Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и бугарскиот министер за култура, Крастју Крастев, денеска на Владата одржаа билатерална средба на која разговараа за досегашните односи во културата меѓу двете земји, како и за можностите за нивно унапредување. Во фокусот на средбата, на која беа присутни и заменици-министрите за култура на двете земји, Даим Лучи и Амелиа Гешева, беше ексклузивната изложба „Сребрена Тракија“, за чие ...

14 ноември 2023, Скопје Во текот на наредните седум месеци ќе ги изучуваат театарските процеси преку вежби и гостувања на театарџии, и тоа врз еден од текстовите на Горан Стефановски, како автор во фокус на 58. издание на фестивалот. Вториот циклус од едукативните работилници во рамките на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ започнаа изминатиот викенд во Прилеп. Пет училишта од општината Прилеп, ни се придружија годинава на ...

14.11 2023 Претставите од селекцијата за наградата БИШ БАКХИ: АГАВА 19:00 МНТ мала сцена автор: Еврипид, Тамара Барачков режија; Нина Николиќ „Бакхи: Агава“ е претстава што ги поставува прашањата за издржливоста, страдањето, но и моќта на една жена. Која е цената на нејзиното целосно ослободување? Агава е жртвата и средството за одмазда на Зевсовиот и Семелиниот син, која како лик отсуствува до самиот крај. Додека се одвива главниот конфликт на ...

На 16 и 17 ноември во Струга проекции на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“ на Калајџиски. Долгометражниот документарен филм Јанѕа ќе продолжи да се прикажува низ неколку кино сали во државата, известува Контраст филм продукција. На 16 ноември во Струга ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески– „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот ...

Вечерва, 14 ноември 2023 година, на Скопје ќе му се случува уште еден настан кој ќе спои повеќе генерации. Станува збор за најавена ретро журка со музика од 50-тите и 60-тите години, која вечерва, ќе се одржи во „Партизанска штампа“. Оваа вторничната еуфорија ќе почне во 21 часот, а музичкиот избор ќе го направи познатиот скопски лик Владимир Муратовски Диво. За потсетување, Владимир Муратовски Диво е панкер, социјален поет, познат и почитуван ...

По повод Меѓународниот ден на Толеранција на прогласен од ОН – 16 ноември, на 14 ноември, вторник, со почеток во 18:00 часот, во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи Тркалезна маса на тема ”Да помагаме и почитуваме, а не да отфрламе“, со фокус на третманот на лицата со деменција. Настанот е во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, кој по седми пат организира активности за одбележување на овој ден. Настанот ќе започне со ...

Писателката и главната уредничка на издавачката куќа „Чудна шума“ од Скопје, Билјана С. Црвенковска, е на еднонеделен студиски и работен престој во издавачката куќа „Виге Ваге књиге“ од Љубљана, Словенија. Нејзиниот престој се реализира во рамки на меѓународниот проект Balkan Translations Collider, во кој професионалци од областа на литературата и издаваштвото имаат можност да престојуваат во различни издавачки куќи и други организации од ...

По повод 13. Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје, миротворниот хуманист и сликар со светско реноме Живко Поповски Цветин, Цветинова награда за мир му врачи на еминентниот скопски поет Мирче Нешовски, денес напладне, во Паркот на уметноста во Капиштец, нивната населба. Бројни познати поети, поетеси, уметници, се собраа лично да му ја честитаат наградата, да го слават неговото книжевно дело и да се потсетат секој, со својаприказна, ...

Скопје, 13 ноември 2023 – Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска вечерва се обрати на настанот организиран од Делегацијата на ЕУ по повод 60 – годишнината од земјотресот во Скопје и 4-тата година од отворањето на „Јуроп Хаус“- Скопје, посочувајќи ја во својот говор нераскинливата врска помеѓу културното наследство и иднината што колективно ја коваме. „Европската Унија вложува и е наш партнер не само во обликувањето на урбаниот ...

Гевгелија доби нова опрема за превенција и навремено откривање на пожари, во рамки на Проектот: „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи- Ефидар“. Дронот со специфичен фокус за рано откривање на пожари и нивно движење, беше предаден на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов од страна на директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, по потпишувањето на ...

