Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Управниот одбор донесе одлука клубовите од Првата македонска фудбалска лига кои нема да ги подмират своите финансиски обврски кон Фудбалската федерација на Македонија да немаат право на учество во натпреварувањето. Фудбалската федерација на Македонија во изминатиот период во повеќе наврати излегуваше во пресрет на клубовите, овозможувајќи им одложено и етапно подмирување на обврските врз основа на меѓусебни договори. Сепак, значителен број ...
Во насока на унапредување на организацијата на македонскиот фудбал, Управниот одбор го усвои и предлог системот на ФФМ за уредување на организацијата и структурата на натпреварувањата на национално и регионално ниво во сениорскиот фудбал. Согласно усвоениот предлог, територијалната поделба на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде организирана во шест региони. Регион 1: Ги опфаќа општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче ...
Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието пред вториот натпревар на Португалија на Светското првенство 2026 против Узбекистан, откако голем дел од навивачите побараа легендарниот напаѓач да остане на клупата. Според анкетата на реномираниот португалски весник „А Бола“, мнозинството читатели не го вклучиле 41-годишниот Роналдо во својата идеална почетна постава за претстојниот натпревар. Причина за ваквиот став е неговиот настап во ...
Македонскиот кошаркарски стратег Заре Марковски има нов тренерски ангажман и во наредниот период ќе го предводи романскиот прволигаш Краиова. Клубот официјално го потврди неговото назначување, истакнувајќи дека во своите редови добива тренер со речиси три децении искуство на највисоко ниво и богата меѓународна кариера. Марковски во текот на кариерата работеше во неколку европски земји, меѓу кои Италија, Турција, Франција и Швајцарија. Беше ...
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, застана во одбрана на Кристијано Роналдо пред важниот натпревар против Узбекистан на Светското првенство. По ремито против ДР Конго на стартот на турнирот, критиките кон ветеранот стануваат сѐ погласни, но Мартинез порача дека нема никакви тензии во репрезентацијата. „Пообединети сме и посилни. Нормално е на Светско првенство да има многу бучава и притисок, тоа е дел од играта. Нема никакви тензии. ...
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал за претстојните натпревари од претквалификациите за Европското првенство ќе смета на двајца „странци“. Синоќа на тимот му се приклучи Дивејн Стјуарт Јуниор. Американскиот кошаркар на Цедевита Олимпија денес го одработе и првиот тренинг со екипата во Скопје, па ќе биде на располагање за следните предизвици. Освен на Стјуарт, шпанскиот селектор ќе смета и на уште еден ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон. Тетовчанката славеше со 2-0 во дуелот против Анхела Болуда Фита во меч кој траеше час и 19 минути. По израмнетиот старт Ѓорческа бргу се наметна и со првиот брејк поведе со 1-3. Во продолжението на сетот спаси една брејк-топка, па со вториот одземен противнички сервис дојде до 2-6 и поведе со 0-1 во сетови. Во вториот сет се играше нешто ...
Францускиот фудбал доживеа голем шок по трагичната вест за Кензо Кис, кој на само 21 година е прогласен за мозочно мртов по несреќа во реката Рон кај Лион. Според француските медиуми, инцидентот се случил во понеделникот попладне во близина на водопадите Фесин, каде четири лица биле повлечени од силна водна струја. Спасувачките екипи веднаш започнале акција, а нуркачите подоцна го пронашле младиот фудбалер и го извлекле од водата. Лекарите се ...
По триумфалниот старт на турнирот, Англија и Гана ќе се соочат во второто коло од групата Л на стадионот во Бостон, во натпревар кој носи огромен влог за двете репрезентации. Победите во првото коло ги позиционираа двете селекции на врвот на табелата со по три бода, што значи дека победникот од овој дуел практично ќе обезбеди пласман во следната рунда на Мундијалот. И не само тоа... Избраниците на Томас Тухел веќе го завршија најголемиот дел ...
Италијанскиот фудбал влегува во нова ера, откако Џовани Малаго беше избран за нов претседател на Италијанска фудбалска федерација со речиси 69% од гласовите. Според информациите на италијанските медиуми, една од првите идеи на новото раководство е враќање на Паоло Малдини во националниот тим. Легендарниот поранешен капитен на „аѕурите“ веќе е контактиран за можноста да ја преземе функцијата технички директор на репрезентацијата и постои ...
Фудбалската репрезентација на Норвешка обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство, откако во второто коло од групата И славеше против Сенегал со 3-2. Најзаслужен за новиот триумф беше Ерлинг Халанд, кој уште еднаш блесна и постигна два гола за својата селекција. По натпреварот голгетерот во свој стил го прокоментира својот настап, а доби прашање и за натпреварот од третото коло против Французите. „Моја специјалност е да ...
