Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Кжиштоф Лијевски е официјално нов тренер на полскиот ракометен гигант, Киелце. Новиот тренер беше веќе претставен од клубот и доаѓа како замена за легендарниот Талант Дујшебаев. Лијевски работеше како привремен тренер откако замина Дујшебаев, а сега ја доби целосната доверба од клупската управа, која од него ќе очекува добри резултати во домашни и меѓународни рамки. Пред само неколку недели се закити со шампионската титула во домашното ...
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Гаго, доживеал срцев удар и бил итно опериран во Сантијаго поради сериозни кардиоваскуларни проблеми. Во моментов тој е тренер на чилеанскиот клуб Универзидад. Инцидентот се случил по победата на неговиот тим против О’Хигинс со 2-0, по што бил префрлен во болница. Од клубот соопштиле дека Гаго е во стабилна состојба и се наоѓа под постојан медицински надзор. Лекарите извршиле повеќе кардиолошки ...
Возачот на Трекхаус, Аи Огура, ќе стартува од пол-позицијата на трката од Мото ГП шампионатот, која ќе се вози за Големата награда на Чешка. Огура беше најбрз во денешните квалификации и постави најдобро време од 1:51,139 минути, оставајќи ги зад себе Фабио Ди Џанантонио (доцнеше 0,211 секунди) и Франческо Пеко Бањаја, кој задоцни 0,244 секунди. Во генералниот пласман води Марко Бецеки од Априлија, кој денес заврши на четвртата позиција, а ...
Францускиот кошаркар Нандо де Коло официјално стави крај на својата богата професионална кариера по освојувањето на титулата во турското првенство со Фенербахче. Во последниот натпревар од финалната серија одигра девет минути и забележа три асистенции. По натпреварот, Де Коло изјави дека е пресреќен што кариерата ја завршува како шампион на Турција и додаде дека, иако повеќе нема да биде активен играч, кошарката секогаш ќе остане дел од ...
САД продолжуваат со одличните настапи на Светското првенство и по две кола имаат максимални шест бода во групата Д, со што веќе си го обезбедија пласманот во нокаут фазата. Американците ја совладаа Австралија со 2-0 и го потврдија статусот на еден од најпријатните изненадувања на турнирот, а по натпреварот селекторот Маурицио Почетино зборуваше за отсуството на Кристијан Пулишиќ. „Секогаш е тешко кога не можете да сметате на толку важен ...
Унгарскиот шампион Веспрем ги демантира шпекулациите околу можното заминување на тренерот Чави Пасквал во германски Кил и потврди дека шпанскиот стратег останува на клупата на клубот. Во последните денови се појавија информации дека Пасквал преговара со Кил и дека би можел да ја преземе германската екипа. Сепак, од Веспрем јасно порачаа дека Пасквал има важечки договор на уште две години и дека клубот нема намера да ја прекине соработката. ...
Алба Берлин ја израмни серијата против Баерн Минхен и избори „мајсторка“, откако во четвртиот меч од германското финале слави со 71-61. Домашната екипа во „Убер Арената“ во Берлин имаше повеќе нерви во завршницата и со подобар втор дел стигна до својата цел. Со оваа победа серијата продолжува, меѓутоа се сели во Минхен. И на овој натпревар важна улога имаше македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ. Плејмејкерот на баварците уфрли 14 поени и ...
Повратникот во Суперлигата, Младост 1977 од Богданци промовира ново засилување за следната сезона во која ќе се натпреварува во елитата. Нов член на клубот од Богданци е тунискиот интернационалец Ахмед Мајдуб. Станува збор за 23-годишен ракометар кој настапува на позицијата десен бек. Во Богданци доаѓа по една сезона мината во дресот на Струга. Пред доаѓањето во Младост и Струга, Мајдуб настапуваше за екипата на Прилеп, а претходно беше дел ...
Фудбалската федерација на Алжир поднесе официјална жалба до ФИФА по поразот од Аргентина (3-0) на Светското првенство. Тие сметаат дека судијата Шимон Марчињак направи сериозни грешки кои влијаеја врз текот на натпреварот. Алжирците наведоа дека Лионел Меси во 31. минута со отворен ѓон стартуваше врз Аиса Манди и требаше директно да биде исклучен. Исто така, во вториот дел Алексис Мекалистер со лакт го удри Ибрахим Маза во дуел без топка, ...
Црвена Звезда на подготовките пред новата сезона под водство на Дејан Станковиќ го има Матеј Гаштаров кој постигна гол на првиот тест во Златибор, но и уште еден голем талент од македонската фудбалска генерација. Тоа е Лука Трпевски, за кого српските медиуми имаат пофални зборови. 16-годишниот Трпевски се смета за еден од најголемите македонски таленти, настапува во средниот ред и е дел од пионерската екипа на „црвено-белите“. Тој воедно е ...
