Во Националната опера и балет во Скопје, Камерниот оркестар на Битола, одржа спектакуларен концерт со евергрини, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“. Сите се сеќаваме на деновите кога MTV беше прозорец кон еден нов, и бескраен свет на музика и емоции. Во тие времиња, секој акорд, секој стих носеше во себе честичка од младоста и енергијата која ги одбележа тие децении. Имајќи ја во предвид важноста на музиката од тој период, ...

Се ближи најважниот настан за ФМУ – роденденот на ФМУ, кој ќе се одржи на 6 декември во Македонска Филхармонија, од 20 часот. Настан на кој ќе настапат: Мешаниот хор при ФМУ “Драган Шуплевски”, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Камерниот оркестар “Солисти на ФМУ”, студенти од одделот за народни инструменти, студенти од одделот за популарни жанрови, проф.д-р Драган Даутовски, проф.м-р Сашо Татарчевски, проф.м-р Борјан Цанев, вонр.проф.м-р Кирил ...

Скопје, 28.11.2023 година „Пилето ми пее“ е новата музичка фолк сликовница што ја издаде Фолконика. Сликовницата е дел од проектот „За инклузивна народна песна и соживот“, кој се реализираше во градинките, основните училишта и помеѓу младите со попреченост, во средното образование, во Општина Гази Баба. Сликовницата е изработена според истоимената македонска народна песна, а илустрирана со авторските ликовни дела на академскиот сликар Горан ...

Во текот на 2022 и 2023 година стручните тимови на ИКОМОС Македонија извршија мониторинг на актуелната состојба на зачуваност на повеќе од половината од вкупниот број на регистрирани и евидентирани цркви и манастири во сите осум епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), што се наоѓаат на територијата на Р.С. Македонија. Со проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ се опфатија вкупно 707 ...

Македонскиот режисер Дејан Пројковски деновиве се закити со наградата за најдобра претстава во целина за претставата „Дон Жуан“ од Жан Батист Покелен Молиер, а во продукција на ХНК од Загреб. Претставата својата премиера ја имаше на почетокот на октомври и истатата веднаш беше препознаена од публиката и критиката. Бројни медиуми и критичари во Хрватска со воодушевување пишуваа за ова театарско ремек дело на Пројковски. Па така, Јутарњи Лист ќе ...

Македонската култура, за прв пат станува дел од европскиот проект, „Културните рути“ на Советот на Европа. На последното Генералното Собрание на асоцијацијата, беa прифатени апликациите на Институтот за македонска литература од Скопје и на Јавната научна установа Институт за старословенска култура-Прилеп. Беше донесена одлука дека почнувајќи од 1 декември годинава, овие две значајни установи стануваат полноправни членки на „Културната рута на ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на маргините на третиот меѓународен форум на креативни индустрии оствари средба со Филип Керн директор и основач на КЕА за Европски прашања-Брисел, и Мартин Каф, советникот за креативни индустрии и туризам на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. На состанокот беше разговарано за важноста на креативните индустрии, нивниот одржлив развој и придонесот кои го имаат во домашната ...

ЈУ Младински културен центар има огромна чест и задоволство да ја најави светската премиера на филмот “Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм “CPH:DOX” на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во ...

Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 170-та сесија, која штотуку заврши и е последна оваа година, го поддржа филмскиот проект на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со износ од 350.000 Евра. „Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Ова е копродукција меѓу ...

Големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на АРТ ПОИНТ – ГУМНО од с. Слоештица, Демир Хисар, што летово беше поставена во преубавиот Офицерски дом во Битола, доаѓа и во Скопје. Од 22-ри ноември до 2-ри декември, скопјани ќе можат да се запознаат со дел од извонредното уметничко богатство на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој од с. Слоештица – 65 слики, скулптури и фотографии на уметници, претставници од ...

На кино репертоарот во кино Милениум од вчера, 23 ноември (четврток) започнува со прикажување мега популарниот филм „Чуварите на формулата” на Драган Бјелогрлиќ со проекции од 20.30 часот. Во филмот се зборува за периодот во екот на кризата од Студената војна кога група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, ...

