Фудбалската репрезентација на Мароко забележа исклучително важна победа над Шкотска од 1-0 во натпреварот од второто коло во групата Ц на Светското првенство и направи голем чекор кон пласман во следната рунда. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат уште во втората минута, кога Исмаел Саибари уште еднаш ја потврди својата одлична форма на турнирот и го даде најбрзиот гол во досегашниот дел на шампионатот по 71 секунда. Офанзивецот ...

Македонскиот стопер Агрон Руфати повеќе нема да го носи дресот на словенечка Горица, откако заврши неговата епизода во клубот. Руфати си заминува од тимот по период поминат во словенечкиот состав, каде беше дел од одбранбената линија и настапуваше во домашното првенство. Засега не е познато каде 27-годишниот дефанзивец ќе ја продолжи својата кариера, но неговото заминување отвора можност за нов предизвик и нова средина во претстојниот летен ...

Мароканскиот репрезентативец Исмаел Саибари е сопственик на најбрзиот погодок на Светското првенство 2026, откако му беа потребни само две минути да ја затресе мрежата на Шкотска. Офанзивниот фудбалер на Мароко го отвори резултатот уште на стартот од натпреварот и постави нов рекорд на досегашниот тек од Мундијалот, постигнувајќи го најраниот гол на турнирот. Саибари продолжува со одличните настапи на светската сцена, бидејќи ова е негов втор ...

Екипата на Камјани за првпат ќе игра во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и веќе гради тим, а во Тетово пристигнува име со значајно искуство во мак-фудбалот. Арсим Љамалари, 31-годишниот стопер кој играше за Шкендија Арачиново, доаѓа во екипата од Тетово која обезбеди промоција во ВМФЛ преку баражот. Играчот од дефанзивната линија е прво големо засилување за Камјани во второлигашкиот ранг. Љамалари во својата биографија има настапи за ...

Поранешниот репрезентативец на Гана, Кевин-Принс Боатенг упати остри критики кон Кристијано Роналдо по ремито на Португалија (1-1) против ДР Конго на стартот од Светското првенство. Роналдо, кој на натпреварот во Хјустон постави рекорд како најстар стартер на еден Мундијал, имаше разочарувачки настап и не упати ниту еден удар во рамките на голот, што дополнително ги засили критиките на негова сметка. Боатенг смета дека присуството на Роналдо ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува амбициозно да го гради тимот за новата сезона и претстави искусно засилување. Нов член на прволигашот е дефанзивецот Бесир Демири, кој пристигнува од Работнички, каде во изминатиот период ја носеше капитенската лента. Демири потекнува од Арачиново, а неговото враќање во родното место претставува дополнителна причина за задоволство кај навивачите на клубот. Некогашниот репрезентативец на ...

Фудбалската селекција на Сoeдинетите Американски Држави е вториот сигурен патник во шеснаесеттинафиналето на Светското првенство, откако во рамки од второто коло од групата Ц, со сигурни 2-0 ја совлада селекцијата на Австралија. Mаурицио Почетино во последен момент се соочи со непосакуван проблем, затоа што Кристијан Пулишиќ поради повреда не беше во можност да настапи. И покрај отсуството на првата ѕвезда Американците фуриозно го започнаа ...

Сѐ е подготвено за нов возбудлив натпревар во групата Ц, во кој второто коло ќе го отворат селекциите на Шкотска и Мароко, а двата тима ќе настапат со силни и офанзивно ориентирани состави. Кај Шкотска, на голот ќе биде Ган, додека одбранбената линија ја сочинуваат Хендри, Хенли и Тирни. Во средниот ред главната улога ќе ја има Мектоминеј, а поддршка во нападот на Че Адамс ќе бидат Кристи и Мегин. Мароко, пак, ќе се потпре на проверени сили. ...

Фудбалскиот клуб Пелистер официјално ја промовираше новата колекција дресови за сезоната 2026/27, која е инспирирана од препознатливиот изглед од сезоната 1998/99. Битолчани се одлучија за ретро стил, враќајќи дел од традицијата и историјата на клубот, во период кога Пелистер настапуваше во сличен дизајн кој и денес буди носталгија кај навивачите. Посебен детаљ на новите дресови е пораката „Птицо моја“ на задниот дел од вратот – химна која ...

Поранешниот руски репрезентативец, Андреј Аршавин, повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат надвор од терените, откако неговото дружење со навивачи на Узбекистан стана вистински хит на социјалните мрежи. Сцената се случи на стадионот „Ацтека“ за време на натпреварот меѓу Узбекистан и Колумбија, кој заврши со победа од 3-1 за Јужноамериканците. И покрај поразот, историскиот настап на Узбекистан на Светско првенство донесе огромна ...

