По обвинувањата од СДСМ дека Владата ги оставила граѓаните да го дочекаат Велигден без мерки против скапотијата, ВМРО-ДПМНЕ, исто така преку соопштение, потсети кои мерки ги презеле. „Се јавија од СДС, поточно раководството предводено од чуварот на фотелјата во партијата Венко Филипче, загрижени за граѓаните и нивниот стандардот. Еве ќе ги потсетиме кратко што се презема по случувањата на Блискиот Исток. Тоа е мерката за намалување на ДДВ за ...

Во скопското село Глуво, Велигден се одбележува на автентичен и длабоко вкоренет начин, каде традицијата, верата и заедништвото се спојуваат во еден посебен ритуал што се негува со генерации. Прославата започнува со посетата на црквата, каде жителите се собираат на богослужба, палејќи свеќи и упатувајќи молитви во чест на Христовото воскресение. Велигден, како најголем христијански празник, за верниците претставува симбол на живот, надеж и ...

Владата очекува бензините да бидат поевтини за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари, соопшти денес премиерот Христијан Мицкоски. Пред да ја каже новата цена на горивата, премиерот Мицкоски се извини што се обраќа на празник. „Се извинувам за моето обраќање во предвечерието на големиот празник, но чувствувам обврска и одговорност да ја запознам јавноста, како Влада, дека континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме ...

Реал Мадрид повторно не успеа, не победи по трет пат по ред, а по поразите од Мајорка и Баерн Минхен, Џирона украде бод на „Сантијаго Бернабеу“. Барселона сега има шест бода повеќе и доколку вечерва го победи Еспањол во градското дерби речиси ќе ја обезбеди шампионската титула. По нерешениот резултат со Џирона од клубот повторно се жалат на судиите. Алваро Арбелоа е убеден дека во 87-та минута не бил досуден чист пенал за неговиот тим. ...

Владата предводена од Христијан Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ги остави граѓаните да се борат со скапотијата секој ден постети Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) преку соопштение до медиумите и денес. Ниту пред Велигден владата на Мицкоски не презеде никакви мерки што е директен удар врз семејниот буџет велат од СДСМ. „Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат токму во период кога трошоците се ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, во пресрет на натпреварот со Фулам, изјави дека ја чувствува поддршката од клупските челници и од навивачите, и покрај големиот притисок поради лошите резултати во последно време. Ливерпул ги загуби последните три натпревари, вклучувајќи го и поразот од 0:2 од Пари Сен Жермен во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во вторник вечерта. „Постојано повторувам, во неколку наврати реков дека ...

Велигден на грчкиот остров Крф важи за едно од најспектакуларните празнувања во Европа, каде традицијата, верата и адреналинот се спојуваат во уникатен настан кој секоја година привлекува илјадници туристи од целиот свет. Централниот момент на прославата се случува на Велика сабота точно во 11 часот, кога низ улиците на стариот дел од градот започнува необичниот обичај – од балконите и прозорците се фрлаат глинени ќупови полни со вода, кои ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави списокот на судии кои ќе ја делат правдата на Светското првенство во 2026 година. Списокот е објавен по детален процес на селекција кој траел повеќе од три години. Такнаречениот „ФИФА тим еден“ се состои од 52 судии, 88 помошни судии и 30 видео судии, кои доаѓаат од сите шест конфедерации и 50 национални асоцијации. Овој број претставува најголем судиски состав во историјата на Мундијалите. ...

Четворица астронаути успешно се вратија на Земјата по историската мисија околу Месечината, означувајќи го првото човечко патување до овој небесен објект по повеќе од 50 години. Капсулата „Орион“, дел од програмата „Артемис II“, безбедно слета во Тихиот океан во близина на брегот на Калифорнија, каде веднаш беа преземени од спасувачките тимови. Мисијата траеше околу 10 дена, а астронаутите се вратија во добра здравствена состојба, потврдија од ...

“Какво патување”, се првите зборови кои ги слушна Контролата на летот од екипажот на мисијата „Артемис 2“, по слетувањето на капсулата „Орион“ во Тихиот океан, недалеку од Сан Диего, САД. „Стабилни сме, 4 зелени членови на екипажот“, потврди потоа Рид Вајзман. „Зелено“ значи дека се во „одлична“ состојба, објави „Мирор“. „Совршено спуштање на целта“, извести Роб Навијас од Контролата на мисијата. Командант Рид Вајзман, пилот Виктор Гловер, ...

