Познатиот НБА аналитичар, Бил Симонс, изјави дека постои можност Портланд Треил Блејзерс да бидат преселени во друг град, но нагласи дека станува збор исклучиво за негова лична проценка, а не за информации од клубот или лигата. Според Симонс, новиот сопственик Том Дандон, кој ја купи франшизата за околу 4,25 милијарди долари, размислува за преселување, со оглед на тоа што нова НБА експанзиона франшиза би чинела меѓу седум и осум милијарди ...

Бешикташ во моментов е главен фаворит за потписот на уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез, откако неговиот клуб Ал-Хилал даде „зелено светло“ за позајмица. Турскиот гигант веќе ги интензивираше преговорите со саудискиот клуб и понуди четири милиони евра за едногодишна позајмица на 27-годишниот фудбалер. Нуњез е отстранет од тимот во Саудиска Арабија поради ограничувањата за странски играчи по доаѓањето на Карим Бензема и има силна желба да се ...

Кошаркарскиот клуб Барселона официјално го назначи Чеви Пужол за нов спортски директор. Тој потпиша тригодишен договор и на функцијата го наследува легендарниот Хуан Карлос Наваро, кој ќе продолжи да работи како амбасадор на клубот. Пужол пристигнува од Басконија, а претходно се прослави во Манреса, каде што важеше за еден од најдобрите спортски директори и скаути во Шпанија. Особено е ценет по откривањето и развојот на таленти како Чима ...

Њукасл Јунајтед го потврди ангажманот на чешкиот голман Лукаш Хорничек, кој кариерата ќе ја продолжи на „Сент Џејмс Парк“ по трансферот од португалска Брага. 24-годишниот чувар на мрежата стави потпис на петгодишен договор со премиерлигашот. Според информациите на „Скај Спорт“, трансферот е вреден околу 30 милиони евра. Хорничек беше дел од репрезентацијата на Чешка на завршеното Светско првенство, но не забележа настап на турнирот. Новиот ...

Џордан Хендерсон е нов фудбалер на Челзи, откако лондонскиот клуб официјално го потврди неговиот ангажман. Искусниот англиски репрезентативец пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ како засилување за средниот ред, носејќи со себе богато искуство од Премиер лигата и европските натпреварувања. Хендерсон најголемиот дел од кариерата го мина во Ливерпул, каде како капитен освои сè што можеше да се освои, вклучувајќи ја Премиер лигата и Лигата на ...

Македонскиот прволигаш Тиквеш донесе уште едно засилување за новата сезона, а тоа е Октај Ракипи, кој доаѓа од словенечкиот клуб, Јесенице. Кавадарчани го најавија Ракипи како технички поткован играч, од кого се очекуваат добри партии во текот на сезоната. Јакипи ќе ја збогати ротацијата во средниот ред на тренерот Оливер Богатинов. Во минатото го носеше дресот на Беса 1976, Борец од Велес и тетовска Шкендија. Прочитајте повеќе околу ...

Луј ван Гал е подготвен по четврти пат да седне на клупата на холандската репрезентација, откако остана испразнето селекторското место по заминувањето на Роналд Куман. Според „Де Телеграф“, 74-годишниот стратег е расположен за нов камбек и смета дека е целосно подготвен за нов предизвик. Холандската федерација сè уште не стапила во контакт со искусниот тренер, но тој не ја исклучува можноста повторно да ја предводи националната селекција. Во ...

Македонскиот ракометар Марко Мишевски заминува за нов интернационален предизвик, откако беше претставен како нов член на Сисак. Станува збор за новиот прволигаш во Хрватска кој ќе настапува во групата Б во тамошниот шампионат. Мишевски е претставен како врвно засилување од страна на Сисак за бековската линија, меѓутоа и за дефанзивата која низ кариерата му беше силна страна. View this post on Instagram A post shared by (@rk_sisak) Во Хрватска ...

Македонските ракометни кадети ја забележаа првата победа на Европското првенство, откако во групата 1 од разигрувањето за пласман славеа убедливо против Италија со 33-23 (17-13). Уште од стартот избраниците на Горан Кузманоски се наметнаа и почнаа да градат предност, па поведоа со три разлика (5-2). На тоа следуваше реакција и два врзани гола на противниците, меѓутоа тоа не ги поколеба македонските момчиња кои набргу стигнаа до 9-5. Италија ...

Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем во обидот да го комплетира трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, иако договорот со фудбалерот веќе е постигнат. Шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот е стопиран поради спор околу менаџерските права. Додека Реал преговарал со агенцијата „Рок Нејшн“, компанијата „Максидел Менаџмент“, предводена од поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Макс Градел, тврди дека сè уште има ...

