
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Утре (21.11 2023 година), со почеток од 19.00 часот, во големата сала на Народен театар- Гевгелија, целовечерен концерт ќе приреди Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Влезот е слободен. “Изворни минијатури” е проект е замислен како сценско- едукативен караван низ неколку градови на земјата, со кој Ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои р’ти репертоарот на „Танец“. Премиера на филмот “Огледало” ќе се одржи ...
Васија Трпеноска е дипломиран лекар по холистичка медицина, токсиколог, нутриционист и работи во своја ординација во Скопје, а воедно е илиценциран Life Coach во Америка, моментално е на докторски студии. Во Македонија е лиценцирана да работи во својата пракса, која сѐ повеќе станува позната на јавноста. Со цел подобро запознавање со нејзината работа одржува неколку бесплатни едукативни семинари за дијагностика и лекување со биорезонанса и ...
Министерството за култура, денеска го објави Конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата(дефицитарни кадри во уметностите и во заштитата на културното наследство) за 2024 година. Грижата за младите уметници и за дефицитарните кадри, како мерка, во својата основа ја покажува комплементарноста помеѓу културата и образованието како сооднос кој неизоставно влијае врз унапредувањето на знаењата и ...
Одбележувајќи го Светскиот ден на детето, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со деца од социјално ранливи семејства беа денешна публика во Театарот за деца и младинци. За најмладата и најискрена публика беше изведена претставата “Зрното грашок и принцезата” во режија на Срѓан Јанакијевиќ. „Сите деца се подеднакво важни и имаат исти права, а наша обврска е да им ги обезбедиме. Да се биде дел од најискрената публика ...
-Се радувам што можам да ви соопштам дека мојата нова песна “Не сум твој сон” ја објавив вчера на 19. Ноември 2023 година. Веќе се наоѓа на музички платформи како youtube, spotify, најави младата пејачка Дина Јашари. Таа деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот. Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од ...
На Првото меѓународно графичко биенале на минијатурни графики и цртежи Битола 2023, кое се отвора вечерва 15 Ноември 2023 година, ќе бидат изложени над 700 дела работени во речиси сите графички техники, како и во скоро сите техники за изработка на цртежи: од јаглен па се до акварел, акрилик, комбинирани техники итн. Свое учество бележат околу 80 држави со над 400 автори. За оваа голема ликовна, светска манифестација и за нејзиното понатамошно ...
Познатата македонска поетеса, Николина Андова Шопова беше претставена на поетскиот фестивал Ars Poetica во Братислава, Словачка. Избор од нејзината поезија беше објавен од издавачката куќа ARS POETICA во превод на словачки јазик од Звонко Танески, со поддршка од македонското Министерство за култура. Шопова учествуваше во програмата на фестивалот на 17 ноември во култниот V-club, мултимедијалниот културен центар кој претставува средиште на ...
Специјално од Љубљана, Валентина Ѓоргиевска Парго Конференција со наслов Advancing Renewable Investments се одржа деновиве во Љубљана, на која Секретаријатот во Љубљана ги поттикна можностите за инвестирање во обновливи извори на Балканот и во уште неколку други земји, како Молдавија и Грузија. Поточно, на 16 ноември 2023 година во хотел Интерконтинентал во Љубљана, Секретаријатот на Енергетската заедница, во соработка со словенечката Влада, ја ...
Старото училиште “Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари. Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година. „Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонскитедејци и во спомен на сите просветни работници. Во две буџетски ...
Да се доведе телото во совршена форма е сон на секој човек, најмногу на личностите кои се занимаваат со сценска дејност. И, кои со својот пример треба да послужат како пример за другите. Но, тоа не оди лесно и бара многу напор и откажување. А кога ќе се изведе успешно, радоста е голема, затоа што си направил нешто за себе, нешто видливо и забележително. Познатиот актер Сашо С. Ристовски деновиве има причина за таква радост и јавно на социјалните ...
Одборот за доделување на државната награда,,22 Ноември“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл весник на РСМ бр.98/19 ) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе О Д Л У К А за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2023 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот ...
Со слоганот „Ослободете ја моќта на билките“ на 17 ноември, во 10 часот ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“ на кој ќе се претстават 30-тина учесници и ќе трае до 19 ноември. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Nature Expedition“ и Скопје Сити Мол. Во најголем дел ќе се претстават поединци во чиј фокус се чаевите, ароматичните билки, пчелните производи и есенцијалните масла и ...
16 ноември 2023 година, Скопје: Монографијата „Чашуле: приказнувачот“ од Ана Стојаноска ќе биде промовирана в сабота, на 18 ноември во 16 часот, на сцената на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Книгата е заедничко издание на авторката, во соработка со Факултетот за драмски уметности – Скопје и „Арс Ламина“. Промотор на книгата ќе биде проф.д-р Јелена Лужина. На промоцијата ќе бидат изведени и делови од претставата „Црнила ремикс“, чија ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се обрати на отворањето на Годишната меѓународна научна конференција на УКЛО 2023 во Битола, каде што врвни научници споделуваат решенија за остварување на целите на Обединетите нации до 2023 година. „Исправени пред глобалните предизвици,“, рече министерката Костадиновска- Стојчевска, „крајните решенија произлегуваат од обединетоста на културата, науката и политиката“ и додаде: ...
Костадиновска- Стојчевска од Гостивар: Вложени над 10 милиони денари во Центарот за култура „АСНОМ“ Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, при денешната работна посета на Гостивар, ја посети НУ Центар за култура „АСНОМ“, каде што со дирекцијата и со вработените беа споделени актуелни прашања во делот на инвестициите и работата на институцијата. „Вложуваме во инфраструктурата на објектите од културата. За одржување токму на овој ...
