КМФ Проект го освои трофејот во Купот на Македонија откако во финалето што се одигра во Гевгелија го совлада КМФ Кеги Моби од Велес со 8:3. Тимот од Валандово го оправда фаворитскиот статус и забележа убедлива победа, а серијата погодоци ја отвори Горан Стојанов во 4. минута. Три минути подоцна Бојан Јанев зголеми на 2:0 додека третиот гол беше дело на Мартин Тодоровски, а веќе во десеттата КМФ Проект имаше предност од 4:0, откако Стојанов ...
Гевгелија, 29 април 2026 (МИА) – Финалето од Купот на Македонија во футсал е на програмата вечерва во Гевгелија каде за трофејот ќе се борат КМФ Кеги Моби од Велес и КМФ Проект од Валандово. Патот до финалето беше различен за двете екипи. КМФ Кеги Моби дојде до финалето по неизвесни натпревари. Во осминафиналето го победи Шкупи со 4-3, во четвртфиналето беше подобар од Бутел со 8-6, а во полуфиналето триумфираше против Јувентус Серава на ...

