Компани поради суспензијата од трибините на „Паркот напринцовите“ го гледаше натпреварот. „Тоа не беше позиција од која сакав да го гледам мечот. Му реков на Луис Енрике дека не разбирам како тој сака да ги гледа мечевите од трибина. Ова беше меч за луѓето кои го сакаат фудбалот“, рече Компани. Тој не се сложува со одлуката за пенал против нив. „Пеналот против нас беше многу дискутабилен. Топката прво го удри телото, а потоа неговата рака“. ...
Иако Баерн Минхен претрпе пораз во првиот полуфинален натпревар, Винсент Компани воопшто не звучи како тренер чиј тим е пред елиминација. По спектакуларните 5-4 на „Паркот на принцовите“, белгискиот стратег порача дека вербата во пласман во финалето е на максимално ниво, потенцирајќи дека неговиот тим покажал карактер каков што ретко се гледа на ова ниво. „Ако примиш пет гола, обично е готово, но ние дадовме четири“ Компани призна дека имал ...

