Британскиот премиер Кир Стармер денес ќе претседава со состанок на комитетот за управување со кризи COBRA во врска со зголемувањето на трошоците за домаќинства предизвикани од конфликтот во Иран, јавуваат британските медиуми. Стармер рече дека фокусот е на обезбедување сè што е потребно „за одговор на кризата“, објавува „Индипендент“. Како што е наведено, се очекува просечните сметки за енергија во Велика Британија да пораснат за речиси 300 ...

Членот на руската ракометна репрезентација која ја освои титулата олимписки шампион во Сиднеј во 2000 година, Едуард Кокшаров, почина на 50-годишна возраст, соопшти белорускиот клуб Мешков од Брест, каде што тој работеше како тренер. Кокшаров беше дел и од најуспешниот период во историјата на РК Вардар. „Со длабока болка ја информираме јавноста дека главниот тренер на нашиот клуб, олимпискиот и светскиот шампион и победник на Лигата на ...

По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. ,,Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки. ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им порача на земјите кои немаат гориво поради блокадата на Ормускиот теснец, дека можат да го купат од САД или да одат во теснецот и едноставно да го земат таму. „Сите оние земји кои не можат да добијат гориво за авиони поради Ормускиот теснец, како Обединетото Кралство, кое одби да се вклучи во обезглавувањето на Иран, имам предлог за вас. Под 1, купете од САД, имаме многу од ...

По одлуката на Мохамед Салах да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, започнаа шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Спортскиот директор на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан, зборуваше за иднината на фудбалерот на Ливерпул, откривајќи дека големите европски клубови се заинтересирани за него. Тој верува дека е подобро искусениот фудбалер да остане во Европа отколку да оди во МЛС лигата или Саудиска Арабија. ...

Ако мислевте дека цветните принтови ќе доминираат оваа сезона – се излажавте! Мотивот со пруги се враќа на големо и доминира во светот на модата. Кога ќе помислите на пролет, кој принт прво ви паѓа на ум? Секако – цветен. Сепак, според водечките дизајнери и модни инсајдери на социјалните мрежи, уште еден мотив ја презема оваа година и станува тренд што ќе го гледаме буквално насекаде. Еден поглед на пистите за сезоната пролет/лето 2026 беше ...

Полицијата поднесе кривична пријава за секретарка во училиште во Куманово која сакала да прикрие три дена неоправдано отсуство од работа. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. „Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа од 05.03.2025 до ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека Израел ќе воспостави тампон зона во јужен Либан и ќе ја задржи контролата врз целата област до реката Литани кога ќе заврши конфликтот со членовите на милитантната група Хезболах. „На крајот од операцијата, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ја контролираат областа до реката Литани, вклучувајќи ги и преостанатите мостови на реката Литани, додека ќе ги елиминираат единиците Радван ...

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама го постигна најбрзиот дабл-дабл во историјата на НБА, во победата на неговиот тим Сан Антонио над Чикаго Булс (129:114) во ноќта помеѓу понеделник и вторник. Лидерот во трката за МВП го заврши натпреварот со дури 41 поен и 16 скока, а достигна двоцифрен број во овие две статистички категории на почетокот на втората четвртина. Поточно, по осум минути и 31 секунда на паркетот, кога го забележа 10-от скок. ...

На 2 април, четврток, со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на портрети „Анатомија на прогресот“ од Миливој Симеонов. Изложбата содржи дваесетина слики работени во техниките масло на платно и акрил и ќе биде поставена до 09 април. Миливој Симеонов е роден 1973 во Виница. Основно и средно образование завршува во Виница. Во 1997 се запишува на ФЛУ на отсек ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за „Аксиос“ дека продолжениот конфликт во Иран би можел да биде „многу корисен“ за Русија, но штетен за Украина. Според него, руската економија добива поттик од зголемувањето на цените на нафтата и олеснувањето на американските санкции, додека Украина би можела да се соочи со недостиг на пресретнувачи на воздушна одбрана и друго клучно оружје. Зеленски нагласи дека Украина споделила ...

На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја отфрли можноста резеврна репрезентација да настапи на Светското првенство, инсистирајќи дека нема „план Б“ во случај Иран да одлучи да се повлече. И покрај ескалацијата на конфликтот и директните закани за повлекување што доаѓаат од иранските официјални лица, ФИФА инсистира на учеството на азиската нација. Инфантино потврди дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за да се осигури ...

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...

Министрите за одбрана на Италија и Франција, Гвидо Кросето и Катрин Вотран, денес изразија длабока загриженост за влошувањето на безбедносната состојба во Либан. Во заедничка изјава, Кросето и Катрин Вотран посебно посочија на неодамнешните напади во Либан врз членовите на мировната мисија на Обединетите нации. Ваквите инциденти и зголемената опасност со која се соочуваат членовите на мисијата на ОН се неприфатливи, рекоа Кросето и Катрин ...

На денешниот брифинг за медиумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за тековните активности и политики насочени кон справување со аерозагадувањето и унапредување на заштитата на животната средина, нагласувајќи ја посветеноста на институцијата кон транспарентност и отворен дијалог со јавноста. Министерот нагласи дека подготовките за новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во 2027 ...

