
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Комисија ќе утврдува нерегуларности во текот на испитот од државната матура, а првпат Државниот испитен центар ќе формира десет комисии – за секој од наставните предмети вклучени на матурата, кои ќе констатираат неправилности во текот на оценувањето. Комисијата за прекршувања на правилникот за полагање државна матура за време на одржувањето на испитот, која постапувала и во минатите години, е веќе формирана и ќе подготви извештај врз чија основа ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ја одржа првата редовна координација во новиот собраниски состав, на која, главно, е дискутирано за конституирањето на комисиите, како и на неформалните работни тела во законодавниот дом. Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши притоа информирал дека кон крајот на оваа работна недела треба да се одржи нова седница на Собранието, со цел верификација на останатите два мандата на ...
СВР Тетово информира дека во рамките на континуираните активности што ги презема за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (2-ри јуни) во периодот од 15 до 22 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (Тетово-23 и Гостивар-19), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 32 (ТЕ-15 и ГВ-17), 8 возачи (ТЕ-6 и ...
Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 ...
Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер. Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 13 до 28 степени. Времето во наредните денови од новата работна седмица ќе биде сончево и топло со мала до ...
Претседателот на Србија и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ, во обраќањето од изборниот штаб на напредњаците, заедно со коалиционите партнери СПС со Ивица Дачиќ, Заветници и други, прогласи победа на СНС на локалните избори и порача дека „СНС влегува во нова ера и дека имаат отворен мандат за се што побарале од народот“, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ во обраќање од изборниот штаб на СНС, по гласањето на локалните ...
Полициски службеници ноќеска привеле разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна. „Ноќеска во 03.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.Ш.(36) од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик“, се наведува во ...
Некои луѓе немаат никакви проблеми со возењето, се чувствуваат целосно спокојно, не чувствуваат гадење, па дури и можат да спијат на пат. За други пак, возењето автомобил е вистински кошмар и предизвикува немир во стомакот. Доколку спаѓате во таа група на луѓе, овие намирници можат да ви бидат од голема помош. Кога станува збор за кратки но и подолги дестинации, автомобилот е најчестото превозно средство, а според мислењето на многумина и ...
МВР информира дека вчера (1 јуни) во 15 и 35 часот полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(20) и Х.В.(35), двајцата од Кавадарци, како и Ж.З. на возраст од 56 години од Гостивар. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „нелегално поврзување во електрична мрежа и кражба на електрична енергија“, казниво по член 235 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе ...
Во манастирот „Свети Јован Бигорски“ денес беше промовирано најновото дело на новинарот, патеписец и публицист од Гостивар Киро Кипроски – монографијата „Светот без Македонија не е цел“. Книгата, 13-та по ред, е круна на богатата новинарска кариера на овој неуморен автор. „Сите досетки на коишто сум присуствувал автентично сум ги пренесол, како што биле. Секоја страница во оваа книга има своја историја, своја приказна и сите се интересни случки ...
Шери доматите се помала верзија на доматите. Често се сметаат за посочни, послатки и повкусни. Постојат многу начини на кои шери доматите може да се користат во секојдневното готвење Шери доматите и обичните домати имаат слични нутритивни вредности, но во некои сегменти може да се разликуваат. И двете се исклучително хранливи и содржат витамини, минерали, влакна и антиоксиданси кои се корисни за здравјето. Светло црвените домати ја формираат ...
Кога се говори за „превенција и третман“ на пијанството и мамурноста, постојат многу идеи, совети, „лекови“… Нo, сѐ тоа, сепак, доста често завршува „со главата под перница“ и реченицата „Никогаш повеќе“! Затоа, научниците од швајцарскиот универзитетски Федерален институт за технологија во Цирих тврдат дека сега го нашле вистинскиот лек. Станува збор за „хидрогел“ којшто „може да ги намали штетните и опојни ефекти на алкохолот“, велат ...
Вкупно 28 лица се лишени од слобода во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а се однесува на сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи. Лицата се уапсени на 31 мај и 1 јуни во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и ...