Поранешниот репрезентативец на Македонија и капитен на националниот тим, Стефан Ристовски (34) е член на Сараево од минатото лето, каде што пристигна по четири успешни сезони во Динамо. За време на престојот во Загреб, Ристовски освои пет титули во лигата и четири Куп трофеи. Во интервју за „Господинот Здравко го договори тоа. Бев во Спортинг, некои работи малку се искомплицираа и морав да замина, да барам решенија. Но, сепак имав уште две ...

Викендот што е пред нас носи силна астролошка динамика и енергија која не може да се игнорира. Под влијание на Месечината во Водолија, фокусот се префрла од емоционалната стабилност кон слободата, идеите и односите со луѓето околу нас. Ова е период кога многумина ќе почувствуваат потреба да направат чекор напред, да излезат од рутината и да ги преиспитаат своите избори. Сабота носи нагласена социјална енергија – разговори, нови контакти, ...

Високи американски и ирански претставници пристигнаа во главниот град на Пакистан, Исламабад за преговори за завршување на нивната шестнеделна војна, иако Техеран ги доведе во прашање разговорите со изјавата дека тие не можат да започнат без обврски за Либан и санкции јави „Ројтерс“. Американската делегација, предводена од потпретседателот Џеј Ди Ванс и вклучувајќи го специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот ...

Кошаркарите на Денвер ја победија Оклахома со 127:107 во НБА лигата. Натпреварот во Колорадо го пропуштија неколкумина кошаркри на двата тима, меѓу кои и најдобрите Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер. Домашниот тим водеше во текот на целиот натпревар, а го реши натпреварот во своја корист на почетокот од последната четвртина кога изгради двоцифрена предност и конечно оствари убедлива победа. Денвер ја забележа својата 11-та последователна ...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 00 часот и 22 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.1. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV ...

Американските астронаути Реид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен се вратија на Земјата. Капсулата на мисијата „Артемис 2“ помина низ Земјината атмосфера и безбедно слета во Тихиот океан по речиси 10 дена во вселената. Тие го направија првото патување на човечки екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век и отпатуваа подлабоко во вселената отколку кој било пред нив. Капсулата „Орион“ на ...

Управата за хидрометеорологија за денес прогнозира претпладне облачно со повремен локален дожд, претежно во источните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 ...

Баерн Минхен не сака да се откаже од Мајкл Олисе и да го пушти да се пресели во Реал Мадрид. На крајот од вчерашниот ден, од Шпанија пристигнаа „бомбастични“ вести, во кои се наведува дека Реал Мадрид нема да штеди пари за да го доведе фантастичниот играч на Баерн во своите редови. Се вели дека Флорентино Перез е подготвен да плати помеѓу 160 и 165 милиони евра за Олисе. Баерн експресно му одговори на првиот човек на Реал. „Олисе во Реал ...

NordVPN ја претстави My Location, бесплатна алатка што им овозможува на корисниците веднаш да ја проверат својата вистинска физичка локација и виртуелната локација што ја гледаат веб-страниците што ги посетуваат. Алатката работи директно во прелистувачот и покажува како различните видови податоци за локација влијаат врз приватноста, објавува Tech Radar. Вистинската локација се одредува преку GPS или API-то за геолокација на прелистувачот, ...

Apple Ireland го прекинува процесирањето на плаќања во Русија поради прекршување на санкциите, што влијае на голем број услуги на компанијата. Apple Ireland, филијалата што управува со работењето на компанијата надвор од американскиот пазар, неодамна беше казнета за прекршување на санкциите поврзани со нејзиното работење со Русија. Како одговор, подружницата го суспендираше процесирањето на плаќања во Русија, спречувајќи ги корисниците ...

По поразот од Баерн Минхен, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, Реал Мадрид доживеа уште еден шок на „Сантијаго Бернабеу“. Реал не успеа да ја победи Џирона (1:1) и речи испадна од борбата за шампионската титула. Реал сега има шест поени помалку од Барселона, а доколку утре Барса во градското дерби го победи Еспањол, разликата ќе биде девет бода. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ започна енергично, Реал Мадрид ...

