Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар. Во изјава за медиумите, Мицкоски денеска рече дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат. – Многу внимателно ја следиме состојата со цената на нафтата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу два денари намалување на цената на ...

Во голема мера неистражените варовнички пештери во Камбоџа се протегаат илјадници километри и претставуваат дом на бројни неоткриени видови, како и на уникатни екосистеми со организми што не постојат на ниту едно друго место на планетата. Најновото истражување спроведено во северозападната провинција Батамбанг откри повеќе нови видови за науката, меѓу кои тиркизна јамчеста змија, летачка змија, неколку видови гекони, два микрополжави и две ...

Жарко Гроздановски од Брвеница е лицето уапсено под сомнение дека го убил пензионерот Климе Митрески во Охрид, пренесуваат дел од медиумите. Двајцата се познавале од претходно, а Митрески, според неофицијални информации од истрагата, склучил и договор за доживотна издршка со Гроздановски. Токму ова, според првичните информации од истрагата, е причината за Гроздановски да го убие Митрески. Од МВР, досега Гроздановски бил гонет за едно дело – ...

Тајгер Вудс беше уапсен во петокот под сомнение за возење под дејство на алкохол, според шерифот на округот Мартин, Флорида, Џон Буденсиек. Вудс возел ленд ровер и удрил во пикап што влечел мала приколка, изјави Буденсиек за новинарите. Судирот предизвикал ленд роверот на Вудс да се преврти на страна. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Вудс покажал знаци на попреченост, рече Буденсиек. „Нашите истражители за DUI дојдоа на ...

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон новата програма на СДСМ, оценувајќи дека таа е „без суштина“ и изработена од лица кои, како што наведуваат, немаат допир со реалноста. Во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на партијата, се посочува дека програмата била подготвена по насока на ПР-тимот, и покрај тоа што СДС до пред две години биле на власт цели седум години. „Од тие седум години, ...

Граѓаните на Србија се силно поделени околу членството во Европската унија, покажува истражување на Центарот за европски политики (ЦЕП), спроведено на 1000 испитаници. Според резултатите, 39,8% го поддржуваат членството, 33,8% се против, а 26,4% се неопределени. Во случај на референдум, 41,6% би гласале „за“, 32,4% „против“, додека 26% не знаат како би се изјасниле. Најголема поддршка за ЕУ има кај младите (18–29 години) и кај повисоко ...

На прес-конференција пред Јавното обвинителство генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека новиот јавен обвинител со скандал го почнува мандатот „Јавниот обвинител требаше да биде независен. Требаше да биде гарант на правдата. Како што рековме, не сме сигурни кога станува збор за изборот на Мицкоски, без оглед на биографијата. Еве, не ни почна со работа, а веќе имаме скандал. Мандатот на Ненад Савески започна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Куба е следна“, за време на говор во Мајами, но веднаш додаде „правете се дека тоа не сум го кажал“. Тој не објасни што точно значи тоа, но нагласи дека Куба е во тешка економска состојба и на раб на колапс. Во исто време, неговата администрација веќе води разговори со дел од кубанското раководство, а Трамп не ја исклучи ни можноста за воена опција. Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел ...

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите. Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти. Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“. Неделава е во охридската ...

Површината на мразот во арктичките мориња оваа зима достигнала само 14,29 милиони квадратни километри – најниско ниво досега, покажуваат податоци на американскиот Национален центар за снег и лед, пренесе Шпигел. Тоа е за 1,3 милиони квадратни километри помалку од просекот во периодот 1981–2010, површина приближна на Перу. Постепено топење без пресврт „Како што температурите растат, особено во поларните региони, шансите за формирање мраз се ...

