
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Скопје, 11.12.2023 Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Мистика“ – посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. На програмата се Интермецо „Il sogno“ од операта „Гуљелмо Ратклиф“, Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ и музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ кој во соработка со Кинотеката на Р.С.Македонија паралелно ќе се прикажува во текот на ...
Два дена по ред, на 4 и 5 декември, професорката д-р Ванѓа Радевска од Скопје, одржа предавања со уникатна програма, кои наликуваа налик на уметничко- поетско- научно соаре, во временскиот премин меѓу денот и ноќта- првото во Културниот центар “Ко- Ра”, второто во “Спомен собата на Мајка Тереза”. Почитиваната универзитетска професорката, во нејзината научна анализа за човековите особености, презентираше свои научни видувања за дваесеттина ...
Саемот Slow Wine Fair ќе се одржи во Болоња од 25 до 27 февруари. Меѓународниот саем посветен на добро, чисто и праведно вино е наменет главно за професионалците во овој сектор, но ги отвора вратите за јавноста во недела на 25 февруари од 12 до 19 часот. Љубителите на вино ќе можат да ги искористат предностите на масата за дегустација, чија цена е вклучена во влезниот билет, како и од мастеркласите што може да се купат на нашата веб- страница. ...
Скопје, 7.12.2023 Довербата на граѓаните во институциите се движи од ниска кон умерена, при што нема институција во државата која ужива висока доверба. Изразено на скала од 1 до 10, Владата (2,8), Собранието (2,7), политичките партии (2,5), Јавното обвинителство (2,5) и судовите (2,4) се институции во кои граѓаните имаат најниска доверба. Претседателот на државата (3,5), полицијата (3,8) и локалната власт (3,7) уживаат умерена доверба, а ...
Во вторник, со почеток во 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија концерт ќе одржи ансамблот „Николов- Ивановиќ Ундектет“. Врската помеѓу традицијата и модерното, „старите добри“ времиња и современиот пристап кон музиката, е пресвртница на целата сегашна и идна џез-сцена. Дали постои златна средина, основа на која се среќаваат и коегзистираат овие две, навидум спротивставени тенденции? Единаесетчлениот бенд на композиторот ...
Дали и колку е возможно независниот уметник да се вклопи во веќе поставената и општо прифатена норма за тоа што еден млад човек треба да постигне пред да наполни 30 години? “Младоста последна умира” во продукција на “Пресврт” е документарен проект, архива на разговори со актери која подлабоко ја истражува социо- политичката, економска и културна положба на младите луѓе од Република Северна Македонија, кои се близу да наполнат 30 години. Како ...
На 05 декември 2023 година, во големиот салон на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ се одржа отворање на заедничка изложба на фотографии на Јана Кузманоска и Тања Кузманоска и промоција на електронската фото- стихозбирка на Тања Кузманоска, „Верси и визури“. Настанот се одржа во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028 година и е поддржан од Град Скопје и Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“- ...
На 12 декември (вторник), со почеток во 20 часот, на малата сцена на Театар Комедија ќе се случи премиерата на пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан ...
Во организација на Здружението на просветни работници на град Скопје а во соработка со Град Скопје на 02.12.2023 година се реализираше манифестацијата “Просветен работник на годината на Град Скопје за учебната 2022/2023 година”. Според претходно распишан конкурс со одредени критериуми се доделија Признанија на најдобрите просветни работници на територијата на градот Скопје од сите сфери на образованието. Добитници на Признанието се следните ...
„МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО“ (балетски триптих) Премиера 20.12.2023, 20.00 часот Реприза 22.12.2023, 20.00 часот Националната опера и балет „Молитви на моето тело“ е балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот. 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од балетските првенци, солисти и ансамблот на ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Штип, при работната посета на институциите од областа на културата заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, истакна дека градот под Исарот покажува успешно работење во културата и негувањето на автентичните културни вредности. Министерството за култура ќе продолжи да вложува во културата ...
Со дискусија посветена на „Европската димензија и одржливоста на европските престолнини на културата (ЕПК 2028)“ на 6 декември (среда) во Музејот на македонската борба за самостојност во 10:30 часот, започнува дводневниот Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“- потпрограма Култура. Претставници од градот Скопје и францускиот град Руан кои се во фаза на назначување за Европски престолнини на ...
Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски” согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе О Д Л У К А за доделување на државната награда „Мето Јовановски” за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на ...
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ согласно Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ”бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл. весник на РСМ бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница, одржана на 21.11.2023 година донесе: О Д Л У К А за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” за 2023 година за највисоко ...
По повод традиционалната манифестација „Месец на книгата“ неодамна НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша конкурс на тема: „Среќа“ наменет за учениците од основните училишта во општините Охрид и Дебрца. Комисијата во состав: Христина Трпеска– библиотекар, Бети Лазеска Симоноска– библиотекар и м-р Мариче Боздоганова– библиотекар советник ги разгледа околу триесетината пристигнати трудови на конкурсот и одлучи наградите да бидат доделени ...
Од 06 до 10 декември 2023 во Кинотеката ќе се одржи НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ. Ревијата ќе започне со прикажување на филмот ИО на Јержи Сколимовски! / ИО е последниот филм на Јержи Сколимовски, легендата на полското и Европското кино. Тој со овој филм покажува дека има уште што да каже. ЕО е еден од неговите најоригинални и визуелно најинвентивни филмови во неговата шеесетгодишна кариера. Филмот ја освои наградата од жирито на 75-то издание на ...
