Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Нов допинг-скандал ја потресе тениската јавност, само неколку месеци откако завршија реакциите околу суспензијата на светскиот рекет број еден, Јаник Синер. Овојпат во центарот на вниманието се најде чешката тенисерка Маркета Вондроушова, шампионка на Вимблдон од 2023 година, која доби исклучително строга казна. Според информациите, 26-годишната тенисерка е суспендирана на четири години поради одбивање да се појави на допинг-контрола во ...
Поранешниот шведски ас, Златан Ибрахимовиќ, не го криеше разочарувањето по ремито без голови меѓу Белгија и Иран на Светското првенство (0-0), оценувајќи дека натпреварот бил далеку под очекуваното ниво. Во свој стил, Ибрахимовиќ испрати остра порака за играта на „црвените ѓаволи“, за кои рече дека морале да одиграат многу подобро. „Во првото полувреме за малку ќе заспиев. Во второто полувреме навистина спиев. Ја имаа топката, но ништо не ...
Лионел Меси не го криеше задоволството по победата на Аргентина над Австрија во второто коло од групата Ј на Светското првенство, натпревар на кој ги постигна двата гола и испиша нова страница во фудбалската историја. Со двата погодоци во Далас, капитенот на „гаучосите“ стигна до вкупно 18 голови на светските шампионати и стана осамен лидер на вечната листа на стрелци на Мундијалите. „Пред сѐ, многу сум среќен поради оваа победа. Беше ...
Селекциите на Франција и Ирак ја продолжуваат програмата на Светското првенство (СП) кое е во полн ек. Двете селекции ќе се сретнат во рамки на второто коло, а селекторите веќе ги одредија стартните состави. Дешамп направи три измени во екипата од претходниот дуел со Сенегал, главните се во средниот ред и еден играч е променет во нападот, тоа е Дуе, кој е на клупата за резерви. Франција (4-2-3-1): Мањан; Салиба, Упамекано, Кунде, Дињ; Рабио, ...
Лионел Меси испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал, откако стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства и ја предводеше Аргентина до победа од 2-0 над Австрија во дербито од второто коло во групата Ј. Капитенот на „гаучосите“ постигна два гола во триумфот на актуелниот светски шампион и со вкупно 18 погодоци на Мундијалите го надмина Германецот Мирослав Клосе, кој досега беше рекордер со 16 гола. Аргентина уште ...
Новиот второлигаш во македонскиот фудбал Камјани официјално го промовираше искусниот Љупчо Трпески како свое ново засилување за претстојната сезона. 31-годишниот фудбалер пристигнува од Шкендија Арачиново, а зад себе има настапи и за повеќе други македонски клубови. Од клубот истакнуваат дека Трпески ќе донесе дополнителна сигурност, искуство и победнички менталитет во одбранбената линија на тимот. „Камјани со задоволство го објавува ...
Екипата на Вардар одигра контролен натпревар меѓу себе во базата во Норча, кој понуди вкупно три гола и заврши со победа на „црвено-црните“. Во таборот на „црвено-црните“ од првата минута настапија Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес и Омерагиќ. За „белите“ на почетокот играа Талески, Јанкулов, Најдовски, Велковски, Маневски, Тодоровски, Бабунски, Пиреш, Закариќ, Јаков и Герсон Родригеш. Дуелот ...
Македонската машка сениорска репрезентација ќе добие ново име во своите редови. Американскиот кошаркар ДиВејн Стјуард Јуниор ќе биде новиот натурализиран играч на националниот тим, со што селекторскиот стручен штаб добива уште една квалитетна опција во бековската линија. Станува збор за кошаркар со сериозно американско потекло и богато натпреварувачко искуство. Роден на 28. јули 1999 година во Мисисипи, САД, Стјуарт е висок 198 сантиметри и ...
Американскиот бек Стерлинг Браун и официјално повеќе не е член на Партизан, соопшти белградскиот клуб преку своите официјални канали. Браун пристигна во редовите на „црно-белите“ во летото 2024 година и брзо се наметна како еден од важните играчи во тимот. Во изминатата сезона од Евролигата просечно постигнуваше 13,7 поени, надополнети со 2,8 скока и 2,3 асистенции по натпревар. Sterling Braun nastavlja karijeru u drugom klubu. Nakon dve ...
Лионел Меси од вечерва е „бесмртен“, затоа што стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства (СП). Иако промаши пенал со Австрија, сепак, во финишот на првото полувреме успеа да постигне гол и стана најдобар стрелец во историјата на светските собири. Messi scores !! Lionel Messi is topscorer for World Cup! pic.twitter.com/gEyvowWNj3 — Goals Xtra (@GoalsXtra) June 22, 2026 На „вечната листа“, Меси го мина Мирослав Клосе од ...
