
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Изложувањето на растенијата на монотон звук ја стимулира активноста на габите, коишто пак, може да поттикнат побрз развој на растенијата, покажува ново истражување. Наодите на Универзитетот „Флиндерс“ во Аделаида, Австралија, се објавени во списанието „Бајолоџи летерс“ (Biology Letters). Ова откритие оди во насока на потврда на можноста дека музиката може да биде корисна за побрз раст на земјоделските и градинарските култури. И забавно-научното ...
Недостатокот на железо е состојба кога телото нема доволно од овој минерал неопходен за производство на црвени крвни зрнца, кои се важни за здрав имунолошки систем, човечки ментални функции, мускулна сила и енергија. Во црвените крвни зрнца, железото е дел од протеинот наречен хемоглобин. Хемоглобинот носи кислород од белите дробови преку крвта до сите клетки во телото за да можат да функционираат правилно. Овошјето богато со железо во ...
Не е секогаш лесно да се одржува совршена рутина за вежбање, секогаш да се храниме здраво и да спиеме доволно секоја вечер. Но, ако целосно ги игнорираме овие навики, можеме да почувствуваме несакани последици кои не само што не фрустрираат и забавуваат секој ден, туку можат да доведат до посериозни здравствени проблеми во иднина. Некои од работите кои можат да бидат знак дека не сте доволно посветени на вашето здравје се: Мозочна магла Немојте ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 77,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денари и ќе ...
Насмеани, радосни дечиња претпладнево му дадоа поубав и потопол изглед на гостиварскиот плоштад, кој беше место од каде градинките го отпочнаа одбележувањето на Детската недела. Тоа е традиционална манифестација која се организира секоја година почнувајќи на првиот понеделник од месец октомври. Децата од големите групи од градинките во Гостивар заедно со своите воспитувачки испратија пораки врзани со детските права: на образование, безгрижно ...
СВР Тетово соопшти дека вчера (6 октомври) во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од Скудриње, општина Маврово и Ростуше. Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени. „Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека наскоро ќе биде постигнат договор со СОНК за покачување на платите на наставниците годинава. На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии за поголем буџет за идната година за кога, рече, е предвидено зголемување и на средствата за наука, пред се за научните институции. -Се работи на правилникот, се надевам ...
На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари. Најголемиот неделен скок на ...
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар испитувана во приватна лабараторија со која „Комуналец“ има договор излегла небезбедна за пиење, додека анализите на гостиварскиот Центар за јавно здравје го покажале спротивното. Сега се чека на резултати од Центарот за јавно здрвје во Скопје за дефинитивно да се знае дали граѓаните може да ја консумираат водата. Оваа информација денес ја сподели гардоначалникот, Ваљбон Лимани. „Резултатите од компанијата ...
По повод 25-годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, утрово се отслужи Божествена литургија во архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски” во Скопје. Со литургијата, чиноначалствуваше Неговото Блаженство, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на нашата Света Црква и на бројни свештенослужители. ...
Денеска е понеделник, 7 октомври 2024 година, 281-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 85 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 40 минути, а ќе зајде во 18 часот и 7 минути. Денов трае 11 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 11 часот и 21 минута, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Цимет ролните се рецепт на кој секогаш со задоволство се враќаме кога ќе дојдат првите студени и дождливи есенски денови. Зачудувачкиот мирис на циметот што се шири од рерната додека се пече ќе ги разубави и најмрачните утра, а нивниот совршен вкус ќе предизвика насмевка на вашето лице и ќе ви даде доволно енергија за напорен почеток на денот. Цимет ролните бараат малку повеќе труд и трпение, но крајниот резултат апсолутно вреди. Потребни ...
СВР Тетово информираше дека рано утрово во 04.35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Србиново на мостот кај Беловиште, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(45) од Р.Турција, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н.(22) и О.Т.(23), двајцата од Р.Турција, констатирани во Општата ...
Акумулаторот е еден од најважните делови на автомобилот и неговиот дефект може да биде многу фрустрирачки за возачите, особено во постудените месеци што доаѓаат, кога акумулаторите ја покажуваат својата најголема слабост. Но, колку всушност трае просечниот акумулатор и кога треба да го проверите? За жал, акумулаторите не траат вечно. Тоа е затоа што, како и кај секоја батерија, бројот на циклуси на полнење и празнење е ограничен. Особено зимите ...
„Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите“, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни. Екипите на ДПИ, ...
