Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Раул Гонзалез, селектор на ракометната репрезентација на Србија, ќе стане тренер на Партизан на крајот од сезоната, дознава „Моцарт спорт“. „Црно-белите“ ќе се разделат со Ѓорѓе Чирковиќ по три сезони, а него ќе го наследи шпанскиот стручњак. Европскиот првак со Вардар и поранешен селектор на Македонија, според овој извор договорил двегодишна соработка со Партизан, односно до 2028 година, до кога има и договор со Ракометниот сојуз на Србија. ...
Актерката Хали Бери неодамна се појави во „The Tonight Show“ на Џими Фалон, каде што ја откри добрата вест – дека е свршена. Таа му рече „да“ на својот долгогодишен партнер Ван Хант, кого го запозна за време на пандемијата на коронавирусот, иако беше решена никогаш повторно да не се омажи. Можеби нејзините три претходни бракови имале големо влијание врз нејзините ставови за бракот. Нејзиниот прв сопруг беше бејзбол играчот Дејвид Џастис ...
Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, вели Стефковски. ...
По двете железнички несреќи што се случија во Шпанија во јануари и во кои загинаа 47 лица, речиси половина од корисниците размислуваат да престанат да патуваат со воз или веќе го сториле тоа, според анкета објавена денес од Агенцијата 40dB. Се покажа дека 58 проценти од испитаниците веруваат дека шпанскиот железнички систем влева „малку“ или „никаква“ доверба, додека 24,2 проценти велат дека размислуваат за тоа, а 20,5 проценти веќе се ...
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал. Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели. Клебо ја ...
Познатата холивудска актерка, Џејн Фонда (88), се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Санта Барбара и повторно ги доби сите комплименти за својот неверојатен изглед во деветтата деценија. Таа знаеше што да избере за оваа пригода. Црни широки панталони во комбинација со долга туника украсена со златни пруги беа совршени за нејзиниот изглед. Својата смела комбинација ја надополни со златни нараквици и обетки, додека косата ја ...
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор. Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти. ...
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали. Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања. Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист. Foto/ EPA Би можело ...
Безвременската опера „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 20 февруари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. Диригент е гостинот од Италија, Лоренцо Бицари, режијата е на ...
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон, како што е соопштено, претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. „Клучни измени во Предлог-законот: Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено ...
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец. Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро. Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од ...
Годината 2026 ќе биде огнена и полна со акција, со промени што ќе се чувствуваат на многу нивоа. Кинеската Нова Година, која започнува на 17 февруари, ја најавува Годината на Огнениот Коњ. Во текот на следните 12 месеци, енергијата на Огнениот Коњ ќе донесе интензивен ритам што поттикнува драматични промени, брзи одлуки и бунт. Среде ова динамично возење, четирите знаци на кинескиот зодијак ќе бидат вистински магнети за среќа и изобилство. ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, планира да отпатува во Пекинг во првата недела од април на самит со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, изјавија лица запознаени со плановите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, објави американскиот „Политико“. Трамп вети дека ќе ја посети Кина во април по средбата со Шји во Јужна Кореја минатата есен, но Белата куќа сè уште официјално не ги објави точните датуми на ...
Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените „бомби’’ од страна на СДС и Заев, вака вели во своето сведоштво на телевизиско гостување поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека пред да почне со работа СЈО, биле одбрани 7 од ...
Андреа Кими Антонели, возачот на Мерцедес, учествувал во сообраќајна несреќи, но не е повреден и, според планот, ќе учествува на предсезонскиот тест на Формула 1 оваа недела во Бахреин. Непосредно пред да замине за Бахреин, Антонели доживеал несреќа на патот во Серавале. Според извештајот на сообраќајната полиција, неговиот автомобил излигал на патот, удрил во заштитната ограда. Во сообраќајната несреќа не биле вклучени други возила. ...
По 14. пат, се случи 48 часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam 2026 Skopje организиран од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ. И овој пат, скопскиот Global Game Jam ја зголеми бројката на учесници за дури 38 проценти. Досега рекорден број од 132 учесници на една локација, се формираа 25 тимови, а тие направија неверојатни 25 игри, од кои 22 видео игри и три бордгејмови. Темата за оваа година беше ...
Турската одбранбена компанија „Рокетсан“ премиерно ја претстави својата нова високобрзинска, повеќенаменска муниција наречена „Ерен“ на Светскиот саем за одбрана во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, објави Анадолија. „Рокетсан“, водечкиот производител на ракетни системи и муниција во Турција, изложува широк спектар на свои производи на саемот, кој се одржува од 8 до 12 февруари. $bp(“TargetVideo_70714453”, ...
Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија – Колумбија на Балканот за шверц на марихуана на црниот пазар, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче кој дословно го учи занаетот. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, очигледно, завршувал на црниот ...
На веб-страницата на НУ Драмски театар Скопје објавен е годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување нови драмски текстови, НУ Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор, Горан ...
Денеска се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. Во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување, ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп врз Европа и Украина, нагласувајќи дека мирот во Украина е сè уште далеку. Неговите коментари дојдоа само неколку дена по разговорите во Абу Даби, кои САД, Украина и Русија ги опишаа како тешки, но конструктивни, но сугерираа дека постигнувањето конечен договор може да биде многу ...
Посебен режим на сообраќај денеска ќе биде воведен во Скопје поради посета на премиерот на Косово, Албин Курти. „Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје“, соопшти МВР. Од таму апелираат до сите ...
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64. Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, ...
Папата Лав XIV испрати 80 генератори за електрична енергија и илјадници медицински материјали во Украина за да им помогне на цивилите да се справат со ниските зимски температури и континуираните напади, објави вчера Ватикан. Помошта е организирана како одговор на апелите од бискупите, кои предупредија на растечките тешкотии предизвикани од руските напади врз енергетската инфраструктура и температурите под нулата низ целата земја. Три камиони ...
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар. Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот ...
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот. Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина. Состојки 1 црвено јаболко 1 банана половина чаша јогурт половина чаша млеко, 20 бадеми четвртина лажичка цимет 1-2 коцки мраз. Подготовка ...
Гислен Максвел, осудената соработничка на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, вчера одби да одговори на прашања од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД. Максвел се појави виртуелно од затвор во Тексас каде што отслужува 20-годишна казна за трговија со луѓе, објави Би-би-си. Претседателот на комитетот, републиканецот Џејмс Комер, рече дека Максвел „очекувано“ го искористила своето право од Петтиот амандман да молчи. „Ова ...
Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на денешниот протест за 600 евра минимална плата и зголемување за најмалку 100 евра на останатите плати. Објасни дека не им посакува добро утро на пратениците оти две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикати за зголемување на работничките плати. Како што најавија, работниците ги блокираа ...
Натпреварот помеѓу Шарлот Хорнетс и Детроит Пистонс требаше да биде еден од подобрите натпревари изминатата ноќ, со оглед на тоа што Шарлот влезе во натпреварот со девет последователни победи, додека Детроит е на првото место во Источната конференција. Сето тоа падна во втор план поради големата тепачка што се случи во текот на третата четвртина и целосно го обележа натпреварот. Инцидентот се случи на малку повеќе од седум минути пред крајот ...
Во сабота, на 14 февруари, Скопје ќе биде центар на една од најочекуваните музички вечери оваа година. Сенидах за првпат ќе одржи солистички концерт во главниот град, и тоа во СЦ „Јане Сандански“, на датум што симболично ги слави љубовта, емоцијата и виното. Вратите на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат отворени од 19:30, а концертната програма започнува во 21:00 часот, што на публиката ѝ остава доволно време за пристигнување и за вовед во вечерта ...