Фудбалската репрезентација на Германија остана без еден од клучните дефанзивци за продолжението од Светското првенство. Дополнителните лекарски прегледи потврдија дека Нико Шлотербек заработил сериозна повреда на скочниот зглоб на левата нога и нема да може да им помогне на „панцерите“ во преостанатиот дел од турнирот. Стоперот на Борусија Дортмунд се повреди на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска, кој Германија го доби со 2-1 и со ...

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повеќе не е кошаркар на италијанскиот Тренто, откако ја активираше излезната клаузула од договорот што го потпиша во летото 2025 година. Од клубот официјално потврдија дека Јакимовски решил да ја искористи можноста за предвремен раскин на соработката, иако договорот го врзуваше со Тренто и за сезоната 2026/27. Во дресот на италијанскиот тим, македонскиот кошаркар одигра 55 официјални натпревари и ...

Жељко Обрадовиќ и официјално се врати во Панатинаикос по 14 години, а легендарниот српски тренер беше пречекан од голем број навивачи во Атина. На неговото претставување присуствуваше и сопственикот Димитрис Јанакопулос, додека дел од навивачите на „Гејт 13“ запалија бакли во чест на стратегот кој на клубот му донесе пет титули во Евролигата. „Многу сум среќен. Најважно е што создадовме нови генерации навивачи на Панатинаикос кои ја разбираат ...

Нова сезона, а веднаш големо дерби во македонската ракометна Суперлига. Ждрепката за сезоната 2026/27 посака освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, во првото коло да го пречека вицешампионот Еурофарм Пелистер. Љубителите на ракометот уште на самиот старт ќе имаат можност да проследат еден од најинтересните натпревари во шампионатот, во кој ќе се судрат два тима со високи амбиции за новата сезона. Шампионот Вардар сезоната ќе ја отвори ...

Арменд Алими го напушта тимот на Башкими и се разделува со матичниот клуб, за кој настапуваше во периодот меѓу 2005 и 2007 година, како и изминатата сезона во која забележа 27 настапи во Првата македонска лига. Од управата на кумановскиот прволигаш му се заблагодарија на 38-годишниот фудбалер за неговиот придонес во првата сезона во елитното друштво, посакувајќи му многу среќа во понатамошните животни предизвици. Алими реши да се врати во ...

Австрија вечерва ја очекува најголемиот предизвик досега на Светското првенство, откако по победата од 3-1 над Јордан ќе се соочи со актуелниот светски шамион Аргентина. Селекторот Ралф Рангник е свесен за силата на противникот и не крие дека неговата селекција влегува во натпреварот како аутсајдер. Германскиот стратег на прес-конференцијата во Далас дури и се пошегува на своја сметка. „Во натпреварот влегуваме како целосни аутсајдери. Ако ...

Судир на две репрезентации кои беа ефикасни на отворањето на Мундијалот, а воедно и натпревар кој би можел да го реши прашањето за првото место во групата Ј. Аргентина и Австрија ќе се соочат в недела од 19:00 часот во нивниот прв официјален меѓусебен дуел, а јасно е дека евентуалната победа значително би ја приближила една од селекциите до подобра позиција во нокаут фазата. Светскиот шампион ја почна одбраната на титулата во голем стил, а ...

ГФК Тиквеш продолжува со екипирањето за следната сезона и официјално го претстави новото засилување меѓу стативите. Нов член на кавадаречкиот прволигаш е младиот голман Марко Алчевски, кој стави потпис на договор со важност до јуни 2028 година. Во клубот веруваат дека Алчевски, и покрај младоста, поседува квалитет и потенцијал за дополнителен напредок, а неговото доаѓање е дел од стратегијата за создавање млад и конкурентен тим за иднината. ...

Здружението на тениски професионалци (АТП) ги објави своите најнови рангирања пред Вимблдон. Јаник Синер останува на чело со 13.450, а по него следува повредениот Карлос Алкараз со 9.460 поени. Новак Ѓоковиќ има нов пад и сега е на осмото место со 3.760 поени. Српскиот ас последен пат беше осми во ноември 2022 година. Саша Зверев, Феликс Оже-Алијасим и Бен Шелтон се следни, додека Тејлор Фриц се искачи на седмото место. Даниил Медведев падна ...

Фудбалската репрезентација на Тунис доживеа рана елиминација од Светското првенство, а разочарувањето во таборот на африканската селекција најдобро го отслика искусниот дефанзивец Али Абди. По завршувањето на натпреварот со Јапонија, Абди не успеа да ги сокрие емоциите и со солзи во очите упати сериозни критики кон начинот на кој е водена репрезентацијата во изминатиот период. „Погледнете ја Јапонија. Речиси со ист состав играат со години. ...