Македонскиот прволигаш Струга Трим Љум потврди дека повеќе нема да смета на дефанзивецот Маудо Јарју, откако двете страни спогодбено ја прекинаа соработката. Гамбискиот стопер пристигна во Струга во февруари 2025 година од норвешкиот Сандефјорд. Тој беше важен дел од тимот во изминатиот период. Во минатата сезона настапи на 24 натпревари во ПМФЛ. Маудо постигна и два гола, против Македонија ЃП и Силекс. Од струшкиот клуб му се заблагодарија ...
За време на подготовките на Вардар, имаше и славеничка атмосфера. Својот роденден го прослави Герсон Родригеш, најновото засилување на црвено-црните кое дојде како адут за европските натпревари и домашната сцена. Офанзивецот со богато интернационално искуство го прослави 31 роденден. Фудбалерот кој пристигна во Вардар ова лето, во кариерата настапуваше за звучни клубови како Динамо Киев од Украина, Шериф Тираспол од Молдавија, Јубило Ивата од ...
Уште еднаш дојде до израз придобивката на Mozzart. Рекорд по рекорд. И тоа во разлика од само неколку часа! Исмаил Саибари на натпреварот Шкотска – Мароко постигна гол по само 71 секунда, а Матијас Галарса на средбата меѓу Турција и Парагвај ја затресе мрежата по само 65 секунди од првиот судиски свиреж. Со тоа, Галарса постави нов рекорд на овогодишниот Мундијал кога станува збор за најбрзо постигнат погодок на турнирот. Заедничко за двата ...
Екипата на Вардар ги дефинира последните четири контролни дуели во Италија, на кои ќе ја темпира формата за Лигата на шампионите. Четири тима против кои црвено-црните ќе тестираат како подготовка за Лигата на шампионите ќе бидат од Италија Сан Марино. Тимот го очекуваат натпревари со Ла Фиорита и со екипата на Виртус, две екипи од шампионатот на Сан Марино, како и селекцијата на Умбрија и тимот на Норча Калчо. Натпреварот против Умбрија се ...
Фудбалската легенда Роналдињо повторно ќе се врати на терените иако пред повеќе од една деценија стави крај на професионалната кариера. Според информациите на „Газета дело Спорт“, Бразилецот потпишал договор со италијанскиот третолигаш Равена и на 46 години повторно ќе заигра натпреварувачки фудбал. Роналдињо последен пат настапуваше во 2015 година во дресот на Флуминенсе, а во богатата кариера го носеше дресот на Гремио, Пари Сен Жермен, ...
Турција ги загуби шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство 2026, откако во клучниот натпревар од групата Д беше поразена од Парагвај со 1-0. По натпреварот разочарувањето не го криеше селекторот Винченцо Монтела, кој смета дека неговата селекција немала среќа на турнирот. „Многу, многу ми е жал. Многу сме разочарани. Очекувањата на нашата нација беа огромни, а и нашите очекувања беа високи. Жал ми е и за луѓето од ...
Аргентинската репрезентација ги продолжи подготовките за вториот натпревар на Светското првенство против Австрија, а селекторот Лионел Скалони повторно се соочува со слатки маки при изборот на напаѓачот што ќе ја предводи офанзивата на светските шампиони. Аргентина успешно го отвори Мундијалот со убедлива победа над Алжир, но борбата за местото во нападот повторно ги спротивставува Лаутаро Мартинез и Хулијан Алварез. Фудбалерите кои настапија ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар работи во полн ритам во тренинг-базата во Норчиа, Италија, која ја има на располагање во текот на целиот ден. Со два тренинга дневно, Кристијан Фабиани ја подготвува екипата за Лигата на шампионите. Утринскиот тренинг содржеше работа во вежбалница, а потоа тренинг со топка. Активностите следеа по ден одмор од тренинг-активности и рекуперација. Вардар го чекаат уште скоро две седмици подготовки во Италија. ...
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново со забрзано темпо работи на креирање на тимот за новата сезона во која ќе се натпреварува во ПМФЛ. Нов член на клубот од Арачиново е искусниот напаѓач Марко Симоновски. 34-годишникот во пролетниот дел од сезоната беше дел од Паралимни на Кипар, но сега се враќа во мак-фудбалот. Во кариерата Симоновски настапуваше во многу клубови. Тој тргна преку Вардар и Металург, па беше дел од Напредок, Амкар перм, ...
Македонскиот кошаркар Андреј Митревски кариерата ќе ја продолжи во САД, откако се обврза на соработка со Универзитетот Пацифик од Стоктон. Пацифик настапува во конференцијата Вест Коуст, една од поквалитетните универзитетски конференции во американската НЦАА,. Дел од истата конференција е и Вашингтон Стејт, за кој до пред неколку сезони настапуваше македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски. Минатата сезона тимот на Пацифик ја заврши со ...