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со амбасадорката на Романија во Македонија, Н.Е. Адела Моника Аксинте, којашто ја посети Гевгелија. На состанокот, градоначалникот Сарамандов ја запозна амбасадорката со потенцијалите на Општина Гевгелија, како и можноста за проширување на соработката и продлабочување на пријателството помеѓу Македонија и Романија. Од страна на Сарамандов беше потенциран економскиот ...

По повод 7. Ноември, во Гевгелија, гостуваше камерниот оркестар „АЈГА“ којшто ѝм приреди незаборавна концернта вечер на присутните во салата на Народниот театар- Гевгелија. Со изведба на оркестарска класична музика под диригентската палка на Бобан Цанев, како и соло- изведбите на Маја Чанаќевиќ на англиски рог и Владимир Костов на виолина, „АЈГА“ ѝм го честиташе општинскиот празник на гевгеличани мошне велелепно, благодарение на ЈОУ Дом на ...

Комеморација во чест на проф.м-р Жана Димчевска, ќе се одржи на 15.11.2023 година во Концертна сала, ФМУ- Скопје со почеток од 12 часот. Снежана Димчевска е родена во Скопје. Средното музичко образование го завршува во Скопје, на инструментот виолончело. Од голема важност, е што истиот го изучува кај светски реномираниот виолончелист и педагог Андре Навара- Франција. Високото образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во Скопје на ...

13.11.2023 Натпревар за нов рецепт за ѓеврек „Сите сме во кругот“ во организација на АРНО, беше промовиран денеска во средното угостителско училиште „Лазар Танев“. Напреварот е отворен до 5-ти декември, целосниот повик е достапен овде. Натпреварот се спроведува во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ . Правилата на напреварот нагласуваат дека намирниците од кои ќе се прават ѓевреците треба да се тежнее да ...

На Првото меѓународно графичко биенале на минијатурни графики и цртежи Битола 2023, на 15 ноември 2023 година, ќе бидат изложени над 700 дела работени во речиси сите графички техники, како и во скоро сите техники за изработка на цртежи: од јаглен па се до акварел, акрилик, комбинирани техники и така натаму. Свое учество бележат околу 80 држави со над 400 автори. За оваа голема ликовна, светска манифестација и за нејзиното понатамошно ...

На 15 ноември (среда), во Културно-информативниот центар, со почеток од 19:19, часот ќе се одржи промоција на новата книга од Ферид Мухиќ, „Бигор шарпланинецот“. вој роман во раскази, во издание на Издавачки центар ТРИ, е извонредна ода за пријателството, за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот преку која се срочува филозофијата за меѓучовечките односи, за пријателството и воопшто за сеопштата поврзаност во природата. Отворена покана ...

Од говорот на отворањето: Ми претставува особена чест и задоволство што сме вечерва собрани тука, во еден од најубавите објекти на Националната галерија и самиот споменик на културата – Чифте амамот, за да ја одбележиме промоцијата на најновиот истражувачки циклус на уметникот Томе Аџиевски, со проектот кој е насловен ONCE UPON A TIME IN THE EAST. Томе Аџиевски е еден од особено важните уметници од. онаа генерација македонски современи автори ...

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ поканува на отворањето на самостојната изложба на Боре Митовски со наслов „Душа на платно“. Изложбата ќе се отвори на 13.11.2023 година (понеделник) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 19 часот. Боре Митовски по потекло е од Македонија, но долги години живее и работи во Словенија и ова е негова прва самостојна изложба во Македонија на која што ќе бидат презентирани над 30 ...

16 – 18 ноември, 2023 година „Градот како сцена II – приказна за шетачката перформативна инсталација во три чина“ Колаборативен проект на Филип Јовановски Локација: Кино во Железничка зграда (ул. Борка Талевски 26), Скопје Огранизацијата „Факултет за работи што не се учат – „ФРУ“ ве кани на тродневна програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ во рамки на 48. издание на интернационалниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ). ...

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Социолингвистика“, со поднаслов „Македонски јазик: јазичното планирање и јавната комуникација“ од Александра Ѓуркова. Книгата претставува научна обработка на основите на социолингвистиката како дисциплина којашто се дефинира како изучување на јазикот во општеството, а ги опфаќа и социологијата на јазикот, јазикот во јавната комуникација, јазичните контакти и интерференцијата, комуникативната ...

