Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз ги отвори контролните натпревари во пресрет на Европското првенство од Дивизијата Б, откако во Ботевград загуби од Бугарија со 64-58. Избраничките на селекторот Виктор Петровски одиграа квалитетен натпревар и долго време беа рамноправен ривал на домаќинот, но во самиот финиш Бугарките успеаја да ја сочуваат предноста и да стигнат до победата. Македонската селекција на ...

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „Под 18“ години го претрпе и вториот пораз на контролните натпревари против соодветната селекција на Бугарија, одиграни викендов во Ботевград. За разлика од првиот меч, во кој домашната селекција славеше со 87:77, и вториот дуел заврши во корист на Бугарија, овојпат со резултат 85-75. Македонските јуниори одиграа квалитетно прво полувреме и на одмор заминаа со минимална предност од 42-41. ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија загуби и на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Бугарија, одигран денеска во Ботевград. Домаќинот беше подобар и славеше со 77-56. Ослабена поради неиграњето на неколку важни кошаркарки Ива Колева, Глорија Груевска, Ана-Марија Димитровски, а на овој натпревар и Вања Милосаљевиќ македонската репрезентација тешко успеа да му парира на противникот, кој уште во првата ...