Скопје, 24 Ноември 2023 година Во средното скопско училиште “Зеф Љуш Марку” денеска му беше врачена Цветинова награда за мир на угледниот професор Насер Мифтари, во присуство на директорот Арбен Мемети и првиот добитник на наградата шахистот Димитар Илиевски. Наградата ја доделува меѓународно признатиот уметник и кандидат за Нобелова награда за мир Живко Поповски Цветин, кој прогласувањето на оваа награда го направил уште на петти ноември, на ...

Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје – 2023“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, на 23.11.2023 во фоајето на Национална Опера и Балет се одржа доделување на наградите за новинарите кои што учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“ и доделување на наградите за учениците што учествуваа на јазичната работилница , која се одржа по повод празникот ослободувањето на Скопје, на ...

МКЦ Галерија 2 понеделник 20 ноември 20 часот Заеднички проект: “НОВА ПЕРСПЕКТИВА”/”ТРАНСФОРМЕР ПРОДУКЦИЈА” Поставена до 4 декември “Нова перспектива /”Трансформер продукција” – е замислен како заеднички проект на ликовните уметници Елизабета Тошевска и Анета Стојчевска, во кој, секоја со свој уметнички израз и визуелна перцепција на уметничкото дело – скулптура, претставува нови поинакви трансформирани видувања на мотиви/форми/принципи ...

Уште две нови меѓународни награди освои овој месец најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, а неговиот најнов филм „Кајмак“ продолжува со фестивалските прикажувања и кинопремиери низ Европа. Манчевски ја доби Наградата за достигнувања во филмот на фестивалот БАНЕФ во Стокхолм, кој во образложението истакна: „Милчо Манчевски ја добива фестивалската награда за неговите филмски остварувања, за создавање слики кои постојано ги доведуваат во ...

Во изминатиов период, ГЛАМ Македонија имаше повеќе активности во рамки на остварување на Програмата за 2023 година. На 26 октомври беше отворен нов Вики Клуб во ООУ “Невена Георгиева Дуња” во Скопје, Општина Кисела Вода со ученици од 6-то до деветто одделение. Обуката за да станат Википедијанци ја почнаа 15-тина ученици иако интересот како што рече менторката Маја Трајковиќ, професор по француски јазик и библиотекар во училиштето е голем. Но ...

На 27 ноември 2023, од 17:00 до 18:30 часот во КСП Центар -Јадро. Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство. Пријавете се на [email protected], бројот на учесници е ограничен. Ве молиме понесете удобна и лесна облека. Работилницата „Раздвижени тела“ со Симона Спировска на учесниците им нуди методи на истражување на слободното движење и чувствување на сопственото тело, неговата флексибилност, рамнотежа и ...

Со огромна чест и задоволство Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски„ и СП БТР ја поканува публиката на еден навистина уникатен сценско музичкиот настан „Во спомен на Есма за незаборав”. Тој настан е на некој начин и годината на одбележување на 80 години од раѓањето на Кралицата на Ромската музика и воедно хуманитарец со големо срце– Кралицата Есма Реџепова Теодосиевска. На настанот ќе биде прикажан кус документарец а ќе ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска беа во работна посета на Општина Ѓорче Петров. Посетата започна во Културниот центар „Ѓорче Петров“, со средба со претставници од Културно-уметничкото друштво „Глигор Прличев“ и од Едукативно-фолклорното здружение „Седум осмини“. – Инвестираме во културата и се грижиме за традицијата. ...

Денеска министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска во Археолошкиот музеј-Скопје ја отвори ексклузивната изложба „Сребрена Тракија“, која ја оцени како впечатлива археолошка поставка која никого нема да остави рамнодушен. –Македонската публика има чест да го проследи во целост претставувањето на тракиската култура зашто изложбата во Скопје ги надминува, и по обем и по комплексност, сите претходни поставки на „Сребрена Тракија“, ...

Во Кинотеката во Скопје на 24, 25, 27 и 28 ноември ќе се одржи Ретроспектива на филмски остварувања на „Петра Пан продукција“. На филмската програма се седум остварувања со различни содржини и нијанси на документарниот жанр. Ретроспективата се одржува во рамките на проектот „Месец на европски филм“, што се реализира од мрежата на кина „Еуропа синемас“ и има за цел во 70 различни европски градови преку различни европски филмови да презентира ...

