадна на сцена и шамараше гинеколог кој сексуално ја злоставил неговата сопруга (ВИДЕО) Драматична сцена на медицинска конференција во Балтимор, САД, повторно стана вирална на социјалните мрежи, откако сопруг упадна на бината и физички нападна лекар пред бројна публика. За време на инцидентот, мажот јавно го обвини докторот гинеколог Вилијам Бурк дека пред седум години сексуално ја злоупотребил неговата ...
Невремето кое минатата недела го зафати Скопје оштетил и еден ер трактор, така што сега Дирекцијата за заштита и спасување останува со два ер-трактори. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека веднаш ја контактирале фирмата која ги сервисира ер тракторите и побарале да испратат нивни механичари. – Штетата можеби не е голема, но тој сега е надвор од употреба. Стапивме во контакт со фирмата која е заодлжена ...