Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Ракометарите на Вардар направија уште еден чекор во подготовките за новата сезона, но овојпат надвор од теренот. Денешниот ден беше резервиран за официјалната фото-сесија на „црвено-црните“, која ќе биде основа за визуелниот идентитет на клубот во текот на сезоната. Пред објективот на Денис Дуковски продефилираа сите првотимци и членовите на стручниот штаб, а беа изработени нови официјални фотографии и промотивни материјали кои клубот ќе ги ...
Македонскиот фудбалер Џејмс Николовски има нов клуб во својата кариера, откако официјално потпиша договор со гибралтарскиот прволигаш Лајонс Гибралтар. 24-годишниот централен дефанзивец пристигнува во Гибралтар од Австралија, каде што стекна професионално искуство во редовите на Бризбејн Роар. Николовски го потпиша својот прв професионален договор со клубот од А-лигата и настапуваше за сениорскиот тим во првенствените и куп-натпреварувањата. ...
Жозе Мурињо го имаше своето деби на клупата на Реал Мадрид по враќањето во клубот, но не успеа да стартува со победа. „Кралскиот клуб“ одигра 2-2 против Фиорентина во пријателски натпревар одигран во австриски Клагенфурт. Реал одлично го отвори натпреварот и поведе во 12. минута преку Ендрик, а само дванаесет минути подоцна Алексис Сирија ја удвои предноста на шпанскиот гигант. Италијанскиот тим успеа да се врати уште пред паузата. Пиколи ...
По двата порази на стартот од подготовките, битолски Пелистер конечно се израдува на првиот триумф пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Шкендија Арачиново, реванширајќи ѝ се на екипата која во мај годинава ги елиминираше во баражот за опстанок во Првата лига. Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 59. минута, кога искусниот стопер Кире ...
Шкендија доби охрабрувачки вести од лекарскиот тим пред претстојните натпревари, откако деталните медицински прегледи покажаа дека Фабрис Тамба и Бојан Димоски не заработиле сериозни повреди. Двајцата фудбалери се повредија на реванш-натпреварот против словенечки Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига, но резултатите од прегледите се позитивни. Тамба, кој во финишот на натпреварот доби силен удар во ногата, беше подложен ...
РК Илинден продолжува со комплетирањето на стручниот штаб за новата сезона, а ново име во клубот е поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски, кој ќе ја извршува функцијата помошник тренер. Пецаковски зад себе има богата играчка кариера, настапувајќи за сите најдобри македонски клубови, меѓу кои Пелистер, Металург, Вардар, Зомимак, Еурофарм Работник и Пролет, а интернационално искуство стекна и во редовите на тунискиот Клуб ...
Тотенхем го совлада Челзи со 2-1 во пријателскиот натпревар одигран во Сиднеј, а победничкиот гол го постигна Ричарлисон длабоко во судиското продолжение, иако „петлите“ цело второ полувреме играа со фудбалер помалку. Екипата на Роберто Де Зерби поведе уште во првиот дел преку новото засилување Сандро Тонали, кој ја затресе мрежата по удар што заврши зад грбот на голманот на Челзи. „Сините“ брзо се вратија во игра, а израмнувањето го донесе ...
Европската куќа на фудбалот УЕФА ги одреди официјалните лица за првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига меѓу Хиберниан и Шкендија. Главен судија ќе биде Менелаос Андониу од Кипар, а негови помошници ќе бидат Павлос Георгиу и Ираклис Комодромос, исто така од Кипар. Улогата на четврти судија ќе ја извршува Јоанис Христодулу, додека во ВАР-собата ќе бидат Димитрис Солому како главен видео-судија и Андреас Техрани ...
Машката јуниорска репрезентација на Македонија ќе игра за 13. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во разигрувањето славеше против Исланд (86-74). Македонските јуниори покажаа карактер и го одиграа еден од најдобрите натпревари на шампионатот во Хрватска. Иако по само десет минути игра имаа негатива од 16 поени, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ направија голем пресврт и заслужено изборија натпревар за 13. место. ...
Финалистите од Лигата на шампионите во 2023 година, Интер и Манчестер Сити, одиграа контролен натпревар во Хонг Конг во рамките на подготовките за новата сезона, а победата по изведувањето пенали им припадна на италијанците. Во регуларните 90 минути резултатот беше 1-1, додека Интер беше поуспешен во пенал-рулетот со 3-1. Манчестер Сити поведе во 15. минута, кога Семењо продре по левата страна и испрати употреблива топка до Мубама, кој од ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Атлетико Мадрид во пријателски натпревар одигран во Стокхолм, откако англискиот тим направи пресврт во второто полувреме. Шпанскиот состав поведе уште во петтата минута. По изведен корнер, Ортиз ја прими топката на левата страна и се обиде да нафрли во шеснаесетникот, но топката ги прелета сите играчи и заврши зад грбот на изненадениот Том Хитон за водство од 1-0. Херој на ...
