Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Министерот за здравство, Азир Алиу се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите – настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој. -Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа, ...
Иран ги предупреди операторите на хотели на Блискиот Исток преку новинската агенција „Фарс“ и изјавата на министерот за надворешни работи Абас Арагчи во четвртокот дека објектите каде што престојува американски воен персонал би можеле да станат легитимни одбранбени цели доколку продолжи таквото сместување. Во предупредување до хотелиерите и другите угостителски објекти низ Блискиот Исток, Иран тврди дека хотелите и другите цивилни згради што ...
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, изјави дека еден од најдобрите играчи на тимот, Мајкл Олисе, не е на продажба, дури ни за рекордна сума пари. Францускиот репрезентативец игра во голема форма од почетокот на сезоната (11 гола/17 асистенции), и поради тоа не е прашање дали, туку кога ќе се појави првата конкретна понуда. За Хенес, сепак, нема сомнение дали момчето од татко Нигериец и мајка Алжирика ќе биде ставено на ...
Сè поскапува, цените на храната растат секој ден, а владата на Христијан Мицкоски не презема ништо, реагираат од СДСМ. „Единствената мерка на Мицкоски – намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% не даде никаков ефеткт. Цените на горивата се покачија и во изминатиот период континуирани се поскапувања на храната. Зејтинот е поскапен и веќе цените седвижат и до 118 денари, кафето од 120–140 денари, меленото месо е поскапено и сега е од 730 ...
Силна бура, проследена со налети на ветер што дуваат со брзина од над 100 километри на час, синоќа погоди голем дел од Словенија, соборувајќи дрвја, оштетувајќи покриви и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија, додека надлежните служби апелираа до граѓаните да не ги напуштаат своите домови. Како што објави Радио-телевизија на Словенија (RTV SLO), Приморскиот и Горењскиот регион беа најтешко погодени, а поради исклучително ...
Фудбалските репрезентации на Боливија и Јамајка се квалификуваа за финалето на Интерконтиненталниот бараж за пласман на Светското првенство. Боливија стигна до победа над Суринам во Монтереј по пресврт. Суринам имаше предност во 48-та минута и голот на Ван Гелдерен, но Боливија спречи изненадување во вториот дел. Прво, Панијагва израмни во 72-та минута, а Мигелито донесе голема радост на јужноамериканската репрезентација од пенал во 78-та ...
Доналд Трамп избегна да одговори на прашање за хуманитарната ситуација во разорениот од војна Иран за време на гостувањето на Фокс њуз, наместо тоа и даде комплимент на новинарката. Американскиот претседател се јави во емисијата „The Five“ во четврток попладне, каде што водителката Дана Перино го праша за судбината на иранските дисиденти и дали цивилите добиваат пристап до основни потреби. Во четвртата недела од војната меѓу САД и Израел ...
Ирански извори велат дека Техеран не побарал пауза во нападите врз неговите енергетски постројки и сè уште не дал конечен одговор на американскиот предлог насочен кон прекин на конфликтот, објави Анадолија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека нападите врз енергетскиот сектор на Иран ќе бидат паузирани 10 дена, до 6 април, тврдејќи дека продолжувањето е на барање на Иран, објави Wall Street Journal. Сепак, изворите велат ...
Владата на Виктор Орбан во Унгарија е обвинета за масовно заплашување на гласачи во филм објавен пред парламентарните избори на 12 април, а во време кога владејачката партија заостанува во анкетите на јавното мислење. Документарецот „Цената на гласот“, кој се прикажа во кино во Будимпешта и на YouTube вчера вечер, ги претставува резултатите од шестмесечна истрага спроведена од независни филмски работници и новинари, објави Би-Би-Си. Во ...
Мексиканската морнарица започна операција за пребарување и спасување во Карибите за да лоцира две едрилици што носат хуманитарна помош за Куба, откако бродовите не пристигнаа во Хавана како што беше закажано. Двете едрилици тргнаа од Исла Мухерес, во мексиканската држава Кинтана Ро, минатата недела кон Хавана со девет членови на екипажот од различни националности. Се очекуваше бродовите да пристигнат помеѓу 24 и 25 март, но немаше никаква ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до ...
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство. Вечрва, на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, Данска ја победи Македонија со 4:0. Македонија се бранеше во Копенхаген и таквата игра даде резултат во првиот дел, кој заврши без голови. Данска константно притискаше, но и покрај 13-те удари кон голот на Димитиревски, не створи ниту една конкретна шанса за гол. Во првиот дел ...
Програмерот Стивен Ирби создаде веб-апликација наречена Channel Surfer која целосно го менува начинот на кој гледате содржини на платформата YouTube. Наместо бесконечно скролување и препораки за алгоритми на YouTube, апликацијата работи како класична кабелска телевизија. Корисниците можат да „менуваат канали“ и да се приклучат на видео кое веќе е во тек, исто како што правеа порано на телевизија. На самиот почеток, има околу 40 тематски ...
Босна и Херцеговина и Чешка ги добија пенал рулетите против Велс, односно Република Ирска и се дојдоа на чекор до пласман на Светското првенство. Драматичните пенал серии во Кардиф, односно Прага заврши со 4:3, откако Велс и БиХ по 120 минути одиграа 1:1, а Чешка и Република Ирска 2:2. Апсолутни херои се голманите Ковар (Чешка) и Васиљ (БиХ). БиХ, во финалето ќе ја пречека Италија во Зеница, додека Чешка за прптивник ја има Данска. ...
Google го претстави најголемото надградување на навигацијата на својата апликација Google Maps во последната деценија, благодарение на длабоката интеграција на вештачката интелигенција Gemini. Новата функција, наречена Immersive Navigation, воведува сосема поинаков начин за користење на навигацијата, објавува Cult of Mac. Клучната иновација е интерактивен 3D преглед на рутата што ја заменува класичната мапа. Системот, со помош на Gemini, ...
Франција го победи Бразил со 2:1 во пријателски натпревар одигран во Фоксборо, во близина на Бостон. Натпреварот започна со мајсторијата на Килијан Мбапе, кој избега од одбраната на „кариоките“, а потоа ја „боцна“ топката преку Едерсон. Работите се искомплицираа за „триколорите“ во 55-та минута, кога Дајо Упамекано доби директен црвен картон, поради груб старт врз Весли Франко, како последен играч. Тоа не ги спречи Французите да го удвојат ...
Tinder се обидува да ги врати корисниците во играта со нови функции што поттикнуваат состанување вон телефонот. Компанијата воведе голем број нови функции, вклучувајќи „настани во живо за самци“ и „виртуелен брз дејтинг“. Најголемата нова функција е делот „Events“ што им овозможува на корисниците да пронајдат и посетат настани за самци организирани од Tinder. Функцијата моментално се тестира во Лос Анџелес, каде што корисниците можат да ...
Италија, Полска, Шведска и Косово изборија пласман во финалните мечеви, во рамките на бража мечевите за пласман на Светското првенство. Екипата на Џенар Гатузо, успеа да го скрши отпорот на жилавите Северноирци со головите на Сандро Тонали и Мојсе Кен во второто полувреме, со што го обезбеди натпреварот за пласман на најголемата фудбалска изложба во светот. Италија ги пропушти последните две Светски првенства во Русија и Катар. Косово ...
Суд во Русија го забрани документарецот „Господин Никој против Путин“ од режисерот Павел Таланкин, кој го освои Оскарот за најдобар документарец овој месец. По административна жалба, суд во родниот регион на Таланкин донесе одлука за негова забрана, објавија локалните новински извештаи од судницата во четврток. Судот наводно пресуди дека филмот содржи елементи на „екстремистичка симболика“ и „терористичка пропаганда“. Исто така, се вели ...
Поранешниот светски шампион во шах и истакнат критичар на Кремљ, Гари Каспаров, изјави дека историјата се повторува додека сме сведоци на нови војни што ги водат диктаторите и автократите. Каспаров, кој се спротивставува на автократските системи повеќе од 40 години, во интервју за ХРТ коментираше за ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, војната во Украина и политичката ситуација во Соединетите Американски Држави, пренесува ...
Нема голови по првото полувреме во натпреварот меѓу Данска и Македонија. На „Паркен“ стадионот во Копенхаген, Данска доминира, засега Македонија успеава да се справи со притисокот. Данците и покрај доминацијата не створија чиста шанса за гол, меѓутоа статистиката е апсолутно на нивна страна. Две третин од времето топката е кај Данците, тие изведоа седум корнери, наспрам два колку што изведе Македонија, а односот на ударите кон голот е 13-0. ...
Владата на Република Хрватска, на денешната затворена седница, одлучи да даде одобрение за влез на американски нуклеарен воен брод во внатрешните води на Република Хрватска и негов престој во хрватско пристаниште, објави Индекс.хр. Детали за тоа за кој брод станува збор, како и датумот на пристигнување и времетраењето на престојот, сè уште не се објавени. Сепак, со оглед на тоа што Владата објави дека станува збор за брод на нуклеарен погон, ...
Повеќе од 300 интервенции на пожарникари, прекини на електрична енергија и сообраќајни незгоди беа регистрирани денес низ цела Словенија поради силниот ветер, известува агенцијата СТА. Илјадници домаќинства беа привремено без струја поради оштетени далноводи, неколку патишта беа затворени поради дрвја што паднаа на коловозот, а неколку автомобили, камиони и работни машини беа оштетени. Многу жители на северниот дел на Словенија добија ...
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Вашингтон изјави дека американските сили речиси целосно ги уништиле воените капацитети на Иран, додавајќи дека дури и минимална закана во Ормутскиот теснец може да има сериозни последици. „Проблемот со Ормутскиот теснец е овој: ги уништивме воено. Немаат воздухопловни сили, немаат морнарица, им останаа многу малку ракети. Уништивме многу од нив. Тешки се за производство. Истото ...
Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое обвинија дека премиерот, Христијан Мицкоскуи, му делел задачи на новиот јавен обвинител. „Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат ...
Турските фудбалери се пласираа во финалето на баражот за плсман на Светското првенство. Екипата на Винченцо Монтела ја победи Романија (1:0) на стадионот на Бешикташ во Истанбул. Победничкиот гол го постигна Ферди Кадиоглу во 53-та минута, по одличната асистенција од Арда Гулер. Првотимецот на Реал испрати одлична длабока топка зад одбраната на гостите, Кадиоглу убаво ја прифати и ја протна низ нозете на Јонут Раду. OH QUEL BALLON D’ARDA ...
Во повторената кривична постапка против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, вчера пред Специјалниот суд во Белград се одржа петчасовно сослушување на малолетниот сторител. Зад затворени врати, момчето откри шокантни детали за мотивите за злосторството, но исто така направи неочекуван пресврт во однос на неговите претходни искази, пишува Telegraf.rs. ...
На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, во однос на случајот со масовното труење на работници во РЕК Битола. Во прашањето, Николова побара детално да се испита причината и да се лоцира одговорноста. „Имаме информации, тоа веќе, нели, јавно се споделени ...
Александра Јанева ја претстави својата најнова песна „Како спиеш ти“, модерна поп-балада која веднаш по објавувањето предизвика лавина позитивни реакции. По долг период на брзи ритми, пејачката реши да изненади со модерна, поп балада. Авторскиот тим кој се потпишува зад овој проект се Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Луна Ристиќ (текст). Тие се и главните соработници на претстојниот студиски албум на Јанева – „Сестро“, кој се очекува со ...