Екипата на Тиквеш продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а најново име во кавадаречкиот клуб е младинскиот репрезентативец Теодор Николовски. Станува збор за 20-годишен играч за врска кој пристигнува од редовите на Работнички, каде беше еден од најстандардните фудбалери во изминатата сезона. Со неговиот ангажман Тиквеш го реализира второто засилување во летниот преоден рок. Николовски зад себе има солидно прволигашко искуство и ...
Играчот од средниот ред на репрезентацијата на Гана, Томас Парти, ќе му биде на располагање на селекторот за натпреварот против Англија во второто коло од групата Л на Светското првенство. Искусниот дефанзивен играч го пропушти воведниот натпревар на „црните ѕвезди“ против Панама, кој Гана го доби со 1-0, поради проблеми со визата и забраната за патување во Канада. Во меѓувреме, Парти успеа да им се приклучи на соиграчите и веќе тренира со ...
Тимот на Дукати официјално потврди дека потпиша нов двегодишен договор со седумкратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, кој ќе продолжи да настапува во црвените бои најмалку до крајот на сезоната 2028 во кралската класа. Шпанскиот ас му се приклучи на Дукати на почетокот на 2025 година и веднаш имаше извонредна сезона, во која ја освои својата седма титула во Мото ГП. Одбраната на шампионскиот трофеј во 2026 година не започна според ...
Македонската репрезентативка Марија Јанкуловска ќе има нов предизвик во својата кариера, откако во следната сезона ќе го носи дресот на францускиот прволигаш Париз 92. Левиот бек која има 20 години претходно настапуваше за ЖРК Ѓорче Петров, а сега за првпат ќе се испроба во странство и ќе биде дел од еден од повеќе познатите клубови во францускиот шампионат. Јанкуловска потекнува од Пелистер, а на домашната сцена настапуваше и за Металург ...
Македонскиот тренер Горан Кузманоски и официјално е промовиран за нов тренер на тимот на СПЕ Строволу од Никозија, Кипар. Екипата има амбициозен проект за тамошниот ракомет, а дел од него е македонскиот стратег кој ќе го има првото интернационално искуство. Горан Кузманоски работеше во Македонија, во екипите на Прилеп, Скопје и Бутел Скопје, а исто така во моментов е селектор и на У18 селекцијата. Играчката кариера поранешниот репрезентативец ...
Мексиканката Катја Гарсија ќе испише историја на Светското првенство, откако беше делегирана за главен судија на натпреварот од групата Ф меѓу Тунис и Холандија, кој ќе се одигра во четврток во Канзас Сити. Со тоа, 33-годишната арбитерка од Мексико Сити ќе стане само третата жена која делела правда на натпревар од машките Светски првенства. Гарсија го продолжува патот што на Мундијалот во Катар во 2022 година го отвори Французинката Стефани ...
Новиот суперлигаш Младост Богданци 1977 го претстави едно од најголемите засилувања ова лето, откако во Богданци пристигна искусниот кружен напаѓач Владимир Бојаниќ. Станува збор за 205 сантиметри високиот српски интернационалец, кој неодамна доби и македонски пасош, а зад себе има богата кариера и настапи во повеќе познати европски клубови. Бојаниќ во својата кариера беше дел од Металопластика, Војводина, Горење Велење, Бешикташ и Охрид, ...
Откако стана јасно дека Интер ќе го откупи договорот на Мануел Аканџи, швајцарскиот репрезентативец реши да ја прокоментира минатата успешна сезона во дресот на „нероаѕурите“. Иако во моментов Аканџи се наоѓа на Светското првенство со својата селекција, најде време да поразговара со медиумите, на кои им рече дека неговиот престој во Милано го оценува како повеќе од успешен. „Мислам дека имавме феноменална сезона, иако потфрливме во Лигата на ...
Летото во НБА ќе биде во знакот на Јанис Адетокумбо, откако стана јасно дека двократниот МВП ќе ја напушти екипата на Милвоки Бакс и кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит. Иако во изминатиот период како потенцијални дестинации за грчката ѕвезда се споменуваа Бостон Селтикс и Минесота Тимбервулвс, според информациите на американските медиуми, токму Мајами успеал да ја добие трката за потписот на Адетокумбо. Во замена за еден од ...