Eден од староседелците во редовите на Струга Трим Лум, Буњамин Шабани ја продолжи верноста со клубот од крај Охридското Езеро. Шабани кој настапува за стружани од летото 2020 година, одигра одлично минатата сезона и беше еден од најдобрите и најконстантните на теренот. Договорот со клубот Шабани го продолжи на уште две сезона, во надеж за нов напад на титулата во домашниот шампионат. Досега за Струга Трим Љум, Шабани одигра 157 натпревари и ...

Фудбалската селекција на Соединетите американски држави рано поведе против Австралија, во рамки од второто коло од групата Д од Светското првенство. Американците до посакуваното водство стигнаа по само единаесет минути игра, откако австралискиот дефанзивец Бурџес несреќно ја смести топката во празната мрежа. Goal!!! USA 1:0 Australia 11 mins own goal Cameron Burgess pic.twitter.com/TGwPnUQQx0 — World Cup (@Worldcuphive) June 19, 2026 За САД ...

Англискиот премиерлигаш Тотенхем официјално го претстави новото големо засилување во одбраната, холандскиот стопер Јан Пол ван Хеке, кој пристигнува од Брајтон за сума од околу 60 милиони евра. 26-годишниот дефанзивец потпиша долгорочен договор со клубот од Лондон и ќе биде еден од клучните адути во новиот проект на тренерот Роберто Де Зерби, кој очигледно сака да ја зацврсти одбраната по слабите перформански од минатата сезона. „Голема чест ...

Македонскиот вицешампион Шкендија извојува победа на првиот контролен натпревар од подготовките во Словенија. Противник на „црвено-црните“ беше екипата на Копер, против кого четата на Артим Положани извојува победа по пресврт од 2-1 (0-1). Воедно ова беше деби со триумф на новиот предводник на тетовчани. По негативата во првото полувреме, Шкендија запна во вториот дел и стигна до посакуваниот триумф. Спахиу во 50 минута израмни на 1-1, додека ...

Селекторите Маурицио Почетино и Тони Поповиќ ги објавија стартните единаесет за натпреварот меѓу САД и Австралија, а најголемо внимание привлекува отсуството на Кристијан Пулишиќ од тимот на Американците. Отсуството на најголемата ѕвезда Пулишиќ сигурно е изненадување, со оглед на неговото значење во играта на САД, но Почетино не сакаше да ризикува, откако искусниот офанзивец се пожалил на повреда. Од другата страна, Австралија настапува со ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски и официјално стана нов фудбалер на Шкендија, а по потписот не го криеше задоволството од новиот предизвик. Тој истакна дека е среќен што конечно станал дел од тетовскиот клуб и дека доаѓа со јасна цел, да помогне и на тимот, но и на сопствената кариера. „Потпишав за Шкендија и навистина сум среќен што сум тука. Доаѓам со големи амбиции и очекувања. Сакам да си помогнам себеси, но и да му помогнам на ...

Репрезентацијата на Катар доживеа вистински дебакл откако загуби со убедливи 6-0 од Канада, но вистинската драма следеше по последниот судиски свиреж. Канаѓаните доминираа од самиот почеток. Кајл Ларин погоди за 1-0 во 16. минута, а Џонатан Дејвид со два гола до паузата донесе сигурни 3-0. Катар дополнително си ја отежна задачата со два директни црвени картони – најпрво Ал Амин во 33. минута, а потоа и Карим Мадибо во вториот дел. Со играч ...

Англискиот клуб Салфорд Сити официјално го назначи Петар Чкламовски за нов менаџер, отворајќи ново поглавје во својата историја. Станува збор за тренер со македонско потекло, кој гради солидна кариера во меѓународниот фудбал и важи за еден од најперспективните стратези од „новата школа“. Чкламовски е добро познат како долгогодишен соработник на Анџе Постекоглу, со кого работеше во австралиската репрезентација и во Азија. Пред доаѓањето во ...

Новата сезона во Премиер лигата официјално ќе започне на 21 август со натпреварот меѓу Арсенал и Ковентри, кој ќе се одигра на стадионот на „топџиите“. Актуелниот шампион Арсенал ќе ја започне одбраната на титулата пред своите навивачи, откако минатата сезона стигна до посакуваниот трофеј по пауза од цели 22 години. Од друга страна, Ковентри се враќа во елитата по цели 25 години и веднаш ќе има тежок предизвик против најдобриот тим во ...

На официјалниот јутјуб канал на кошаркарскиот клуб Работнички, е емитувана првата епизода од важен видео серијал, во кој многу легенди говорат по повод големиот јубилеј - 80 години од основањето на КК Работнички, клуб што првиот натпревар го одигра на големиот празник Илинден во 1946 година. Соговорниците (досега се повеќе од 20) искажуваат голема љубов и емоции, се потсетуваат и на интересни анегдоти, кон Работнички. Разговорите се водени во ...

