Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Кога ќе се спојат два омилени десерти во еден рецепт, неизбежно е да се добие неодолив сладок залак. Тортата со палачинки стана хит на социјалните мрежи, па ако досега не сте ја подготвиле, време е да го направите тоа. Состојки: 180 гр остро брашно 2 лажици какао во прав прстофат сол 3 лажици шеќер 3 јајца 250 мл млеко 150 мл вода лажица мед масло Подготовка: Во сад се ставаат брашното, какаото, прстофат сол и шеќер и сето убаво се меша. Потоа ...
Во Хрватска денеска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата, која потекнува од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ECIP), доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од министерот за економија. Повикот за бојкот се споделуваше на ...
Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска се одржи свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на промоцијата порача дека годинава МВР станува побогато за 497 нови колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, „синови и ќерки на Македонија“. Полициската професија не е само избор, туку е повик, завет кој секој еден од вас го ...
Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан, клубот чиј најдобар стрелец е Далипагиќ во историјата. Далипагиќ е најдобриот стрелец во историјата на БК Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер“, стои на почетокот на клупското соопштение за смртта на легендарниот „Праја“. ...
Во Општина Гостивар денес на средба со градоначалникот Ваљбон Лимани беа локалните верски челници Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф и гостиварскиот муфтија Сабахудин еф. Зендели. „Во фокусот на средбата беа заедничките активности кои дополнително ќе придонесат за унапредување на меѓукултурната и меѓурелигиската соработка.“, извести Лимани по средбата, нагласувајќи дека Гостивар е пример на меѓуетничка и меѓурелигиска ...
Стејт департментот ја замрзна речиси целата меѓународна развојна помош обезбедена од Вашингтон, со исклучок на виталните програми за хуманитарна помош во храна и воената поддршка за Израел и Египет. Соединетите Американски Држави се најголемиот донатор на светот, обезбедувајќи повеќе средства за меѓународен развој од која било друга земја. Во 2023 година, оваа ставка од американскиот буџет изнесуваше околу 60 милијарди долари, што претставуваше ...
Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Катар со 39:34 (полувреме 21:17) во второто коло од Група-2 во Главната фаза на Мундијалот 2025. Најефикасни во македонскиот тим беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со по шест гола, Марко Митев и Никола Костески постигнаа по пет. По оваа победа, втора на Мундијалот, избраниците на Кирил Лазаров ги зачуваа теоретските шанси за пласман во четвртфинале. Моментална табела: 1.Франција 6 ...
Во декември 2024 година, „Москвич“ за првпат се најде на првото место во продажбата на електрични возила на рускиот пазар, со продадени 447 автомобили, според податоците на агенцијата Autostat. Со овој резултат, брендот го надмина кинескиот Zeekr, кој продаде 443 електрични автомобили, но претрпе пад од 54% во споредба со декември минатата година. Експертите укажуваат дека скокот на продажбата на „Москвич“ – 10,6 пати повеќе од истиот период ...
Дрвените лажици често предизвикуваат дебата меѓу готвачите. Од една страна, некои тврдат дека тие се супериорна алатка бидејќи не ги оштетуваат тенџерињата или тавите, цврсти се и можат да траат со децении. Но, други се загрижени за хигиената, тврдејќи дека дрвото е место за размножување на бактерии и дека во него лесно се задржуваат мириси на храна, кои можат да му го нарушат вкусот на јадењето при подготовката. Бактериите можат да преживеат на ...
СВР Тетово информира дека вчера (23.01.2025) во 20.30 часот на улица „18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.А.(37) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од Р.М.O.(25) од Швајцарија која во ПС Тетово пријавила дека била измамена од него. „Таа, според пријавеното, од неговиот плац во Швајцарија купила патничко возило ,,бмв“, но по некое време се појавил дефект и Д.А. и рекол ...
Субвенционирање за набавка на инвертери за греење и на велосипеди се мерки кои Општина Гостивар ги предвидува за годинава, во рамки на Програмата за заштита на животната средина. За таа цел од општинскиот буџет ќе бидат издвоени вкупно 3,5 милиони денари, од кои 2 милиони за инвертери и 1,5 милиони за велосипеди. Во однос на субвенционирањето за купување инвертери, во Програмата стои дека целта е да се намали аерозагадувањето: „Цел на оваа мерка ...
Во Македонија најчесто се гласа по етничка линија, висок е процентот на граѓани кои се декларирале како членови на политички партии, а дури третина од нив на ланските избори учествувале на собири или јавни настани организирани од политичка партија. Ова го покажува Компаративното истражување на изборните системи (КИИС) во кое учествуваа Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ...
МВР информира дека вчера (23.01.2025) во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Агенцијата за национална безбедност, а под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, биле извршени претреси на дом и други простории на пет локации. Три од локациите биле во Скопје, додека две во Гостивар. ...
Аеродромот во Истанбул трета година по ред ја задржа својата позиција на најпрометен воздушен центар во Европа, со 1.401 лет дневно во просек во 2024 година, според податоците на Еуроконтрол објавени денеска. Бројот на летови е зголемен за два отсто во однос на истиот период минатата година, јавија турските медиуми. Амстердамскиот аеродром „Схипхол“ е на второ место со 1.336 летови, додека лондонскиот „Хитроу“ е трет со 1.302 лета во текот на ...
