Вардар е во средината на подготовките во Норча, Италија. Експедицијата на црвено-црниот тим брои 38 фудбалери, а десет од нив доаѓаат од младинската школа на клубот и се влог за иднината. Во екипата има играч од секоја линија, а најбројни се офанзивците. Со тимот се наоѓа најдобриот стрелец на помладите пионери, Огнен Јаков, кој е најмлад и е роден 2010 година. За него ова е прва првотимска шанса. Исто така тука е и Матеј Николов, играч кој ...

Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим, го „повлекол“ првиот потег откако дојде во славниот италијански клуб, а се однесува на тројца важни првотимци. Аморим ги контактирал Мајк Мењан, Адриен Рабио и Страхиња Павловиќ, на кои им соопштил дека планира да бидат меѓу најважните алки во составот и дека клубот нема намера да ги продаде во текот на преодниот рок. Тројцата фудбалери беа значаен фактор изминатата сезона и прикажаа одлични партии, а ...

Фудбалската селекција на Курасао го освои првиот бод во својата историја на Светското првенство, бидејќи одигра 0-0 против Еквадор во Канзас, а херој на натпреварот беше голманот Елој Рум со дури 15 одбрани. Рум со тоа постави нов рекорд на Светското првенство по бројот на одбрани во еден натпревар од 90 минути (15), без продолженија, и практично го запре тимот кој доминираше од првата до последната минута. Еквадор фантастична шанса за ...

Поранешниот италијански репрезентативец и светски шампион од 2006 година, Мауро Каморанези, е нов тренер на АЕК Ларнака. Аргентинецот со италијански пасош го презема кипарскиот прволигаш пред почетокот на сезоната 2026/27, откако претходно работеше со екипите на Кармиотиса и Анортозис. Каморанези како играч остави длабока трага во европскиот фудбал, особено во дресот на Јувентус, а беше дел и од златната генерација на Италија која ја освои ...

Легендарниот уругвајски напаѓач, Единсон Кавани, ја заврши соработката со Бока Јуниорс и официјално станува слободен агент на 39-годишна возраст. „Матадорот“ имаше договор со Бока до крајот на декември, но реши да замине од славниот клуб и да побара нова средина во богатата кариера. Во Бока мина три години и постигна 28 голови на вкупно 82 одиграни натпревари. Годинава имаше проблеми со повредите и запиша само два настапи, што беше јасен ...

Скоро е сигурно дека Јанис Адетокумбо ќе го напушти Милвоки и веќе се поврзува со неколку НБА екипи, јавија американските медиуми. Меѓу клубовите што се во игра за неговиот потпис се Мајами, Голден Стејт и Бостон. Сепак, според познатиот НБА инсајдер, Џејк Фишер, во игра повторно се вратила и Минесота. „Ми беше кажано дека Тимбервулвс повторно контактирале со Бакс оваа недела за да проверат што би било потребно за уште еднаш да се обидат да ...

Фудбалската селекција на Германија ја запиша втората победа на Светското првенство, откако по пресврт славеше над Брегот на Слоновата Коска со 2-1 (0-1). Европската селекција по убедливиот триумф над Курасао вечерва потфрли во Торонто, но за среќа во своите редови го има неверојатниот Дениз Ундав, кој игра Мундијал од соништата и беше автор на двата погодоци. Со овој триумф Германија веќе го обезбеди пласманот во нокаут-фазата. Иако беше ...

Малага повторно е дел од шпанската фудбалска елита. Андалузискиот клуб обезбеди враќање во Ла Лига по осумгодишно отсуство, откако славеше на гостувањето кај Алмерија (2-1) во рамки на баражот и го комплетираше големото враќање меѓу најдобрите. Приказната на Малага е една од најемотивните во шпанскиот фудбал. Пред 14 години клубот настапуваше во Лигата на шампионите и стигна до четвртфиналето на елитното натпреварување, додека пред само ...

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп, ги предупреди своите играчи да не го потценуваат Ирак пред натпреварот од второто коло во групната фаза на Светското првенство. Франција отвори одлично, го победи Сенегал во првата рунда и ќе биде огромен фаворит против Ирак, но Дешамп е внимателен и не дозволува опуштање во неговиот табор. „Не смееме да го потцениме противникот. Ирак не е мала репрезентација и мора да му пристапиме со ...

Беласица и досегашниот шеф на стручниот штаб Панче Стојанов спогодбено ја прекинаа соработката. Од струмичниот клуб изразија голема благодарност до Стојанов за неговиот ангажман, посветеност и професионален однос во периодот што го мина на клупата на Беласица. „ФК Беласица сака искрено да му се заблагодари на Панче Стојанов за неговиот ангажман, посветеност и труд во нашиот клуб. Во периодот поминат со нас како шеф на стручниот штаб, тој ...

