Деновиве голем скандал го тресе македонскиот фудбал. Вчера под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, реализирана е координирана акција во која се опфатени повеќе физички и правни лица. Во акцијата се приведени дванаесет лица, додека пет лица се недостапни на органите на прогонот. На поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски ...

Второлигашот Детонит Плачковица се раздели со еден од најдобрите играчи, Сашо Дуков. 31-годишниот напаѓач минатата сезона беше еден од лидерите на тимот, постигна 14 погодоци. Сепак, по крајот на кампањата двете страни решија да се разделат по само една сезона. Дуков ќе побара нов предизвик за новата сезона. Се работи за искусен напаѓач со настапи за повеќе македонски клубови. Дуков низ кариерата беше дел од Тиквеш, ОФК Београд, Пелистер, ...

Шкендија продолжува со засилувањата за новата сезона, а ново име во тимот од Тетово е Бојан Димоски. Македонскиот репрезентативец пристигнува како значајно засилување за левата страна од теренот, позиција на која тетовчани бараа дополнителна конкуренција пред настапите на домашната и европската сцена. Димоски зад себе има богата кариера и веќе неколку сезони настапуваше надвор од Македонија. Фудбалскиот пат го започна во Тетекс, а потоа ...

Македонскиот прволигаш Тиквеш потврди дека во новата сезона ќе направи посериозна реконструкција на тимот, бидејќи се разделува со барем 11 фудбалери. Клубот од Кавадарци преку социјалните мрежи им се заблагодари на двоцифрен број играчи меѓу кои е и ветеранот Даниел Мојсов. Од Тиквеш ова лето освен искусниот стопер заминуваат Стефан Тасев, Мартин Стојанов, Берат Садик, Кристијан Стојкоски, Кристијан Ѓоршиевски, Никола Најдовски, Мартин ...

Ракометниот клуб Вардар 1961 во следната сезона ќе се врати во Лигата на шампионите. Со враќањето на тронот во мак-ракометот нашиот најтрофеен клуб заработи место во Европската лига, меѓутоа побара унапредување и „вајлд-карта“ за елитата. Според нашите информации, Европската ракометна федерација - ЕХФ го одбра Вардар како една од екипите кои ќе одат ранг погоре во своите натпреварувања. Така „црвено-црните“ со „вајлд-карта“ повторно се ...

Италијанскиот шампион Интер ја осигура иднината на тренерската позиција, откако постигна договор за продолжување на соработката со Кристијан Киву до летото 2028 година. Раководството на клубот реши да му понуди нов договор на романскиот стратег по успешната сезона во која „нераѕурите“ стигнаа до двојната круна во домашните натпреварувања, освојувајќи ги скудетото и Купот на Италија. Continuiamo a scrivere la storia insieme ...

Светското првенство во фудбал би можело да ѝ донесе на ФИФА дури 500 милиони долари приходи од рекламирање за време на паузите за хидратација, пренесува аргентинскиот специјализиран портал „Marketing Registrado“. Станува збор за ново правило кое официјално е воведена на тековниот Мундијал и за првпат се применува во историјата на најголемиот светски турнир. Паузите се одржуваат околу 22. минута од секое полувреме, а од ФИФА објаснуваат дека ...

Има денови кога брзината навистина се исплати. Барем кога станува збор за брз гол. Тоа веќе станува тренд за сите играчи на обложувалницата Mozzart кои решија да ја искористат опцијата според која, за време на Мундијалот, секојпат кога ќе падне гол пред 10. минута, а на тикетот е одиграна играта 3+, тој пар автоматски се смета за добитен. Тоа беше потврдено уште еднаш. Во првиот натпревар од второто коло во Групата А, каде што се сретнаа ...

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, смета дека поразот од Швајцарија на Светското првенство е превисок во однос на прикажаното на теренот. Босанците долго време беа рамноправен ривал, но грешките и црвениот картон целосно го променија текот на натпреварот. „Може да се каже дека поразот е превисок. Желбата повторно беше присутна и околу 60 минути бевме подобар противник. Со грешка примивме гол, а потоа и црвениот картон многу ...

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер потврди голема вест за битолската публика поврзана со капитенот Филип Кузмановски. Популарниот Фитиљ останува во Битола и следната сезона, откако потпиша продолжување на соработката со „зелено-белите“. Капитенот на битолскиот клуб имаше странски понуди од силни екипи, меѓутоа се реши да остане „дома“ и не мрда од редовите на пелистерци. Потврдата на потписот на Еурофарм Пелистер: Во изминатиот период ...

Убедливата победа на Канада од 6-0 против Катар на Светското првенство остана во втор план поради тешката повреда на Исмаел Коне. Инцидентот се случи во текот на второто полувреме, а реакцијата на канадските фудбалери и стручниот штаб веднаш покажа дека станува збор за сериозен проблем. По мечот, селекторот Џеси Марш не го криеше разочарувањето поради повредата на еден од најважните играчи во составот. „Се случи пред нашата клупа. Сите го ...

