Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Претседателката на Здружението на приватни лекари во државава, Лилија Чолакова Дервишова попладнево за МИА изјави дека матичните доктори бараат да се најде друго решение за верификација на телефонски број, новина воведена од страна на „Мој термин“. – Утрово имаше новина воведена од страна на „Мој термин“. На секој пациент како ќе влезе, мораше да им ги ажурираме телефонските броеви, да им пуштаме порака, па да се добие верификационен код, па ...
СВР Тетово информира дека вчера (25.02.2025) во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 47 годишниот Ш.Ј. и 55 годишниот Ф.Т. од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од гостиварско, дека против нејзина волја од 24.02.2025 до пријавувањето ја држеле нејзината 21 – годишна ќерка во стан во близина во Гостивар. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска објави имиња на поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Од Антикорупција соопштија дека во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените ...
Добрата соработката меѓу полицијата, одговорните за образование, училишните управи и родителите е важна алка во градењето безбедна средина во училиштата. Ова беше речено на денешната средба на институциите што се одржа во Гостивар, на која се дискутираше за безбедноста во образовните установи на подрачјето, од различни аспекти. „Одржуваме средба со претставниците на ОВР Гостивар врзана за безбедноста во училиштата. Знаете дека изминатиот ...
Царинската управа информира дека е откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот бил откриен на граничниот премин Деве Баир. При тоа биле запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од ...
На денешното продолжение на 35. седница на Собранието по скратена постапка беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за вршење сметководствени работи, што ги предложија пратеници од владејачкото мнозинство, а со кои им се овозможува на сметководителите до крајот на идната година да ги исполнат законските обврски за континуирано професионално усовршување. На околу 3.300 сметководители, кои не посетувале доволен број часови за обука и ...
Варикозните вени или проширените вени на нозете погодуваат сè поголем број луѓе, особено по 40-тата година од животот и почесто ги погодуваат жените отколку мажите. Генетиката е клучен фактор и ако некој од вашето семејство има проширени вени, голема е веројатноста и вие да ги имате. Што се вени? Вените се крвни садови кои носат крв од телото кон срцето, а внатре во нив има вентили кои спречуваат крвта да тече во спротивна насока. За разлика ...
Собранието на денешната 35. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите. Законот претходно денеска беше разгледан и на собраниската Комисија за економски прашања. Со него, трговците на мало (малите, средните и големите) се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат ...
Да има редовност во наставниот процес на учениците и наставниците, ако ученикот отсуствува класниот раководител да ги информира родителите, да се почитува кодекс на облекување и однесување и да се носат униформи, да не се користат мобилни телефони за време на наставата. Ова се дел од заклучоците од денешниот состанок на надлежните за образование во Општина Гостивар, училишните управи, стручните служби и претставници на родителските совети. На ...
На 24.02.2025 во 18.00 часот во ОВР Гостивар, 42 – годишник и 58 – годишник, двајцата од Гостивар, пријавиле дека биле измамени од Џ.С. – сопственик на правен субјект за градежништво од Гостивар. Според пријвеното, тој на двајцата им продал ист стан во зграда лоцирана на улицата „Илинденска“ во Гостивар. При пријавување на настанот, тие приложиле и преддоговор за купопродажба, информират од МВР. Надлежните служби преземаат мерки за ...
Стјуардесите се секогаш добро облечени – нивните работни униформи зрачат со елеганција, допир на традицијата и културата на земјата од која потекнува авиокомпанијата, додека нивните марами не се наменети само за стил. Денес, многу авиокомпании имаат јасни правила за врзување на марамата, што дополнително влијае на елегантниот и професионален изглед на екипажот. Сепак, овој најпознат додаток на стјуардеса крие функционалност што ретко кој ја ...
Жителите на гостиварско Здуње денес протестираа посочувајќи дека при изведување на градежни работи за изградба на пат, оштетени се гробови. Како што кажаа, патот што минува покрај гробиштата, се прави за полесен пристап на механизацијата на Бехтел и Енка, која го гради Коридорот 8. Револтирани се што патот е проектиран токму на таа локација, не биле известени за работите, а велат и дека тие гробиштата им биле одземени. „Овде се отвора ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека врнежи од снег со слаб интезитет има во Берово и дека во моментов тоа не е пречка за сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ потсетува дека од 20 ...
Седумдесет и девет грантови од по 30.000 денари, односно вкупно околу 2,4 милиони денари, МОН им додели во тековната 2024/2025 година на 130 основни и средни училишта во државава за поддршка на активности кои ќе го унапредат мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција рече дека успешно е заокружен јавниот повик за предлог активности кој МОН го ...
Дали знаете дека само 30 минути пешачење секој ден може да направи голема разлика во вашето тело? И не, не мора да броите чекори или да се потите – само едноставна, лесна прошетка може да направи чуда! Од подобрување на вашето расположение до зајакнување на коските, секојдневната прошетка може да го промени вашето здравје на начини на кои не очекувате. Еве неколку клучни придобивки од оваа потценета вежба! Вашите коски ќе станат посилни ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 79,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,00 денари за литар. За 0,012 денари ...
Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоиле демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ), за кои гласале 28,5 отсто од избирачите, што им носи 197 места во Бундестагот, објави Билд. На второ место по бројот на гласови е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на лидерката Алис Вајдел, која доби 20,5 отсто од гласовите и 141 место во германскиот Парламент, додека ...
Во рамки на извршените сообраќајни прегледи во текот на изминатиот викенд, од 2.228 издадени платни налози дури 718 прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење, 106 се за возење во алкохолизирана состојба, како и 215 прекршоци што се однесуваат на управување без возачка дозвола. Од МВР денеска соопштија дека заради непочитување на одредбите околу задолжителното користење на сигурносен појас евидентирани се 171 ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска бара, во најкус можен рок Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција. Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини станува збор за машина, трофазен систем за мерење на ...
Партијата на пензионери, изрази загриженост од тенденцијата на високите цени на лековите и другите медикаменти и суплементи во земјата. „Фактот што имаме најскапи лекови во регионот е показател дека граѓаните и посебно големата пензионерска популација трошат големи финансиски средства и од така своите скромни пензиски примања. Партијата на пензионери бара и ја потикнува и поддржува Владата во донесување на соодветни системски мерки и алатки ...
Граѓаните на Германија денеска гласаат на предвремените парламентарни избори, кои беа предизвикани од распадот на владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц во ноември минатата година. Ова се четвртите вонредни избори во земјата од Втората светска војна. Гласачките места беа отворени во 8 часот по локално време и ќе останат отворени до 18 часот. Повеќе од 59 милиони граѓани со право на глас денеска ќе изберат 630 пратеници во новиот ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во наредните денови од новата работна недела ќе владее променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а ...
Џамијата Балиу во албанскиот град Елбасан, ја освои првата награда за „Најубава верска архитектура во светот“ на меѓународниот натпревар „Зграда на годината 2025“ организиран од ArchDaily, најголемата глобална платформа за архитектура и дизајн. Според муслиманската заедница на Албанија, оваа значајна награда ги потврдува уникатните вредности на оваа џамија, која ја комбинира традиционалната исламска архитектура со модерни елементи, создавајќи ...
Ловоровите листови не се корисни само во кујната. Овој популарен зачин може да биде корисен и при перење алишта. Имено, ловоровите листови можат да ви помогнат природно да ги оживеете боите на вашата облека. Може да игра клучна улога во зачувување на боите на облеката и враќање на нивниот поранешен сјај. Ловоровите лисја можат да се користат на многу начини. Некои едноставно ги додаваат директно во барабанот на машината за перење (што можеби ...
Екипата на Gostivarpress.mk ги посети на тренинг малите мечувалци кои пред камерите ни открија дел од магијата на оваа вештина. Со тренерот Сашо Ристоски разговаравме за идејата за формирање на клубот, текот на активностите, начинот на тренирање, натпреварите на кои учествуваат, постигнатите успеси, како и за придобивките од мечувањето за оние кои го практикуваат. Видеото во кое ја прикажуваме приказната на „Витез“ е дел од серијалот „ПРОМО ...
Во градинките и училиштата, децата покажуваат различни стилови на однесување. Секое однесување има своја позадина и внатрешни причини, но она што го гледаме е само манифестација на нивните емоции и состојби. Наместо да реагираме само на видливото однесување, важно е да разбереме што се крие зад него и да постапиме соодветно според принципите на позитивна дисциплина. Непожелното однесување често е резултат на погрешни верувања кај децата за ...
Фабриката за бисквити „Јафа Црвенка“ повлекува одредени количини од производот „Рум касато“ од 120 грама со следниве рокови на траење: 10.7.2025, 14.7.2025, 23.7.2025, 24.7.2025, 25.7.2025 и 26.7.2025. Причина за повлекувањето, како што соопшти, е можно присуство на тврди шеќерни парчиња. Сите останати рокови на траење, според „Јафа Црвенка“, се со стандардно висок квалитет. -Ги повикуваме купувачите и потрошувачите кои имаат купено производи ...
Покрај тоа што се богати со здрави масти, протеини и растителни влакна, тие можат да придонесат за здравјето на срцето, регулирање на тежината и одржување цврсти коски. Покрај тоа, тие се исклучително разновидни во готвењето, па можат да се користат во различни јадења, од салати и сосови до десерти, а од нив може да се направи и вкусен растителен путер. Бројни студии потврдуваат дека консумирањето јаткасти плодови може да го намали ризикот од ...
Петти петок по ред граѓаните на Хрватска денеска ги бојкотираат маркетите, бензинските пумпи, угостителските објекти, а организаторот на бојкотот платформата „Ало инспекторе“ упати апел денеска да се бојкотираат и банките и телекомуникациските компании. Советникот на „Ало инспекторе“, Јосип Келемен најави дека платформата ќе доби „бесплатна и моќна алатка за корисниците во надзорот на пазарот“ изработена од хрватските програмери. „Ало ...
Цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50 проценти да се намалат заштитните средства зашто се меѓу најскапите во регионот, бараат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери. При ниска цена на пченицата од 9 до 11 денари, висока е цената на лебот од 30 до 35 денари за една векна со различна тежина. -Според откупната цена на пченицата која беше од 9 до 11 денари за килограм, реално ...