Неготино: Втора Треил трка за вино и љубов

34

На 17.2.2023 година (сабота), во 10 часот, на плоштадот во Долни Дисан, Неготино, ќе се одржи втората Треил трка за вино и љубов, а единствена од ваков тип.
Последниот зимски, а првиот пролетен празник Св. Трифун е идејата од која произлезе оваа трка чија крајна цел е промоција на винскиот Дисански крај и на Неготино. Инспирацијата, пак, за Треил трката за вино и љубов е по примерот на винските трки во Франција и Италија, замислата е да биде малку забава и повеќе дружење. Трката дава можност да се ужива во природата, во виното и во љубовта и денот да почне со радост. Токму тоа е и мотото: „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот.“
Во треил трката не е најважно да стигнеш прв туку поважно е учесниците да застанат на двете окрепителни станици каде што задолжително ќе мора да дегустираат дел од понудата од локално производство.
Трката е во организација на ДЕКОНУС ДООЕЛ-Скопје, со поддршка од Општина Неготино и Планинарското друштво ,,Free hikers” од Неготино.
Повеќе информации за трката на следниот линк https://nastani.dekonus.com/

Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.