По големиот успех и пласманот во Суперлигата, Младост 1977 веќе активно работи на формирање конкурентен тим за настап во елитното македонско ракометно друштво. Од клубот соопштија дека на сите ракометари кои придонесоа за суперлигашката промоција им била понудена понатамошна соработка, но дел од нив нема да продолжат во дресот на тимот од Богданци. Станува збор за Лазар Адамовиќ, Кристијан Костадиновски, Никола Димитров, Жоао Диас Гекас и ...

Парагвајскиот судија Габриел Бенитез се најде во центарот на вниманието во 20 минута од натпреварот меѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство. Фудбалерот на Баерн Минхен, Александар Павловиќ постигна гол за водство на европскиот гигант, но главниот судија го поништи – поради наводен прекршок над противничкиот голман Фофана. Погледнете ја ситуацијата и сами проценете дали парагвајскиот судија ја донесе правилната ...

Бразилската репрезентација доби добри вести по натпреварот со Хаити, откако првичните лекарски прегледи покажале дека повредата на Рафиња не е од посериозна природа. Крилниот напаѓач на Барселона предизвика загриженост кај стручниот штаб на „кариоките“ кога во текот на првото полувреме почувствува болка во мускулот на десната бутина и мораше предвреме да го заврши настапот. Веднаш по натпреварот беше ставен под медицински надзор, а во денеска ...

Управата на Реал Мадрид се огласи со соопштение, во кое потенцира дека немала никаков директен или индиректен контакт со ѕвездата на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, или, пак, со неговите официјални претставници. Мадриѓаните исто така сакаат да го нагласат одличниот институционален однос што го одржуваат со Баерн Минхен, со кого делат долга историја на меѓусебно почитување, соработка и восхит, и жали за ширењето на шпекулации што не одговараат на ...

Српскиот ракометен тренер, Ненад Максиќ, официјално ја презема белградска Црвена Звезда, јави клупската управа. Поранешниот тренер на Партизан сега ќе работи кај лутиот градски ривал, каде ќе го замени Андреја Вукојевиќ, кој ја напушти Звезда во текот на оваа недела. Во текот на кариерата, Максиќ во три наврати беше дел од Црвена Звезда, а за овој клуб настапуваше и во 2008 година, кога „црвено-белите“ последен пат ја освоија шампионската ...

Фудбалската селекција на Холандија ја забележа првата победа на Светското првенство, откако во европското дерби со Шведска славеше убедливо со 5-1 (2-0). По ремито со Јапонија во првото коло, избраниците на Роналд Куман покажаа многу поголема агресивност и решителност, а тоа им донесе значајни три бода и речиси сигурен пласман во нокаут-фазата. Шведска, пак, по убедливиот триумф над Тунис, во третото коло ќе мора да го поправи впечатокот со ...

Германија и Брегот на Слоновата Коска со по три бода ќе влезат во меѓусебниот дуел во Торонто, а на еден час пред стартот на натпреварот познати се почетните состави кај двете селекции. Јулијан Нагелсман се потпре на истите фудбалери кои го декласираа Курасао, додека во првиот тим на африканците се најде асот на Манчестер Јунајтед, Амад Диало, кој ѝ ја донесе победа на селекцијата на дуелот со Еквадор. ГЕРМАНИЈА (4-2-3-1): Нојер; Кимих, Тах, ...

Македонскиот фудбалер Ване Јованов го продолжи договорот со унгарскиот клуб Нирегихаза, каде пристигна во текот на зимскиот преоден рок од редовите на хрватскиот Вараждин. За унгарскиот тим одигра тринаесет натпревари, оставајќи солиден впечаток, што му донесе нова соработка со важност до 2028 година. Јованов е фудбалски производ на Бегалница од Штип, клуб во кој ги направи првите професионални чекори, а во својата кариера има настапувано и ...

Македонската сениорска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2029, а првата проверка на сработеното ќе биде против Бугарија. По неколкудневната работа во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал во недела ќе отпатуваат за Самоков, каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар во овој подготвителен период. За дуелот против ...

Српскиот суперлигаш Железничар од Панчево го промовираше првото засилување за новата сезона, англискиот дефанзивец Били Џи. 20-годишниот стопер потпиша договор до 2029 година и доаѓа како инвестиција за иднината, откако помина низ академијата на Челзи, а последните две сезони настапуваше за развојниот тим на Норич. „Многу сум среќен што сум тука. Од првиот момент имам одличен впечаток за клубот и градот. Се работи за вистинско семејство и ...

На репрезентацијата на Холандија не ѝ требаше многу време за да поведе на натпреварот против Шведска на Светското првенство. „Лалињата“ го отворија резултатот уште во шестата минута, кога Коди Гакпо подели одлична топка за Брајан Броби, кој немаше проблем да ја смести во мрежата на голманот Нордфелд. За Броби, кој сезонава блесна во дресот на Сандерленд, ова е прв мундијалски погодок во кариерата, или вкупно втор во дресот на националниот ...

