Според „Њујорк тајмс“, плановите на САД и Израел да предизвикаат внатрешна побуна во Иран и да го соборат режимот засега не успеале. Пред почетокот на конфликтот, шефот на Мосад, Давид Барнеа, предложил план според кој елиминацијата на ирански лидери и разузнавачки операции би поттикнале масовен бунт и брз пад на властa. И покрај сомнежите во дел од разузнавачките кругови, политичкото раководство било оптимистично. Три недели по почетокот ...

Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за ...

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Литванија уште во 2019 година предупредила дека унгарски претставници претставуваат безбедносен ризик за ЕУ и НАТО, по извештаите дека Будимпешта пренесувала доверливи информации кон Русија. Тој рече дека подолго време постојат информации за протекување податоци од затворени состаноци на ЕУ и сомнежи дека се споделуваат и информации од НАТО. Според него, Литванија дури побарала исклучување на ...

Во Уставниот суд денеска се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба“, организирана со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. На настанот воведно излагање имаа претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, како и претставници на институции, експертската и ...

Катар не е цел на напади веќе неколку дена, но ситуацијата останува многу напната, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџид Ал-Ансари. На прес-конференција во Доха, тој потврди дека немало ирански ракети или дронови насочени кон Катар од минатиот четврток, но предупреди дека земјата е сè уште „во окото на бурата“, објавува Би-Би-Си. „Последниот пат кога стоев тука на подиумот, веднаш откако завршив, имаше ...

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес. Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, призна дека не очекувал Иран да одговори на нападот на САД и Израел со напади врз земјите од Персискиот Залив. „Погледнете како неочекувано ги нападнаа сите овие земји околу нас. Тоа не требаше да се случи. Никој дури и не помисли на тоа. Тие сакаа да го преземат Блискиот Исток и трајно да го уништат Израел. Ако имаа нуклеарно оружје, можеа да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Палм Бич пред да ...

По повод 17-ти Март, Денот на крводарителството во нашата земја, денеска во салата за состаноци на Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски им ги додели признанија на крводарители. Во присуство на Маре Кочоска, секретар на општинската организација на Црвен Крст – Карпош, првиот човек на Општина Карпош им ги врачи признанијата на Љубиша Трајковски, Игор Андреевски, Игор Стефановски , Марјан Костовски и Мирче Блажевски за мотиватори во ...

Откако ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за „продуктивни“ разговори, Иран изјави дека ќе ја продолжи војната. Портпаролот на Врховната воена команда изјави дека вооружените сили ќе се борат „до целосна победа“. Слична порака претходно испрати и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран и Либан и покрај изјавите на Трамп за преговорите, што Иран постојано ги ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер. Во разговорите стана збор за соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето ...

Даваме силна подршка за реализација на БРТ за Град Скопје, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил. „Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја ...

Обединетото Кралство и Франција работат на формирање коалиција од земји за обезбедување на Ормускиот теснец, еден од клучните патишта за глобална трговија со нафта, изјавија денес британските одбранбени претставници, како што објави Би-Би-Си. Лондон понуди да организира безбедносна конференција во Портсмут или Лондон во блиска иднина, на која би се развиле конкретни планови. Официјалните лица велат дека секоја мисија ќе бара учество на ...

Кралицата Камила (78) е во центарот на вниманието на медиумите поради нејзините бројни скандали што го погодија британското кралско семејство, кои продолжуваат до ден-денес, а за некои, таа дури и не е омилена личност со оглед на нејзината турбулентна историја со Чарлс. Сепак, овој пат, Камила е во центарот на вниманието поради својот изглед, и иако е веќе во осумдесеттите години, таа се грижи за себе и се грижи секогаш да изгледа негувано и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација. Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, кој се реализира со ...

Снимките од иранската Црвена полумесечина покажуваат како спасувачите извлекуваат дете од станбена зграда за која организацијата за помош вели дека била погодена во понеделникот во Техеран. На видеото, може да се видат работници како го вадат детето низ прозорецот и безбедно го спуштаат на земја покриена со урнатини, пишува CNN. Црвената полумесечина претходно објави дека го бара детето „под урнатините на станбената зграда“. Members of Iran's ...

Во заедничка акција на чешката полиција, Вишото јавно обвинителство во Оломоуц, кое ја води истрагата, Европол, Интерпол и единицата на УЕФА против наместени натпревари, утрово во Чешка започна голема операција во која беа приведени повеќе од 50 лица. Во тек е истрага поради сомневање за наместени натпревари за спортски цели на клубовите, како и наместени натпревари на пазарот на Далечниот Исток. Истрагата започната во 2023 година, кога ...

