„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои што се резидентни во нашата земја, и ценам дека на овој начин можеме поблиску да ги доближиме активностите кои што како Влада ги правиме, а се поврзани со Реформската агенда“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија на денешниот брифинг за Реформската агенда со амбасадори на ...

Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната. Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки. Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека ...

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП, пратеничката Моника Зајкова, на настанот на Renew Europe во Брисел – Форум за Западен Балкан 2026 (Western Balkans Forum 2026): A New Chapter for Europe – испрати јасна порака дека Северна Македонија има целосно легитимно право да се самозаштити со европски механизми, исто како што тоа деновиве го прави и самата Европска Унија. Зајкова истакна дека ЛДП е инспирирана и ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги коментираше француските обиди за обновување на дијалогот меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин. „Францускиот претседател Емануел Макрон пред околу две недели повторно рече дека ќе го повика Путин“, нагласи Лавров во интервју за државната телевизија „РТ“. „Знаете, тоа не е сериозно. Тоа е патетична дипломатија. Ако сакате да се јавите и да водите ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата. Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности. „Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето ...

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека иранскиот врховен лидер треба да биде многу загрижен во пресрет на првите официјални преговори меѓу САД и Иран, по американските напади врз иранскaта нуклеарна програма минатата година, објави Си-Ен-Ен. Трамп изјави дека Иран ќе се соочи со сериозни последици доколку се обиде повторно да ја активира својата нуклеарна програма, додавајќи дека Вашингтон внимателно ги следи таквите обиди. ...

Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си. Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на ...

Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ и ЕУ, Иванка Василевска се сретна со известителот на Европскиот парламент за нашата држава, Томас Вајц, кој престојува во работна посета на Скопје. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби и динамиката на спроведување на реформската агенда, во контекст на европската интеграција. Во текот на разговорите беше даден осврт на клучните реформски приоритети, како и ...

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека иницијативата е подготвена од Министерството за образование, а пред усвојување на законските измени ќе треба да се изјасни и Министерството за дигитална трансформација. Тој појасни дека мерките имаат цел да ги спречат негативните ...

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период. Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го ...

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата, како што велат од Левица, доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина партијата, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад. „Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот ...

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови. Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга. Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен ...

Соединетите Американски Држави и Русија се приближуваат до договор за продолжување на почитувањето на ограничувањата од нуклеарниот договор Нов СТАРТ и по неговото истекување, објави Аксиос, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Разговорите се воделе во Абу Даби во изминатите 24 часа, но засега не е постигнат конечен договор. Белата куќа не го коментираше извештајот. Во меѓувреме, американската војска соопшти дека САД и Русија ...

Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти „веројатно ќе одам во рајот“. „Навистина мислам дека ќе стигнам таму. Не сум совршен кандидат, но направив многу добро за совршени луѓе“, рече Трамп за време на говорот на Молитвениот појадок во хотелот „Вашингтон Хилтон“, објави CNN. На настан на кој присуствуваа неколку членови на Претставничкиот дом и Сенатот, Трамп рече дека „сè уште се шегува“ за своето „патување во рајот“. ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Аккан Махмут, присуствуваа на свеченото отворање на 29-тото издание на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ, кој од 5 до 7 февруари се одржува во Истанбул, Република Турција. Во рамките на саемот, Љутков оствари средба со претседателот на Турската асоцијација на туристички агенции (ТУРСАБ), Фируз Багликаја, на која се разговараше за унапредување на ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес, по новата рунда преговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби, изјави дека „лошата вест“ е дека прашањата што останаа нерешени се „најтешките“ и дека во меѓувреме војната продолжува. „Сè што можам да кажам во овој поглед е дека инвестираме, на многу високо ниво, значително време и енергија во овој потфат. Ќе продолжиме да правиме сè што можеме за да видиме дали ќе има пробив. И едно од нештата што ...