Двете македонски селекции до 17 години забележаа порази на вториот ден од турнирот „Рисинг Старс“ во Букурешт. Машката репрезентација убедливо загуби од Грција со 50-94, во натпревар во кој противникот уште во првата четвртина направи висока предност (32-7) и практично го реши победникот. Стевков беше најефикасен со 16 поени. Пораз претрпе и женската селекција, која беше совладана од домаќинот Романија со 58-27. Нашите кошаркарки немаа сили ...

Американецот Тејлор Фриц е првиот финалист на турнирот во Хале, откако во полуфиналето славеше против домашниот фаворит Александар Зверев со 2-1 во сетови. Деветтиот тенисер во светот до победата стигна по голема борба која траеше два часа и 44 минути, а резултатот по сетови беше 7-6/4, 4-6, 5-7. Зверев на турнирот пристигна во одлична форма по големиот успех на Ролан Гарос, но не успеа да ја продолжи победничката серија. Германецот во ...

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, оствари победа во спринт трката за Големата награда на Чешка, која се возеше на патеката во Брно. Бањаја дојде до својот прв триумф сезонава во спринт трките, откако целта ја мина со време од 18:55,527 минути. Зад него заврши возачот на Трекхаус Рејсинг, Аи Огура, кој заостана само 0,241 секунда, додека трет беше актуелниот шампион Марк Маркес, исто така од Дукати, со 0,794 секунди негатива. Главната трка ...

Арина Сабаленка доживеа изненадувачки пораз во полуфиналето на турнирот во Берлин, откако беше совладана од Џесика Пегула со 2-1 во сетови (6-4, 6-7, 6-0). Американката одигра одличен меч и не ѝ дозволи на првата тенисерка во светот да го пронајде својот ритам. Сабаленка, по загубениот прв сет успеа да се врати во игра и израмни по тај-брејк, но во решавачкиот сет, на теренот постоеше само една тенисерка – Пегула. Клучен беше вториот гем, ...

Репрезентациите на Холандија и Шведска вечерва ќе ги одмерат силите во Хјустон во еден од најинтересните натпревари од второто коло на Светското првенство. Роналд Куман и Грем Потер ги избраа фудбалерите со кои ќе бркаат три бода во групата Ф кои ќе им овозможат и пласман во нокаут-фазата на шампионатот. Исак и Ѓокереш ќе бидат предводници на нападот на Шведска, додека Куман направи една промена во однос на натпреварот со Јапонија и на ...

Селекторот на Бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, изрази задоволство од играта на својот тим по убедливата победа над Хаити (3-0) во второто коло од групната фаза на Светското првенство. Бразил со овој триумф се искачи на првото место во групата со четири освоени бодови. „Одигравме комплетен натпревар, особено во првото полувреме. Во вториот дел ја контролиравме играта. Генерално, одигравме добар натпревар“, изјави италијанскиот ...

Селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман, раскажа необична случка од тренинг-кампот на Германија за време на Светското првенство. Во близина на кампот била забележана змија, што предизвикало изненадување и мала вознемиреност кај дел од присутните. Нагелсман со насмевка изјавил дека ситуацијата била необична, но дека немало вистинска опасност за играчите и стручниот штаб. „Видовме анаконда веднаш до тренинг-кампот. Се ...

Поранешниот претседател на Баерн Минхенм, Ули Хенес, остро ја критикуваше ФИФА поради високите цени, но и за организавијата на Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико. Хенес смета дека фудбалот сѐ повеќе станува недостапен за обичните навивачи и дека Светското првенство не треба да биде настан резервиран само за богатите. Според него, цените на билетите за финалето се претерано високи и многу љубители на фудбалот не можат ...

НБА е решена да го реализира проектот за ново европско клупско натпреварување, без разлика дали ќе постигне договор со Евролигата или не. Иако претставниците на најсилната кошаркарска лига во светот претходно најавија дека ќе се обидат да изградат партнерски однос со Евролигата, од последните изјави станува јасно дека проектот „НБА Европа“ ќе продолжи според планираното и доколку не дојде до компромис. Генералниот директор на НБА за Европа и ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.37
18%
1011
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
4.48
31%
1013
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.39
21%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
1.98
29%
1014
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
4.92
25%
1013
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
2.81
38%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.02
34%
1011
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.06
29%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
31%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
4.02
31%
1015
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 36ᴼ
1.79
21%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.24
100%
1013
Currency

61.4762

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Калај

55.95

Цинк

0.00

Сребро

1954.91

Родиум

269262.50

Бакар

13.37

Иридиум

252383.36

Платина

56295.96

Злато

133030.14

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.23

Паладиум

43242.75