Аргентинскиот феномен Лионел Меси имаше шанса да испише уште еден голем рекорд и да стане најдобар стрелец во историјата на Светските првенства (СП), но не успеа. Ѕвездата на Аргентина имаше шанса да шутира против Австрија од белата точка, но го промаши целиот гол во раната фаза од мечот. Messi missed his penalty pic.twitter.com/NXnswaTmny — Fut Sheriff (@FutSheriff) June 22, 2026 Лионел Меси на врвот на листата на стрелци е израмнет со ...
Македонскиот напаѓач Ердон Даци е на чекор до трансфер во албанскиот великан Тирана, пренесуваат медиумите од Албанија. Според информациите, 27-годишниот фудбалер од Скопје е блиску до договор со „бело-сините“ и би можел да биде едно од најзначајните засилувања на клубот во летниот преоден рок. Даци зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи во шампионатите на Турција, Белгија и Казахстан. Во текот на кариерата беше дел од ...
Селекторот на репрезентацијата на Сенегал, Папе Тијав, изјави дека неговиот тим има за што да се бори на Светското првенство, и покрај воведниот пораз од фаворизираната Франција (3-1). Африканците во второто коло излегуваат на мегдан со незгодната Норвешка, но Тијав смета дека екипата има квалитет за прва победа на турнирот. „Се наоѓаме во многу тешка група, тоа го знаевме уште пред стартот на првенството. Мислам дека и покрај поразот од ...
Легендата на македонскиот фудбал Драги Сетинов повторно ќе биде активно вклучен во спортот, откако беше именуван за координатор на младинската школа на Гоце Делчев од Скопје. Клубот соопшти дека поранешниот фудбалер на Вардар и Хајдук ќе има важна улога во развојот на младите категории и во унапредувањето на работата на школата. „Посебно ни е задоволство што како координатор на фудбалската школа и важен дел од клубот ни се приклучува Драги ...
Аргентина и Австрија ќе ја отворат денешната програма на Светското првенство (СП) со дуел во Групата Ј кој се игра на „АТ&T Стадион“ во Алрингтон, Тексас. АРГЕНТИНА (4-4-2): Мартинез; Молина, Ромеро, Ли. Мартинез, Медина; Де Пол, Мекалистер, Енцо Фернандез, Алмада; Мартинез, Меси АВСТРИЈА (4-2-3-1): Шлагер; Лајмер, Дансо, Пош, Алаба; Сејвалд, Шлагер; Шмид, Ванер, Сабицер; Грегорич Натпреварот меѓу двете селекции започнува од 19:00 часот. ...
Водечкиот француски спортски медиум „Л'Екип“ јавно се дистанцираше од ставовите на својата водителка Франс Пјерон, која предизвика бурни реакции со критиките упатени кон белгискиот репрезентативец Џереми Доку поради неговата намера да го напушти Светското првенство за да присуствува на раѓањето на своето прво дете. Од редакцијата на „Л'Екип“ упатија извинување до Доку и нагласија дека изнесените ставови не ги одразуваат вредностите и ...
Младиот шпански ас, Ламин Јамал, продолжува да испишува историја на светската фудбалска сцена. Со погодокот постигнат на возраст од 18 години и 343 дена, тој се искачи на седмото место на листата на најмлади стрелци во историјата на Светските првенства. Со овој подвиг, Јамал го надмина аргентинскиот великан Лионел Меси, кој својот прв гол на Мундијалите го постигна против Србија и Црна Гора на Светското првенство во 2006 година, на возраст ...
Народниот врач од Гана, Нана Кваку Бонсам, повторно го привлече вниманието на јавноста со необична изјава пред важен натпревар на Светското првенство. Тој тврди дека ќе фрли клетва врз капитенот на Англија, Хари Кејн, со цел да го спречи да има влијание на дуелот против неговата репрезентација. Англичаните се надеваат дека со победа ќе обезбедат место во нокаут-фазата, но Бонсам уверува дека ќе ги искористи своите „моќи“ за да го запре еден ...
Новиот македонски ракометен шампион, Вардар 1961, и освојувачот на трофејот во Купот на Македонија, ГРК Охрид, ќе се сретнат во рамки на Суперкупот, кој ќе биде меч за прва титула пред почетокот на новата суперлигашка сезона. Двете екипи ја очекуваат новата кампања со огромни амбиции - вардарци стартуваат како прваци и го очекуваат „кам-бекот“ во Лигата на шампионите, додека охриѓани се актуелни освојувачи на Еврокупот на ЕХФ и најавуваат ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, утре ги стартува квалификациите за настап на неофицијалното светско првенство - англискиот Вимблдон. Нејзина противничка во првата рунда од квалификациите ќе ѝ биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда, која се наоѓа на 213. место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг во кариерата ѝ беше ...