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 се враќа на местото на успехот. По пауза од неколку години „црвено-црните“ одново ќе играат во Лигата на шампионите, откако ЕХФ одговори позитивно на барањето на македонскиот клуб. Вардарци враќањето во елитното натпреварување го овековечија со интересно видео на социјалните мрежи, на кое капитенот Лазаревски добива повик од тренерот Чупиќ, кој му вели: Одморот заврши, сите во сала – Вардар игра во ...

Ракометниот клуб Вардар 1961 во следната сезона и официјално се враќа во Лигата на шампионите. Она што го најавивме пред три дена, денес го потврди Европската ракометна федерација (ЕХФ) – двократниот европски шампион во новата сезона ќе настапи во елитата на Стариот континент. Како двократен европски првак веројатно беше очекувано да биде одобрено барањето на Вардар за унапредување во Лигата на шампионите. Последен пат Вардар играше во ...

Светското првенство уште еднаш покажа дека најголемите приказни честопати не се само поврзани со голови и резултати. Откако селекцијата на Зеленортски Острови одигра спектакуларно реми 2-2 против Уругвај, вниманието на светската јавност го украде еден момент на главниот херој на оваа репрезентација - голманот Возиња. Искусниот 40-годишен голман стана еден од симболите на ова Светско првенство по првото коло, кога го водеше својот тим до ...

Жељко Обрадовиќ официјално се врати во Панатинаикос, а неговиот прв потег по доаѓањето во Атина би можел да биде навистина спектакуларен. Грчките медиуми објавија сензационална информација дека српскиот тренер веќе го контактирал Богдан Богдановиќ од Лос Анџелес Клиперс, кој немаше многу светла сезона во НБА лигата. Капитенот на српската репрезентација би можел да ги засили „детелинките“ и да биде една од најзвучните „бомби“ во преодниот рок. ...

Поранешниот српски фудбалер и телевизиски аналитичар Раде Богдановиќ предизвика бурни реакции во јавноста поради контроверзната изјава што ја даде за време на емисија посветена на Светското првенство. Коментарот дојде по црвениот картон на белгискиот репрезентативец Нејтан Нгој на натпреварот против Иран, кој заврши без голови (0-0). Анализирајќи ја ситуацијата, Богдановиќ најпрво го критикуваше потегот на дефанзивецот, а потоа изнесе ...

Египет испиша историја на Светското првенство и со пресврт го совлада Нов Зеланд со 3-1 во натпреварот од второто коло во групата Г, одигран во Ванкувер. Со овој триумф „фараоните“ стигнаа до својата прва победа на мундијалите и се искачија на врвот на табелата со четири бода. Новозеланѓаните одиграа одлично прво полувреме и поведоа уште во 14. минута. По корнер, Фин Сурман најдобро се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар со глава ја ...

Фудбалерите на Зеленортските Острови и Уругвај одиграа возбудлив натпревар и ремизираа 2-2 во второто коло од групата Х на Светското првенство во Мајами. За дебитантот на Мундијалите кој има жители колку пола Скопје (околу 530.000) ова беше уште една историска вечер. По бодот против Шпанија во првото коло, Зеленортските Острови стигнаа и до својот прв погодок во историјата на Светските првенства, а на крајот освоија уште еден вреден бод ...

Поранешниот италијански репрезентативец и освојувач на „триплетата“ со Интер, Марко Матераци, даде интересна изјава за Златан Ибрахимовиќ, со која го привлече вниманието на јавноста. Матераци во разговор со медиумите рече дека Ибрахимовиќ не се покажал добро како спортски директор на Милан, истакнувајќи дека неговите потези одат во корист на градскиот ривал. „Не би сакал да ја коментирам неговата работа, но можам да кажам дека Ибрахимовиќ е ...

Дебитантот Зеленортските острови го постигна првиот гол на Светските првенства и тоа против првиот мундијалски победник Уругвај. Се играше 21. минута кога Кевин Ленини изведе слободен удар од голема далечина, се растури „живиот ѕид“ од двајца членови и Муслера беше немоќен. Со овој погодок растат аспирациите на Зеленортските острови, кои можат да ја поминат групата ако вечерва извојуваат победа над Уругвајците. Во првото коло Зеленортските ...

Црвена Звезда сериозно работи на засилување на ростерот за новата сезона, а според информациите од кошаркарските кругови, главна трансферна цел на „црвено-белите“ е искусниот крилен центар, Никола Миротиќ. Раководството на белградскиот клуб сака да донесе играч со врвно евролигашко и НБА искуство, а Миротиќ се наоѓа на самиот врв на листата на желби. Неговото име веќе подолго време се поврзува со најголемите европски клубови, но во Звезда ...

Судијата од Венецуела, Хесус Валенсуела, ќе биде главен арбитар на натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Катар, кој ќе се одигра во рамки на третото коло од групата Б на Светското фудбалско првенство. Негови помошници ќе бидат сонародниците Хорхе Урего и Тулио Морено. Натпреварот ќе се одигра на 24 јуни во Сиетл, а почетокот е закажан за во 21:00 часот. Вториот меч во оваа конкуренција, помеѓу Швајцарија и Канада, ќе се одигра во истиот ...

