Често пати кога ќе се започне дискусија за визуелно-импресивни постови, флаери и постери, Canva е алатката која се споменува. Но, Canva не е целосно бесплатна алатка и за одредени понапредни функции, односно дизајни, потребно е да се претплатите. Polotno Studio е целосна бесплатна алтернатива на Canva и доколку и пружите шанса, ќе забележите дека воопшто не е за потценување. Првиот оддел – Templates е воедно и најважниот затоа што тука ќе ...

Оваа недела Брисел објави дека нема да се фокусира на обвинувањето дека Apple ги принудува развивачите на апликации да го користат нивното плаќање во апликациите. Сепак ова не е сосем добра вест за американската компанија. Комисијата за заштита на конкуренцијата, ќе се фокусира на начините на кои Apple ги ограничува девелоперите да ги известат корисниците за алтернативни начини за плаќање или претплата. Истрагата и обвинувањата на Комисијата се ...

Каде што има чад, има и оган. Крипто светот почна да чади во моментот кога цените почнаа да паѓаат, а огнот ги зафати скоро сите сфери од Web3 индустријата. Штом се шири паника, активностите на големите институции како централните банки и регулаторните тела почнуваат да се движат. Криптото е тука само неколку години, а банките и регулаторните тела се присутни со векови и знаат како да ја искористат секоја економска прилика многу подобро. Како ...

Независно од верзијата на Windows оперативниот систем кој моментно го користите, општото мислење е дека иконите на фолдерите и документите се премногу монотони и статични, нешто што е неизбежно кога со години клкнувате на едни исти работи :) Доколку сакате да го смените изгледот на иконите, самиот Windows оперативен систем ви нуди лесни можности за брза замена на стандарната икона со некоја друга, но Dr. Folder е апликација која се залага да ...

Многу пати кога работиме на лаптоп би можеле да посакаме да имаме дополнителен монитор приклучено. Во ситуација кога немате монитор, би можеле да го поврзете вашиот телефон или таблет. Да, мал телефон или таблет не можат да ги заменат предностите кои доаѓаат од голем монитор, но подобро нешто отколку ништо. SpaceDesk e апликација која ефикасно поврзува две или повеќе направи така што ви дозволува првин да ги инсталирате соодветните апликации, а ...

Месецот март е полн со игри кои се закануваат да ги задоволат и најзагрижените гејмери. На самиот старт, Dark Souls/ Elder Ring ентузијастите ќе пробаат да го добијат нивниот фикс преку Wo Long: Fallen Dynasty – акциона RPG игра која ќе биде бесплатна за Game Pass претплатниците. На самиот крај од месецот, пак, ќе излезе долго-очекуваната Resident Evil 4, заедно со VR верзијата која бесплатно ќе се понуди на сите VR фанатици. Што не очекува ...

Минатиот викенд во Македонија се одржа 11-тото издание на хакатонот за креирање на видеоигри Global Game Jam Македонија. „Традиционално“ Global Game Jam е во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, кои се одлични домаќини секоја година. Настанот се одржа на локации во Скопје и Битола, а беа направени 20 видеоигри. Домаќин на креаторите во Скопје беше Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ...

TakeItDown е нова aлатка од Meta која треба да помогне да се спречи ширењето на интимни фотографии на лица помлади од 18 години. Алатката овозможува отстранување на слики и видеа без истите да бидат аплоудирани онлајн и да станат дел од некоја поголема база на податоци. TakeItDown е обид да се прекинe онлајн „сексторцијата“ кај помладите. Сексториција е форма на злоставување со која под закана дека ќе се објават нечии интимни фотографии или ...

Google најави купување на хрватскиот стартап PhotoMath, едукативна апликација со над 300 милиони преземања. Веста за купувањето доаѓа од Европската комисија, која треба да даде потврда за да се финализра зделката. Европската комисија постави рок до 28 март, до кога треба да ја донесе конечната одлука. Ако се реализира, ова може да биде најголемо купување на компанија во Хрватска. Вкупната сума би можела да надмине над 130 милиони евра (1 ...

Во случај да сте често дел од онлајн состаноци тогаш знаете колку деконцентрира бучавата која се слуша во позадина, независно од тоа дали се работи за детенце кое вреска, работа на бучен апарат или звуци од милениче. Кrisp.ai е алатка која може да ви помогне да бидете прикажани како професионален учесник на состанокот. Користејќи вештачка интелигенција, krisp.ai користи напредни алгоритми за да елиминира гласови и звуци кои се во позадина. ...