Турција доживеа рана елиминација од Светското првенство, но статистиката од првите два натпревари открива навистина неверојатен податок. Во поразите од Австралија (2-0) и Парагвај (1-0), турската репрезентација упати дури 62 шута кон противничкиот гол, но не успеа ниту еднаш да ја затресе мрежата. Станува збор за исклучително редок случај во современиот фудбал, особено на најголемата светска сцена. Според податоците на „ОПТА“, такво нешто не ...
Македонскиот фудбалски интернационалец Диме Димов е слободен агент, затоа што си замина од редовите на албански Билис каде играше во последните шест месеци. 31-годишниот стопер беше дел од албанскиот суперлигаш на вкупно 15 натпревари во една полусезона, но си заминува од екипата. Во тимот на Билис, тој пристигна од Индонезија каде настапуваше за Персебаја. Зад себе Димов има и настапи за бугарска Локо Софија, како и македонските Брера, ...
Иднината на македонскиот дефанзивец Егзон Бејтулаи во редовите на косовскиот шампион Дрита останува неизвесна, а искусниот стопер би можел да остане без клуб по истекот на договорот на 30 јуни. Според информациите од Косово, Бејтулаи побарал зголемување на платата во новиот договор, но барањата на 32-годишниот фудбалер биле надвор од финансиските рамки што Дрита била подготвена да ги понуди. Клубот предложил нешто помали услови, по што ...
Валенсија активно работи на формирање на тимот за новата сезона, откако минатогодишните настапи отворија бројни прашања околу квалитетот и длабочината на составот. По засилувањата во одредени позиции во зимскиот преоден рок, раководството на клубот сега сака повнимателно да го планира ростерот и да избегне краткорочни решенија. Нови фудбалери се очекуваат во сите линии на тимот, вклучувајќи ја и голманската позиција. Според шпанските медиуми, ...
Парагвајскиот репрезентативец Мигел Алмирон стана првиот фудбалер на Светското првенство кој беше исклучен според новото правило воведено од ФИФА, познато како „правилото Винициус“. Инцидентот се случи во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме од натпреварот меѓу Парагвај и Турција, кога Алмирон му дофрли нешто на турскиот дефанзивец Мерт Мулдур додека со раката ја покривал устата. Иако меѓу двајцата немаше директен ...
Фудбалската репрезентација на Парагвај ја совлада Турција со минимални 1-0 во натпреварот од второто коло во групата Д на Светското првенство и остана во игра за пласман во осминафиналето. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Матијас Галарса по само 65 секунди игра, што претставува нов рекорд за најбрзо постигнат гол на Мундијалот. Со тоа, тој го надмина досегашниот рекорд на Исмаел Саибари, кој ѝ даде гол на Шкотска во втората ...
Петкратниот светски првак Бразил одговори на критиките по ремито со Мароко и го совлада составот на Хаити со 3-0 (2-0), во дуелот игран на стадионот во Филаделфија. Анчелоти има причини за задоволство од формата на напаѓачите, но и загриженост заради повредата на Рафиња. Токму ѕвеџдата на Барса одлично започна и постигна два гола во раната фаза, кои шпанскиот судија Хернандез Хернандез ги поништи заради оправдана сигнализација на недозволена ...
Фудбалската репрезентација на Мароко забележа исклучително важна победа над Шкотска од 1-0 во натпреварот од второто коло во групата Ц на Светското првенство и направи голем чекор кон пласман во следната рунда. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат уште во втората минута, кога Исмаел Саибари уште еднаш ја потврди својата одлична форма на турнирот и го даде најбрзиот гол во досегашниот дел на шампионатот по 71 секунда. Офанзивецот ...
Македонскиот стопер Агрон Руфати повеќе нема да го носи дресот на словенечка Горица, откако заврши неговата епизода во клубот. Руфати си заминува од тимот по период поминат во словенечкиот состав, каде беше дел од одбранбената линија и настапуваше во домашното првенство. Засега не е познато каде 27-годишниот дефанзивец ќе ја продолжи својата кариера, но неговото заминување отвора можност за нов предизвик и нова средина во претстојниот летен ...
Мароканскиот репрезентативец Исмаел Саибари е сопственик на најбрзиот погодок на Светското првенство 2026, откако му беа потребни само две минути да ја затресе мрежата на Шкотска. Офанзивниот фудбалер на Мароко го отвори резултатот уште на стартот од натпреварот и постави нов рекорд на досегашниот тек од Мундијалот, постигнувајќи го најраниот гол на турнирот. Саибари продолжува со одличните настапи на светската сцена, бидејќи ова е негов втор ...