На 6 декемви (среда) со почеток во 20.00 часот во големата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи Свечениот концерт по повод Денот на Факултетот за музичка уметност, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Концертот претставува една од централните воннаставни активности на факултетот, содржи стилски и жанровски богата програма изведена од студентите од речиси сите образновни профили. На концертот учество ќе земат мешаниот хор при ФМУ “Драган ...
5 декември 2023 Семејното насилство не е семејна драма, насилството не е жанр. Тоа е аларм, тоа е повик на гласност. Жената која бара помош не го растура семејството. Напротив! Таа е жртвата”- рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната панел дискусија „Насилството низ призмата на културата – гласно и болно, но борбено“, како дел од кампањата „Сложувалка“. Темата на денешниот настан што се одржа во НУ „Завод и ...
Во среда, на 6 декември, во 12.00 напладне во Кинотеката на Република Северна Македонија ќе бидат промовирани последните изданија на Кинотеката- книгата „Документарниот филм и идентитетот“ и блу-рејот „Пет македонски етнолошки филма“. Промотори на изданието „Документарниот филм и идентитетот“ на м-р Сунчица Симоновска Веселиновска, виш филмолог во Кинотеката, ќе бидат проф. д-р Драгица Поповска од Институтот за национална историја и вон. проф. ...
Уредничката на порталот за култура и уметност “Куларт” Валентина Ѓоргиевска Парго, денес во ексклузивното новогодишно интервју за музичкиот портал “Музика 24” потсети на најубавите концерти од оваа година, кои таа професионално ги следеше и третираше за потребите на нашата Редакција. Парго оваа година ја прогласи за година на преубави концерти, во која ги смести сеќавањата на концертите на – Роџер Ино и Емин Џијан, Мухамед Ибрахими, Здружение на ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го отвори културниот настан кој се одржa во рамки на 9. Меѓународна конференција за жени Ромки и жени патнички, порачувајќи дека колективна обврска е заедно да градиме еднаквост и дека уште сега треба да се размислува за тоа како ќе живеат и каков ќе биде животот на Ромките родени денес. „Изложбата „Жена- мајка, столб и потпора“ го покажува уважувањето и почитта која ја имаме кон жената ...
На 1 и 2 декември во Офицерски дом во Битола ќе се одржи Втората годишна средба на архитекти и урбанисти. Годинава настанот има меѓународен карактер и предвидена е одлична програма. На Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти предвидени се две панел дискусии: Улогата на планерот во процесот на планирање визави улогата на планерот во Законот за урбанистичко планирање и Улогата на архитектот во процесот на градење визави улогата ...
Министерката Костадиновска- Стојчевска се сретна со директорката на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, Андреа Рихтер, која е и претседател на Европската музејска академија. За време на средбата беа истакнати улогата, значењето и активностите на „Форумот на словенските култури“, чија цел е поврзување и претставување на културата на словенските народи во светот. Според Костадиновска- Стојчевска, музејската дејност, како една ...
На 7 декември, во Музејот на романската литература во Букурешт, Романија, ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик. На иницијатива на Амбасадата на Р.С. Македонија во Романија, лекторката по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Букурешт – Елена Ѓорѓиовска и филологот по романски јазик и книжевност Теа Теохаревска-Иванова, во фокусот на ова одбележување на Денот на македонскиот јазик ќе биде стогодишнината од раѓањето на ...
Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија насловен „Визуелизирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“, ќе се одржи утре, на 1-ви декември (петок) 2023 година, со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Учеснички на симпозиумот се Нада Пешева (историчарка на уметност), Ана Ивановска Дескова (архитектка, историчарка на архитектура и истражувачка, вонредна ...
На 05 декември, во 19:00 ч. во Домот на културата Кочо Рацин (Дом на градежници) ќе се одржи отворање на заедничка изложба на фотографии на младата уметница Јана Кузманоска и на Тања Кузманоска и промоција на електронска фото- стихозбирка на Тања Кузманоска, „Верси и визури“. Ова е интердициплинарен, мултимедијален настан, кој ќе ги спои фотографијата и поезијата. Верси и визури“ е заеднички термин и за фотографиите и за стиховите. Тие се ...
Националната установа Театар Комедија од Скопје, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, оствари соработка со Народно позориште од Белград, каде што ќе гостува со мјузиклот „Боливуд“ од Маја Пелевиќ, а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ќе се одигра на 5 декември, на сцената „Раша Плаовиќ“, со почеток во 20:30 часот. Со ова гостување Театар Комедија започнува културна соработка со Народно позориште од Белград, а следната година се ...
Во градот на конзулите, со поддршка на Францускиот културен центар во Скопје, Француската амбасада, Француската алијанса, Почесниот конзул на Франција во Битола, е во тек изложбата „Париски рефлексии“ во организација на Националната галерија во Офицерскиот дом во Битола. Изложбата ги претставува проткајувањата на двете култури – француската и македонската – преку ликовната уметност, претставувајќи 35 дела на десетина најзначајни македонски ...
Стефан Петановски е гитарист, артист и композитор од Скопје, Македонија. Неговиот стил најдобро може да се опише како спој од различни жанрови меѓу кои рок, метал, џез, фјужн, сепак задржувајќи го модерниот прогресивен звук. Настрана од гитарата, негова голема пасија претставува компонирањето, од каде произлегува основата на неговата инспирација. Тој посветува голем дел од времето работејќи во полето на продукција и микс а во 2020 година се ...
Виртуознииот виолинист Роберт Лакатош (Србија), в четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Искон“. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во де-мол од Јан Сибелиус и Симфонијата бр. 1 од Васили Калиников. Диригент е Мануел Хернандез- Силва од Венецуела. Финскиот композитор Јан Сибелиус (1865 – 1957) е еден од ретките композитори чиј опус целосно е обоен со ...