Super Meat Boy беше првиот таканаречен Precision Platformer кој не излуди со предизвикувачките мапи и потребата за внимателно планирање, огромна прецизност и темпирање на движењето. Исфрустрирани од константното убивање и немање желба за понатамошно мазохистичко мачење, долго време не пипнавме слични игри. Planet Cube: Edge мислевме дека ќе биде малку поразлична игра и не до тој степен предизвикувачка како Super Meat Boy. Од графички аспект и ...

Водечката SaaS видео платформа JW Player оствари аквизиција на македонската компанија InPlayer, препознатлива по своите врвни решенија за видео стриминг на глобално ниво. Со аквизицијата, JW Player го отвори својот нов дом, додавајќи го Скопје на својата растечка листа на глобални седишта меѓу кои се вбројуваат Њујорк, Лондон и Ајндховен. JW Player има за цел да ги донесе своите робусни специјализирани решенија за монетизација и аналитика на ...

Кога пред едвај неколку месеци OpenAI го претстави Chat GPT речиси и да немаше било каква посериозна критика. Најголем дел од ентузијастите веднаш ја прифатија вештачката интелигенција. Неколку месеци подоцна, откако големите компании како Google и Microsoft започнаа да ја применуваат во своите пребарувачи може да видиме зошто компаниите беа претпазливи со додавање на вештачката интелигенција во пребарувачот. Медиуми против вештачка ...

TikTok предизвикот Kia Challenge ги принуди KIA и Hyundai да издадат софтверска надградба за милиони возила. Неофицијално предизвикот придонел за 14 сообраќајни незгоди и 8 жртви, а започна од Kia Boiz. Во повеќе TikTok видеа е демонстриран начинот како да се украдат модели на Kia и Hyundai користејќи широко достапни алатки. За кражба на возилото се користи единствено шрафцигер и USB-кабел. USB-кабелот не е неопходен, и единствено се употребува ...

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс) ПРОФИЛ 1. Датум кога официјално започнавте со работа? Rething започна со работа на 05. 01. 2021 2. Од кого е основана компанијата? Основачи на компанијата се Димитар Најденов, Ивана Каралиева Петреска и Влатко Котевски. 3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте? Boksy 4. Колку луѓе броеше ...

Во октомври 2021, Facebook заедно со своето ребрендирање го претстави Метаверзумот, визијата која најголемата друштвена мрежа ја има за иднината на Интернет. Наскоро по Facebook, Microsoft, Unity, Epic, BMW и куп други компании ја споделија својата визија за иднината на интернет. Со секоја презентација на идеи, најчесто слушаме за предностите и можностите кои ќе се отворат со метаверзумот. Понекогаш има и понекоја критика, но многу ретко слушаме ...

ImageAssistant е ектензија за Chrome и Firefox која ви дозволува да ги преземете сите слики од веб страната на која моментно се наоѓате. Ова е корисно затоа што понекогаш сакате да ги преземете сите слики што ги има поставено во некоја галерија и не сакате да губите време за рачно избирање и преземање на секоја слика посебно. ImageAssistant е доволно напредна екстензија која ви дозволува да изберете што точно сакате да преземете и во која ...

Google Chrome од 2020 е примарен прелистувач на над 2,65 милијарди корисници. Во Македонија 72,58 отсто од мобилните корисниците го користат Google Chrome. Kај десктоп корисниците оваа бројка е и поимпресивна и 81,37 отсто го користат прелистувачот, покажува извештајот на Statcounter. Брзината, едноставноста за користење, безбедноста и присутноста на сите платформи се дел од причините за популарноста на Chrome. Секако ова не значи дека ...

Со децении начинот на кон иконите се сортираат и прикажуваат се нема значително променето. Што и не мора да значи дека е лоша работа; зошто да се поправа нешто што не е искршено? Авторите зад iTop Easy Desktop не веруваат во оваа филозофија и со нивниот продукт го освежуваат и подобруваат начинот на кој се прикажуваат иконите. Автоматскиот режим на алатката ги средува иконите така што ги поставува во соодветни кутии. Па така, во една кутија ќе ...

MultiWall не е вашата стандарна алатка за менување позадини. Доколку сакате да менувате позадини имате на располагање одлична алатка како дел од Windows оперативниот систем, но MultiWall се разликува од стандарната алатка по тоа што нуди напредни можности од секој можен аспект. MultiWall се одликува со одлична подршка при работа со повеќе монитори и можете да наместите автоматско менување на едни позадини за еден монитор, а други позадини за ...