По успешното презентирање на Полиаморнит Манифест на годишниот конгрес на Светската асоцијација за сексуално здравје (WАS) во Анталија, во период од 23 ноември до 3 декември оваа година во Македонија ќе гостува гуру Макаја – Аба Азиз Макаја (Фрањо Милиќевиќ), еден од најголемите светски учители на тантра, кундалини јога и сексолог. Гуру Макаја е харизматичен, екстатичен духовен учител, чија лична животна мисија е: ширење на спознанието за ...

Општина Гевгелија во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, започнува со реализација на Форуми во заедницата. По тој повод, Општина Гевгелија ги поканува граѓаните да земаат учество на форумите, на којшто со нивните идеи и потреби ќе имаат можност да одлучат кои се најприоритетни проекти во општината. Станува збор за проектни форуми, за коишто е финансиски фонд, ...

Утре (21.11 2023 година), со почеток од 19.00 часот, во големата сала на Народен театар- Гевгелија, целовечерен концерт ќе приреди Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Влезот е слободен. “Изворни минијатури” е проект е замислен како сценско- едукативен караван низ неколку градови на земјата, со кој Ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои р’ти репертоарот на „Танец“. Премиера на филмот “Огледало” ќе се одржи ...

Васија Трпеноска е дипломиран лекар по холистичка медицина, токсиколог, нутриционист и работи во своја ординација во Скопје, а воедно е илиценциран Life Coach во Америка, моментално е на докторски студии. Во Македонија е лиценцирана да работи во својата пракса, која сѐ повеќе станува позната на јавноста. Со цел подобро запознавање со нејзината работа одржува неколку бесплатни едукативни семинари за дијагностика и лекување со биорезонанса и ...

Министерството за култура, денеска го објави Конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата(дефицитарни кадри во уметностите и во заштитата на културното наследство) за 2024 година. Грижата за младите уметници и за дефицитарните кадри, како мерка, во својата основа ја покажува комплементарноста помеѓу културата и образованието како сооднос кој неизоставно влијае врз унапредувањето на знаењата и ...

Одбележувајќи го Светскиот ден на детето, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со деца од социјално ранливи семејства беа денешна публика во Театарот за деца и младинци. За најмладата и најискрена публика беше изведена претставата “Зрното грашок и принцезата” во режија на Срѓан Јанакијевиќ. „Сите деца се подеднакво важни и имаат исти права, а наша обврска е да им ги обезбедиме. Да се биде дел од најискрената публика ...

-Се радувам што можам да ви соопштам дека мојата нова песна “Не сум твој сон” ја објавив вчера на 19. Ноември 2023 година. Веќе се наоѓа на музички платформи како youtube, spotify, најави младата пејачка Дина Јашари. Таа деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот. Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од ...

На Првото меѓународно графичко биенале на минијатурни графики и цртежи Битола 2023, кое се отвора вечерва 15 Ноември 2023 година, ќе бидат изложени над 700 дела работени во речиси сите графички техники, како и во скоро сите техники за изработка на цртежи: од јаглен па се до акварел, акрилик, комбинирани техники итн. Свое учество бележат околу 80 држави со над 400 автори. За оваа голема ликовна, светска манифестација и за нејзиното понатамошно ...

Познатата македонска поетеса, Николина Андова Шопова беше претставена на поетскиот фестивал Ars Poetica во Братислава, Словачка. Избор од нејзината поезија беше објавен од издавачката куќа ARS POETICA во превод на словачки јазик од Звонко Танески, со поддршка од македонското Министерство за култура. Шопова учествуваше во програмата на фестивалот на 17 ноември во култниот V-club, мултимедијалниот културен центар кој претставува средиште на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
30%
1011
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
40%
1011
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
48%
1010
weather icon

Софија

29ᴼ / 25ᴼ
6.17
37%
1013
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.99
38%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.79
56%
1012
weather icon

Атина

32ᴼ / 28ᴼ
5.14
45%
1009
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
5.66
51%
1013
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
47%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
4.47
38%
1008
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
43%
1010
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
65%
1009
Currency

61.54

Currency

52.6129

Currency

71.1174

Currency

34.4099

Currency

38.2927

Currency

65.739

Currency

7.36821

Currency

0.65266

Currency

0.35763

Currency

0.52581

Currency

1.27771

Currency

0.5951