Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Струга благодарние на откажувањето на Пролет од натпреварување во елитата, успеа да остане во Суперлигата и полека гради конкурентен тим. Клубот од крај езерото се засили со Дарко Георгиевски, Марио Танкоски, Мице Шилегов, Костадин Петров, Христијан Крстаноски, Пеце Рајатоски и Мартин Јованоски, а се очекува да пристигнат уште неколку засилувања. Со подигнувањето на проектот Струга ќе се обиде да ги отфрли „темните облаци“ и борбата за ...
Овче Поле од Свети Николе ги започна подготовките за новата сезона. Стручниот штаб ќе биде предводен од Јорданчо Трендафилов, а во следните денови ќе се приклучат уште неколку играчи. Нови имиња во тимот се Никола Стоиловски кој доаѓа од редовите на второлигашот Осогово, Метин Ќерими од Беласица, Андреј Славевски од младинските категории на Њу Старс, Стефан Антониев од младинскиот погон на штипска Брегалница, а со него во пакет доаѓаат и ...
Иднината на Винициус Жуниор во Реал Мадрид е понеизвесна од кога било, откако неколкучасовниот состанок меѓу бразилскиот ас, неговите агенти и челниците на „кралскиот клуб“ не донесе договор за продолжување на соработката. Преговорите меѓу двете страни траат речиси една година. Винициус од самиот почеток бара годишна плата од 30 милиони евра и целосни права на сопствениот имиџ. Реал претходно му понуди 22 милиони евра годишно и 50 проценти од ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ја забележа првата победа во подготвителниот период, откако ја совлада селекцијата на најдобрите фудбалери од јужнокорејската К-лига со 3-1 во пријателски натпревар одигран во Сеул. Сите четири погодоци беа постигнати во првото полувреме. Аит-Нури го отвори резултатот за англискиот тим, но Де-Вон брзо возврати и израмни на 1-1. Во продолжението, разиграниот Семењо учествуваше во акциите по кои Рајндерс ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека по завршувањето на постапката за лиценцирање, како и по истекот на рокот за поднесување жалби во делот на исполнување на обврските поврзани со финансиската дисциплина, е констатирано дека еден клуб не ги исполнил условите предвидени со важечките акти на Федерацијата за настап во највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027. Во согласност со одредбите од ...
Екипата на Јувентус забележа престижна победа во пријателски натпревар, совладувајќи го Челзи со 1-0 во Хонг Конг. Херој на „старата дама“ беше косовскиот репрезентативец Едон Жегрова, кој го постигна единствениот погодок на средбата. Акцијата за голот започна со одлично додавање од Кенан Јилдиз, по што Жегрова со прецизен удар со левата нога ја испрати топката во спротивниот агол, не оставајќи шанси за голманот Пендерс. ...
Екипите на Интер и Милан одиграа интересен пријателски натпревар во австралискиот Перт, кој на крајот заврши со конечен резултат 1-1 (0-0). Кристијан Киву и Рубен Аморим им дадоа шанса на повеќе фудбалери, дебитантски настап за Милан имаше и Гонзало Рамос, а стрелци на головите беа Федерико Димарко и Кристофер Нкунку. По здодевното прво полувреме, видовме малку поголема динамика во вторите 45 минути. Најпрво Интер го отвори резултатот преку ...
Екипата на Шкендија пристигна во Шкотска каде ја очекува првиот натпревар од третото квалификациско коло со Хибернијан. Претпазливи, но истовремено мотивирани да изненадат, играчите се спремаат за дуелот. Во име на клубот говореше Арбин Зејнулаи, кој го најави мечот на Островот. „Пристигнавме во Шкотска, позитивно е дека патувавме со чартер. Добро е што еден клуб што е како Шкендија, ни овозможи да патуваме до дестинацијата со чартер. Во ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да биде дел од плановите на РБ Лајпциг за новата сезона и се очекува повторно да ја промени средината до крајот на летниот преоден рок. Иако ги започна подготовките со германскиот бундеслигаш под водство на новиот тренер Мартин Демикелис, аргентинскиот стратег веќе му соопштил дека може да бара нов клуб. Според германскиот весник „Билд“, Демикелис составил листа од седум фудбалери на кои нема да ...
