Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Научна експедиција на Антарктикот сосема случајно открила нов остров, отворајќи ново поглавје во истражувањето на најстудениот континент на Земјата. Истражувачкиот тим, кој првично бил на терен за сосема друга научна мисија, наишол на карпесто копно кое претходно било целосно покриено со мраз. Дури по детални проверки и анализи, научниците утврдиле дека станува збор за нов географски објект – остров што досега не бил мапиран. Откритието, ...
Шефот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека борбата против Хезболах во Либан станала „примарен оперативен фокус“ на војската, нагласувајќи дека тие „не се во прекин на огнот“ со милитантната група. „ИДФ е во воена состојба; ние не сме во прекин на огнот на северниот фронт“, им порача Замир на командантите во јужен Либан. Тој, исто така, се осврна на ситуацијата со Иран, објави Скај њуз. „Ние сме во прекин на огнот со Иран, но ...
Родителите во Македонија во голем број поддржуваат воведување забрана за користење социјални мрежи кај деца под 12-годишна возраст, покажуваат најновите резултати од анкета спроведена на национално ниво. Истражувањето, реализирано од Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопје на примерок од околу 1.000 испитаници, открива дека дури 76% од граѓаните ја поддржуваат идејата за ваква забрана, како и дополнителна регулација за ...
Многумина од нас имаат навика да испијат вода што стоела во чаша преку ноќ или дури и цел ден, мислејќи дека тоа не претставува никаков ризик. Сепак, експертите предупредуваат дека постои временска граница по која водата не е препорачливо да се консумира, особено ако била оставена откриена или во контакт со надворешни влијанија. Според нутриционистите и микробиолозите, најбезбедно е водата што стои во чаша да се консумира во рок од околу 12 ...
Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска присуствуваше на светата Богослужба во храмот Св. Петка -Црниче, со која чиноначаствуваше Архепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски г.г.Стефан. „На овој тажен ден за целото христијанство му се заблагодаривме на Господ Исус Христос за жртвата што ја принел за сите нас и му се помоливме за здравје, бериќет и мир. Во исечекување на Христовото Воскресение да го ...
Познатата холивудска актерка Никол Кидман повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со впечатливото појавување на црвениот тепих, каде уште еднаш докажа дека стилот и самодовербата не познаваат години. Австралиско-американската ѕвезда се појави на премиерата на новиот проект „Марго има проблеми со парите“ во Њујорк, каде сите погледи беа вперени кон неа. Со внимателно избрана модна комбинација, Кидман успеа да ја истакне својата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека Иран не треба да им наплаќа на танкерите за премин низ Ормускиот теснец, по медиумските извештаи дека Техеран размислува за воведување такви такси. „Постојат извештаи дека Иран им наплаќа на танкерите за премин низ Ормускиот теснец“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. „Подобро да не го прават тоа, а ако го прават, треба веднаш да престанат“, додаде тој. Иран ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, извести МВР. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп ...
Пионерот на хип-хоп културата, легендарниот диџеј и продуцент Африка Бамбатаа, почина на 67-годишна возраст, оставајќи зад себе огромно музичко и културно наследство, но и контроверзии кои ја обележаа неговата кариера. Според повеќе светски медиуми, Бамбатаа починал на 9 април во Пенсилванија, како последица на компликации поврзани со рак. Роден како Ленс Тејлор во Њујорк, тој важи за една од клучните фигури во создавањето и развојот на ...
Европската Унија повика на итен прекин на непријателствата во Либан, изразувајќи загриженост за цивилните жртви. Повикот доаѓа во време кога израелските напади ескалираат и покрај дипломатските напори за смирување на тензиите во регионот, пренесува Анадолија. „Го повторуваме нашиот повик за итен прекин на непријателствата во Либан, кои сериозно ги погодуваат цивилите“, изјави високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Таа ги повика сите ...
Во пресрет на велигденските празници, општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија. Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници. Акцијата има за цел да обезбеди ...
Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс ја продолжуваат борбата за четвртата позиција во Западната конференција. Битката за предност на домашен терен во плејофот на Западната конференција продолжува, па иако Денвер избега на 52 победи, тука се Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс. Двата тима, победија изминатата ноќ, Лејкерс против Вориорс со 119:103, а Хјустон против Филаделфија со 113:102. Лос Анџелес Лејкерс беа ослабени и играа без своите ...
Вапцањето и украсувањето на велигденските јајца претставува еден од најстарите и најдлабоко вкоренети христијански обичаи, кој со векови се пренесува од генерација на генерација. Овој симболичен чин не е само традиција, туку носи силна порака за животот, обновата и победата над смртта, тесно поврзана со значењето на Велигден – празникот на Христовото воскресение. Симболиката на јајцето во христијанството е исклучително силна. Како што пилето ...
Властите во Германија веруваат дека вандализмот во израелски ресторан во Минхен бил мотивиран од антисемитизам откако прозорците на зградата биле скршени синоќа. Нема повредени. Сопствениците на ресторанот се Евреи, потврди полицијата за германската новинска агенција ДПА. Снимките од местото на настанот покажуваат дека ресторанот е „Еклипс Грилбар“, иако полицијата официјално не го објавила неговото име. Веб-страницата на ресторанот се ...
Фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез и неговиот менаџер, му се извинија на клубот по изјавите што ги даде фудбалерот за аргентинските медиуми, за време на неговите репрезентативни обврски во Аргентина, објавија британските медиуми. Во интервјуто во Аргентина, Фернандес изјави дека би сакал да живее во Мадрид, со што ја остави отворена можноста да се пресели во Реал Мадрид веќе ова лето. Од Челзи порачаа дека немало дискусија за негова ...
Минатиот викенд во Банско, Бугарија се одржа финалето на изборот за Мис и модел на Галаксијата за тинејџерки за 2026, на кој нашата држава имаше три претставнички. Тие направија фантастичен успех освојувајќи титули секоја во својата возрасна категорија. 14-годишнина Нина Црнокрак и 17-годишната Лина Настевска победија во конкуренција на модели, а 15-годишната Ангела Ваневска победи во конкуренција на мис. Финалето на изборот се одржа во ...
Украина е во преговори со Оман, Кувајт и Бахреин за безбедносна соработка, вклучително и размена на технологија и експертиза во борбата против беспилотни летала, потврди претседателот Володимир Зеленски. Најавите следат по посетата на Блискиот Исток минатиот месец, за време на која Зеленски го понуди искуството на Украина во борбата против иранските беспилотни летала, а веќе се потпишани договори со Саудиска Арабија и Катар, а објавен е и ...
Манчестер Сити ќе направи мала реконструкција во редот за врска, во летниот преоден рок. Капетанот Бернардо Силва заминува на крајот од договорот како слободен играч, сè уште не е познато каде, а исто така е неизвесно дали Родри ќе потпише нов договор, што би можело да доведе до негова продажба. Пеп Гвардиола не може да седи со скрстени раце, па затоа даде зелено светло клубот да се одлучи за Елиот Андерсон. Асот на Нотингем Форест е голема ...
Животот ќе стане многу полесен за четири хороскопски знаци до крајот на април, а професионалниот астролог Еван Натаниел Грим објаснува дека причината за ова е доаѓањето на Уран во Близнаци. Остануваат само неколку недели од престојот на Уран во Бик, што, како што истакнува Грим во видеото, е одлична вест за овие знаци бидејќи „овој транзит им донесе непредвидливост со години, ништо не оди според планот“. Кога Уран, планетата на изненадувања ...
Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф, избриша објава на Икс во која го нарече Израел „зло и проклетство врз човештвото“. „Додека во Исламабад се водат мировни преговори, во Либан се спроведува геноцид. Израел убива невини цивили, прво во Газа, потоа во Иран, а сега во Либан, крвопролевањето продолжува со несмалена сила. Се надевам и се молам луѓето што ја создадоа оваа канцерогена држава на палестинска земја за да се ослободат од ...
