По скоро цел месец од задевања и подгревање најразлични шпекулации, Valve конечно се осмели да најави нова игра. Со оглед на тоа дека има две игри од Half-Life, две игри од Portal, две игри од Team Fortress и две игри од Left4Dead и со оглед на тоа дека Valve не знае да брои до 3, логички е дека најавата за нова игра ќе биде од Counter-Strike универзумот. Counter-Strike 2 ќе се појави летово и ќе биде во целосно нов и значително подобрен свет, ...

Бројот на ретро шутери кои потсетуваат на преубавите аркадни искуства од 80-тите и 90-тите години ги има за извоз и скоро секоја од игрите се труди на еден или на друг начин подобро да ги копира најдобрите елементи од овој жанр. Но, македонската игра Solbane на битолското студио Odime не се задоволува само со копирање, туку го надградува жанрот и го еволуира со комплексни RPG механики кои тектонски го поместуваат искуството и му даваат свежа и ...

Компанијата Синами го лансираше својот нов производ PPM Core, модерна cloud софтверска платформа за колаборативно управување со проекти и проектни портфолија. Новиот производ на Синами ги поврзува податоците и сите учесници во проектот на начин кој овозможува ефикасна комуникација и соработка помеѓу тимови, компании и проекти, a неговата цел е да одговори на предизвиците наметнати од денешната нова реалност на управување со проекти. „Заедно со ...

Виза за дигитални номади е релативно нов концепт на виза која е наменета за луѓе кои може да работат од далечина (remotely). Идејата е да се привлечат дигитални номади кои можат да помогнат со своето знаење на локалните стартапи, но и да ја стимулираат локалната економија. Овој тип на виза е специфичен бидејќи за разлика од туристичката виза им овозможуваат на дигиталните номади легално да работат за компании надвор од посетената дестинација. ...

Ако нешто сакаат гејмерите повеќе од игри, тоа се бесплатни игри. Овојпат привремено се достапни не една, туку две игри. Едната игра е достапна преку клиентот на Epic Games, а другата преку Steam! Да не должиме, ова се игрите кои бесплатно можете да си ги зграпчите и засекогаш да ги играте: Warhammer 40,000: Gladius – Relics of War Warhammer 40,000 лиценцата се дава на сите страни и се користи од бројни девелопери, но поголемиот број од игрите ...

Во рамки на овогодинешниот Job Fair организиран од студентската организација BEST, Singular ќе учествува со работилница на тема: The future of you: How to be outstanding at work. Оваа работилница се фокусира на развивање на неопходни вештини кои на студентите ќе им помогнат полесно да се вклучат во процесот на вработување, како и да дојдат до посакуваната позиција. Работилницата ќе ја водат Јоана Темелковска, Talent Acquisition Specialist, и ...

Минатата недела љубителите на хардвер немаа премногу уреди на кои можеа да им се израдуваат. За жал ниту оваа недела не изгледа многу подобро, и добар дел од вестите се неофицијални. Нов жолт iPhone 14 Една од вестите кои не се шпекулација, а се однесуваат на хардвер од Apple е новата боја на iPhone 14 и iPhone 14 Plus телефони. Идните купувачи на телефонот ќе можат да одберат и жолт телефон. Моделите се со идентичен хардвер како и досега, а ...

Самиот оперативен систем нуди корисни можности за автоматско менување десктоп позадини, но само во форма на статични слики. За се што е понапредно, потребно е инсталирање дополнителни апликации. ImDesktop е една апликација која е како колекција од сите апликации што би можело да ви ги треба за промена на вашите десктоп позадини. Имено, со апликацијата можете да наместите автоматско менување на статични позадини, но можете и да наместите да се ...

React е библиотека за креирање на кориснички интерфејси, kомпонентите се делови код, кои што дефинираат како треба да изгледа и да се однесува една секција во корисничкиот интерфејс. Тие може да бидат функционални(functional) или класно-базирани(class-based). Во продолжение, пет разлики помеѓу функционалните и класно-базираните компоненти: Функционалните компоненти се дефинирани како функции, додека пак класните се дефинирани како JavaScript ES6 ...

IT.mk, како најголема ИТ заедница во Македонија, стартуваше официјален Discord сервер. Серверот е наменет за дискусија, дружење, вмрежување и забава, со примарен фокус за приближување на медиумот кон т.н. генерација Z, но секако и за сите останати. Што е Discord? Серверот е структуриран со повеќе канали: Зошто Discord? Discord стана популарна платформа за комуникација меѓу Generation Z, демографската група родена помеѓу средината на 1990-тите и ...