Барселона остана без планираниот пријателски натпревар против Престон, откако англискиот клуб го откажа дуелот поради недоволен број фудбалери на располагање. Причината за ваквата одлука е кадровскиот проблем на Престон, кој не успеал да обезбеди доволен број првотимци за одигрување на средбата. Од англискиот клуб предложиле наместо првиот тим да настапи младинскиот состав, но каталонците не прифатиле такво решение. Натпреварот требаше да се ...

Само неколку дена беа доволни за сериозно да се разниша позицијата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој до неодамна важеше за човек со цврста контрола врз светската фудбалска организација. По контроверзниот предлог за продажба на дел од комерцијалните права на ФИФА на приватни инвеститори, сѐ погласни се повиците за преиспитување на неговото раководење. Инфантино се соочува со најсериозната криза откако во 2016 година беше избран за ...

Заминувањето на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити донесе промена и на листата на најплатени менаџери во Премиер лигата. Нов лидер според годишната заработка е стратегот на Арсенал, Микел Артета, кој инкасира 15 милиони фунти годишно. На второто место се најдоа Оливер Гласнер од Нотингем Форест и Чаби Алонсо од Челзи, кои заработуваат по 11,5 милиони фунти, додека четврт е Енцо Мареска од Манчестер Сити со 10 милиони фунти. По нив следуваат ...

Единствениот македонски претставник во европските натпреварувања е Шкендија. Вицепрвакот во ПМФЛ ќе игра во третото квалификациско коло на Конференциската лига, а за противник го доби шкотскиот Хибернијан. УЕФА веќе ја одржа и ждрепката за плеј-оф натпреварите во ова натпреварување. Ако Шкендија го мине шкотскиот предизвик за нов пласман во Конференциската лига ќе игра бараж против победникот од двомечот меѓу ИФК Гетеборг или белгискиот Гент. ...

По ждрепката за плеј-офот од Лигата на шампионите, УЕФА ја изврши и ждрепката за плеј-офот за второто натпреварување во европскиот фудбал. Во плеј-офот на Лига Европа ќе играат победниците од третото коло, плус поразените од третото коло во Лигата на шампионите на УЕФА. Бојан Миовски и неговиот Глазгов Ренџерс играат во евро-куповите и имаат добра шанса за пласман понатаму, исто е и со Висар Муслиу и Сент Труден од Белгија. Трабзонспор - ...

Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски има нов клуб и кариерата ја продолжува во Индонезија. ПСС Слеман, клуб кој лани играше во плеј-офот на Индонезија, е новиот клуб на 34-годишниот фудбалер кој игра по левата страна на теренот. Ашковски во земјата доаѓа како слободен, по раскинот на договорот во Иран. Последен клуб на Ашковски беше Мес Рафсанјан од Иран, а низ кариерата настапуваше низ повеќе европски земји како Србија, Кипар, ...

Руската тенисерка Кристина Љутова испиша историја, откако на само 16 години го освои својот прв ВТА-трофеј. Во финалето на турнирот во Мемфис, младата Русинка направи голем пресврт и ја совлада Чехинката Дарја Видманова со 2-1 во сетови (1-6, 6-1, 6-3). Љутова до својата прва титула во ВТА-конкуренција стигна по два часа игра, иако убедливо го загуби првиот сет. Таа успеа целосно да го сврти натпреварот во своја корист и заслужено се израдува ...

Европските сезони во ракометот ќе започнат наскоро, а како увертира на нив, статистичарите направија анализа и одбраа престижно друштво, кои екипи од шампионатите се најтрофејни на домашната сцена. Меѓу нив имаше место и за македонскиот првак Вардар 1961. Кога ќе се соберат трофеите на црвено-црните во Суперлигата, Купот на Македонија и Суперкупот на Македонија, клубот во европските лиги се наоѓа на 13-тото место со вкупно 38 освоени трофеи. ...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги извлече потенцијалните парови за плеј-офот во Лигата на шампионите, последното скалило пред групната фаза на елитата. Македонија може да има еден репрезент во последната фаза за место во елитата, тоа е Никола Серафимов со Левски Софија. Доколку ја мине првата пречка, бугарскиот првак ќе игра со АЕК Атина од Грција. Левски / Каират - АЕК Атина Селтик - ЛАСК Динамо / Жалгирис - Викинг Мјелби / Слован - ...

По завршувањето на Светското првенство, дебатата околу добитникот на „Златната топка“ влезе во завршна фаза, а угледниот француски спортски весник „Л'Екип“ предизвика изненадување со својот избор на главен фаворит. Иако најчесто се споменуваат имиња како Ламин Јамал, Родри, Лионел Меси, Усман Дембеле, Хари Кејн и Килијан Мбапе, на насловната страница на францускиот медиум се најде грузискиот репрезентативец Хвича Кварацхелија. Иако не настапи ...