Во рамки на брифингот посветен на следењето на напредокот во спроведувањето на Реформската агенда, што се одржа во Владата, а на кој присуствуваа членовите на Владата, амбасадорите на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, беше направен детален осврт на досегашните резултати и идните приоритети во клучните реформски области. На настанот, свое обраќање имаше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на промоцијата на публикацијата „Коментар на Законот за општата управна постапка“, која претставува значајно стручно дело од областа на управното право и практичната примена на Законот за општата управна постапка (ЗОУП). Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека ЗОУП е еден од најзначајните системски закони во македонската легислатива, бидејќи ги уредува односите ...

Силна бура ја парализираше Далмација, брановите беа високи колку трикатна зграда, дури осум метри, улиците беа поплавени, луѓето беа во неверување. Според хрватските медиуми, најголемите проблеми биле предизвикани од комбинација од бурни ветрови и изразен низок воздушен притисок, што предизвикало екстремна циклонска плима. Бранови високи до осум метри биле измерени во близина на Палагружа, додека во близина на Молунт достигнале седум метри. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека протестите на дел од граѓаните поврзани со возачките дозволи и системот „Сејф сити“ не се начин за решавање на проблемите, но дека Владата има обврска да понуди институционални и законски решенија за сите категории граѓани. „Сметам дека протестите не се начинот да се бара решението. Ние кажавме на почетокот за законот што сметаме дека е добро, а што сметаме ...

Бојата силно влијае на нашето расположение и чувствата што ги имаме додека сме дома, а една боја не е пожелна во домот бидејќи го нарушува животот и доброто расположение. Дневната соба е срцето на секој дом, место каде што поминуваме време со семејството и пријателите, се релаксираме и создаваме спомени. Правилното уредување на домот и изборот на бои за овој простор може значително да влијаат на атмосферата и функционалноста на просторот. Еве ...

Европската унија не треба ни да се обидува да се вклучи во мировните преговори за Украина што се водат во Обединетите Арапски Емирати, бидејќи Киев, соочен со ограничен простор за маневрирање, посегнува по провокации за да ги вовлече Европејците во процесот, изјави британскиот воен аналитичар Александар Меркурис. Коментирајќи ги најавените разговори во Абу Даби, Меркурис изјави дека е јасно дека раководството во Киев е подготвено за разни ...

Пеце Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС. Тој е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДС, криминал, аздисаност и личен профит. Секојдневно на површина излегуваат докази за криминалното владеење на СДС, Филипче и нивните партиски функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија посочуваат дека Државниот завод за ревизија извршил ревизија каде што утврдил дека се ...

На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред ...

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес оцени дека киднапирањето на уапсениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, е „неограничено кршење на меѓународното право“. Во авторски текст објавен на веб-страницата на Риа Новости, Медведев наведува дека киднапирањето на висок функционер е дел од пошироката цел за стекнување ексклузивна контрола врз Западната хемисфера и додава дека тоа не е само прашање ...

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, кажа дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја. Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и ...

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, изјави дека очекува „многу повеќе хаос на трките“ оваа сезона поради најголемите промени во правилата во историјата на шампионатот. Формула 1 влегува во нова ера со целосно променети правила – новите мотори, шасијата, горивото и гумите, како и управувањето со енергијата на батериите ќе играат централна улога. Хибридните системи сега обезбедуваат значително поголем дел од вкупната моќност ...

Албанија ја укина привремената едногодишна забрана за пристап до платформата TikTok, објавија локалните медиуми, пренесува агенцијата Анадолу. Албанскиот совет на министри ја поддржа одлуката за укинување на привремената мерка со која се ограничува пристапот до платформата TikTok на територијата на таа земја, наведувајќи дека „прашањата во областа на јавната и социјалната безбедност во дигиталната средина веќе се решени“, објавија локалните ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
57%
1011
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
5.66
45%
1013
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
2.06
51%
1012
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
75%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.5
72%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
79%
1013
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
62%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
44%
1011
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
60%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
49%
1013
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Родиум

369733.59

Цинк

3.27

Калај

48.18

Паладиум

49383.55

Платина

65169.56

Злато

166450.52

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Рутениум

56199.51

Бакар

11.40

Иридиум

259874.72

Сребро

2840.84