Ракометниот клуб Прилеп официјално го потврди враќањето на Стефан Лозаноски, кој по една сезона мината во Грција повторно ќе го носи дресот на својот матичен клуб. Станува збор за добро познато име за прилепската публика, ракометар кој со години важеше за еден од најборбените и најпосветените во тимот. По интернационалното искуство, Лозаноски се враќа позрел и поквалитетен, што претставува значајно засилување за амбициите на Прилеп во новата ...

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, беше задоволен од победата над Босна и Херцеговина со 4-1 на Светското првенство, посебно од влијанието што го имаа измените во второто полувреме. Иако имаше здравствени проблеми, Јакин го предводеше тимот од клупата и токму неговите тактички потези се покажаа како клучни за триумфот. „Беше многу важно целата наша енергија да ја имаме на теренот. Тоа беше нашата стратегија. Моравме да бидеме трпеливи и ...

Голманската легенда на Германија, Мануел Нојер, потврди дека Светското првенство ќе биде неговиот последен настап во националниот тим. Искусниот чувар на мрежата се врати од репрезентативна пензија специјално за мундијалскиот настап, а пред дуелот со Брегот на Слоновата Коска откри дека по завршувањето на турнирот ќе стави крај на репрезентативната кариера. „Ова ќе биде мојот последен турнир со Германија. Не планирам да настапам на Европското ...

Искусниот стопер Дарко Стојанов стави крај на својата епизода во Кожуф, откако клубот успеа да обезбеди опстанок во Втората македонска лига преку баражот. 36-годишниот дефанзивец по завршувањето на сезоната се раздели со гевгелискиот состав и веќе е во потрага по нов предизвик во кариерата. Стојанов зад себе има богато фудбалско резиме и настапувал за голем број македонски клубови, а во еден период ја градел кариерата и во странство. Своите ...

Младиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров го постигна својот прв погодок за сениорскиот тим на Црвена Звезда. 19-годишниот офанзивец беше стрелец на петтиот гол во убедливата победа на белградските „црвено-бели“ од 5-0 против Јединство Ужице на пријателскиот натпревар одигран во Златибор. За Гаштаров ова е посебен момент во кариерата, бидејќи станува збор за негов прв гол во дресот на првиот тим на српскиот шампион. Младинскиот ...

Ракометната федерација на Македонија ја доби организација на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско Европско првенство во 2027 година, кое ќе се одржи од 27 до 29 ноември 2026 година во Скопје. Нашата кадетска женска репрезентација ќе настапи во групата Б, заедно со селекциите на Литванија, Косово и Грција, а турнирот ќе се игра пред домашна публика во македонската престолнина. Првите две селекции од групата ќе обезбедат ...

Турскиот гигант Фенербахче го потврди назначувањето на Исмаил Картал за нов шеф на стручниот штаб на тимот. Картал повторно се враќа на клупата на истанбулскиот клуб, кој веќе неколкупати го предводеше во својата тренерска кариера. Најголемиот успех со Фенербахче го забележа во 2014 година, кога го освои турскиот Суперкуп. Во стручниот штаб на Картал ќе биде и поранешниот фудбалер на клубот, Дирк Кајт, кој ќе ја извршува функцијата помошник ...

Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, беше разочаран по убедливиот пораз од Швајцарија со 4-1 на Светското првенство, оценувајќи дека конечниот резултат не ја отсликува реалната слика на теренот. „Сигурно дека резултатот е превисок. Сега е тешко да се зборува дали е заслужен или не, но не ги издржавме последните дваесет минути. Ова е такво натпреварување каде што не смеете да потцените ниту една репрезентација. По црвениот картон ...

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП-групацијата од денес е спонзор на младинската школа на култниот македонски клуб, Пелистер од Битола. Поддршката има за цел подобрување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери и младинскиот фудбал преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026. ...

Репрезентативецот на Брегот На Слоновата Коска, Сепе Ели Ваи, нема да отпатува во Канада за натпреварот против Германија на Светското првенство, поради административни пречки поврзани со неговиот влез во земјата. Фудбалската федерација соопшти дека во оваа фаза не успеала да ги обезбеди потребните дозволи за влез на играчот на канадска територија. Поради тоа, Ваи нема да биде во составот за натпреварот од второто коло во групата Е, кој ќе се ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
0.9
18%
1011
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
37%
1013
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.16
19%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.15
31%
1015
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
6.07
26%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.25
62%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
35%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.34
34%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.4
36%
1012
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
3.13
33%
1014
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
0.89
23%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.93
100%
1011
Currency

61.4762

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Сребро

1954.91

Платина

56295.96

Калај

55.95

Родиум

269262.50

Рутениум

53852.50

Злато

133030.14

Бакар

13.37

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

43242.75

Алуминиум

3.23

Иридиум

252383.36