Фудбалерите на Челзи ја надиграа и убедливо ја поразија Барселона со 3:0, во петтото коло во Лигата на шампионите. За разлика од Челзи, Манчестер Сити доживеа пораз на домашен терен од Баер Леверкузен 0:2. Победи вечерва забележаа Борусија Дортмунд, Наполи, Олимпик Марсеј и Јувентус, додека Славија и Атлетик Билбао одиграа без голови. Фудбалска рапсодија на Челзи на „Стенфорд Бриџ“. Екипата на Енцо Мареска во сите сегменти ја надигра Барселона. ...

Honor го претстави својот нов таблет – Honor Pad 10. Новиот модел доаѓа со дисплеј од 12,1 инчи, брзина на освежување од 120Hz и резолуција од 2,5K. Со сооднос на екранот и куќиштето од 88% и поддршка за над милијарда бои, дисплејот прикажува живописни и реалистични слики, користејќи широк спектар на бои во согласност со кинематографскиот стандард DCI-P3 и HDR технологиите. Со напредни технологии, вклучувајќи AI Defocus екран, динамичко ...

Ракометарите на Вардар 1961 го обезбедија првото место во Ф групата и пласман во Топ 16 фазата, во Европската лига. Вечерва на гостински терен го декласираа тимот на Сесвете со 38:24 (23:12). Сесвете против Вардар 1961 се држеше до резултат 3:5, потоа црвено-црните се одлепија на 4:9 и од тој момент натпреварот стана еднонасочна улица. Предноста на Вардар 1961 растеше со секоја следна минута. Валах забележа 11 интервенции, а најефикасен беше ...

Соединетите Американски Држави се пред започнување на мисија за забрзување на истражувањата за вештачка интелигенција. Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која официјално се започнува националната програма „Genesis Mission“, амбициозна иницијатива насочена кон забрзување на научните истражувања со употреба на вештачка интелигенција. Министерството за енергетика на САД ќе игра клучна улога во проектот, развивајќи ...

Дијаболичен е советот на западните лидери до Украина да не го прифати мировниот план што го понудија американскиот претседател Доналд Трамп и Русија, изјави во Загреб хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. „Дали тоа е нивно население? Дали некој има земно и божјо право да ја донесе оваа одлука без Украинците? Тие нека одлучат, но од страна да им се сугерира дека не смеат да го прифатат тоа што го нудат Трамп и Русија — која е цената за тоа?“, ...

Се појавија извештаи што укажуваат на цената на претстојниот преклопен iPhone на Apple. Apple сè уште не потврди ништо за својот прв преклопен телефон, но разни извештаи и протекувања ни дадоа прилично јасна слика за тоа што можеме да очекуваме од уредот. Сега, нов извештај ја откри очекуваната цена за преклопниот телефон на Apple, и јасно е дека ова би можел да биде најскапиот iPhone досега. Според извештаите, Apple би можел да го одреди својот ...

Во постројка за селекција на отпад во германскиот град Бремен утрово е пронајдено тело на мртво бебе, пренесе германскиот портал Stern.de. Телото околу 9:10 часот го забележал вработен кој работел на обработка на отпадот во индустриската пристанишна зона, потврди полицијата. Новинар на германската новинска агенција ДПА навел дека на локацијата набргу по пронаоѓањето пристигнало возило од погребна служба. Идентитетот на детето, околностите на ...

Во првите два натпревари од петтото коло на Лигата на шампионите, гостинските екипи извојуваа победи, Бенфика победи против Ајакс во Амстердам – 2:0, а Унион Сен Жилоа победи против Галатасарај во Истанбул – 1:0. Во Амстердам се сретнаа великаните на европскиот фудбал, воедно екипи кои се најголемите разочраувања сезонава во Лигата на шампионите. Ајакс и Бенфика беа на последните две места, без освоен бод. По петтото коло само Ајакс ќе остане ...