Македонскиот шампион Вардар престојува во Италија, каде ги реализира подготовките за новата сезона и настапите во квалификациите за Лигата на шампионите. За време на престојот во Норча, експедицијата на „црвено-црните“ беше примена од градоначалникот на градот, Антонио Дука, кој им посака успешна работа и многу среќа во претстојните предизвици. Вардар во Норча ги темпира формата и физичката подготвеност пред двомечот со фински КуПС во првото ...

Кошаркарите на Барселона со брејк ја отворија финалната серија во шпанската АЦБ лига, откако по драматичен натпревар и продолжение ја совладаа Валенсија на гостински терен со 112-113. Барселона одлично го отвори мечот и долго време ја контролираше играта, но домаќинот направи пресврт во третата четвртина и во финишот беше блиску до триумф. Сепак, тројката на Клајбурн ја одведе средбата во дополнителни пет минути, каде што гостите беа ...

Фудбалската репрезентација на Мексико стана првиот учесник во нокаут фазата на Светското првенство 2026, откако во дербито на групата А ја совлада Јужна Кореја со 1-0 (0-0). Првиот дел од средбата во Гвадалахара не понуди премногу возбудувања. По мирното прво полувреме, решавачкиот момент се случи веднаш по паузата кога Луис Ромо најдобро се снајде по хаосот во шеснаесетникот и ја затресе мрежата за водство на „ел три“. Течеше 50. минута ...

Јирген Клоп го отпушти тренерот на РБ Лајпциг, Оле Вернер - барем така јавуваат повеќе германски медиуми. Се шпекулира дека за отказот постојат повеќе причини, а една од нив е нефорсирањето на двајца големи таленти во првиот тим. Според информациите, двајцата имале состанок на кој било решено да биде прекината соработката, а како ново тренерско име се споменува Аргентинецот Мартин Демикелис. Во кратката изјава за медиуми, Клоп рекол „Сметаме ...

Репрезентацијата на Канада оствари историска победа, совладувајќи го Катар со убедливи 6-0 (3-0) во натпревар од второто коло на групата Б на Светското првенство. Ова е прва победа во историјата на канадскиот машки фудбал на светските шампионати, со која кодомаќинот се искачи на врвот на табелата во својата група. Хет-трикot на Џонатан Дејвид и тешката повреда на Исмаил Коне го одбележаа натпреварот: Напаѓачот блесна на стадионот во Ванкувер ...

Канадскиот играч од средниот ред, Исмаел Коне, доживеа тешка повреда на левата нога за време на натпреварот од Светското првенство против Катар. Тој беше удрен од противничкиот играч Асим Мадибо во 51. минута, по што беше изнесен на носилки и подоцна беше констатирано дека се работи за скршеница. Канадските фудбалери не дозволија видео снимките да ги покажат тажните сцени од скршеницата, а Мадибо беше потиштен од последиците од стартот. ...

Еден од најталентираните млади кошаркари од Србија, Никола Кустурица, се наоѓа пред важна одлука за својата иднина. За него сериозен интерес покажуваат престижните американски универзитети „Кентаки“ и „Северна Каролина“, додека неговиот сегашен клуб, Барселона, се обидува да го задржи во своите редови. Иако Новосаѓанецот ќе наполни 18 години дури во април следната година, интересот од САД е конкретен и долгорочен. Американските аналитичари ...

Дел од казните за инцидентите во петтиот натпревар од финалната серија во грчкото кошаркарско првенство веќе се познати, а најтешко поминаа кошаркарите Тајрик Џонс и Кендрик Нан. Овие двајца имаа прво вербален дуел на теренот, а потоа и физички се пресметаа по крајот на финалето меѓу Олимпијакос и Панатинаикос во „ОАКА Арената“. Центарот на Олимпијакос, Тајрик Џонс, ќе треба да плати вкупно 100.000 евра. Половина од сумата му е изречена ...

Фудбалската репрезентација на Австрија успешно го отвори настапот на Светското првенство со победа над Јордан, но по мечот пристигнаа загрижувачки вести од австрискиот табор. Дефанзивецот Штефан Пош заработил повреда на вилицата, а првичните сомнежи се дека станува збор за скршеница. Доколку лекарските прегледи ја потврдат оваа дијагноза, за фудбалерот на Мајнц ќе биде завршен настапот на Мундијалот, бидејќи ќе мора да замине на операција и ...