Фудбалската репрезентација на Алжир ја забележа првата победа на Светското првенство 2026, откако во натпреварот од второто коло во групата Ј со пресврт го совлада Јордан со 2-1. Со освоените три бода, избраниците на Владимир Петковиќ останаа во трката за пласман понатаму, а патникот во нокаут-фазата ќе биде познат по последното коло, кога Алжир ќе се соочи со Австрија. Алжирците беа поофанзивниот тим во првото полувреме и најголемата ...
Австралискиот судија Шон Еванс повторно е вклучен во судискиот тим на Светското првенство 2026, откако ФИФА ја заврши истрагата поврзана со гестот што предизвика големо внимание во јавноста. Еванс ќе биде помошник ВАР-судија на натпреварот од групата Г меѓу Нов Зеланд и Египет во Ванкувер, што воедно ќе биде негов прв ангажман по контроверзниот инцидент пред мечот меѓу Германија и Курасао. За време на претставувањето на ВАР-тимот од судискиот ...
Португалија не го започна Светското првенство според очекувањата, откако во првото коло ремизираше со ДР Конго (1-1). По натпреварот најмногу критики доби Кристијано Роналдо, кој според многумина не го одигра натпреварот на посакуваното ниво. Сепак, поддршка за легендарниот напаѓач пристигна од сите страни во португалскиот табор. По селекторот Роберто Мартинез, во негова одбрана застана и младиот офанзивец Франциско Консеисао. „Не постои ...
Фудбалската репрезентација на Норвешка ја продолжи одличната серија на Светското првенство, откако во натпреварот од второто коло во групата И го совлада Сенегал со 3-2 и обезбеди место во 1/16-финалето. Норвежаните стигнаа до максимални шест бодови и се израмнија со Франција на врвот на табелата, додека Сенегал по два натпревари останува без освоен бод и со минимални шанси за пласман понатаму. „Викинзите“ подобро го отворија мечот во Њујорк ...
Фудбалската репрезентација на Франција ја забележа и втората победа на Светското првенство, откако во натпреварот од второто коло во групата И славеше над Ирак со убедливи 3-0. Со новите три бода, „триколорите“ обезбедија место во нокаут-фазата, додека Ирачаните остануваат без освоен бод по две одиграни средби. Натпреварот во Филаделфија беше одбележан од големо невреме, поради кое второто полувреме започна дури по два часа и 12 минути ...
Германија остана без една многу важна ракометарка, репрезентативка и член на данскиот Копенхаген - Ајме Фон Переира, која неочекувано објави крај на својата кариера, и тоа на само 26-годишна возраст. Информацијата за нејзиното пензионирање ја потврдија клубот и Германската ракометна федерација, а причините за оваа одлука се честите повреди и долгите процеси на рехабилитација. Фон Переира дебитираше за германскиот национален тим во 2025 година ...
Селекторот на египетската репрезентација, Хосам Хасан, по победата над Нов Зеланд на Светското првенство (1-3), изјави дека одржал мотивационен говор на полувремето, со кој успеал да го крене духот на своите играчи. Египет во вториот дел приреди пресврт и славеше над Нов Зеланд, со што го презема првото место во групата Г. „На паузата меѓу двете полувремиња им реков на играчите дека нема предавање. Одржав краток говор кој допре до нив. Им ...
Во пресрет на решавачкиот натпревар од финалната серија во француското првенство, во таборот на Монако владее голема неизвесност. Според информациите на француските медиуми, дел од тимот размислува да не отпатува за Париз доколку Метју Стразел и Алфа Диало добијат суспензии. Монако синоќа успеа да победи (96-84) и израмни на 2-2 во финалната серија на ЛНБ лигата, но натпреварот беше обележан и со инциденти. Стразел и Диало беа исклучени, а ...
Еден од најдобрите кошаркари на Реал Мадрид во изминатата сезона, Треј Лајлс, официјално се разделува со шпанскиот гигант по само една година помината во „кралскиот клуб“. Канадскиот кошаркар самиот ја потврди веста преку социјалните мрежи, испраќајќи порака на благодарност до клубот и навивачите. „Мадрид беше прекрасно искуство, но дојде време за нов предизвик. Научив многу и сум благодарен за поддршката и љубовта од сите мадридисти“, напиша ...
Второто полувреме од натпреварот меѓу Франција и Ирак, при резултат 1-0 за „триколорите“, е одложено за дополнителни 15 минути поради издадено предупредување за неповолни временски услови. Организаторите од безбедносни причини ги задржаа фудбалерите во соблекувалните, публиката во Филаделфија е евакуирана, а продолжението на средбата ќе започне откако ќе биде проценето дека условите повторно се соодветни за игра. Франција има минимална ...