Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Цените на нафтата скокнаа на меѓународните пазари кон 109 долари, сигнализирајќи ги сомнежите на инвеститорите дека размената на услови меѓу САД и Иран ќе го отвори патот за крај на војната. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне по 108,85 долари, што е за 6,63 долари повисока цена во споредба со вчера. На американскиот пазар, таа порасна за 4,73 долари на 95,05 долари. Иран ги објави условите за завршување на војната Трамп: ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики до министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Таа упати прашање до министерот дали вработените во културата во март ќе земат плата вработените според колективен договор? „Министре, упорно продолжувате ...
Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната собраниска седница за пратенички прашања постави две прашања до министерот за дигитална трансформација. Како што кажа таа, Владата му нуди на ЈО преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Василевска посочи и дека со ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанокот на кабинетот зборуваше за војната против Иран, која Вашингтон ја нарекува операција „Епски бес“. Трамп повтори дека САД убедливо го добиваат конфликтот, нагласувајќи дека американските сили со недели нанесуваат сериозни удари врз иранските воени капацитети „на ниво што ретко се гледа“. Тој го повтори своето претходно тврдење дека Иран сака да постигне договор. „Тие бараат договор. Не јас“, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната собраниска седница, во одговор на пратеничко прашање даде пошироко објаснување за еДМС, систем кој подразбира целосно електронско управување со документи. „Овој систем е единствениот што гарантира дека преку електронската архива не може да имате загубени предмети, ниту, пак, предмети во фиока. Распределувањето на предметите се врши до последното лице во институцијата, а ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран дозволува некои танкери за нафта да поминат низ Ормутскиот теснец како знак на добра волја во контекст на преговорите за завршување на војната. Според Трамп, Техеран дозволил десет танкери да поминат низ стратешкиот теснец, што американскиот претседател го нарече „подарок“ со кој Иран покажува сериозност во преговорите. Трамп им рече на новинарите дека Иран првично го најавил поминувањето ...
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување. „Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека многу европски земји се подготвени да дејствуваат заедно за да обезбедат слобода на пловидба низ Ормутскиот теснец, еден од клучните енергетски центри во светот. Руте нагласи дека европските земји се подготвени да се соберат и да разговараат какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава доаѓа откако ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека пристигнал во Саудиска Арабија каде што ќе одржи „важни состаноци“ како дел од напорите за зајакнување на врските со земјите од Блискиот Исток во услови на американско-израелската војна со Иран. Киев им нуди на земјите во регионот кои беа погодени од иранските напади, експертиза за воздушна одбрана и технологија за беспилотни летала. Зеленски рече дека за возврат се надева на поддршка ...
Христијан Мицкоски денеска му делеше задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница – што да прави, како да постапува, кого да гони, кои предмети да ги отвора. Исто како што преку телевизии елиминираше кандидати, велат од СДСМ. „Ова е тоа погребување на правдата и воспоставување тотална контрола на власта над обвинителството и судството. Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање посветено на економијата во контекст на растот на БДП и економската стабилност изјави дека македонската економија сега бележи двојно поголем раст отколку првите 6 квартали на претходната власт. „Минатата година реалниот раст на БДП беше околу 3,5%, номиналниот околу 8,2-8,3%. Ако на тоа се додаде растот на БДП во 2024 кој реално беше околу 3%, а номинално нешто ...
Русија денеска ги поздрави изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ги условил безбедносните гаранции за Киев со откажување од источниот регион Донбас. Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на Русија, рече дека изјавите на Зеленски „не можат, а да не ја задоволат“ Москва. „Тој кажа важна работа… конечно сфати дека ставот на САД е таков што ќе ги поддржува безбедносните гаранции само ако Украина го напушти ...
Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на становите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања. Според Николоски, додека државата води политика на олеснување на инвестициите, ...
Владата на Мицкоски денеска зборува за „историски договор“ за покачување плати од бедни 7% годишно? Нема 600 евра минимална плата, нема 20% покачување на платите, бедни 7%! Во исто време Мицкоски во Собрание зборува за покачување на платите во здравството и образованието кои се од времето на СДСМ, поради законски усогласувања, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што додаваат, е „историско“ поигрување Мицкоски со работниците, докторите, ...
Иран соопшти дека има природно и законско право да го контролира Ормутскиот теснец, како дел од одговорот на наводниот мировен план на САД, објавија иранските државни медиуми. Според новинската агенција „Тасним“, поврзана со Иранската револуционерна гарда, Техеран веќе доставил одговор на предлогот од 15 точки на САД и сега чека реакција од Вашингтон. Цитирајќи информиран функционер, агенцијата ги наведе клучните услови на Иран за можна ...
Пред доделувањето на наградите „Порин“ за посебни заслуги, кои вечерва ќе ги прими на концертот во Сплит, прославениот македонски гитарист Влатко Стефановски одржа прес-конференција на која ги претстави своите два нови изданија – авторскиот албум Muscle Memory и проектот Guitar Things, во изданија на Croatia Records. Станува збор за исклучително продуктивен период за еден од најценетите гитаристи во регионот, кој публиката ја почести со две ...