Покрај прволигашите, и второлигашките клубови почнаа со планирање за следната сезома. Управата на Новаци објави дека нема да ја продолжи соработката со досегашниот тренер Дарко Крстески и му се заблагодари за неговиот придонес во клубот. Искусниот тренер од Прилеп пред три години дојде во Новаци. Работеше со значителен успех, а минатата сезона оствари учинок од петнаесет победи, шест нерешени средби и девет порази, финиширајќи го првенството ...
Иран освои голем бод против Белгија (0-0) на Светското првенство, а најзаслужен за тоа беше голманот Алиреза Беиранванд. Искусниот чувар на мрежата забележа седум одбрани и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот. Зад неговиот успех се крие неверојатна животна приказна. Беиранванд потекнува од сиромашно номадско семејство во Иран и како тинејџер избегал од дома за да го оствари сонот да стане фудбалер. Без пари и без покрив над ...
ВТА листата не претрпе значајни и големи промени по последното рангирање на тенисерките. Белорусинката Арина Сабаленка и натаму е лидер на најновата листа со 9.090 поени. На втората позиција остана Елена Рибакина со 8.143 поени, додека третото место го зазема Ига Швјонтек со 6.733 поени. Во Топ 10 се наоѓаат и Џесика Пегула на четвртата позиција, како и Мира Андреева, Аманда Анисимова, Коко Гоф, Елина Свитолина, Викторија Мбоко и Линда ...
Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес продолжува со големите промени во составот по разочарувачката сезона во Евролигата. По заминувањата на Ник Вајлер-Беб, Сабен Ли и Роландс Шмитс, турскиот гигант ќе се раздели и со францускиот центар Венсан Поарие. Поарие се соочуваше со проблеми со повреди откако пристигна од Реал Мадрид во 2024 година, поради што не успеа да го покаже својот целосен потенцијал во дресот на Ефес. Во текот на актуелната сезона ...
Најдобриот ракометар на денешницата, Матијас Гидсел, заедно со неколку свои колеги, се најде во правна постапка поради наводно неовластено користење на нивните фотографии во комерцијални реклами поврзани со обложување. Данскиот ас е на врвот на листата со барања за обесштетување. Според данските медиуми, неговото барање е највисоко меѓу спортистите кои покренале тужба, бидејќи Гидсел бара отштета од 120.000 евра. Станува збор за случај ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изрази голем респект кон Австрија во пресрет на натпреварот од второто коло во групата Ј на Светското првенство. Предводникот на светскиот шампион беше искрен и пред медиумите изјави дека Австрија воопшто не е наивен противник, но сепак нагласи дека Аргентина оди на победа и заверка на првото место. „Австрија е многу добро организиран тим. Играат дисциплинирано, агресивно и секогаш вршат висок ...
Ракометниот клуб Вардар 1961 ги информираше своите навивачи дека продажбата на сезонските билети за сезоната 2026/27 ќе започне на 10 август и ќе трае до 23 август. Сезонските билети ќе овозможат влез на сите натпревари од првата групна фаза во Лигата на шампионите, како и на сите средби од домашното првенство, вклучувајќи ги регуларниот дел, плеј-офот и натпреварите од Купот на Македонија. По завршувањето на продажбата ќе следува замена на ...
Женската селекција на Македонија за кошаркарки под 17 години остави одличен впечаток на меѓународниот турнир „Рајзинг старс“ во Букурешт, Романија. Избраничките на селекторот Виктор Петровски прикажаа квалитетни настапи во конкуренција на силни противници, остварувајќи две победи - против врсничките селекции на Романија и Молдавија, а единствениот пораз го претрпеа од домашниот тим кој настапи со нешто постара генерација. Освоеното второ ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди учесниците во женската Лига на шампионите за сезоната 2026/27, а меѓу клубовите кои добија „вајлд-карта“ се најде и Борусија Дортмунд, тим каде што oд новата сезона ќе настапува една македонска репрезентативка. Германскиот клуб е еден од шесте тимови чии барања за надградба на статусот беа прифатени од ЕХФ, со што обезбеди место во најелитното европско натпреварување. Покрај Дортмунд, ...
Капитенот на египетската репрезентација, Мохамед Салах, изјави дека е пресреќен од победата над Нов Зеланд на Светското првенство (3-1), по која „фараоните“ станаа лидери во својата група и направија огромен исчекор кон елиминациската фаза од турнирот. Салах беше и стрелец на вториот гол во пресвртот над ривалот од Океанија, истакнувајќи дека оваа победа е многу значајна и историска за неговата држава. „Чувството е неверојатно, не знам како ...