Фудбалерите на Белгија вторпат потфрлија на Светското првенство, откако ремизираа и против Иран (0-0) во второто коло. Средбата која се одигра во Инглвуд, на модерниот „СоФи стадион“ понуди шанси пред двата гола, но во преден план беа голманите кои „кумуваа“ на ова реми особено Алиреза Беинраванд кој собра дури седум интервенции. Средбата тргна со шанса на Максим Де Кујпер кој се обиде да казни по одбиена топка, ама голманот Беинраванд ...

Една од најдобрите тенисерки во историјата, Серена Вилијамс, ќе се врати на сингл турнирите и тоа на претстојниот Вимблдон. Трофејната Американка прифати специјална покана од организаторите и доби место во главната ждрепка за престижниот Грен слем турнир. Пред настапот во Лондон, Вилијамс одигра два турнири во конкуренција на двојки. Серена седум пати го има освоено Вимблдон, а во кариерата има вкупно 23 Грен слем титули, само една помалку од ...

Фудбалерите на Уругвај и Зеленортските Острови ќе се судрат во второто коло на Светското првенство. Борбата за прва победа во групата Х е важна за двете селекции, а Уругвајците важат за апсолутен фаворит пред средбата. На час и половина пред стартот на дуелот селекторите на двете репрезентации ги „отворија картите“ и ги потврдија актерите кои ќе започнат од првата минута. Уругвај (4-2-3-1): Муслера; Варела, Касерес, Оливера, Санабриа; ...

Шпанскиот репрезентативец Микел Ојарзабал доживеа две сосема различни приказни на стартот од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. На натпреварот против Зеленортските Острови не се прослави, бидејќи влезе во негативната статистика како прв играч кој во првите 30 минути од меч на Мундијал ниту еднаш не ја допрел топката. Сепак, селекторот Луис де ла Фуенте повторно му укажа доверба, а Ојарзабал возврати на најдобар можен начин во ...

Кошаркарите на Монако изборија мајсторка во финалната серија од францускиот шампионат откако на домашен терен го совладаа Париз со убедливи 96-84 и израмнија на 2-2 во серијата. Домаќините уште од самиот старт го наметнаа својот ритам и по првата четвртина стекнаа двоцифрена предност. До полувремето разликата порасна на повеќе од 20 поени, а на почетокот на последниот период Монако стигна и до највисоки +30 (85-55). Париз во завршницата успеа ...

Репрезентацијата на Белгија тргнува со сите „оружја“ на натпреварот од Светското првенство против селекцијата на Иран. Селекторот Руди Гарсија се одлучи за најсилниот можен состав, со Ромелу Лукаку во стартната постава, а слична е ситуацијата и кај неговиот колега, Амир Галенои, кој со Иранците ќе се обиде да приреди резултатска сензација. Белгија: Куртоа, Де Кујпер, Мехеле, Нгој, Мение, Тилеманс, Раскин, Де Брујне, Тросард, Салемакерс, ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја оправда фаворитската улога и убедливо славеше против Саудиска Арабија со 4-0 (3-0) во второто коло на Светското првенство. По шокантното реми на стартот против Зеленортските Острови, избраниците на Луис де ла Фуенте одиграа убедливо и покажаа зошто ги сметаа за еден од главните фаворити на овој турнир. Резултатот на „Мерцедез Бенз стадион“ во Атланта беше отворен по само десет минути игра. Микел ...

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз во пријателскиот натпревар против селекцијата на Бугарија со конечен резултат 97-68. Не одиграа македонските кошаркари лошо во првите две четвртини, и покрај поконкретниот пристап на домашниот тим. Бугарија на паузата имаше водство од 13 поени (50-37), а потоа продолжи со силен ритам и не ни дозволи ниту да помислиме на евентуално враќање во мечот. Третата четвртина Македонија ја ...

По мирниот старт на актуелното Светско фудбалско првенство, временските услови за првпат би можеле да станат сериозен фактор и да предизвикаат проблеми во распоредот на натпреварите. Имено, за утре во Филаделфија е издадено предупредување за грмежливо невреме, а токму таму од 23:00 часот по наше време ќе се одигра натпреварот меѓу Франција и Ирак во рамките на второто коло од групата И. Да потсетиме, во САД важат строги правила за одржување ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.37
18%
1011
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
4.48
31%
1013
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.39
21%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
1.98
29%
1014
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
4.92
25%
1013
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
2.81
38%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.02
34%
1011
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.06
29%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
31%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
4.02
31%
1015
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 36ᴼ
1.79
21%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.24
100%
1013
Currency

61.4762

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Платина

56295.96

Цинк

0.00

Калај

55.95

Бакар

13.37

Рутениум

53852.50

Паладиум

43242.75

Родиум

269262.50

Иридиум

252383.36

Злато

133030.14

Алуминиум

3.23

Сребро

1954.91

Кобалт

56.29