Гостивар доби мобилна апликација преку која граѓаните можат да пријават загаденост на воздухот, диви депонии, пожари кои ги палат земјоделците во пролетната и есенската сезона или полни контејнери. Апликацијата EcoAlertGostivar е лансирана во рамките на проектот „Институционално зајакнување преку активно граѓанство“ кој го спроведува Центарот за младинско образование и посредување CYEM Гостивар. „Општина Гостивар за овој проект е потписник на ...
Развој на политики кои ќе ги стимулираат жените да се вратат на пазарот на труд, поддршка од државата и работодавачите во однос на обврските на жената во семејството, адресирање на сите извори на родовите разлики и дизајнирање на нови иновативни технолошки решенија кои ќе овозможат поголема финансиска инклузија на жените, се политиките кои ќе придонесат кон поголема вклученост на жените во економијата, а со тоа и забрзување на економскиот раст, ...
Државната комисија за спречување на корупција ги повикува избраните функционери, да ги почитуваат начелата, обврските и забраните утврдени во Уставот, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Законот за пратеници, Законот за собранието и Изборниот Законик. Преку соопштение по завршување на изборите за пратеници во Собранието, ДКСК потсети на неколку уставни начела како што се неспојливоста на функцијата претседател на Владата ...
Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература. По повод почетокот на ...
Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука. Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен ...
Здравствените придобивки од лимонот се доволна причина да го вклучиме ова цитрусно овошје што е можно повеќе во нашата секојдневна исхрана за да го одржиме доброто здравје. Лимонот е цитрусно овошје познато по кисел, горчлив вкус и светло жолта боја. Тој е преполн со витамин Ц и антиоксиданси кои поддржуваат различни аспекти на здравјето. На пример, водата со лимон се здоби со голема популарност бидејќи помага да се намали ризикот од камења во ...
Поранешниот претседател Доналд Трамп пркосно одговори на неговата пресуда за 34 кривични дела, што ја означи кулминацијата на историското судење за премолчување на пари. Осудувајќи го судењето како „срамота“, Трамп жестоко остана на својата страна дека е невин, прогласувајќи се себеси за „невин човек“ пред новинарите. „Ќе продолжиме да се бориме“, рече Трамп. „Ќе се бориме до крај и ќе победиме“. „Мајка Тереза не можеше да ги победи овие ...
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) синоќа со жрепка во Загреб го одреди составот на групите за Светското првенство во 2025 на кое македонската репрезентација во првата фаза ќе игра против Холандија, Унгарија и дебитантот Гвинеја. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се дел од групата Д во која натпреварите ќе се играат во Вараждин. Жрепката одлучи македонските ракометари да се вратат во хрватскиот град во кој ги одиграа натпреварите од ...
Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), ...
Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. ...
Цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечjе од годинава пораснале за 3,8 проценти во споредба со првото тримесечје од 2023 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво. Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и ...
Со Министерството за внатрешни работи од денеска ќе раководи Назим Буши, соопштија од МВР. Досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Назим Буши, досегашниот заменик министер за внатрешни работи. Претходно, на фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски напиша дека откако во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати ...
Секторот за внатрешни работи Тетово извести дека на 3, 7, 10, 12, 13-ти јуни со почеток од 07.00 до 15.00 часот во стрелачкиот центар „Еребино“ Општина Желино, ќе се врши боево гаѓање, што секоја година се спроведува со припадници на тетовската полиција. Исто така, на 5-ти јуни во место викано „Мавровска брана“ во Маврово, на 6-ти јуни во ростушкото село Аџиевци и на 3 и 4-ти јуни во импровизираното стрелиште на местото викано „Рудина“ во село ...
Доналд Трамп стана првиот претседател во историјата на САД кој е осуден за сторено кривично дело. Поротата во Њујорк синоќа го прогласи за виновен за фалсификување документи и поткуп на актерка во филмови за возрасни, што се случило пред изборите во 2016 година. По разгледувањето на исказите и доказите презентирани пред судот и врз основа на тоа каква одлука да донесе, а за тоа дискутираа два дена, сите 12 поротници го прогласија Трамп за ...
До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје – Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница. „Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката“, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што ...