Како што знаеме, оваа 2023 година е прогласена за Година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок 17 ноември од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Настанот ќе се одржи под мотото: „Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“. Гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова. ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која денеска е во работна посета на Гостивар, на Градскиот плоштад се обрати на настанот по повод 100 години од раѓањето на еден од најголемите македонски херои и борци, Чеде Филиповски- Даме. Во своето обраќање, министерката за култура ги истакна придонесот и пожртвуваноста на Чеде Филиповски во отпорот и борбата за ослободување од фашистичката окупација за време на Втората светска војна. ...
На 17 ноември 2023 со почеток од 18:30 часот, во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија ќе се одржи концертот на Дувачкото трио, составено од македонските музичари Владимир Лазаревски (обоа), Марина Николовска (обоа) и Маја Чанаќевиќ (англиски рог). Дувачкото трио, составено од две обои и англиски рог, е камерен состав чии членови потекнуваат од оркестарот на Македонската Филхармонија во Скопје. Интересен е составот на ова ...
17.11 2023 Работилница: Карневал за „Себеси“ 12:00 ФДУ Ментор: Мирза Метин Оваа работилница претендира преку серија на физички и вокални вежби учесниците да доживеат автокарневалско искуство. Вежбите главно се составени од вокални и физички анализи на традиционални курдски танци и песни. Различните овчарски гласови се исто така една од темите што се провлекува низ овие вежби. Во вториот дел од работилницата ќе се користи и сопствената културна, ...
Клубот на литературни творци-Прилеп кој месецов одбележа 12 години од своето формирање, со низа средби во прилепските училишта го одбележа Месецот на книгата. Поетесата Божана Тренческа го посети ООУ „Јонче Смугрески“ во с. Обршани, на покана на наставничката Соње Бришкоска. Bo ООУ „Рампо Левката“ во Прилеп,, на гости беше поетесата Снежана Паноска која на децата им подари примероци од нејзината книга „Светулки“. Поетот Филип Димкоски одржа ...
Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје привршуваат со подготовката на нивната прва копродукциска театарска претстава, „Демнејќи го Годо“, работена според истоимениот драмски текст од словенечкиот писател и драмски автор Драго Јанчар. Премиерата на претставата е предвидена за 12 декември, на сцената на Театар Комедија. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина ...
Тетарската и филмска сцена во светот, за два дена остана без двајца извонредни актери од овие наши екс Југословенски и Балкански простори. Беа и ќе останат наши но по многу нешта и светски. Во 63-тата година од животот на 15 ноември 2023 година замина Жарко Лаушевиќ, во своите најдобри години, кога уште т можеше да создава. Роден во Цетиње, кој поголемиот број години од својот живот ги помина во Белград остави бројни забележителни улоги во ...
СЕГА Е ВРЕМЕТО Изложба на Ликовната колонија Галичник 2022/23 Д-р Ана Франговска, куратор На 16 ноември 2023, во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 19:30 ч, Ликовната колонија Галичник ќе ги претстави 33. и 34. сесија, најавува д-р Ана Франговска, куратор и претседател на здружението. Визуелните дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник и овој пат се движат околу еколошки теми, како суштествени теми за ...
Општинското основно училиште „Ристо Крле“ го одбележува патрониот празник .Во чест на патронот,врвен класик на македонската драма -РИСТО КРЛЕ, се организираа денови на училиштето почнувајки од 13 номеври со спортски активности во подрачното училиште во Мралино. Следниот ден се одржа Литературно читање и уметничка галерија во централното училиште во Кадино. Гости на литературното читање беа новинарката и водителка од ТВ Сонце, Милева Лазова и ...
Во Европската куќа во Велес, Меѓуопштинското здружение на лицата со телесен инвалидитет на општините Велес,Градско и Чашка-Мобилност Велес на 15.11.2023 година се одржа завршен настан на проектот “Заедно сме подобри” кој се реализираше во време од една година, кој го спроведе Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans ReLOaD2 која е финансирана од Delegation of the European Union, Skopje , Skopje,а ја спроведе Програмата за ...
„Детски книги за широки насмевки“ е мотото на традиционалниот хуманитарен настан по повод месецот на книгата на ОУЈДГ „Димче Мирчев“ од Велес кој се одржа на 15 ноември во просториите на Локалната библиотека во Велес. Директорката на градинката Маја Велиновска истакна дека во овој хуманитарен проект за изработка на креативните книги биле вклучени околу 1000 деца на возраст од три до шест години. Сите ги поддржуваме децата да ги развиваат своите ...
Во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија во Скопје утре, 14 ноември, ќе биде отворена ексклузивната изложба „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во нашата држава. Во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, изложбата е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт ...
Уште една изложба ќе биде поставена во Мала станица од 17 ноември 2023, со официјално отворање во 19 часот. Станува збор за претставување на Ервин Ќатовиќ, ликовен уметник и професор од Р. Србија. На отворањето пред публиката ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими и кураторката Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. Самостојната изложба на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ, насловена „Градина“, во ...
15.11 2023 ФРАНКЕШТАЈН 18:00 Театар за деца и младинци Автор: Мери Шели Режија Кокан Младеновиќ Претставата им се обраќа на младите со цел да се запрашаат за оние ставови што им се наметнуваат од нивните родители, од училиштето, од општеството, а кои воопшто не се добри. Претставата има за цел да ги истражува различните практики на дискриминација во општеството во кое живееме. Прашањето кој е и што е; што може да биде и кој сè може да биде ...
На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен “ЗЏМ свири Леб и сол.” На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните “Леб и сол,” со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин. “Леб и сол” е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички ...