Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Алармот во средното училиште „Тамблер Риџ“ се огласил кратко откако Дариан Квист пристигнал на настава. Кога станало јасно дека не станува збор за вежба, матурантот и неговите соученици брзо реагирале. „Ги зедовме масите и ги забарикадиравме вратите“, изјавил тој за „Си-би-си Радио Вест“, пишува „Си-ен-ен“. Квист опишал дека тој и останатите ученици поминале околу два часа забарикадирани во училницата. Атмосферата станала уште понапрегната ...
Победниот во нордиската комбинација (скокови од малата скокалница и 10 км трчање) беше решен во трилер-завршница. На крајот, златото го освои Норвежанецот Јенс Лурас Офтебро. По скоковите на малата скокалница, Естонецот Кристијан Илвес беше прв. Тој имаше солидна предност пред двата најголеми фаворити, лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп Австриецот Јоханес Лампартер (21 секунда) и Норвежанецот Јенс Лурас Офтебре (28 секунди). Но, ...
Актерката Кејт Хадсон редовно е во центарот на вниманието, главно поради нејзините провокативни изјави за медиумите, но понекогаш сака да додаде допир на чуден моден стил во комбинацијата. Неодамна таа воодушеви на доделувањето на Златните глобуси во винтиџ фустан со својот вереник, Дени Фуџикава. Кејт може да биде провокативна и резервирана, но и елегантна. На церемонијата на доделување награди одржана во Беверли Хилс, актерката воодушеви ...
Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице, поради прекршување на Законот за јавна чистота. При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и се создава ...
Европскиот парламент денеска го одобри пакетот финансиска помош за Украина во висина од 90 милијарди евра, наменет за поддршка на јавните служби и одбранбените капацитети на земјата. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави брзото гласање и порача: „Храброста на Украина е непоколеблива. Како и решителноста на Европа да биде на нејзина страна. Денес и утре!“ Средствата ќе се распределуваат преку два главни ...
Според информациите од италијанските медиуми, повеќе нема да има преговори меѓу Душан Влаховиќ и челниците на Јувентус, околу нов договор. Сигурно е дека српскиот напаѓач, во јуни како слободен играч ќе го напушти клубот. Весникот „Коријере дело Спорт“ денес донесе информации, околу финансиските барања на Влаховиќ кога станува збор за следниот договор. Според нивните информации, српскиот фудбалер бара 10.000.000 евра годишна плата, како и ...
Холивудската актерка Џенифер Греј (65) сега е во средината на седумдесеттите години, но тоа не ја спречува да го вжешти расположението на социјалните мрежи со фотографии во костим за капење. Таа неколку пати се појави на настани во специјални изданија и секогаш добиваше комплименти за својот изглед. Во една од нејзините најнови објави, познатата Бејби ужива на плажа со пријателка, па објави фотографии во костим за капење. Позираше и во ...
Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на работодавачи на Македонија и Бизнис- конфедерацијата од кои бараат минималната плата да се зголеми на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 100 евра. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешната прес-конференција кажа дека објава на видео од неговите малолетни деца нема да ...
Едно лице е убиено, а три се повредени во пукање во технички колеџ во рускиот град Анапа, во Краснодарскиот крај, соопштија властите. Гувернерот на Краснодарскиот крај, Венијамин Кондратјев, на Телеграм наведе дека обезбедувачот бил убиен додека се обидувал да го запре напаѓачот. „Засега имаме една жртва, обезбедувачот кој прв го примил ударот. Реагирал брзо и ја повикал полицијата. Го спречил напаѓачот да продре понатаму во техничкиот ...
Камерон Болтон (35), сноубордер од Австралија, го скрши вратот кога падна за време на тренингот на Зимските олимписки игри. Веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Милано. Болтон падна за време на тренингот во сноуборд крос во Ливињо. Иако успеал веднаш по падот да ја напушти патеката, следниот ден се разбудил со силна болка во вратот. Дополнителните тестови покажаа две фрактури, по што итно е префрлен со хеликоптер за понатамошно ...
Светската музичка сензација Рита Ора, на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од глобалната музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп звук, модна икона и артистка со јасна визија. Кариерата ѝ е обележана со ...
Оневозможувањето полагање на правосудниот испит на албански јазик повеќе не е административно прашање. Ова веќе претставува пречка во спроведувањето на законот и отвора основа за кривична одговорност, велат од ДУИ. Според партијата, правосудниот испит е во директна надлежност на Министерството за правда и непреземањето мерки за обезбедување полагање на испитот и на албански јазик претставува свесно непостапување по законска обврска. Од ДУИ ...
Во напад што се случил во училиштето „Патонг Пратан Кири Вит“ во тајландската провинција Сонгкла, во близина на границата со Малезија, напаѓач повредил повеќе наставници и ученици. Вооружена полиција пристигнала на местото на настанот кратко по завршувањето на наставата, додека стотици ученици бегале од училишниот двор кон околните улици, пишува „Сан“. Според првичните информации, неколку наставници и ученици останале заробени во училишната ...
Антонио Конте, најави дека на идните прес-конференции ќе ги наведе тимовите што освоиле „нула титули“, јасно алудирајќи на познатата изјава на Жозе Мурињо. Конте реагираше на ваков начин, по синоќешната елиминација од Купот на Италија. Во четвртфиналето, на домашен терен, Комо победи со 7:6, по изведувањето пенали, откако во регуларниот тек натпреварот заврши 1:1. Актуелниот шампион на Серија А го освои Суперкупот оваа сезона, но сега е ...
Српскиот актер Иван Томиќ следната недела доаѓа во Скопје со стендап-комедијата „Секојднвна кома“ и најавува вечер полна со смеа, мудрост и изненадувања. „Ова е повеќе од комедија, тоа е вистинско автентично патување низ животот, зачинето со хумор. Во ‘Секојдневна кома’, Иван повторно се прашува: Што имаат заедничко жените, децата, кредитот и Хашкиот трибунал? Дали сакаме жена која била во војска? Каква е врската помеѓу победникот на ...
Познанството со Зоран Заев и Венко Филипче, како и блискоста со СДС биле најважен критериум за апликантите за добивање на лиценца за медицински канабис, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, Според него, не можел кој било да извади таква лиценца, затоа што тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче и затоа, како што вели, во струмичкиот регион во Македонија има најмногу фабрики за марихуана за медицински цели. „За да ...
Репрезентацијата на Македонија утре ќе ги добие противниците за претстојното издание на Лигата на нации во кое нашата селекција за прв пат во историјата ќе биде дел од Б сегментот на ова натпреварување. Токму овие дуели ќе бидат нов предизвик за оваа генерација на играчи, но и одлична можност за селекторот Гоце Седлоски да ја подготви репрезентацијата за квалификациите за Европското првенство кои почнуваат во 2027 година. “Репрезентациите од ...
Британскиот регулатор за рекламирање го забрани трејлерот на „Дизни“ за филмот „Predator: Badlands“ поради прикажување распарчено тело, велејќи дека содржината е „заканувачка“ и веројатно ќе ги исплаши и вознемири децата. Контроверзното видео, прикажано на екран во Глазгов пред премиерата на филмот во ноември, прикажува сцена во која голем вонземјанин го држи распарченото тело на помала, човечка фигура. Суштеството ја држи фигурата за ...
Европската унија мора да ги поедностави пазарите на капитал и регулативите за да ја намали фрагментацијата и да ја зајакне конкурентноста на блокот, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „На нашите компании им е потребен капитал сега“, нагласи таа. „Мораме, на еден или друг начин, да ги срушиме бариерите што нè спречуваат да станеме вистински глобален гигант“, пишува DW. Фон дер Лајен го опиша сегашниот систем ...
Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас доби наредба во наредните 10 дена да ги прекине сите летови поради „посебни безбедносни причини“, стои во известувањето за воздухопловци (NOTAM) издадено од американската Федерална управа за авијација (FAA), пишува Скај Њуз. Во известувањето воздушниот простор околу аеродромот е означен како „национален одбранбен воздушен простор“, а се наведува дека пилотите кои ќе ги прекршат правилата „можат да ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, Ангеле Сотировски, извршија увид во активностите на проектот WILD-A – Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени. Проектот се ...
На 3 април, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) со монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур. Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – 81 година од постоењето, во рамки на ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се осврна на извештајот на „Фајненшел тајмс“ според кој украинскиот претседател Володимир Зеленски на 24 февруари има намера да претстави план за претседателски избори и референдум за мировен договор со Русија. Песков порача дека за тоа „е прерано да се зборува“, пишува „Украинска правда“. „Гледаме дека во медиумите се појавуваат контрадикторни информации. Еден извор тврдеше дека почнале подготовки за ...
„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред“, велат од СДСМ. „Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната ...
Челниците на фудбалскиот клуб Тотенхем му врачија отказ на менаџерот Томас Франк. Откакзот доаѓа како последица на лошите резултати во Премиер лигата, синиќа неговиот тим загуби дома од Њукасл (1:2), со што ја продолжи серијата на осум натпревари без триумф. По серија лоши резултати, фудбалерите на Тотенхем се 16-ти на табелата во Премиер лигата, пет бода од зоната за испаѓање. Данецот беше донесен во Лондон со големи очекувања, бидејќи ...
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“. Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката. Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров. Поврзани вести Би можело да ве интересира Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“. Новиот сингл доби и ...
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач. Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го ...
Адам Кадиров, синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, првпат се појави во јавноста откако се појави информацијата дека е вмешан во сообраќајна несреќа. Кадиров објави видео на својот Телеграм-канал. Како што наведува независниот руски медиум Агентство, Адам изгледа значително послаб отколку кога последен пат бил виден во средината на јануари. На снимката се гледа Кадиров како вечера со својот помошник Висмурад Алиев. Адам влегува во ...
Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) со загриженост ги следи податоците објавени од страна на „Транспаренси Интернешанл“ за перцепцијата на корупцијата во 2025 година, според кои Македонија е рангирана на 84-то место од 180 земји. Со скоро идентични поени како и минатата година овој извештај покажува дека нема суштински напредок во справувањето со овој децениски проблем во нашата земја, велат од ДОМ. „Корупцијата продолжува да биде ...
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон. Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не ...