Две национални селекции на Македонија во наредните денови ќе бидат дел од „Rising Stars“ турнирот во Букурешт за кошаркар(к)и до 17“ години (играчи родени 2009 година и помлади). Покрај организаторот Романија, и нашите две репрезентации, на овој собир во главниот романски град ќе бидат и У17 селекциите на Грција и Молдавија (во женска конкуренција). Според програмата, предвидено е одигрување на по два натпревари (во обете конкуренции) во ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се пофали со одличната посетеност на натпреварите од Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Според официјалните податоци, првите шеснаесет натпревари од турнирот од трибините ги следеле повеќе од еден милион гледачи. Јубилејниот милионити посетител бил Арон Бен, кој доби можност да се фотографира со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, како спомен од овој значаен ...

Фудбалската селекција на Швајцарија ја забележа првата победа на Светското првенство, откако во првиот натпревар од второто коло од групата Б со убедливи 4-1 (0-0) славеше над Босна и Херцеговина. Овие три бода ги носат Швајцарците на милиметри до елиминациона фаза, додека БиХ шанса за таму ќе брка во последното коло. Откако го пропушти првиот натпревар поради недоволна подготвеност, Един Џеко вечерва се врати на првиот тим на БиХ и заедно со ...

Еден од најдобрите хрватски ракометари, Мануел Штрлек, повторно ќе го облече дресот на РК Загреб, откако по цели 14 години се врати во клубот каде што ја започна својата кариера. Легендарното лево крило зад себе има богата кариера, во која настапуваше за европски гиганти како Келце и Веспрем, со кои освои бројни титули, вклучително и трофејот во Лигата на шампиони во 2016 година. Во последниот период Штрлек настапуваше за Нексе Нашице, од ...

Натпреварот меѓу Нов Зеланд и Иран (2-2) на стартот од Светското првенство донесе и една навистина посебна приказна која го обиколи светот. Младиот Тајлер Биндон ги одигра своите први минути на Мундијалот, откако влезе во игра во судиското продолжение, заменувајќи го Маркo Стамениќ. Со тоа, 21-годишниот фудбалер не само што дебитираше на најголемата сцена, туку и продолжи една неверојатна семејна традиција. Неговата мајка, Џени Биндон, ...

Битолски Пелистер неочекувано испадна од Првата фудбалска лига (ПМФЛ) и сите фудбалери на клубот се слободни да ја бараат својата следна дестинација. Некои ќе останат во зелениот дрес, но некои ќе побараат нова систематизација. Бекот со искуство во селекцијата на Македонија до 21 година, Стефан Ивановски, е еден од оние кои следната сезона ќе игра во нов клуб. Неколку клубови од македонската Прва и Втора лига се заинтересирани за Ивановски и ...

Повеќе извори во Италија и неколку познати новинари тврдат дека управата на Интер се договорила со Аталанта за трансферот на младиот Марко Палестра, кој беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А. Италијанскиот репрезентативец треба да се пресели во Милано во трансфер вреден 50 милиони евра (45+5 милиони), сума која Интер не ја исплаќа премногу често во последно време. Палестра се очекува да биде големо засилување за одбраната на ...

Евролигашот Анадолу Ефес зад себе остави сезона со разочарувања и повреди. Од клубот најавуваат заминување на Шеј Ларкин и покрај што тој има уште две години од договорот со клубот. Веќе стигнале понуди од неколку екипи од Евролигата: Хапоел Тел Авив, Барселона, Фенербахче, Реал Мадрид и Басконија. Ларкин како дел од Анадолу Ефес освои две титули во Евролигата и три во турското првенство, а од 2023 година немаат освоено ништо, а сезонава ...

И покрај огромната доминација во поседот на топката и бројните создадени шанси, шпанската репрезентација се соочува со сериозен проблем, а тоа е неефикасност во нападот. Статистиката јасно покажува колку е необична ситуацијата во тимот на селекторот Луис де ла Фуенте. Според податоците на „Opta“, Шпанија од последниот постигнат гол на Светските првенства - против Јапонија на Мундијалот во Катар, упатила дури 49 удари кон противничкиот гол и ...

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул постигна договор за ангажман на младиот напаѓач Виктор Муњоз од Осасуна, со што продолжува реконструкцијата на тимот пред новата сезона. Трансферот ќе биде официјализиран по добивањето на работна дозвола и меѓународна регистрација, а Муњоз веќе ги помина медицинските прегледи во базата на шпанската репрезентација во САД и потпиша долгорочен договор. 22-годишниот напаѓач во моментов настапува на Светското ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
0.9
18%
1011
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
37%
1013
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.16
19%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.15
31%
1015
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
6.07
26%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.25
62%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
35%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.34
34%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.4
36%
1012
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
3.13
33%
1014
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
0.89
23%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.93
100%
1011
Currency

61.4762

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Иридиум

252383.36

Родиум

269262.50

Цинк

0.00

Бакар

13.37

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.23

Сребро

1954.91

Платина

56295.96

Рутениум

53852.50

Паладиум

43242.75

Калај

55.95

Злато

133030.14