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ уште еднаш доминираа, во победите на своите тимови во НБА лигата. Јокиќ со 33 поени оствари уште еден трипл-дабл, а Дончиќ постигна 41 поен. Денвер Нагетс имаа проблем со еден од најлошите тимови во лигата, Јута Џез. На крајот Јокиќ не дозволи изненадување, а Нагетс славеа по пресврт во последната четвртина со 135:129. Пресвртот го започна токму Јокиќ, со тројка од пола терен, на истекот на третата четвртина. ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека би сакал Лионел Меси да игра на Светското првенство оваа година, но нагласи дека конечната одлука ќе зависи исклучиво од фудбалерот на Интер Мајами. Меси, кој ќе има 39 години за време на турнирот, ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година, што претставува круна на една од најимпресивните кариери во историјата на фудбалот. „Го знаете моето мислење – ...

Владата на Чешка, предводена од Андреј Бабиш, нема да ја исполни обврската на НАТО за издвојување најмалку 2 отсто од БДП за одбрана. За 2026 година, издвојувањата ќе достигнат околу 6,3 милијарди евра, односно 1,7 проценти од БДП, пренесе „Дојче Веле“. За да го достигне таргетот, владата планира во одбранбени трошоци да вклучи и инфраструктурни проекти, како автопати и железници. Буџетскиот дефицит е зголемен на над 12 милијарди евра. ...

Еден од најценетите гитаристи на овие простори Влатко Стефановски, во Сплит го доби признанието „Порин“ за животно дело, со што дополнително се потврдува неговиот неизбришлив белег на регионалната и меѓународната музичка сцена. Свеченото доделување се одржа во рамки на неговиот распродаден концерт Acoustic Night во Хрватскиот дом Сплит, каде публиката со долг аплауз и овации го испрати уметникот кој со децении воодушевува со својата ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, поради, како што наведуваат, сервилни и поданички политики, доживеала сериозен пад на поддршката и се свела на околу 130 илјади гласа. Од партијата тврдат дека СДСМ и во време кога била на власт, но и сега од опозиција, продолжува да спроведува антидржавна политика, под влијание на Венко Филипче, Зоран Заев и нивниот, како што велат, советник Зоран Башановиќ. „Поданичкиот однос и коленичењето спрема одредени ...

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Јапонија, третата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Италијанецот, кој пред две недели во Шангај стана најмладиот освојувач на пол-позицијата во историјата, оствари нов триумф во квалификациите со круг од 1:28.778 минути. Кими, во Сузука, стана најмладиот возач во историјата со две пол-позиции на две последовни патеки. Во борбата за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање поддршката на САД кон сојузниците од НАТО, поради тоа што Алијансата не го поддржала Вашингтон во војната против Иран. „Зошто би биле ние тука за нив, ако тие не беа тука за нас?“, изјави Трамп во Мајами. NOW – Trump suggests the U.S. may abandon NATO countries: “We would’ve always been there for them [NATO], but now based on their actions I guess we don’t have to be.” ...

Летното сметање на времето почнува вечерва, по полноќ. Во 02:00 часот, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот. Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека лажел кога изјавил дека САД ги условиле безбедносните гаранции за Киев со отстапување дел од територијата на Русија. „Тоа е лага“, изјави американскиот шеф на дипломатијата пред новинарите по состанокот на Г7 во околината на Париз. „Видов дека Зеленски го кажал тоа и жалосно е што го изговори, затоа што знае дека тоа не е вистина“, додаде ...

Во Општина Чаир беа доделени 13 решенија за трајно вработување на 13 наставници, кои претходно беа ангажирани со договор на дело. Во салата на општината, во присуство на наставници, директори и корисници, активноста се реализираше со присуство на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одразувајќи го институционалниот ангажман за создавање постабилни услови во секторот на образованието. „Образованието останува континуиран приоритет за ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ги шармираше сите со својот аутфит кога се појави на инаугурацијата на надбискупот Сара Мулали. Кејт на тој начин даде поддршка на новата ера во Англиканската црква, но исто така покажа уште еден совршен аутфит. Иако лошото време се закануваше да ја загрози целата организација, тоа не ја спречи принцезата да блесне. Во еден момент, беше направена фотографија додека се бореше со ветерот и се обидуваше да ја ...