Редовните медицински прегледи се клучен дел од грижата за здравјето. Иако многу луѓе ги одложуваат прегледите ако не чувствуваат никакви симптоми, раната детекција на проблеми може да спаси животи. Еве зошто е важно редовното медицинско прегледување: Рана дијагноза на болести Многу здравствени состојби, како висок крвен притисок, дијабетес или рак, може да се развиваат тивко, без видливи симптоми. Со редовни прегледи, лекарите можат да ги ...
Зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете, како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе, финансиска поддршка за мајките кои се вратени од породилно отсуство, ин-витро постапка со можност секоја жена да добие до шест бесплатни оплодувања, „Дом за млади – купи куќа за младите“, поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца и програма „Добродојдовте дома“ за поддршка на лицата кои ќе ...
Изминатиот период во Гостивар се интензивираа контролите на општинскиот инспекторат во однос на урурпирање на јавните површини, како и фрлање на отпад надвор од местата предвидени за таа намена. Во рамки на контролните акции, инспекторатот вршеше отстранување на возила паркирани на зелени површини, тротоари и слично, а беше спроведено и остранување на тезги кои го попречуваат слободното движење на пешаците. Како што информираа од општина ...
Денешниот датум, 5 Октомври ширум светот се одбележува како Меѓународен ден на учителите, кој за прв пат е востановен во 1993 година од страна на УНЕСКО. Просветните работници се најодговорни и најважни членови на општеството бидејќи нивните професионални напори влијаат врз судбината на земјата. Постои поговорка: Добрите наставници знаат како да го извлечат најдоброто од учениците. По повод 5 Октомври МОН упати честитка до сите просветни ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10 октомври) и против Ерменија во Ереван (13 октомври) од Лигата на нации. На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери: голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски; одбрана: Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан ...
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талот од 65 литри на метар квадратен До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во Прилеп, ...
Во Тексас започна изградбата на првиот хотел во светот што се гради со помош на 3D печатач. Проектот, кој се реализира во пустинскиот дел на Тексас, користи огромен 3D принтер што слој по слој гради структури. Хотелот „Ел Космико“, кој веќе постои како хотел и камп на периферијата на Марфа, Тексас, сега се проширува со дополнителни 43 хотелски единици и 18 станбени куќи, сите изградени со технологија за 3D печатење. Зад проектот стојат ...
Јавното претпријатие Комуналец Гостивар попледнево извести дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. „Поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, избегнувајте пиење вода од чешма. Работиме на решавање на овој проблем и ќе ве известиме ...
Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата. Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северо-западните делови на земјата каде за време на престојната ноќ локално според прогностичките модели се очекува да паднат над 40 l/m2 дожд. „Доколку се остварат прогнозите и врнежите бидат интензивни, на мали ...
Гостивар по осми пат ќе биде домаќин на повеќе театари од земјава и странство во рамки на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“. Манифестацијата почнува во понеделник (7-ми октомври) , а на отворањето публиката ќе може да ја проследи претставата „Итроштините на Патук“ на Тетовски театар. Во рамки на фестивалските вечери ќе бидат изведени уште пет претстави на театри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Грција. „Со големо ...
Промена на раководното место во Хидоренергетски систем „Маврово – Гостивар“. Управниот одбор на АД ЕСМ за директор на подружница ХЕС „Маврово – Гостивар“ го назначи Александар Левкоски, информираа денес од компанијата. Лавкоски е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство во АД ЕСМ, а со мавровскиот хидроенергетски систем раководеше и претходно. Од компанијата соопштија дека за директор на ХЕЦ „Тиквеш – Кавадарци“ е поставен ...
Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите. Во текот на изминатата ноќ, обилните врнежи создадоа порои кои централните делови на повеќе градови ги претворија во реки. Поплавени се станбени и деловни објекти, а сообраќајот е во целосен застој. Според информациите од Градската служба за спасување во ...
Амбасадорот на Москва во Израел ги повика руските граѓани да ја напуштат земјата, откако Иран истрела речиси 200 проектили врз еврејската држава како одговор на нападите на ИД врз Либан. Говорејќи за новинската агенција ТАСС, Анатолиј Викторов изрази тревога поради „засилената ескалација“ на Блискиот Исток. „Ги советуваме оние кои моментално се во Израел да размислуваат за заминување додека се уште има редовни летови“ со авиокомпании, ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 октомври 2024 ...