Борислав Михајлов, легендарниот голман и долгогодишен претседател на Бугарската фудбалска асоцијација, почина на 63-годишна возраст. Михајлов беше во индуцирана кома од крајот на минатата година откако доживеа мозочен удар. И покрај напорите на лекарите и поддршката од семејството, тој не можеше да се опорави. Ќе биде запаметен како една од клучните фигури во најголемиот успех на бугарскиот фудбал, четвртото место на Светското првенство во ...

Со силни емоции, моќна сценска енергија и извонредна музичка изведба, Оркестар DIVA минатата вечер ја воодушеви публиката со маестралната изведба на мјузиклот „Freddie The Queen“, проект кој донесе поинакво, храбро и впечатливо сценско доживување на домашната културна сцена, објави организаторот. Инспириран од животот, харизмата и безвременската музика на легендарниот Freddie Mercury, мјузиклот на публиката и овозможи вечер исполнета со ...

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека борбата за водечки позиции во новиот свет е борба на живот и смрт. „Борбата за лидерство во новиот свет е исклучително сериозна – борба на живот и смрт. Тоа го гледаме речиси секој ден“, рече Лавров на Генералното собрание на Рускиот совет за меѓународни работи, пренесува Спутник. Некои земји едноставно ја изгубија секоја мерка, додаде Лавров. „Тие отворено ...

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес го потпиша Колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, соопштија од Министерството. Со Колективниот договор се предвидува зголемувањето на платите на административните службеници да се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 година. Со договорот дополнително се уредуваат правата, обврските и ...

Ландо Норис, актуелниот шампион во Формула 1, заврши петти на Големата награда на Јапонија во Сузука. Асот на Мекларен е еден од многуте кои не се задоволни од новите автомобили и нивните перформанси, иако во финишот успеа да го престигне Луис Хамилтон. „Искрено, дури и не помислив да го нападнам Луис. Сепак, во еден момент батеријата ми беше полна, надвор од моја контрола. Го престигнав, иако не ги контролирав работите. Ова не е трка, ова е ...

Во Македонскиот КИЦ во Софија на 1 април, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на изложбата „In a Silent Way“ од Марjан Ѕингаров. „Во „In a Silent Way“ на Ѕингаров, сликарството се претвора во чин на тивко појавување. Формите не се наметнуваат, туку постепено испливуваат, како далечни тонови што се издигнуваат од поле на речиси целосна тишина. Делата се развиваат со воздржана интензивност, каде што масата, текстурата и сенката ...

Европската Унија останува цврсто со Украина и ќе продолжи да ѝ обезбедува сеопфатна поддршка, воена, финансиска, енергетска и хуманитарна, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по нејзиното пристигнување во Киев. Калас изјави дека е „задоволна“ што е во украинската престолнина заедно со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, нагласувајќи дека секоја посета на Киев е силен ...

Што кажа денеска ВМРО-ОКГ? Дека „Филипче ја уништувал СДСМ по насоки на Заев“. Лудилото нема крај, велат од опозициската СДСМ. „Дубаи, зграда од 42 спрата, Харис Џиновиќ, Венеција, Дубаи, Сент Мориц, Башановиќ, Африка, еден тон црни кампањи и јавен линч врз претседателот Филипче. Измислени афери, др Жан, Катица, Боки 13, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан. Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како ...

Последниот ден од месец март претставува ден Д за преостанатите учесници во европскиот бараж од квалификации за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Деновиве, најголемо внимание привлекува дуелот на Италија со Босна и Херцеговина во Зеница, поради меѓусебно озборување, омаловажување на актерите, необична шпионажа… Од чисто спортска гледна точка, „Аѕурите“ се мали фаворити, поради нивната историја, силата на лигата, подобрите имиња… ...

Ѕвездата од ријалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, Крис Џенер (70), одамна е позната по својот младешки изглед, а неодамна го подигна на следно ниво благодарение на новиот фејслифтинг. Не е тајна дека Крис не штеди кога станува збор за козметички корекции, но многумина ја критикуваат дека веќе изгледа помлада од нејзините ќерки. Сепак, Крис не обрнува многу внимание на коментарите, а покрај нејзиното најново лице, таа покажа и ...

Иранската армија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле дрон MQ-9 во близина на Исфахан, во централниот дел на Иран, наведувајќи дека му припаѓал на американско-израелскиот „агресивен непријател“. Службениците за односи со јавноста на иранската војска изјавија дека дронот бил пресретнат и уништен порано денес и дека тоа е 146-то беспилотно летало соборено од Иран, според соопштението, пренесува „Тасним“. Дронот ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава. Во текот на следните два дена, Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на ...

Вечерва во Даблин, на „Авива“ стадионот, Македонија ќе и гостува на Република Ирска. Ова е дуел на поразените селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство. Македонија, во четвртокот, доживеа тежок пораз во Данска (0:4), додека Ирците, во Прага, испаднаа по пенал-рулетот, откако во текот на натпреварот испуштија предност од два гола. Вечерашниот натпревар ќе биде седми меѓу двете репрезентации. Претходните шест пати се ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
8.75
45%
1016
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
66%
1021
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
89%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
6.44
72%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.89
95%
1023
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
53%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
63%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
37%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
69%
1020
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
36%
1025
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
70%
1019
Currency

61.635

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Злато

147447.44

Рутениум

52984.43

Бакар

11.92

Сребро

2365.28

Платина

62147.39

Цинк

0.00

Паладиум

46200.62

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

49.49

Алуминиум

3.54

Родиум

321507.47