Македонскиот интернационалец Константин Чешмеџиев има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Италија, каде ќе настапува во Серија Д. 30-годишниот фудбалер од дефанзивата беше дел од исландски Вестри, но си замина од клубот. Следна станица ќе му биде „чизмата“, каде потпиша за екипата на Санремезе, во чии редови директор е легендата Кристијан Карамбе, освојувач на Мундијалот со Франција и на Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Чешмеџиев во ...
Македонскиот фудбалер Никола Ѓорѓев ја заврши својата авантура во Португалија и кариерата ќе ја продолжи во Швајцарија, каде потпиша договор со Ксамакс, клуб кој се натпреварува во Челенџ-лигата. Поранешниот македонски репрезентативец помина една сезона во дресот на Фарензе, но не успеа да се наметне во португалскиот клуб, по што се одлучи за враќање во земјата каде што ја започна својата професионална кариера. Ѓорѓев е производ на ...
Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, во која повторно ќе настапува во Суперлигата, а ново име во битолскиот состав е талентираната Еџе Сејадин. Станува збор за една од најперспективните млади ракометарки во земјата, која минатата сезона беше најдобар стрелец во кадетската лига со 86 постигнати голови. Покрај тоа, Сејадин блескаше и во Првата лига, каде со 164 погодоци ја заврши сезоната како втор ...
Реал Мадрид е сè поблиску до ангажман на шпанскиот репрезентативец Родри, а според најавите, трансферот би можел да биде реализиран за сума од околу 65 милиони евра. Сепак, конечната реализација на зделката ќе зависи од тоа дали Манчестер Сити ќе успее да најде соодветна замена за својот клучен играч. Главна цел на англискиот шампион е младиот француски играч за врска Ајуб Буади од Лил. Доколку Сити го обезбеди неговиот потпис, се очекува да ...
Македонскиот женски фудбал доби уште една интернационалка, откако младата голманка Евгенија Вељановска ја продолжи кариерата во Шпанија. Талентираната чуварка на мрежата, родена во 2009 година, направи трансфер во редовите на Алавес, каде веќе го забележа и своето деби. Вељановска дебитираше на најдобар можен начин, зачувувајќи ја својата мрежа недопрена во победата на Алавес од 2-0 против Осасуна. Седумнаесетгодишната голманка во шпанскиот ...
Македонскиот напаѓач Георг Стојановски е пред нов предизвик во кариерата, откако договори трансфер во катарскиот Лусаил. Според информациите, Стојановски ќе потпише тригодишен договор со клубот, но претходно треба успешно да ги мине задолжителните лекарски прегледи. Со овој трансфер, Стојановски ќе стане вториот фудбалер на Спартак Варна кој во последните години направил интернационален трансфер, по Ахмед Ахмедов. Доколку договорот биде ...
Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски верува дека Македонија има квалитет да ѝ се спротивстави на Швајцарија во претстојниот септемвриски квалификациски натпревар, иако противникот важи за фаворит. Во интервју за „Опен ТВ“, искусниот лев бек истакна дека македонската репрезентација и во минатото покажала дека може рамноправно да се носи со селекции од највисоко ниво. „Швајцарија е репрезентација која настапи на Светското првенство и ...
Интер е на чекор до уште едно големо засилување за одбраната, бидејќи според аргентинските медиуми постигнал договор со Тотенхем за трансферот на аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро. Според аргентинскиот „ЕСПН“, двата клуба се договориле за обештетување од 40 милиони евра, а трансферот бил финализиран по директните разговори меѓу раководствата на Интер и Тотенхем. Со овој потег, Ромеро повторно ќе заигра во Серија А, каде претходно ...
Ливерпул ја совлада екипата на Рексам со 1-0 во пријателски натпревар, ама по последниот судиски свиреж вниманието го привлече инцидент меѓу двајца фудбалери на англискиот шампион. Кертис Џонс и Доминик Собослаи влегоа во жестока вербална расправија додека тимот ги поздравуваше навивачите на стадионот „Јенки“, а во еден момент во конфликтот се вмеша и Костас Цимикас. Причината за несогласувањето не е официјално позната, но британските медиуми ...
Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во Белград, откако загуби од Шведска со 29-33. Избраниците на Горан Кузманоски пружија навистина сериозен отпор и беа во игра за добар резултат, меѓутоа недостигаше концентрација во клучните моменти и тоа се одрази на конечниот исход. По овој неуспех нашата селекција продолжува во разигрувањата за пласман. Тргнавме лошо, Швеѓаните поведоа со подобар ...
УЕФА ја поздрави одлуката на ФИФА да се откаже од планот за продажба на удел во Светското првенство и останатите натпреварувања на приватни инвеститори, но во исто време испрати остри критики кон претседателот Џани Инфантино и актуелното раководство на светската куќа на фудбалот. Европската куќа на фудбалот порача дека предлогот бил едногласно отфрлен од сите нејзини национални федерации, како и од бројни конфедерации и сојузи ширум светот, ...
Европската авантура на Вардар заврши во второто коло од квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Скопскиот тим не успеа да изненади и загуби на крајот убедливо на гостувањето во Рига (5-2) и со вкупни 8-4 го заврши европското лето. Реваншот во Летонија донесе и една необична ситуација која привлече големо внимание. При еден аут за домашниот состав, детето задолжено за додавање топки реагираше исклучително брзо и веднаш му ја додаде ...
Познат е распоредот на натпревари во новата сезона на Евролигата. Новата европска кошаркарска трка ќе започне на 24 септември. Во првото коло ќе се одиграат десет натпревари, а актуелниот шампион Олимпијакос гостува кај Басконија. Прво коло 24 и 25 септември: Црвена звезда – Жалгирис Дубаи – Реал Мадрид Хапоел Тел Авив – Баерн Минхен Барселона – Анадолу Ефес Басконија – Олимпијакос АСВЕЛ – Макаби Тел Авив Панатинаикос – Париз Бешикташ – ...
Еурофарм Пелистер го претстави новиот дрес со кој ќе настапува во сезоната 2026/27. Битолчани ќе имаат нов изглед во натпреварувачката година во која ги очекуваат нови предизвици на домашната и европската сцена. Од клубот преку социјалните мрежи ги претставија новите дресови, кои ќе бидат препознатливи по традиционалните зелено-бели клупски бои. По загубената шампионска титула во македонското првенство, Пелистер ќе се обиде да се врати на ...
31 јули 2026 година ќе остане запишан како еден од најзначајните датуми во поновата историја на ФК Пелистер. Битолскиот клуб по првпат, по цели 81 година постоење, доби свој официјален фан-шоп, место каде што навивачите ќе можат уште поблиску да ја покажат својата љубов кон „зелено-белите“. Отворањето привлече голем број симпатизери на Пелистер, кои во текот на денот го посетија новиот продажен простор, купуваа клупски реквизити, се ...
Иако веќе беше претставен како ново засилување на Коло Коло, искусниот голман Возиња би можел кариерата да ја продолжи на сосема друга дестинација. 40-годишниот чувар на мрежата не отпатува во Чиле и покрај тоа што клубот официјално го промовираше и му посака добредојде. Неговото пристигнување во Сантијаго беше одложено неколкупати, а трансферот сè уште официјално не е реализиран. Според информациите Возиња е многу блиску до преселба во ...
Фудбалерот на Челзи, Михајло Мудрик, повторно ќе може да настапува, откако официјално беше затворен дисциплинскиот процес кој се водеше против украинскиот репрезентативец поради позитивен допинг тест. Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) соопшти дека постапката е завршена по измените во техничкиот документ на Светската антидопинг агенција (ВАДА). Според новите критериуми, концентрацијата на мелдониум пронајдена во примерокот на Мудрик ...
Фудбалерите на Бирмингем ја победија Барселона во пријателски натпревар по подобро изведување на пенали (3-2), откако претходно беше 2-2 по регуларното време. Натпреварот на „Сент Ендрус“ понуди сосема солидна борбеност иако беше од пријателски карактер. Шпанскиот гигант во Бирмингем допатува со изменет состав, а ова за него беше првиот официјален тест дуел во подготовките, додека за домашните „генералка“ пред новата сезона. По мирниот старт ...
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) го освои третото место на турнирот во Софија откако денеска во полуфиналето загуби од домашниот тенисер Мартин Бонев со 2-0 во сетови (7-6/5, 6-2). На овој начин Алексовски ја продолжи успешната низа настапи на турнир за играчи до 18 години, бидејќи Дема Куп во Софија е од категорија J30 Софија. Алексовски до полуфиналето постигна четири победи. Најпрво во групата ги совлада: Јоанис ...