Двојна промоција на преведени книги од француски на на македонски јазик

22

Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-Или“ и „Бункер“ организираат книжевна промоција на македонските преводи на француските дела:„Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“, и„Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“.
Промоцијата ќе се одржи в четврток, 15 февруари 2023, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел.
Збор ќе земат и одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.