Ѕвездата од ријалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, Крис Џенер (70), одамна е позната по својот младешки изглед, а неодамна го подигна на следно ниво благодарение на новиот фејслифтинг. Не е тајна дека Крис не штеди кога станува збор за козметички корекции, но многумина ја критикуваат дека веќе изгледа помлада од нејзините ќерки. Сепак, Крис не обрнува многу внимание на коментарите, а покрај нејзиното најново лице, таа покажа и ...

Иранската армија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле дрон MQ-9 во близина на Исфахан, во централниот дел на Иран, наведувајќи дека му припаѓал на американско-израелскиот „агресивен непријател“. Службениците за односи со јавноста на иранската војска изјавија дека дронот бил пресретнат и уништен порано денес и дека тоа е 146-то беспилотно летало соборено од Иран, според соопштението, пренесува „Тасним“. Дронот ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава. Во текот на следните два дена, Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на ...

Вечерва во Даблин, на „Авива“ стадионот, Македонија ќе и гостува на Република Ирска. Ова е дуел на поразените селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство. Македонија, во четвртокот, доживеа тежок пораз во Данска (0:4), додека Ирците, во Прага, испаднаа по пенал-рулетот, откако во текот на натпреварот испуштија предност од два гола. Вечерашниот натпревар ќе биде седми меѓу двете репрезентации. Претходните шест пати се ...

Американската рок група „Hollywood Vampires“, составена од Алис Купер, Џо Пери, Џони Деп и Томи Хенриксен, доаѓаат во Хрватска за првпат. Како дел од нивната летна европска турнеја, тие ќе одржат концерт на 3 септември 2026 година во Пула Арена, што ќе биде нивниот единствен настап во регионот, како што објавија организаторите Nucoast Concerts и Live Nation. Претпродажбата на билети започнува во среда, 1 април, во 10 часот наутро преку ...

Фондацијата задолжена за изградба на претседателската библиотека на Доналд Трамп ги објави првите рендери на проект кој отстапува од сите претходни – тоа е висок облакодер во центарот на Мајами. Ерик Трамп, синот на претседателот и доверител на фондацијата, ги сподели плановите за библиотеката на социјалните мрежи синоќа, вклучувајќи видео кое го прикажува изгледот на зградата што треба да се изгради на земјиште купено од Miami Dade College, ...

По одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител, преку социјалните мрежи, реагираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска која одлуките ги оцени како системско политичко влијание врз обвинителството. Таа своите обвинувања ги темели на „неколку спорни чекори“. „Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ...

Пред натпреварот против Хрватска, селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, јасно ја искажа својата фудбалска филозофија и план за освојување на Светското првенство. Италијанскиот стручњак нагласи дека одбраната е поважна за резултатот отколку бразилскиот идеал за атрактивен фудбал. Запрашан за бразилскиот стил на игра познат како „Жога Бонито“, Анчелоти понуди прагматичен одговор. „Жога Бонито“? Бразил ги освои последните две Светски првенства ...

На големата сцена на Националната опера и балет, на 4 април со почеток во 11.00 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години. Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ. „Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко-драмска претстава со едукативен карактер, која има за цел да ...

„Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање“. Ова ...

Волк касна и повреди жена во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата за агенцијата ДПА доцна вчера. Полицијата го фати животното подоцна навечер во близина на пристаништето Биненалстер во центарот на градот, извлекувајќи го од водата со стапица, изјави портпаролот на полицијата. Претходно, властите добија пријави од граѓани кои го виделе волкот на тоа и на други места. Волкот е транспортиран од местото на настанот, а се очекува ...

Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан „Детски фестивал Детелинка“. „Ова е прв ваков фестивал кој има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите“, порача градоначалникот на Општина Центар, ...

Фудбалската асоцијација на Гана одлучи да ја прекине соработката со сегашниот селектор, Ото Адо. Адо си заминува по два порази во пријателските натпревари против Германија во Штутгарт (2:1) и Австрија во Виена (5:1), но тие беа само повод, а не причина. Гана не успеа да се квалификува за Африканскиот куп на нации и покрај тоа што во своите редови има ѕвезди како Антаоан Семењо и Мохамед Кудус. Асоцијацијата соопшти дека ќе ја информира ...

Посивените бели алишта се чест проблем предизвикан од остатоци од детергент, бигор или пренос на боја од друга облека. Сепак, со неколку едноставни методи, можно е да се врати свежината и белината на ткаенината. Сода бикарбона е едно од најчестите решенија, се додава во машината и помага да се отстранат сивите и непријатните мириси. Алкохолниот оцет е, исто така, корисен бидејќи ги разградува наслагите од детергент и ги омекнува влакната, ...

Иранските власти изјавија дека барањата на САД во тековните преговори се неприфатливи, со пораки дека директните разговори со Вашингтон во моментов не се опција. Изјавите од иранската престолнина значително се разликуваат од оние што доаѓаат од американски извори. Дипломатски извори тврдат дека директните преговори со САД не се на дневен ред, додека портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека иранската ...

„Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено. Тоа е барањето на граѓаните“, велат од СДСМ Аеродром. „Го потсетуваме Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во јули минатата година изјави дека Општина Аеродром изготвила проект и дека ...

Босна и Херцеговина и Италија, во Зеница, од 20.45 часот ќе го одиграат клучниот меч за пласман на Светското првенство. Влогот за двете репрезентации е оргомен, двете репрезентации последен пат играа на Светското првенство во Бразил во 2014 година, а едната од нив ќе го пропушти третото најголемо натпреварување по ред. И додека Босна и Херцеговина ретко има вакви можности, „азурите“ се надеваат дека нема повторно да испаднат и по трет пат по ...

