Легендата на Милан, и италијанскиот фудбал, Џенаро Гатузо е нов тренер на Хајдук Сплит, официјално соопштија од хрватскиот клуб. Тој потпиша договор со тимот до летото 2026 година, а следната недела ќе пристигне во Сплит за да биде претставен пред навивачите на стадионот Пољуд и да започне со работа. Четириесет и шест-годишниот тренер до неодамна беше на чело на Марсеј, каде што беше на чело на 24 натпревари во периодот од септември 2023 година ...

Муслимани од целиот свет го започнаа денеска аџилакот во Саудиска Арабија, а властите очекуваат оваа година да се соберат два милиони луѓе, и покрај големите жештини. По обиколката на Кааба, светата камена структура во облик на коцка во внатрешноста на Големата џамија во Мека, аџиите се упатуваат кон блиската долина Мина каде што ќе ја поминат ноќта во огромен град со шатори. Вториот ден, тие одат на планината Арафат, на околу 20 километри ...

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови. Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот. Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното ...

Денеска е петок 14 јуни 2024 година, 165-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 200 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 15 минути. Денов трае 14 часа и 24 минути. Времето денес ќе биде претежно сончево, со максимални температури до 25 степен. За утре (сабота) ќе се задржи слично време како денес. Додека за во недела метеролозите прогнозоираат многу топло и сончево време со ...

Праската е слатко, вкусно и многу здраво овошје, популарно во секој дел од светот. Многу е тешко да не ги сакате праските, а ќе ги засакате уште повеќе кога ќе ги откриете многуте здравствени придобивки кои ги носат овие сочни летни овошја. Ова сочно овошје е одличен извор на многу важни хранливи материи. Најзастапени витамини во праските се А, Ц, Е, К и Б3. Благодарение на моќните антиоксиданси, витамините Ц и Е, праските можат да бидат од ...

Министерството за образование и наука (МОН) со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта. Првичните проверки се спроведени во координација на МОН со Бирото за развој на ...

Синоќа, во 20:45 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) пријавен е напад од мечка врз овци во село Равен, Општина Гостивар. Пријавителот информирал дека на 11 јуни, во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Нападот се случил на периферијата на село Равен, каде што пријавителот го чувал своето стадо во трло. По пријавата, на терен веднаш излегле екипи од Полициската станица ...

Одбројувањето до почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија влезе во последната недела пред воведниот дуел меѓу домаќинот и Шкотска, на 14 јуни во Минхен. По последното ЕВРО2020, кое беше одложено за една година, а се одржа во време на пандемија на коронавирусот и во дури 11 земји и 11 градови, овогодишното издание повторно ќе биде во една земја, а натпреварите ќе се играат во десет германски градови. ЕВРО2024 се одржува во напната ...

Вчера (11 јуни) во периодот од 16 до 21 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли на подрачјето на СВР Тетово. Полицијата наведува дека контролата била во рамките на континуираните активности што ги преземаат за поголем ред и безбедност на сообраќајот, Во акцијата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (Тетово-20 и Гостивар-22), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 33 ...

Во топлите денови, имаме топлински бисбаланс бидејќи човечкото тело произведува и прима повеќе топлина. Затоа, за да не се прегрее, нашиот мозок ги става процесите на варење во втор план. Како резултат на тоа, нашиот апетит е намален, а потребата за калории исто така се намалува. За среќа, во овој момент имаме помала желба за масни и пржени јадења, а поспремни сме да посегнеме по лесни и освежителни јадења. Она што го јадеме на топло време ...

Според истражувањата на „Мајерс-Бригс компани“ (The Myers-Briggs Company), во светот, 56,8 отсто од луѓето се интроверти. А, интересно е што интровертните деца подоцна во зрелоста имаат многу позитивни особини. Психологот д-р Џесика Рибеиро од САД ја дефинира интровертноста како својство што се одликува со претпочитање тивки, а по малку стимулирачки средини и активности. „Интровертите се склони да бидат уште поинтровертни, сосредоточувајќи се на ...

Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а во недела на 16 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет на кои ќе биде утврден списокот на новите членови на владата од Коалицијата „Твоја Македонија“, информира денеска мандатарот Христијан Мицкоски. -Овој викенд во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кои ќе бидат ...

MINT како сеопфатен финансиско технолошки центар, кој се разгранува во различни домени како дигитални плаќања, кредитирање, размена на валути, инвестициски решенија, осигурителни услуги и финтек инкубатор за нови стартапи, со подбрендовите, mintcredit, mintins, mintpay и mintexchange кои развиваат нови технолошки решенија за плаќање и осигурување, ги проширува своите услуги и во Гостивар. За своите клиенти од регионот новата експозитура на MINT ...

Министерството за образование и наука денес излезе со неколку препораки поради високите температури кои ја зафатија Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17 јуни. МОН препорача основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува, како и училниците и другите простории кои се ...

