СВР Тетово информира дека вчера (23.09.2025 година) во 14:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица ,,Мајор Чеде Филиповски“ го лишиле од слобода Г.О.(49) од Равен, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело кражба, пријавена на 19.09.2025 година од М.А.С.(30) од Гостивар. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата. Исто така ...

На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Г.И.(66) од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот. Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на регионалниот ...