Денеска е петок, 31 мај 2024 година, 152-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 214 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 5 минути. Денов трае 15 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 1 часот и 37 минути, а ќе зајде во 13 часот и 4 минути Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...

Триглицеридите се вид на масти (липиди) неопходни за нормално функционирање на телото. Тие ни ја обезбедуваат потребната енергија, бидејќи телото ги разградува триглицеридите и ги претвора во гликоза. Триглицеридите се внесуваат во организмот преку храната и често претеруваме, па високите вредности на триглицеридите во комбинација со холестеролот се силен фактор на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, панкреатитис и дијабетес. Некои ...

Амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер попладнево беше во прва официјална посета на Гостивар, во чии рамки оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари. „Задоволство ми е што го имаме Амбасадорот за прв пат во посета кај нас. Разговараме за изборите кои поминаа, за формирање на следната Влада и за соработката меѓу двете држави. Исто така, за евентуални инвестиции во нашата општина, меѓутоа и во Република Северна Македонија ...

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес во изјава за медиумите рече дека се‘ уште нема донесено конечна одлука дали ќе седне на министерското место во здравство во новата Влада, како што се зборува изминатиот период во јавноста. Вели, тоа ќе биде познато на почетокот од следната седмица. „Немам се‘ уште дефинитивна одлука, се надевам дека во понеделник ќе имаме дефинитивна одлука дали ќе продолжам како министер за здравство или ќе ...

СВР Тетово информира дека вчера (29 мај) во 8.30 часот во Полициското одделение Маврово, М.М.(45) од Маврово пријавил дека, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од А.И.(52) од гостиварска Горна Бањица, кој употребил и дрвен предмет. Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Исто така, вчера во 20.30 часот во Полициското одделение Галате, А.Е.(41) од гостиварски Сенокос пријавил ...

Институтот за меѓународни финансии (ИИФ) објави дека светот е заробен во долгови од 315 трилиони долари, што е најголем раст во изминатите 80 години. Бранот на раст на глобалниот долг е најголем, најбрз и најраспространет од Втората светска војна, што се совпаѓа со пандемијата Ковид-19. Ова зголемување го означува вториот последователен квартал на раст и првенствено се однесува на пазарите во развој, каде долгот се искачи на невидени 105 ...

Полицијата во изминатите 24 часа регистрира неколку случаи на семејно насилство на гостиварското подрачје. Во продолжение информациите од полицискиот билтен: На 29.05.2024 во 17.15 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Ф.Н.(19) од селото. Истиот ден околу 17.00 часот тој бил пријавен од неговата мајка дека агресивно се однесувал и оштетил дел од покуќнината. Исто така, при преземање ...

Министерството за труд социјална политика информираше дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2023/2024 година. Од МТСП потсетуваат дека исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: -за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, -за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, -за третиот мерен период ...

МВР информира дека вчера (29 мај) во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на 10 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната. „При приведувањето кај него биле пронајдени и ...

Бигорски манастир, по вторпат, беше средиште на еден несекојдневен културно-уметнички настан – детската ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. Истата беше организирана од претседателката на оваа меѓународна детска ликовна колонија, Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Славчо Неделковски. Стотина млади ликовни уметници од 20 земји во светот, со своите штафели, четки и палети и ...

Реал Мадрид повторно е финалист во кошаркарската Евролига – совладувајќи го Олимпијакос, а во битката за трофејот ќе игра против уште една грчка екипа, Панатинаикос. Во второто берлинско полуфинале, кое беше реприза на финалето од минатата сезона, Реал го синоќа го победи Олимпијакос со 87-76 (28-10, 28-27, 15-21, 16-18). Реал е рекордер по бројот на титули во Евролигата. Единаесет пати беше на врвот на Европа, а уште девет пати играше во ...

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со комбинација на неколку гени од двајцата родители. На пример, има најмалку 700 секвенци во генетски код на една личност коишто може да влијаат на висината, кожа, бојата на косата и очите итн. Иако повеќето наследени гени се пренесуваат од двајцата родители, некои особини се типично и директно поврзани со мајката. Следат неколку примери. Знаците на стареење Како што старее, ...

Поради тоа што во текот на летните месеци на подрачјето кое го покрива СВР Тетово, се очекува да се вратат голем број иселеници кои привремено работат и живеат во странство, се преземаат мерки и засилени активности за да се овозможи нормален и тековен сообраќај низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, во врска со погрешно и непрописното паркирање на возилата, информира полицијата. Од СВР напоменуваат и дека се разговарало со ...

Понесени од духот на сплотеноста, придонесување во општото добро, возбудата и трудољубивоста на некогашните младински работни акции, неколкумина ентузијасти од Гостивар пред околу пет години формираа Здружение на акцијаши, преку кое прават напори да спроведуваат општокорисни активности и да се вклучуваат во организирани настани низ земјава и екс-југословенските простори. Гостиварското здружение носи име „Акцијаш“, а неговите членови навистина ...

Рускиот претседател, Владимир Путин и се закани на Европа со сериозни последици доколку на Украина и се дозволи во иднина да користи прецизно оружје со голем дострел доставено од Запад врз руска територија. Тој навести дека Русија може да преземе воени контрамерки и рече дека особено помалите земји не треба да заборават дека нивните територии не се големи и дека се густо населени. Путин, кој ја започна руската агресивна војна против Украина пред ...

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој ...

Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека неексплодираните убојни средства пронајдени вчера (28 мај) во Гостивар се артилериски гранати од калибар 100мм кои датираат од Првата светска војна. „На лице место е излезен пиротехничар од ПОЗС-Куманово кој изврши увид на гранатите и истите се остранети и однесени на безбедно место.“, соопшти ДЗС. Неексплодираните убојни средства (НУС) ќе се уништат од страна на пиротехничарите на Дирекцијата ...

Центарот за управување со кризи утрово информираше дека, вчера (27 мај) регионалниот ЦУК Тетово, известил дека во 12.53 часот е добиена пријава за пронајдено неексплодирано убојно средство при изведување на градежни работи на ул.„ЈНА“ во Гостивар. Од ЦУК наведуваат дека веднаш се известени МВР – ПС Гостивар и ДЗС Гостивар, местото било обезбедено, а потоа и безбедно подигнато средството од страна на ДЗС. Се предупредуваат граѓаните ако случајно ...

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар од денес поставена е изложба на фотографии од Бобан Китановски на кои се претставени убавините на македонските планини. Триесетте изложени фотографии се создадени во тек на планинарски тури на друштвото Трансверзалец-Скопје, во рамки на проектот Предизвик 12 врвови. „Проектот започна пред 8 години, а идејата како планинарско друштво ни беше да посетиме планини кои не се така посетувани и да искачиме некои ...

На интернет-просторот деновиве се препорачува нов пијалак за којшто голем број жени тврдат дека благотворно влијае на кожата, спречува брчки и помага за побрзо слабеење, пишува „Крстарица“. Напитокот се состои од следното: два излупени портокали, четири – шест моркови, три сантиметри исечен ѓумбир и малку вода. Подготовка: Сите состојки се мелат во соковник, па сѐ тоа се процедува. Ако нема вообичаена кујнска цедалка, добиената смеса може да се ...

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека досега нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран сендвич со шунка од 500 грама со рок на употреба 31.05.2024 година, лот број 1413100, поради утврдено присуство на бактеријата листерија моноцитогенес, кој според пишувањата во медиумите, се повлекува од пазарот во некои од државите од ...

СВР Тетово информира дека вчера (27 мај) во 10 часот во ОВР Гостивар, 42 – годишна жена од Струмица, со привремен престој во Гостивар, пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер М.Д. од гостиварско село. Исто така, вчера во 22.20 часот во СВР Тетово, 43-годишна гостиварка пријавила дека во близина на тетовска Брвеница била физички нападната од нејзиниот партнер Б.М.(40) од гостиварска Бањица. Полицијата извести дека се преземаат ...

Со 76 гласа „за“ и шест „против“ Африм Гаши е избран за претседател на Собранието. Со неговиот избор и давањето на свечената заклетва заврши конститутивната седница на Собранието. За новата функција Гаши беше предложен со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“. Претходно Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ рече дека Африм Гаши е кандидат кој има големо искуство во Собранието и дека ги ...

Во земјава има висок процент на жени кои не можат да си дозволат пристап до менструални производи. Во истражување спроведено пред неколку дена со кое биле опфатени 1.118 испитанички, 34 отсто одговориле дека немаат пристап до менструални производи поради високата цена, информираа денеска од здружението „Новинари за човекови права“ по повод Меѓународниот ден за подигнување на свеста за менструалното здравје. Беше презентирана компаративна анализа ...

Со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, претседателот на Алтернатива која е дел од Коалицијата „Вреди“ Африм Гаши е предложен за претседател на Собранието. Пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија собраниската сала, каде се одржува конститутивната седница на новиот собраниски состав. Изет Меџити од коалицијата „Вреди“, како предлагач, кажа дека Гаши е осум години односно три ...

Бардот на македонското новинарство и публицистика од Гостивар, Киро Кипроски го издаде своето 13-то дело. Станува збор за монографија со наслов „Светот без Македонија не е цел“ во која се поместени оригинални новинарски текстови, кои во времето кога настанале, авторот акцентот го става на актуелностите, анегдотите и заткулисните игри. Монографијата од околу 300 страници е поделена во два дела. Првиот: Забележано необјавено и вториот: Наш став, ...

На 27.05.2024 во 10.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар, во близина на Сенечки ливади, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(76) од Гостивар, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.М.(49) од Гостивар, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. Сподели ја веста: ...

Иако починал пред 63 години, Ернест Хемингвеј, познатиот американски писател, раскажувач и новинар, продолжува да ја интригира светската јавност. Имено, и во литературните дела на големиот ум кој си го окончал животот на скоро 62 години, се забележува таа сложена личност. Околу 30 години откако го нарекол својот татко „кукавица“ затоа што се застрелал, и Хемингвеј се самоубил, пукајќи се со ловечка пушка. Неговата сопруга Мери го нашла на прагот ...

Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку гостиварски детски градинки започна со практично имплементирање на едукативен проект ,,Чекор по чекор“, со цел дечињата од мала возраст да се запознаат со сообраќајните правила и да развиваат сообраќајна култура и одговорност. Како што информираа од МВР во проектот ќе бидат опфатени околу 2.450 деца на предшколска возраст од 12 тетовски и 11 гостиварски детски градинки. „Стручно обучени полициски ...

Составот на новата влада е пред финален договор. Според информации од работните групи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат министри во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за надворешни работи, за земјоделства, шумарство и водостопанство, за локална самоуправа, за одбрана, за енергетика, за политички систем и други. Коалицијата Вреди ги добива министерството за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57