Најголемата вест викендов од светот на стартапите, за жал не е ChatGPT-4, напредокот на AI или некој си нов хардвер или стартап. Наместо ова, целото внимание е на банката која ја поддржуваше ИТ и стартап индустријата во САД, Silicon Valley Bank (SVB), која пропадна за помалку од 48 часа. Ова е најголем колапс на банка во САД од 2008 година и втор најголем по крахот на банката Washington Mutual. Како последица на ова, дел од новите стартапи ќе ...

Скоро година и половина како YouTube повеќе не дозволува да имате увид колку корисници не сакаат одредено видео, односно колку пати е кликнато копчето Dislike. И ден денес, меѓутоа, доколку некое видео не ви се допаѓа, можете да кликнете на копчето Dislike, но не и да видите колкумина го направиле тоа, што знае да биде проблем доколку сакате да се поврзете со браќата хејтери. Причината поради која и понатаму може да се кликне копчето Dislike е ...

Ако сте дел од сопствениците на поновите телефони на Samsung и сте биле импресионирани од фотографиите на Месечината, немате никаква причина за ова. Samsung користи тон едитирање на сликите и не само што ја изострува сликата туку во додава детали кои не постојат. Ibreakphotos на Reddit има одлично објаснување што се случува со фотографиите. Samsung вели дека користи вештачка интелигенција за да ги подобри фотографиите, но ова не е случај, барем ...

Не е никаква тајна огромното напредување што се прави во поглед на вештачката интелигенција. Во последно време, често се споменува револуционерното достигнување при користење вештачка интелигенција за да се создаде музичка подлога. Целиот процес е автоматизиран, опфаќа само неколку чекори, а резултатите знаат да бидат повеќе од импресивни. Згора на тоа не бара од корисникот никакво познавање за музичките креативни процеси; сè се сведува на ...

Познато е дека ChatGPT-4 ќе биде достапен за употреба во првата половина на 2023-та година. Microsoft, еден од главните инвеститори во стартапот OpenAI кој е специјализиран за вештачка интелигенција, потвди дека новиот јазичен модел ќе биде достапен за целиот свет оваа недела. Додека многу технички детали се чуваат во тајност до официјалното објавување, веќе се шпекулира дека GPT-4 ќе биде мултимодален. Што значи мултимодален? Chat GPT-4, ќе има ...

Добар дел од денес успешните стартапи и компании започнале со решавање на некој недостаток во постоечките индустрии. Uber го направи ова за такси превозот, Airbnb со изнајмувањето станови, а македонскиот стартап Howitzer, кој во декември, 2022-ра го прогласивме за .мк стартап на месецот по нивната инвестиција од 500.000 US, ќе се обиде да надмине проблем кој агенциите го имаат со outreach на друштвените мрежи. Стартапот стана препознатлив со ...

Во React, секој дел претставува компонента. Компонентите овозможуваат разложување на секој голем кориснички интерфејс во помали, поискористливи делови кои може да се менуваат. Секоја компонента има своја состојба и однесување, повеќе комбинирани компоненти креиираат еден покомплексен кориснички интерфејс. JSX JSX е синтаксичка екстензија за JavaScript која овозможува пишување код сличен на HTML, во JavaScript. Во React се користи за дефинирање ...

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [февруари, 2023]: Native Teams е глобална FinTech платформа за плаќања и регулирање на статус на вработување, поддржана од виртуелен паричник и дебитна картичка која помага при работата на секој фриленсер, вработен на далечина или компанија. Native Teams ...

Повеќе од една година речиси без престан војната во Украина продолжува со несмален интензитет. Оваа недела ја одбележува руската офанзива во источна Украина. САД и дел од државите од Европската унија се обидоа да направат притисок врз Русија преку санкции, но истите не вродија со плод, а веројатно една од причините за ова е што Русија успеа да пронајде начини да ги заобиколи. Еден од најпроблематичните производи во овие санкции се чиповите и ...

Во случај да често држите онлајн предавања или пак снимате туторијали, тогаш знаете дека е исклучително важно курсорот да е видлив и визуелно да ги истакнува сите движења, кликнувања и одбележувања. Најновата верзија на MouseCast ви помага одлично да го насочите вниманието на гледачите така што ја менува формата на курсорот во голем концентричен црвен круг кој ја менува дебелината секојпат кога ќе кликнете. Дополнително, секојпат кога ја ...