Вест Хем оствари убедлива победа во натпреварот од 32-то коло од англиската Премиер лига, во кој ги победи последнопласираните Вулверхемптон со убедливи 4:0. Валентин Тати Кастељанос и Константинос Мавропанос придонесоа со по два гола во важната победа на „Чеканите“. Вест Хем освои исклучително важни бодови во борба за опстанок. Пред натпреварот беа на 18-та позиција, во зоната за испаѓање, а со оваа победа се преселија на „безбедното“ 17-то ...

Карлик Џонс, кошаркарот на Партизан, го продолжи договорот со црно-белите, официјално потврди клубот. Црно-белите се огласија на социјалните мрежи по поразот од Жалгирис во Евролигата (74:83) и открија дека одличниот плејмејкер потпишал нов договор со клубот. По неколкумесечни преговори, Џонс се согласи да ја продолжи соработката до 2028 година. Се шпекулира дека за две години од клубот ќе добие пет милиони долари. Оваа сезона во ...

Шпанија е подготвена да работи на создавање заедничка армија на Европската Унија „веќе утре“ бидејќи само на овој начин „средните сили“ на Европа можат да добијат безбедносно и одбранбено значење во денешниот свет, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез. „Подготвени сме да се движиме кон заедничка европска армија, не за десет или две години, туку веднаш. Веќе утре, ако можам да го кажам колоквијално“, рече тој во Барселона на форумот ...

Фудбалерите на Рома лесно ја победија Пиза (3:0) на отворањето на 32-то коло од Серија А. Натпреварот го одбележа Холанѓанецот Доњел Мулен, кој постигна хет-трик. Мален ја затресе мрежата на Адриан Шемпер во третата, 43-та и 52-та минута од натпреварот. Пиза исто така имаше свои шанси, а најдобрата ја пропушти Малте Хојхолт, кога Миле Свилар ја покажа својата голманска класа. „Волчицата“ останува шеста на табелата со 57 бода, додека Пиза е ...

Парламентот на Израел во март одобри контроверзен закон за повторно воведување на смртна казна за терористи, потег за кој критичарите велат дека е расистички бидејќи практично ќе се применува само на Палестинците. Според нацрт-законот, Палестинците осудени од воени судови на окупираните територии за убиство извршено како терористички чин ќе добијат задолжителна смртна казна. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја коментираше ...

Пролетта 2026 година, според астролошките прогнози, ќе донесе силни љубовни и животни пресврти за одредени хороскопски знаци, а три од нив особено ќе се издвојат по среќата, емоциите и новите можности. Астролозите посочуваат дека овој период е под силно влијание на планетите Венера и Јупитер, што создава идеални услови за нови познанства, љубовни врски и личен напредок. Токму затоа, некои знаци ќе почувствуваат дека животот конечно тргнува ...

Украинските сили нападнаа две руски нафтени платформи во Каспиското Море во ноќта четврток кон петок, кои се користат за снабдување на војската со гориво. Нападите се случија на речиси 1.000 километри од линијата на фронтот, објави „Киев пост“. Според Серхиј Брачук, портпарол на Украинската доброволна армија, погодени биле стационарните платформи отпорни на лед LSP-1 и LSP-2. Тие се наоѓаат на нафтените полиња „Јуриј Корчагин“ и „В. Грејфер“ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Њујорк пост“ дека американските воени бродови се преполнуваат со најдобра муниција како подготовка за повторен напад врз Иран доколку мировните преговори во Пакистан не успеат. Изјавата на Трамп дојде откако потпретседателот Џеј Ди Венс се упати кон Исламабад на финални мировни преговори. На Венс во пакистанската престолнина ќе му се придружат специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на ...

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, со свеченост беше одбележан 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон на Армијата. На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој им оддаде признание на припадниците на баталјонот за нивната посветеност, професионалност и значајна улога во одбраната и безбедноста на државата. Тој истакна дека овој датум има посебно историско значење, потсетувајќи дека на 10 април 1992 ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1015
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1020
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
44%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.7
49%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
93%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
47%
1015
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
36%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
35%
1017
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
8.75
48%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
3.09
30%
1022
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1019
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Калај

49.49

Платина

62147.39

Злато

147447.44

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Сребро

2365.28

Родиум

321507.47

Рутениум

52984.43

Бакар

11.92

Паладиум

46200.62

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00