Свршеницата на Роналдо, Георгина Родригез, веројатно никогаш не била предмет на позитивни коментари. Нејзиниот изглед, модниот избор и начинот на живот често се предмет на потсмев, но и на гнев кај некои луѓе. Убавата Георгина се чини дека не се грижи премногу за сè што ѝ се пишува и кажува, па затоа речиси секој ден споделува фотографии од својот приватен живот и го покажува луксузот што го ужива со своето семејство. Најновата во низата ...

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел, соопштија од министерството, да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски ...

Израелската армија ќе го окупира Јужен Либан до реката Литани, изјави во вторникот министерот за одбрана Израел Кац, што е првпат Израел јасно да ја искаже својата намера да заземе делови од либанската територија. Кац претходно ѝ се закани на либанската влада дека ќе изгуби територија ако не го разоружа Хезболах, проиранската милитантна група што го вовлече Либан во американско-израелската војна против Иран кога започна да го напаѓа Израел ...

Принцезата од Велс блесна на раскошен банкет во замокот Виндзор во добро позната комбинација. Таа го носеше омилениот смарагден фустан на сите и легендарната тиара на покојната принцеза Дијана. Британското кралско семејство неодамна организираше банкет во замокот Виндзор во чест на нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу. Вниманието на сите собрани повторно го привлече најубавата принцеза на светот, која ја носи и титулата најдобро ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи. ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува на владина седница за ослободување на резервите на мазут за потребите за производство на струја, изјави: „Во овој момент размислуваме, но исто така добивме информација и дека оние количини коишто требало да се повлечат на крајот од минатата година кога беше прогласена кризната состојба, ...

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, ја нарече војната со Иран катастрофална грешка и кршење на меѓународното право, во невообичаено остра критика кон надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тој рече дека вториот мандат на Трамп означи длабок прекин во односите на Германија со нејзиниот најголем повоен сојузник. Во многу директна изјава, Штајнмаер, чија функција е главно церемонијална, ...

Пејачката Дуа Липа стана глобален амбасадор на брендот Nespresso. Во оваа пригода, таа гордо позираше за промотивната кампања на брендот и привлече внимание со својата облека. Таа носеше син кожен сет од американскиот дизајнер Вили Чаварија, а целиот стил го комплетираше со преголеми нараквици во бохо стил. Набргу потоа, следеше прослава во Њујорк по повод оваа соработка, а во текот на вечерта таа смени дури три комбинации. Таа ги објави ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. „Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека во пракса Иран покажал подготвеност за мировни преговори со Соединетите Американски Држави и дека останува отворен за нивно продолжување. „Што се однесува до отвореноста на Иран за мировни преговори, Иран го потврди ова во пракса и, всушност, до последниот момент, пред почетокот на непријателствата, до моментот на првиот напад врз Иран, Техеран остана отворен за продолжување на преговорите“, ...

Најдобриот тим на Истокот, Детроит Пистонс, ја запреа серијата од девет победи во која беа ЛА Лејкерс. Пистонс, изминатата ноќ славеа победа 113:110. Пистонс, кои се без кандидатот за МВП Кејд Канингем, имаа водство од 16 поени во третата четвртина, Лејкерси се вратија имаа предност, но не успеаја да победат. Лејкерс имаа предност на околу 30 секунди до крајот, но херој на Пистонс беше Џенкинс, кој со шест поени во тој период, и со ...

По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волческа се враќа со нов музички и визуелен проект кој уште на прв поглед покажува дека ова е нејзиното најзрело и најсмело издание досега. Новата песна и видео запис „Не бројам до 3“ носат сосема поинаква енергија – модерна, самоуверена и провокативна, но со стил. Ова не е само нова песна. Ова е нова Тамара Волческа. Со овој проект, Волческа доаѓа посилна од било ...

Во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор со генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што од денеска практично имаме 3 денари попуст на сите оние бензински станици коишто се комитенти на ОКТА, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој повтори дека ги имаме апсолутно најниските цени на горива во Европа во овој момент. На прашањето дали се размислува ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обидува да постигне договор со Иран за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, но успехот на разговорите е малку веројатен, изјавија денес израелски претставници. Функционерите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија дека е малку веројатно Иран да се согласи со барањата на САД, вклучително и ограничувањата на неговите нуклеарни и балистички програми, со ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
62%
1019
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
76%
1023
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
3.6
64%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1019
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.87
95%
1021
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1026
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
0.43
64%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
58%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
58%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
41%
1027
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
78%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.7275

Currency

7.72322

Currency

0.70654

Currency

0.32919

Currency

0.52513

Currency

1.17186

Currency

0.55633

Калај

49.49

Кобалт

45.39

Бакар

11.92

Злато

147447.44

Платина

62147.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

46200.62

Алуминиум

3.54

Родиум

321507.47

Цинк

0.00

Рутениум

52984.43

Сребро

2365.28