За Гоце Делчев се напишани многу историски книги, студии и биографии во кои се претставени неговото дело, идеалите и револуционерниот пат. Но, без амбиција да создаде уште едно историско четиво, Зоран Спасов Ѕоф во својот најнов роман „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ се обидува да го открие човекот зад револуционерот. Три месеци по големата промоција, одржана на отворањето на Саемот на книгата на 23 април 2026 година, разговаравме со Ѕоф за тоа ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно да обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин. На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС. Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното ...

Во Старата скопска чаршија започна реализацијата на проектот за обнова и модернизација на инфраструктурата, со инвестиција од над 28 милиони денари, соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Меџити информира дека бил на терен во Старата чаршија за непосредно да го проследи почетокот на работите, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните што Општина Чаир ги реализира во овој историски дел на Скопје. Работите веќе се во ...

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи, информираат од таму, спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети ...

По значајниот исчекор што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го направи со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на природните ...

И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност, реагираат од СДСМ. Од партијата прашуваат дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника. „Што вели организираната криминална група ВМРО? Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. Го приватизираа правосудството. Го ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, одржа работна средба со претставници на винарии членки на здружението „Вина од Македонија“, како и со претставници на други поголеми винарии. На средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици во секторот, како и за потребата од координиран пристап меѓу институциите и винарската индустрија. Серафимовски ја истакна подготвеноста на Министерството за ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.341,54 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 13,22 поени, односно за 0,14%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. „Денес ја свикуваме оваа прес-конференција да ...

Џон Бон Џови ненадејно го прекина концертот во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“ во четвртокот вечерта, откако почувствувал дека поради здравствен проблем не може да продолжи да настапува на нивото што го очекува од себе. Шеесет и четиригодишната рок-ѕвезда го одржуваше осмиот од вкупно деветте концерти од својата резиденција во легендарната сала, во рамките на турнејата „Forever Tour“. Концертот траел околу 90 минути пред да биде прекинат. ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на ...

Гвинет Палтроу повторно го привлече вниманието на јавноста со необична кампања за својот бренд Goop. Оскаровката објави видео во кое ја претставува својата нова рутина за нега и најновиот производ на Goop Beauty – унисекс гел за туширање со црн пипер и ѓумбир. Видеото беше објавено на 21 јули, а Палтроу се појавува завиткана во бел пешкир додека зборува за своите навики за нега и за идејата зад производот. Кампањата предизвика големо ...

Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. ...

Изборот на облека за патување со авион најчесто се сведува на удобност, особено кога станува збор за долг лет. Сепак, поранешен член на кабинскиот персонал на British Airways предупредува дека постои еден навидум неважен детаљ на кој патниците ретко обрнуваат внимание – бојата на чорапите. Крис Мејџор, поранешен стјуард на британската авиокомпанија, за Metro објаснил зошто смета дека црните и другите многу темни чорапи не се најдобар избор, ...

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денес е во работна посета на Општина Зрновци каде почна реализацијата на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ , кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на ...

Меган Маркл сподели серија приватни семејни фотографии од летниот одмор со принцот Хари и нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, а најголемо внимание привлекоа снимките направени на имотот Алторп – местото каде што пораснала принцезата Дијана и каде што денес почива. Војвотката од Сасекс во четвртокот на Инстаграм објави фотографии од неодамнешното семејно патување низ Европа, меѓу кои и неколку моменти од историскиот имот на ...

Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека во понеделник, 27 јули, во утринските часови ќе се одржи штрајк на царинските службеници на неколку гранични премини во Грција, поради што ќе има ограничувања во сообраќајот. Според информациите што МВР ги добило од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одвива на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до ...

Односите во британското кралско семејство повторно се во центарот на вниманието. Иако со години најмногу се пишува за конфликтот меѓу принцот Хари и останатите членови на семејството, извори и кралски биографи тврдат дека ниту односот меѓу кралот Чарлс Трети и неговиот престолонаследник, принцот Вилијам, не е особено топол. Според соговорници на Page Six, таткото и синот имале несогласувања и различни ставови за повеќе прашања, иако денес ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од владејачката партија оценуваат дека со ваквите, како што ...

Американската индустрија за вештачка интелигенција во последните месеци се соочува со предизвик чии вистински размери допрва ќе се видат. Додека голем дел од водечките американски компании развиваат затворени и скапи системи, кинеските технолошки компании сè поагресивно се насочуваат кон отворени модели чии тежини – weights – корисниците можат бесплатно да ги преземат, приспособуваат и користат. Овој пристап веќе почнува да го менува начинот ...

Општина Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето. Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните ...

Еден од најважните аргентински дефанзивци во изминатите години, Николас Отаменди, објави дека ја завршува репрезентативната кариера. Искусниот стопер по 17 години повеќе нема да го носи дресот на „гаучосите“. Отаменди се прости од репрезентацијата неколку дена по финалето на Светското првенство во 2026 година, кое воедно беше и негов последен настап за Аргентина. За националниот тим одигра 139 натпревари и беше еден од клучните фудбалери во ...

На 86-годишна возраст почина Наум Бурназ, доајен на македонската песна и уметник кој најголемиот дел од својот живот го посвети на музиката и негувањето на македонското музичко наследство. Тажната вест доаѓа помалку од еден месец по смртта на неговиот син Петар, што претставува уште една голема загуба за семејството Бурназ. Наум Бурназ со децении беше дел од ансамблот на Македонската опера, каде што ја градеше својата долгогодишна ...

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година. Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование. -Првиот училишен ...

Длабоко под топлите и плитки води во близина на денешниот остров Курасао, пред околу 2.300 години започнал животот на едно од најневеројатно долговечните животни познати на науката. Микроскопска група клетки, не поголема од зрно песок, се прицврстила за корал и оттогаш започнал процес што ќе трае повеќе од два милениума – непрекинато филтрирање на морската вода. Во времето кога картагинскиот војсководец Ханибал бил млад човек и се ...

СДСМ побара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места, како и проверка на квалитетот на водата во сите градови и општини во државата. „Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување“, велат од партијата. СДСМ бара и на ...

Општина Прилеп денеска оддаде почит на Методија Андонов-Ченто, еден од најзначајните македонски историски личности и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, по повод 69-годишнината од неговата смрт. Пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп, свежо цвеќе положија претставници на семејството Андонов-Ченто, Општина Прилеп, Советот на Општината, политички партии, граѓански здруженија и Сојузот на борците, со што беше оддадена почит кон ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов план за оданочување на увозот, како одговор на одлуката на Врховниот суд кој претходно оваа година ги блокираше неговите најагресивни царини. Трамп тогаш најави дека ќе најде други начини за спроведување на својата трговска политика, објави Си-ен-ен. Канцеларијата на американскиот трговски претставник соопшти дека од петок во 00:01 часот по локално време ќе стапат во ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и дека проблемот ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
34%
1022
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.51
27%
1023
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
5.54
36%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.69
27%
1021
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
33%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
7.6
50%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.12
16%
1016
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.03
25%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
6.69
35%
1023
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
4.12
27%
1024
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 28ᴼ
9.35
100%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Сребро

2106.74

Кобалт

56.29

Паладиум

43178.45

Платина

55942.30

Калај

56.26

Алуминиум

3.31

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Злато

141408.63

Родиум

280515.26

Бакар

13.17

Иридиум

252383.36