Криминалци и измамници пронајдоа нов начин да изнудат пари од жртви користејќи ги последните трендови – вештачка интелигенција. Испраќаат гласовни пораки генерирани од вештачка интелигенција тренирана на гласовите на членовите на семејството. Жртвите кои се измамени исплаќаат илјадници долари. Најтешкиот дел од измамата е да дојдат до доволно голем сет на податоци на кој може да се тренира моделот. Податоците во случајот се аудио записи со чија ...

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [јануари, 2023]: Pixyle AI – продукт базиран на вештачка интелигенција кој го олеснува визуелното пребарување и продуктно категоризирање во модната индустрија Pixyle AI е решение кое им ја олеснува работата на брендовите од модната индустрија, а истовремено ...

Листата на Топ 10 .мк жени во ИТ индустријата за 2022 година која ја објавивме оваа недела активираше поголем број дискусии на тема родова еднаквост, застапеност како и потребата од таква тематика по социјалните медиуми. Најевидентна е дискусијата која се води на постот кој го споделивме во групата Сојузен комитет на програмери на Република Македонија на Facebook, приватна група која има скоро 16.000 членови и е составена претежно од ИТ ...

Денеска е меѓународниот ден на жените, денот кога се одбележува борбата за рамноправноста помеѓу половите и ден кога се величи храброста, истрајноста, интелигенцијата и решителноста на жените! Една уметничка форма во која доаѓаат до израз сите овие квалитети е во гејминг индустријата, а она што следи се најдобрите игри со женски хероини, наслови кои сведочат за нивната сила и непоколеблива воља да се исполнат замислените цели! Horizon Zero Dawn ...

Одлични вести за сите љубители на видеоигрите. Microsoft и официјално ја проширува листата на држави во кои ќе биде достапен сервисот. Македонија е на листата држави од Европа, Африка и Азија во кои љубителите на видеоигри ќе имаат пристап до стотици игри. „Возбудени сме што можеме да објавиме дека за прв пат досега носиме преглед на PC Game Pass во 40 нови земји.“ Од некоја причина Microsoft го усложнил целиот процес за тестирање, иако првата ...

На крајот на 2021 година NASA во партнерство со ESA и CSA ги лансираа Вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Телескопот регистрира инфрацрвено зрачење од далечни вселенски тела. Џејмс Веб може да детектира зрачење од објектите кои се настанати по големиот-прасок. „Џејмс Веб“ е најголемата и најмоќна вселенска опсерваторија пуштена во употреба досега. Телескопот е 100 пати помоќен од неговиот претходник Вселенскиот телескоп Хабл. Во првата година од ...

Отпуштањата на илјадници вработени во период во кој Twitter се обидува да направи трансформација секако не можеше да помине без никакви проблеми. Корисниците на Twitter кои ја посетија платформата на почетокот на неделата видоа сосем нефункционален микроблог. Линкови кои не функционираат, непостоечки слики во твитовите, беа еден дел од грешките. Обидот за отворање на било кој линк, па дури и оние кои требаа да ја објаснат грешката или водеа до ...

Facebook, Twitter, TikTok. Ова се едни од апликациите кои најчесто го привлекуваат нашето внимание и негативно влијаат на нашата продуктивност. AppBlock е апликација за iOS и Android, а се испорачува и како екстензија за прелистувачот Chrome. Целта на апликацијата е едноставна и се залага да го отсече вашиот пристап до непродуктивните апликации и веб сајтови кои вампирски го цицаат слободното време. Откако ќе ја инсталирате апликација, можете да ...

Правењето вкусни јадење не е едноставна работа. Знаете како викаат, не е еден ден па да се снајдеме, се работи за секој ден, три пати во денот. Згора на тоа, често се чувствувате како да немате доволно намирници за да направите нешто што личи на достоен ручек. Во таа ситуација, зошто да не дозволите вештачката интелигенција да преземе целосна контрола. ChefGPT е веб сајт кој ќе ви понуди рецепти за оброци според намирниците кои ќе ги внесете, ...

Без разлика дали ве интересираат паметни телефони, дронови, процесори, oваа недела изобилува со куп интересни хардвер вести. Неделава во Барселона се одржи Mobile World Congress. Иако настанот веќе ја нема привлечноста од пред неколку години, сѐ уште може да ги видиме трендовите во индустријата. Nokia G22 Паметните телефони на Nokia одамна не е се произведуваат од истоимениот производител. Сопственик на брендот сега е финската компанијата HMD ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
67%
1010
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
0.0
68%
1010
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.29
69%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.0
88%
1010
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
58%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
53%
1012
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
3.13
74%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
61%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
57%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484