Саудиските власти објавија дека повеќе од 1,5 милиони верници пристигнале во земјата за да присуствуваат на годишниот аџилак во Мека, што почнува в петок. Официјални лица рекоа дека очекуваат годинашниот број на лица на аџилак да биде поголем од оној во 2023 година, кога се проценува дека имало 1,8 милиони луѓе. Еден од најголемите верски собири во светот, аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Од сите муслимани се бара да го ...

Во периодот од 12 до 17 часот Акропол ќе биде затворен за посетители, а затворени денеска и утре ќе бидат и училиштата и градинките во повеќе делови на Грција, поради топлотниот бран што ја зафати земјата, а се очекува да кулминира во текот на утрешниот ден, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција, утрово соопштија дека поради високите температури, Акропол пет часа ќе биде затворен. Општините во повеќе делови на ...

Во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Општина Гостивар соопшти дека во соработка со претпријатието „Прогрес пазари”, како локација за продажба на бајрамските курбани, е одреден сточниот пазар во населба „Фазанерија“. Како што нагласуваат од локалната самоуправа, тоа се прави со цел да се зачува чистотата и да се стави ред во продажба на животните. „Се известуваат сточарите дека наведената локација може да се користи без надоместок и ...

Во Македонската православна богословија (МПБ) Св.Климент Охридски – Драчево, во присуство на поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан, ректорот митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ-ОА митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот Брегалнички г. Иларион, денес (11 јуни) беа поделени сведителствата и дипломите на 56-тата генерација успешно завршени матуранти-богослови. По повод успешно завршената матура на учениците, ...

Тиквичките ја отвораат својата сезона кон крајот на пролетта и почетокот на летото, кога најмногу се берат. Но не само што зелените тиквички се вкусни, достапни и разноврсни, туку тие нудат и многу нутритивни придобивки. Се смета дека една порција сечкани тиквички има 21 калорија, 1,5 грама протеини, помалку од половина грам масти, 3,9 грама јаглени хидрати, вклучувајќи 1,24 грама влакна и околу 3,1 грама (природен) шеќер. А еве и кои се ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре во Берлин, Сојузна Република Германија, ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина, соопшти претседателскиот Кабинет. На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор. Предвидено е претседателката ...

Општина Гостивар информира дека на 13 јуни ќе се врши првата дезинсекција на територијата на општината за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетни инсекти. „Дезинсекцијата ќе се врши по полноќ до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е вржливо или е со јак ветер, дезинсекцијата се одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со новолни временски услови.“, соопштија од ...

Ќе видиме што ќе одлучи министерот, изјави државниот советник во Министерството за образование и наука Сафет Незири прашан дали МОН ќе одговори позитивно на иницијативата на родителите кои поради топлото време бараат учебната година за основците да заврши порано од 17 јуни или децата да имаат скратени часови во наредните неколку дена. На новинарско прашање дали Министерството треба да прифати ваква иницијатива, првиот човек на Детската амбасада ...

Со голема веројатност се очекува дека летото 2024 ќе биде топло и сушно. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. За територијата на Република Македонија постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности и до 3°C. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите. „Во таков случај и по прва самопомош е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната ...

Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Вреди и ЗНАМ се очекува да биде формирана на 19 или 20 јуни, најави Изет Меџити од Вреди, објавувајќи дел од имињата на идните функционери од оваа коалиција. Покрај за поделбата на ресорите во новата влада и имињата на министрите, во фокус на јавноста останува двотретинското мнозинство што за измените на Законот за организација на државната управа коалициските партнери во владата во најава го обезбедија ...

Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре и задутре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. Владата, како што е посочено во соопштението, ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на ...

Докажан факт е дека храната влијае врз нашата ментална состојба. Ирски научници решија да истражуваат дали психобиотската исхрана, која е фокусирана на здравјето на цревата, исто така може да има позитивно влијание врз нашата ментална благосостојба. Што е психобиотска исхрана? Основата на овој тип исхрана е во врската црева-мозок, со тоа што дава приоритет на храната здрава за цревата за поддршка на рамнотежата на цревните бактерии (интегрални ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за ...

Денеска, во 04:15 часот, во Полициската станица Гостивар била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар – село Беловиште. Според пријавата, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Ј.Ј. од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река. Во несреќата, возачот Ј.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник, 52-годишниот А.Ф. од Гостивар, поминал со полесни ...

Овојпат, нашите сили ги насочуваме кон продукција на циклус видео интервјуа на најразлични теми: актуелни, интересни, корисни со соговорници кои и тоа како, имаат што да кажат и раскажат. Чест ни е да ви го најавиме првото Gostivarpress.mk интервју коешто ќе го емитуваме денес. Наш гостин во студиото е д-р Стојо Бошкоски, интернист-ендокринолог во гостиварската општа болница. Разговараме на теми кои се негова експертиза како дијабетот и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52