Продолжува да расте бројот на заболени лица од грип и слични заболувања. Од 13 до 19 јануари во земјава евидентирани се 1.412 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со трета недела од минатата сезона е намален за 15,7 проценти, а во споредба со бројот за трета недела од типичната епидемиска ...
И ова утро Гостивар се разбуди во магла, како и изминатите неколку дена. Поради маглата намалена е видливоста за возачите за кои се препорачува зголемена внимателност. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од 50 до 100 метри на следниве патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово, Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино, информира АМСМ. Интензитетот на ...
Иако замрзнувањето може да го продолжи рокот на траење на многу намирници, важно е да се знае кои не го поднесуваат добро овој процес. Во некои случаи доаѓа до промена во квалитетот, вкусот и текстурата, а често се менува само текстурата, што во некои случаи негативно влијае на приготвувањето на храната, додека кај други не прави разлика. Затоа е важно не само да знаете како и што да замрзнете, туку и однапред да размислите за што ќе користите ...
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме, имаа во два наврати и три гола предност, на паузата се отиде со резултат 13:14. По неколкуте водства на Австрија во првите минути од вториот дел, Македонија во 40.минута по серија од 3:0 повторно имаше предност ...
МВР извести дека вчера (22.01.2025) во 12 часот на улица „Питарница 6“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 68 годишниот гостиварец Б.Ф. поради основи на сомнение дека на 21.01.2025 извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети од објект во изградба во Гостивар. „Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Б.Ф. бил задржан во полициска станица и по целосно ...
Контролата спроведена кај производителот на зелката што неодамна беше вратена од Хрватска поради нејзина наводна неисправност и направените анализи покажала дека во посочената земјоделската култура не било детектирана употреба на забранети препарати за заштита. Тоа го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. – За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е производителот, ...
СВР Тетово информира дека вчера (22.01.2025) во периодот од 20.30 до 20.55 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории кои ги користи С.А.(22) во Врапчиште, а се сопственост на Ш.А.(20) од истото село, кој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено ...
Основниот Кривичен суд Скопје го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски. Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира постапката за обвинетите за кривичното дело загрозување на уставниот поредок на ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски попладнево изјави дека е против заземање страна во поглед на забранување апликации како „Тикток“, но, можноста за нешто такво на надлежните „им стои на располагање“. Тој на прес-конференција беше прашан дали поради опасните предизвици на „Тикток“, се размислува за рестрикции по училиштата. Андоновски рече дека веќе е изработено упатство што било споделено со Педагошката служба од ...
Снежните врнежи што ја зафатија земјава минатата недела се добредојдени за земјоделството, велат агрометеоролозите. Ќе ја зголемат влагата на почвата не само на површинскиот, туку и во подлабокиот слој. Снегот кој е воедно и топлински изолатор, посебно е значаен за есенските посеви. Снегот, нагласуваат, ја одржува константна температурата во почвата. Тие препорачуваат земјоделските производители да продолжат со грижа за посевите доколку ...
Во Гостивар утрово има појава на магла и ниска облачност, која според метеоролошките прогнози во текот на денот ќе слабее. За возачите препорачна е зголемена внимателност, а за лицата со респираторни проблеми и кардиоваскуларни болести да го намалат времетраењето на престој на отворено. Автомото сојузот на Македонија соопшти дека поради магла, намалена видливост од 50 до 100 м има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, ...
Многу истражувања сугерираат дека музиката што ја слушаме за време на тренингот може индиректно да влијае на согорувањето на калориите. Се разбира, самата музика не согорува калории. Но, може да ја зголеми ефикасноста на тренингот и да ги инспирира вежбачите да се трудат повеќе. Ова исто така може да доведе до поголема потрошувачка на калории. Музиката го зголемува интензитетот на вежбањето, што влијае на енергијата и на потрошените калории ...
Глутенот може да изгледа безопасен, но за некои луѓе може тивко да предизвика сериозни здравствени проблеми. Често без предупредувачки знаци, неговите ефекти може да останат непрепознаени, предизвикувајќи долгорочна штета. Препознавањето како вашето тело реагира на глутенот е клучно за одржување на целокупното здравје. Во продолжение некои од знаците кои кажуваат дека можеби глутенот ви смета. Губење на трепките Нетолеранцијата на глутен, ...
Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје – Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли). Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година. Овие две ...
Во текот на вчерашниот ден (21 јануари) полицијата регистрира четири пријави за одделни напади од кучиња скитници во Гостивар. Како што информира СВР Тетово во 14.00 часот во ОВР Гостивар, 60 годишниот Х.Х. од Сенокос, пријавил дека на улица „ЈНА“ во градот бил каснат од куче скитник. Во 14.15 часот 51 годишниот Р.А. од Тетово пријавил дека кај автобуската станица во Гостивар бил каснат од куче скитник. Во 16.15 часот 38 годишниот гостиварец ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за ЕУ и дека неговата администрација разгледува опции да воведе царина од 10 отсто за стоки увезени од Кина од 1 февруари. Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, претседателот на САД рече дека веќе наметнал големи царини за Кина за време на неговиот прв мандат. Тој додаде дека ЕУ и другите земји, исто така, имаат вознемирувачки трговски дисбаланс со САД. „Европската унија е ...