Силна промена на времето ја зафати Хрватска, каде над Јадранот се наоѓа циклон што носи облачно време низ целата земја, дожд, поројни врнежи и грмежи на морето, додека во внатрешноста врнежите се засилуваат, пренесе Нова.рс. Во Горски котар и делови од северозападната внатрешност паѓа снег проследен со силен ветер, што значително го отежнува сообраќајот. Во текот на денот се очекува дополнително зголемување на снежната покривка, додека ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на Мисијата, Ник Гигинеишвили. На средбата стана збор за одржливоста на пензискиот систем, долгорочните проекции за пензии и предизвиците од демографските притисоци, политиките за подобрување на одржливоста на системот и политиките за усоглаување на пензиите. Мемов нагласи дека во Фондот, по ...
На денешната прес-конференција, оркестар DIVA го најави новиот музичко-сценски проект инспириран од една од најголемите музички икони на сите времиња – Freddie Mercury. Тимот зад проектот истакна дека публиката не треба да очекува класичен tribute концерт, туку мјузикл што преку музика, актерска игра и сценска емоција ќе ја води низ животот и духот на Freddie Mercury. Станува збор за прв целосно македонски мјузикл во продукција, проект што ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија мора да биде силна и обединета за да одговори на предизвиците на времето, поради настаните со кои се соочува светската заедница, како што се шоковите во трговијата и инвестициите. „Настаните со кои се соочува светската заедница во последните години покажуваат дека шоковите во трговијата, инвестициите и меѓународните односи воопшто се случуваат сè почесто. Тие стануваат нова ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставувано од министерот Фатмир Лимани, и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, заедно со Синдикалната организација на Министерството, претставувана од Андријана Гуговска, склучија Колективен договор за вработените во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Колективниот договор кој ...
Позната по своите атрактивни фотографии, актерката Софија Вергара повторно ги воодушеви обожавателите на социјалните мрежи. Неодамна учествуваше во снимањето на новата сезона на популарното шоу „America’s Got Talent“ како член на жирито, а фотографии од снимањето објави на Инстаграм. Наместо нејзините раскошни облини, вниманието го привлече нејзината друга, духовитата страна од нејзината личност. Софија стави две гумени бомбони на забите, а ...
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања, постави прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во однос на намалената откупна цена на оризовата арпа и застојот со откупот. Лукаревска посочи дека оризопроизводителите се соочуваат со доцнење на исплатата на субвенции, а паралелно и со откупна цена од само 18 до 23 денари за килограм арпа. Во обраќањето, ...
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ирак издаде ново безбедносно предупредување, велејќи дека вооружени групи поврзани со Иран извршиле „широки“ напади врз американски граѓани и објекти поврзани со САД низ целата земја, вклучително и во курдскиот регион. Амбасадата во соопштението наведува дека ги повикува своите граѓани да го напуштат Ирак и да ја избегнуваат амбасадата во Багдад и генералниот конзулат во Ербил поради ...
„Повеќе пати го кажувам тоа, а ќе го кажам и сега, нема полоша работа за една држава и за една нација од тоа да имаме луѓе кои што управуваат со институциите без разлика на кое ниво, а се нечии заложници, односно би рекол затруени, инфицирани од криминал и корупција“, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања. Тој апелираше до граѓаните да пријават секаков вид на злоупотреба, потенцирајќи дека на тој ...
Макс Ферстапен исфрли новинар од својата прес-конференција пред Големата награда на Јапонија. Возачот на Ред Бул одби да започне разговор со претставници на медиумите во Сузука во четврток откако го забележа Џајлс Ричардс од „Гардијан“ меѓу новинарите, пишува Би-Би-Си. „Нема да зборувам додека не си замине“, реќе Ферстапен. Ричардс праша дали Макс е сериозен и дали се однесува на прашањето што му го постави на прес-конференцијата по ...
Актерката Зендаја блесна на премиерата на филмот „Драма“, која се одржа во Париз. За таа пригода, секогаш совршено стилизираната убавица избра фустан со потпис на модната куќа Луј Витон. Во последно време се пишува многу за приватниот живот на Зендаја, а гласините дека се омажила за Том Холанд не престануваат, сепак, таа остана верна на себе и не откри никакви детали за тоа. За нејзиното појавување во Париз, таа избра минималистички бел ...
47-годишен маж отвори оган со пушка во парк покрај реката Немунас во Каунас, Литванија. Полицијата реагираше брзо, а напаѓачот се обиде да ги уништи доказите, фрлајќи дел од оружјето и муницијата во реката, објави „Делфи“. Во домот на осомничениот беа пронајдени повеќе од 30 куршуми, нож и супстанции за кои се сомнева дека се наркотици. Тој неодамна беше ослободен од затвор, претходно беше осудуван неколку пати и е познат по бегствотод ...
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое побара одговор за постапувањето на институциите и утврдувањето на одговорноста на службените лица по серијата случаи на семејно насилство. Во обраќањето, Лукаревска посочи дека долга е листата на семејни насилства и порача дека одговорност мора да има. „По трагичниот настан во Тавталиџе, по ужасниот крај на ...
Турските актери Халит Ергенч и Мерјем Узерли постигнаа голема популарност со своите главни улоги во серијата „Сулејман Величествениот“, а многу луѓе во тие години сакаа да ги видат заедно во реалниот живот. Halit Ergenç ve Meryem Uzerli, “İmroz’da Bahar” filmiyle 15 yıl sonra yeniden bir araya geliyor. Yönetmen koltuğunda Özcan Alper’in oturduğu film, adada yolları kesişen iki hayatın ikinci bir baharın ihtimalinde buluşmasını anlatıyor. ...