Бес и лутина се две клучни емоции кои водат кон агресија. Кај децата ова знае да биде како фрустрирачко и ненаситно животно, без никакви можности за контрола. Родителите и наставниците ја имаат клучната улога да им помогнат на децата да ги препознаат ваквите негативни емоции и правилно да се справат со нив. Токму поради тоа, одбравме 3 софтверски апликации кои би требало да го прошират арсеналот на децата при справување со психолошкиот хаос во ...

Развојот на софтвер е процес кој бара голем ангажман на финансиски и човечки ресурси, бара знаење, време и многу други пропратни работи… За да се реализира крајниот продукт во овој комплексен процес, онака како што замислил клиентот е различна приказна скоро во секој случај. Поради комплексноста на процесот, ИТ компанијата и клиентот можат да имаат различни очекувања. Овие различни очекувања, може да донесат до несогласувања, што потенцијално би ...

Ако те бркаат од Twitter, најдобро да си направиш своја сопствена мрежа. Ова прв го направи Доналд Трамп со Truth Social, а сега откако го „избркаа“ од Twitter и Instagram, сличен потег ќе направи и контроверзниот музичар Канје Вест. Разликата е во тоа што во овој случај Канје нема да развива сопствена мрежа, туку се одлучи да го купи Parler. Веста официјално ја потврди со соопштение Parliament Technologies, компанијата која е зад друштвената ...

Демант од ФЗОРСМ Надополнето во 16.23 ч., 17-ти февруари: Фондот за здравствено осигурување на Македонија е хакиран од 8-ми февруари, а со нападот огромен дел од податоците во институцијата се енкриптирани од страна на хакерот, кој за доставување на криптографски клуч кој би ги отклучил податоците бара исплата на одредена сума во биткоини. Фондот не може да исплати ништо од својот трезор, што значи дека исплата по било кој основ не е возможна, ...

Оваа недела Microsoft ја претстави новата надградба на GitHub Copilot. Со надградбата асистентот е побезбеден и помоќен. Новиот модел покажува поквалитетни решенија и тоа го прави побрзо. Copilot е вештачка интелигенција – асистент за програмирање, која генерира код заедно со програмерот. Алатката е развиена од Github и OpenAI, и е достапна за корисниците на Visual Studio, Visual Studio Code, Neovim, JetBrains. Copilot им помага на корисниците ...

Power Platform Македонија, го најавува својот прв настан под името “Power Platform Bootcamp” кој ќе се одржи во Public room во Скопје со почеток во 11:00 часот. Влезот е слободен за сите ентузијасти кои сакаат да слушнат повеќе за една од најпопуларните платформи на Microsoft денес – Power Platform. Power Platform Македонија е независна организација фокусирана на Power Platform и најновите трендови поврзани со оваa платформа. Сѐ поголемата ...

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [декември, 2022]: Synapse Aviation со Airport Briefing – иновативен производ во глобалната авијациска индустрија Airport Briefing е софтвер кој им овозможува на пилотите на интерактивен начин, користејќи 3Д и аудио-визуелни елементи, да ги проверат ...

Доколку сте и вие како нас, често се случува да посетите одреден сајт и да ви се привлече вниманието од фонтовите кои се употребени. Fonts Ninja е екстензија за прелистувачот Firefox (има алтернатива и за Chrome), а нејзината цел е да го анализира посетениот сајт и да ве извести за имињата на фонтовите кои се користат. Fonts Ninja не може да анализира слики, така да фонтовите кои се дел од слика поставена на веб сајтот ќе бидат заобиколени. Но, ...

Кевин Лиу е студент на Универзитетот Станфорд кој успеа преку вешто прилагодени барања да го открие основниот „prompt“ на Bing со вештачка интелигенција. Првичните нагодувања во себе содржат листа инструкции кои ограничуваат како Bing одговора на прашањата. Целиот разговор, вклучувајќи ги и првичните ограничувања се дел од единствен документ. Кога вештачката интелигенција дава одговор ги има предвид сите претходни прашања, одговори, но и ...

Diolingo е феноменална апликација за учење странски јазици, но доколку сакате да се префрлите во математички води, тогаш Duolingo Math е апликација само за вас, под услов да имате iOS направа… Duolingo Math ја препорачуваме ем на учениците од основно одделение, ем на повозрасните лица кои сакаат секојдневно да ги тренираат сивите ќелии! Преку апликацијата се се решаваат најразлични класични задачи како одземање, собирање, делење или множење. Се ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
67%
1010
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
0.0
68%
1010
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.29
69%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.0
88%
1010
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
58%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
53%
1012
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
3.13
74%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
61%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
57%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484