САД објавија нови детали за нападите врз иранските нуклеарни постројки во јуни, истакнувајќи ја клучната улога на Ф-35 во пробивањето на иранската противвоздушна одбрана во операцијата „Полноќен чекан“. Нападнати биле објектите во Фордо, Натанз и Исфахан. Ф-35 ги неутрализирале ПВО-системите и овозможиле коридор за бомбардерите B-2 и F-22. Иран следниот ден испукал балистички ракети кон американска база во Катар, без жртви. Американските ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави шеширите во ждрепката за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Победниците од шесте плејоф натпревари се во четвртиот шешир. Ждрепката ќе се одржи на 5 декември во 18:00 часот во Вашингтон. На Светското првенство во 2026 година за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи. Во првиот шешир се домаќините ...

Руски тинејџерки ги мамат во Дубаи на забави со шеици, со ветувања за раскошни подароци и милиони долари, пишуваат руските медиуми. „Менаџерите“ на овие малолетни девојки, од кои некои имаат само 16 години, бараат нивни експлицитни фотографии пред заминувањето, со што ја откриваат вистинската цел на патувањето и им нудат совети како да ги измамат своите родители, објавува Lenta.ru. Се појави преписка помеѓу девојка и „агент за модели“, кој се ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и ...

Братот на принцезата Дијана, грофот Чарлс Спенсер, изјави дека интервјуто што Дијана го дала за „Би-би-си“ во 1995 година директно довело до нејзината смрт. Спенсер повторно проговори речиси три децении по трагедијата, поврзувајќи ја измамата при обезбедувањето на интервјуто со несреќата во Париз во 1997 година. Неговите тврдења доаѓаат четири години по интерната истрага која утврди дека новинарот Мартин Башир користел измамни тактики за да го ...

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните избори во октомври не беа избрани градоначалници поради недоволната излезност. „Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините ...

Извор директно запознаен со разговорите изјави дека меѓу САД и Украина е постигнат напредок во формулирањето на нов нацрт-предлог за завршување на војната, но дека и понатаму постојат значајни разлики и не е постигната согласност за конечниот текст. Изворот објаснил дека постојат најмалку три клучни области во кои сè уште има разлики. За чувствителното прашање дали Украина ќе отстапи територија што Русија сè уште не ја зазела, тој навел дека ...

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, присуствуваше на настан организиран по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство насловен „Од пријавување на насилство до спречување на фемицид – системски одговор“ од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во земјава. Во своето обраќање Велковски се осврна на важноста на темата на која и покрај напредокот, сè ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, се обрати на 11. турски медицински конгрес, кој се одржува во Анкара на покана на Министерството за здравство на Република Турција. Во своето обраќање истакна дека нашата земја се соочува со истите предизвици, како и другите здравствени системи, а тоа е ограничен број специјалисти во клучни области, застарена инфраструктура, дигитални системи што функционираат, но не секогаш меѓусебно поврзано, ...

Кристијано Роналдо ќе биде достапен на португалскиот селектор, Роберто Мартинез за првиот натпревар на Светското првенство следното лето, и покрај тоа што доби црвен картон во квалификацискиот натпревар против Република Ирска. Роналдо (40), беше исклучен откако го удри со лакт, противничкиот играч Дара О’Шеа, за време на поразот на Португалија од 2:0. Иако насилното однесување обично се казнува со суспензија од три натпревари, ФИФА одлучи дека ...

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ упати извинување поради инцидентот во кој премиерите на Финска, Данска и Луксембург во неделата навечер останале заглавени на аеродромот во Франкфурт поради технички дефект, што довело до нивно доцнење или спречено присуство на самитот ЕУ–Афричка унија во Луанда, Ангола. Според извори на Euractiv, европските лидери, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кaja Калас, чекале на пистата кога ...