„Дека режимската десничарска влада на ДПМНЕ не познава основни човечки карактерни вредности како висок морал, транспарентност, отчетност, почит и сочувство, се покажа деновиве преку координиран личен напад врз земјоделците и сточарите кои протестираа и ги бараа правата кои им следуваат“, велат од Левица. „Министерот за земјоделство во заминување, Цветан Трипуновски, во обид да му се додвори на премиерот Мицковски пред најавената ...
Ливерпул, минатиот месец објави дека ќе го задржи голманот Алисон Бекер, но се чини дека Бразилецот има поинакви планови. Како што објави „Газета дело Спорт“, бразилскиот голман дал зелено светло за трансфер во Јувентус. Наводно, клубот од Торино и претставниците на Алисон веќе воделе преговори, кои се движат во позитивна насока и се чини дека би можела да се случи соработка. Управата на „Старата дама“ планира да го замени сегашниот голман ...
Членките на НАТО немаат обврска да им помагаат на САД и Израел во војната со Иран, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат откако американскиот претседател Доналд Трамп им даде ултиматум на сојузниците да најдат решение за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од неколку дена, објави „Еуроњуз“. Притисок од Вашингтон Трамп му го постави ултиматумот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на неговата посета на ...
Џоел Ембиид, НБА ѕвезда и поранешен МВП, итно бил хоспитализиран и опериран, пред натпреварот со Хјустон. Како што објави американскиот новинар Шамс Чаранија, Ембиид бил хоспитализиран поради воспаление на слепото црево. Засега нема најави колку ќе трае неговата пауза. Ембиид стигна до осмата позиција во Источната конференција со Филаделфија, а бидејќи се очекува да паузира неколку недели, можно е сезоната да е завршена за него. Ембиид беше ...
Албанците не се алатки, туку се закон. 25 години, правичната и соодветната застапеност се користеше за политика. За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше.. Но, кога стануваше збор за решение, секогаш недостасуваше законот. Секогаш недостасуваше волјата. Можеби недостасуваше и храброста“, изјави денеска Афан Елези од ВЛЕН. Според него, таканаречената алатка „Балансер“. која требаше да гарантира еднаквост, во пракса се ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, оваа недела патува во Пакистан, каде што, по налог на Доналд Трамп има задача да го претвори кревкото примирје со Иран во траен мировен договор, објавува „Гардијан“. За 41-годишниот Венс, кој не се појавуваше во јавноста за време на конфликтот на Блискиот Исток, ова ќе биде еден од клучните моменти во неговата кариера. Но, човекот кој многумина го гледаат како фаворит на претседателските избори во САД во ...
Роберт Левандовски, еден од најдобрите напаѓачи во изминатите 10 години, веројатно ќе ја напушти Барселона по завршувањето на сеозната како слободен играч. Возраста и астрономската платата што ја добива се причината Бараселона да не му понуд нов договор. Левандовски, наводно не сака да ја напушти Барселона, подготвен е да направи остапки, но доколку не добие понуда за нов договор знае каде сака да ја продолжи кариерата. „Газета дело Спорт“, ...
Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 06.04.2026 – 09.04.2026, на Македонска берза беа реализирани 459 трансакции со вкупен промет од 114.007.808 денари и количина од 18.652 хартии од вредност. На официјалниот пазар се реализираа 112.721.746 денари (442 трансакции), додека редовниот пазар оствари 1.286.062 денари (17 трансакции). Топ добитници ● НЛБ Банка АД Скопје (NLB): ...
Поранешниот ирански министер за надворешни работи Камал Харази почина од повредите здобиени во воздушен напад, објавија иранските државни медиуми рано во петокот. Харази, шеф на Стратешкиот совет за надворешни односи, беше ранет неколку дена претходно во израелско-американски воздушен напад, објави државната новинска агенција ИРНА, велејќи дека „починал пред неколку часа“. Го советувал и ајатолахот Али Хамнеи Харази беше министер за ...
По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден“ утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден“, во центарот на град Скопје по ...