13 .11 2023 И оваа година МОТ ја доделува наградата БИШ, иницијатива која ја започна минатата година, како дел од заложбите за поддршка и промоција на домашната (пред сè) независна сцена. На отворениот повик на кој се пријавија 25 театарски претстави од домашната независна продукција, на овогодинешното издание на фестивалот ќе бидат прикажани шест селектирани претстави. За вечерашниот репертоар на МОТ се две претстави: Вилицата на Ибен Бајерс ...

Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ по текст на Филип Грујиќ, во режија на Борис Василески, ќе биде изведена на 13. Ноември во 20 часот на малата сцена на Македонската опера и балет во Скопје. Претставата е во склоп на 48то издание на театарскиот фестивал МОТ и е во официјална селекција за наградата “БИШ”. Претставата сведочи за извонредниот подем и трагичниот пад на Ибен Бајерс, човек обземен од амбиции и заробен од смртоносна привлечност. ...

Државниот архив е домаќин на 31-вата Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС) со седиште во Виена, што ќе се одржи од 8 до 10 ноември 2023 година во Скопје и во Охрид. Темата на Конвенцијата е „Заедничко архивско наследство – заштита, достапност и дигитализација“, во чии рамки ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко. ИКАРУС е Меѓународен центар за архивско истражување, кој ...

Скопје, 11 ноември 2023 Институција која недостасува / Дијалог кој недостасува 12:00 МКЦ – Галерија 2 Локомотива како дел од соработката со МОТ оваа година, организира и програма Перформанс Платформа/Номад ДанСесии, составена од резиденција и дискусија: „Институција која недостасува“. Партнер на оваа соработка е Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО и МОТ фестивалот, а програмата е и дел од мрежата Life Long Burning. ...

10 ноември, Скопје: Голем број наставници од цела земја учествуваа на обуки, интерактивни училници, работилници како дел од активностите што во изминатиот период ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на Еразмус-деновите им беше доближена програмата еТвининг, Еврогајденс и Европас, а позитивните искуства инспирираа наставници и училишта кои досега немале можност да станат дел од ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска денеска се обрати на 42. Генерална конференција на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, која од 7 до 22 ноември се одржува во Париз. На дебатата за генералните политики на Организацијата, Костадиновска-Стојчевска го изрази своето убедување дека оваа конференција, која се одржува во пресрет на 78-та година од раѓањето на УНЕСКО, чија мисија е и градење ...

На 10 ноември 2023 од 20:00 часот во просторите на Младински културен центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Секвенци на рефлексијата“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Скопската публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 20 ноември. „Секвенци од рефлексијата навестува концепт што предизвикува размислување, фокусиран ...

Душан Пернат е театарскиот продуцент и организатор кој повеќе од четири децении работи како менаџер за меѓународни турнеи во „Словененско младинско гледалишче“. Со повеќе од шестотини турнеи во повеќе од триесет земји, во кои беа поставени повеќе од осумдесет претстави, тој значително го оформи меѓународниот идентитет на „Младинско“ и го стави словенечкото театарско творештво на меѓународната мапа. Разговорот со Душан Пернат, кој ќе зборува за ...

Премиерното емитување на снимка од Фестивалот на староградска музика„ Ех, таа серенада“ во Битола на првата програма на Македонската радио телевизија , оваа Недела 12.11.2023 со почеток во 11.50 часот. Да потсетиме битолчани имаа можност да уживаат во 16 композиции од познати автори и уште толку попознати изведувачи, придружувани од Камерниот оркестар на Битола. Организаторот на оваа манифестација е установата за култура КИЦ Битола, со поддршка ...

Културно- информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија за првпат гостува во град Сандански со уметничкиот проект „Поврзување“. Десеттата јубилејна изложба од проектот која во јули на 2023 година беше поставена во галеријата на Академијата за ликовни уметности во Софија, сега може да се види од културната публика во Сандански. Групната изложба „Средба од десетти вид“, составена од дела на 16 автори, ќе биде отворена во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
78%
1016
weather icon

Загреб

26ᴼ / 22ᴼ
1.54
59%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
60%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
38%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
0.74
68%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.72
41%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
50%
1012
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1013
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
5.14
34%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
64%
1017
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 27ᴼ
10.29
100%
1011
Currency

61.535

Currency

52.7787

Currency

70.9468

Currency

34.5046

Currency

38.2284

Currency

65.562

Currency

7.38981

Currency

0.64948

Currency

0.35584

Currency

0.52474

Currency

1.28186

Currency

0.59888