Пролетната кампања на брендот Calvin Klein, во која глумицата Дакота Џонсон ја игра главната улога, го привлече вниманието на бројни критичари, особено на еден пластичен хирург. Да потсетиме дека Дакота Џонсон е заштитно лице на пролетната кампања на брендот Calvin Klein. Актерката неодамна позираше во смели модни парчиња, или поточно, долна облека од познатиот бренд, но само во градник. Со ова, таа вешто го покри интимниот дел од телото, но ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше Шпанија и другите сојузници на НАТО за нивната ограничена поддршка во војната со Иран, сугерирајќи дека Вашингтон може да ја преиспита алијансата по конфликтот. Рубио рече дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која е должна да ја брани, им го скратила на САД користењето на нејзиниот воздушен простор и ја презела заслугата за тоа, според транскриптот од изјавата за Ал Џезира ...

„Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем. Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката“, велат од СДСМ. „Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени сите ...

Саудискиот клуб Ал Кадисија наводно е заинтересиран да го доведе Дани Олм во своите редови. Иако клубот не направил никакви големи трансфери откако Деко дојде како спортски директор, постојат сè посилни индикации дека ова би можело да се промени во летниот преоден рок. Каталонскиот гигант наскоро би требало да се врати во рамките на ограничувањето на платите, што ќе му овозможи на клубот поголема флексибилност на пазарот, но исто така ќе ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Црногорскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на официјалната посета ќе ...

Белата куќа застана во одбрана на заканата на претседателот Доналд Трамп за напад на инфраструктурата за десалинизација, клучна за обезбедување вода за пиење на Иран, додека ја минимизираше можноста бомбардирањето на такви цивилни цели да претставува воено злосторство според американскиот закон и меѓународните договори во кои САД се дел, објави „Индипендент“. На прашањето за предупредувањето на Трамп дека ќе им нареди на американските сили да ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел и САД се „на половина пат“ од нивната војна со Иран, но одби да даде временска рамка за завршување на конфликтот, објави Newsmax. „Секако сме на половина пат. Но, не сакам да поставувам временска рамка“, рече Нетанјаху, додавајќи дека проценката се однесува на постигнувањето на воените цели, а не на изминатото време. Нетанјаху тврди дека израелските и американските сили убиле ...

Четири израелски војници се убиени во борбите во јужен Либан, соопшти израелската армија, според Би-би-си. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека војниците биле убиени вчера, а уште двајца биле ранети во истиот инцидент. Имињата на тројцата загинати се објавени Според соопштението, загинатите се капетанот Ноам Мадмони (22), водникот Бен Коен (21) и водникот Максим Ентис (22), кои биле убиени за време на борбените операции во јужен ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 07:30 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Љубо Ивановиќ, Никола Петров и Црвени Брегови, општина Бутел;, · во периодот од 08:30 до 16:30 часот, корисниците од дел од улиците: Сремски Фронт, Мечкин Камен и Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров; · во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ...

Иранските сили директно нападнаа кувајтски танкер за нафта додека бил закотвен во пристаништето Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави синоќа кувајтската државна новинска агенција, повикувајќи се на Kuwait Petroleum Corporation, пишува Њујорк Тајмс. Властите на Дубаи реагираа на инцидент во кој дрон погодил танкер, по што избувнал пожар во емиратските води, според прес-службата на владата на Дубаи. Никој од 24-те членови на екипажот не ...

Во руските напади врз северна и централна Украина загинаа две лица, а повеќе од 20 беа повредени, соопштија регионалните власти. Во областа околу градот Полтава, од паѓање на остатоци од беспилотни летала загина едно лице, беа повредени три лица и беше оштетен облакодер, изјави регионалниот гувернер Виталиј Дјакивнич на Телеграм. Во соседниот регион Дњепропетровск, од напади со беспилотни летала и артилерија загина едно лице во близина на ...

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос, во домашното првенство, со 101:94. Олимпијакос имаше фантастичен почеток на крилата на Тајлер Дорси, постигна 18 поени во првата четвртина. Интересно, но целиот тим на Панатинаикос имаше само три поени повеќе од Дорси во тој момент. Во втората четвртина се случи моментот што го одбележа натпреварот, хаос и општа тепачка, што го режираа Кендрик Нан и Тајлер Дорси. Овие двајца беа ...

Фудбалерот на Баерн, Рафаел Гереиро, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, бидејќи неговиот договор, кој истекува на лето, нема да биде продолжен. Гереиро пристигна во Баерн како слободен агент откако му истече договорот со Борусија Дортмунд во летото 2023 година. 32-годишникот досега има 89 настапи за Баерн. Со Баварците ја освои титулата во Бундеслигата и Суперкупот на Германија. Примарна позиција на Португалецот е лев бек, но може ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
9.26
48%
1017
weather icon

Белград

12ᴼ / 9ᴼ
4.12
71%
1022
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
89%
1024
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
5.93
75%
1019
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
56%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
63%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
45%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
64%
1020
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
5.66
39%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.7275

Currency

7.72322

Currency

0.70654

Currency

0.32919

Currency

0.52513

Currency

1.17186

Currency

0.55633

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Родиум

321507.47

Платина

62147.39

Злато

147447.44

Рутениум

52984.43

Калај

49.49

Цинк

0.00

Сребро

2365.28

Кобалт

45.39

Бакар

11.92

Паладиум

46200.62