Репрезентацијата на Словенија го освои златото на Европското првенство во кошарка за играчи до 18 години. Во големото финале, одиграно во Италија, младите словенечки кошаркари доминираа против домаќинот Италија и славеа со убедливи 88-71. Најдобар поединец во победничкиот состав на овој натпревар беше Стефан Јоксимовиќ. Со овој историски триумф, Словенија за првпат успеа да застане на европскиот трон во оваа младинска категорија. Ова ...

По осум дена работа во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа на главниот дел од подготовките за сезоната 2026/27, кој ќе го реализираат во Словенија. Откако новиот тренер Лино Червар ги започна подготовките со работен состанок, медицински тестови и првите тренинзи во Битола, сега следува најважната фаза од создавањето на тимот пред стартот на новата сезона. Во Словенија, искусниот хрватски стратег ќе има можност подобро да ги ...

Екипата на ГФК Осогово ќе игра во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во новата сезона, но ќе биде без еден од играчите кои се „заштитни знаци“ на клубот. 35-годишниот Драган Паунов по долги години меѓу „жетварите“ реши да си замине од екипата и да побара нов предизвик. Играчот кој игра во дефанзивата беше дел од кочанскиот клуб од 2023 година, а претходно исто така играше за оваа екипа. Паунов покрај дресот на ГФК Осогово, ги носеше и ...

Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, е нов член на чилеанскиот гигант Коло-Коло. Четириесетгодишниот чувар на мрежата пристигна како слободен играч, откако со своите извонредни одбрани на Светското првенство го привлече вниманието на фудбалската јавност. Во Сантијаго беше пречекан како вистинска ѕвезда. Голем број навивачи на Коло-Коло се собраа на аеродромот „Артуро Мерино Бенитез“ за да му посакаат добредојде на своето најново ...

Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски и официјално стави крај на својата етапа во бугарски Спартак Варна. По збогувањето со играчите, стручниот штаб и вработените во клубот, искусниот тренер се врати во Македонија, а на заминување доби искрени овации и аплаузи од голем број навивачи, кои му оддадоа признание за сработеното и за човечките квалитети што ги покажа за време на престојот во Варна. Хаџиевски, кој има 71 година, зад себе остава ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер е еден од најактивните на тренсфер-пазарот ова лето и продолжува со комплетирањето на ростерот за сезоната 2026/27, а најново засилување на битолскиот клуб е македонскиот кошаркар Виктор Златевски. Двете страни потпишаа едногодишен договор, а 25-годишниот бек ќе му се стави на располагање на стручниот штаб уште од првиот ден на подготовките за новата сезона. Златевски во Битола пристигнува од редовите на Феникс ...

Шкендија денес ќе ја следни ждрепката за плеј-оф рундата од Конференциската лига, каде ќе го дознае потенцијалниот противник доколку успешно ја мине пречката наречена Хибернијан. Ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион е закажана за 14:00 часот, а веќе е познат скратениот список на можни ривали за тетовскиот клуб. Доколку македонскиот вицешампион го елиминира шкотскиот Хибернијан, во последната пречка за место во лигашката фаза ќе се соочи со ...

Марк Кукуреља уште еднаш покажа дека големината не се мери само со трофеите, туку и со човечноста. Шпанскиот репрезентативец, кој летово го напушти Челзи и направи трансфер во Реал Мадрид, пред заминувањето од англискиот град Хоршам приреди незаборавен момент за локалниот поштар. Кукуреља му дозволил да ја носи околу вратот својот златен медал од Светското првенство, а одушевениот поштар фотографијата ја сподели на социјалните мрежи. „Имав ...

Ливерпул со пораз го заврши подготвителниот турнир во Соединетите Американски Држави, откако загуби од Лидс Јунајтед со 4-2 во натпревар кој целосно ги откри слабостите на „црвените“ пред почетокот на новата сезона. Избраниците на Андони Ираола одиграа одлично во првото полувреме и оставија впечаток дека се на добар пат, но по паузата следуваше целосен пад. За само 25 минути Лидс постигна четири гола без одговор и го сврте резултатот, ...

Англиската Премиер лига уште еднаш покажа дека нема конкуренција кога станува збор за трансферите. Иако до крајот на преодниот рок останува речиси еден месец, премиерлигашите веќе потрошија повеќе од 1,8 милијарди евра за нови засилувања. Она што уште повеќе импресионира е фактот што оваа сума е поголема од вкупната потрошувачка на Серија А, Бундеслигата и Примера заедно. Доколку се додаде и потрошувачката на клубовите од Чемпионшип, која ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53