Најмалку 20 цивили загинале во напади врз станбени области во Техеран и покраината Керманшах, пренесуваат иранските медиуми. Во Техеран, во ракетен напад врз станбен комплекс загинале 10 лица. Во Керманшах се убиени 13 лица, меѓу кои и две деца. Нападнати биле и индустриски објекти во Исфахан и Ахваз, каде има жртви и повредени, како и оштетувања на електроенергетските системи. Текстот Напади врз станбени згради, најмалку 20 загинати ...

Во втората серија тренинзи во Планица, Ника Превц направи историски скок од 242,5 метри, поставувајќи нов светски рекорд во скијачки летови за жени. Претходниот рекорд беше во сопственост на Норвежанката Еирин Марија Квандал со 226 метри Ника го подобри сопствениот рекорд од Викерсунд за 6,5 метри и уште еднаш ја нагласи доминацијата на семејството Превц во светот на скијачките летови. „Никогаш порано не сум уживала вака“, рече Ника Превц ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави. Говорејќи на седница на Советот за безбедност, тој нагласи дека Москва никогаш не го отфрлила развојот или обновувањето на тие односи, според транскриптот објавен од Кремљ. Како причина за влошувањето, Путин повторно го посочи соборувањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович во 2014 година, што го ...

Цените на нафтата денес пораснаа на меѓународните пазари над 111 долари, поради сомнежи кај инвеститорите дека САД и Иран би можеле наскоро да го решат конфликтот преку преговори. На лондонскиот пазар, попладне барел се тргуваше по цена повисока за 3,46 долари во однос на вчерашното затворање, односно 111,47 долари. На американскиот пазар цената беше повисока за 4,08 долари и изнесуваше 98,56 долари. Пазарите на крајот на неделата го ...

Европската комисија истражува сајбер напад врз своите веб-страници, при што првичните наоди укажуваат дека дел од податоците можеби се украдени, соопшти денеска институцијата. Извршното тело на Европската унија наведе дека нападот бил откриен во вторникот и веднаш биле преземени итни мерки за негово сузбивање, пренесува Политико. Нападот ја погодил cloud-инфраструктурата што Комисијата ја користи за управување со платформата Europa.eu, каде ...

Кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња објави дека ја прекина соработката со тренерот Душко Ивановиќ. Исто така, клубот потврди дека со Ивановиќ заминал и неговиот помошник, Ненад Трајковиќ. Ивановиќ го презеде Виртус во декември 2024 година. Виртус ја заврши таа сезона на 17-то место во Евролигата, а исто така стана и шампион на Италија, по 17-ти пат во историјата. Претходно, клубот од Болоња беше најдобар и во регуларната сезона. Последниот ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, им се обрати на новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Франција. САД очекуваат дека операцијата против Иран ќе заврши во рок од неколку недели, а не месеци, изјави Рубио. „Имаме цели и многу сме уверени дека сме на прагот на нивно остварување“, рече тој. Рубио додаде дека Иран би можел да се обиде да воведе наплата за премин низ Ормускиот теснец, но нагласи дека ...

Се шпекулираше дека Диего Симеоне би можел да го напушти Атлетико по 14 години, но тоа, барем засега, нема да се случи. Аргентинскиот стратег е врзан со договор со клубот до летото 2027 година, а според шпански „АС“, тој ќе го одработи договорот. На почетокот од оваа сезона имаше неколку тешкотии, бидејќи Атлетико многу брзо испадна од трката за титулата, но го надоместија тоа со пласман во финалето на Купот, каде што ќе играат против Реал ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
6.69
51%
1018
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
58%
1022
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
88%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.39
87%
1020
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1024
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
0.45
60%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
55%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
64%
1020
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
47%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
73%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.7275

Currency

7.72322

Currency

0.70654

Currency

0.32919

Currency

0.52513

Currency

1.17186

Currency

0.55633

Паладиум

46200.62

Платина

62147.39

Цинк

0.00

Калај

49.49

Сребро

2365.28

Злато

147447.44

Родиум

321507.47

Бакар

11.92

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Рутениум

52984.43

Иридиум

253540.09