Клубот на пратенички во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Канцеларија Скопје и Центарот за интернет, развој и добро управување IMPETUS денеска организираа работна средба и дискусија на тема: „Насилство врз жените во политиката и изборите Линија „Биди безбедна“ локални избори 2025 – предизвици и понатамошни чекори“. На средбата свои воведни обраќања имаа Јована Тренчевска, претседателка на Клубот на пратенички, Весна ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да продолжи напред со рамката за мировен договор во соработка со Соединетите Американски Држави и Европа, пишува Ројтерс. Повикувајќи се на текст од говор во кој имал увид, Ројтерс наведува дека украинскиот лидер им порачал на сојузничките земји дека сите безбедносни одлуки што се однесуваат на Европа мора да ги вклучуваат и европските држави. Зеленски истакнал ...

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, образложи амандман за грижата за старите лица. Амандманот беше со цел да се наменат средства со што би можеле да се изградат најмалку три државни домови онаму каде што потребата е најголема. Тој предупреди дека државата целосно го запоставила овој сегмент на социјалната заштита. „Државните домови имаат само 600 сместувачки ...

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги нарече условите на Европската унија за постигнување мир во Украина апсурдни. „По средбата со лидерите на ЕУ, Урсула фон дер Лајен ги изнесе условите на ЕУ за постигнување мир во Украина“, напиша Захарова на својот канал на Телеграм. Конкретно, ЕУ во своите услови нагласува дека границите не можат да се менуваат со сила. „Урсула не можеше да не слушнала за Косово. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа истакна дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово-базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени. За неа, фемицидот е последица на насилство коешто се случувало во ...

Британскиот премиер Кеир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа во пресрет на состанокот на „коалицијата на подготвените“ земји, која ќе понуди поддршка за Украина додека продолжуваат напорите за постигнување мировен договор со Русија. Украина и понатаму е изложена на руски напади, при што загинаа најмалку шест лица, а делови од Киев останаа без вода и струја. Украинските сили, пак, изведоа дрон-напад врз руската ...

Град Скопје информира дека е деблокиран процесот за клучката кај Момин Поток и дека градежните активности продолжуваат со забрзана динамика. По период на застој, продолжува реализацијата на една од најважните сообраќајни точки во градот, каде се пресекуваат неколку клучни правци. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека по неколкумесечен застој, повторно се работи на проектот кој се смета за една од најстратешките точки во Скопје. Во тек е ...

Рафинеријата за нафта во Панчево, единствената рафинерија во Србија, го запре производството, а постројките влегоа во таканаречена топла циркулација, објавува N1 Србија. Топла циркулација е термин кога низ системот циркулира една количина суровини за да се одржи функционалноста на системот. Овој најнов развој на настаните доаѓа на четириесет и осмиот ден откако се во сила санкциите на САД против српската нафтена индустрија. Србија очекува одлука ...

Шпанија е наш важен партнер во НАТО, ООН и ОБСЕ и принципиелен поддржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството Шпанија, во придружба на амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз. Ја поздрави посетата, оценувајќи ја како пресвртница во шпанско-македонските односи преку обнова и интензивирање на ...

Млада двојка била нападната од група мажи во паркот Тор Тре Тесте во Рим. 18-годишната девојка била силувана пред нејзиниот 24-годишен вереник, кој бил принуден да гледа. Полицијата досега уапси тројца осомничени, додека по уште двајца интензивно се трага, објавува италијанскиот „Кориере дела Сера“. Нападот се случил на 25 октомври, а тројцата уапсени марокански државјани се обвинети за групно силување и грабеж. Еден од нив бил уапсен пред два ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер. Претседателот Гаши му упати искрени честитки за стапувањето на должноста, посакувајќи му успешен и плодотворен мандат, како и продолжување на пријателската и конструктивна соработка меѓу двете држави. Во разговорот беше нагласено дека Република Северна Македонија и ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
2.57
100%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
0.0
100%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.74
91%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.09
95%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
0.89
90%
1028
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
95%
1028
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Сребро

2105.58

Бакар

10.93

Алуминиум

2.92

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Паладиум

53788.20

Злато

139298.91

Калај

43.15

Родиум

258813.51

Платина

62683.26

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04