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни ...
Еден од најпознатите светски фудбалски судии, Ентони Тејлор, е именуван за директор на елитното судење во Фудбалската федерација на Турција. По долгогодишна и успешна судиска кариера на највисоко ниво, Англичанецот ќе ја преземе одговорноста за развојот на новата генерација елитни турски судии. Со своето богато меѓународно искуство, лидерски способности и посветеност на доследното судење, Тејлор ќе има клучна улога во унапредувањето на ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува да инвестира во својата иднина, откако ги продолжи договорите со младите таленти Наум Марковски и Лео Созовски. Од битолскиот клуб истакнуваат дека покрај амбицијата за успешна сезона во Првата лига и продолжување на традицијата на добри резултати, еден од главните приоритети останува развојот на младинската школа и афирмацијата на домашните кошаркари. Марковски и Созовски ќе ја започнат својата трета ...
Чилеанската фудбалска федерација (АНФП) му одобри специјално изземање на голманот на Зеленортските Острови, Возиња, кој на дресот на Коло-Коло ќе може да го носи својот препознатлив прекар, наместо официјалното име. Според правилата на чилеанското првенство, фудбалерите мора да настапуваат со своето службено презиме или име на дресот, а прекарите не се дозволени. Сепак, Коло-Коло успеа да добие посебна дозвола, па 40-годишниот голман ќе ...
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило Norma M20 на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Настанот, кој се одржа на Водно, означи почеток на едно ново поглавје во кариерата на македонскиот автомобилист кој со години е синоним за врвни резултати, ...
Мохамед Салах и официјално пристигна во Истанбул, каде што треба да ги финализира последните формалности пред потписот со турскиот гигант Трабзонспор. Уште со излегувањето од авионот беше јасно дека трансферот ќе предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите. Египетската ѕвезда се појави облечена во дресот на Трабзонспор, а пред аеродромот го пречекаа стотици фанови кои со овации, песни и скандирања му посакаа добредојде. Салах не го криеше ...
Македонската кадетска репрезентација продолжува со настапите на Европското првенство во Белград, откако избори место во разигрувањето за пласман од 9. до 16. позиција. По тешкиот почеток на шампионатот и трите порази, избраниците на селекторот Горан Кузманоски успеаја да врзат две победи и да останат во игра за висок пласман, а со тоа и за место на Светското првенство во 2027 година. Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде ...
Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради својата игра, туку поради инцидентот што се случи по натпреварот меѓу Сантос и Ремо во бразилскиот Куп. По победата на Сантос од 1-0, со која тимот обезбеди пласман во четвртфиналето, искусниот напаѓач влезе во жестока вербална расправија со членови на управата на Ремо во тунелот што води кон соблекувалните. На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како ...
ЖФК Љуботен продолжува да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона, откако официјално промовира четири нови фудбалерки. Нови членки на тетовскиот клуб се српските интернационалки Габријела Јовиќ, која доаѓа од Спартак Суботица, и Калина Попески, млада напаѓачка која пристигнува од Црвена Звезда. Договор со Љуботен потпишаа и централната дефанзивка Едина Сулејмани, која доаѓа од АС Јунајтед, како и голманката Халиме Имери, која ...
Искусниот голман на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, кариерата ќе ја продолжи во редовите на чилеанскиот гигант Коло Коло. Четириесетгодишниот чувар на мрежата беше еден од најзабележителните голмани на последното Светско првенство, каде што имаше голема заслуга за историскиот успех на својата репрезентација. Зеленортските Острови ја минаа групната фаза, а потоа беа елиминирани од Аргентина во осминафиналето со минимални ...
Арсенал го комплетираше едно од најголемите засилувања ова лето. Според најпознатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, Бруно Гимараеш е нов фудбалер на лондонскиот клуб, а договорот е финализиран со неговото препознатливо „Here we go!“. По долги преговори, Њукасл прифатил понуда вредна 75 милиони фунти, со што бразилскиот репрезентативец ќе се пресели на „Емирати“ и ќе стане едно од клучните засилувања на Микел Артета за новата сезона. ...
Џенова го претрпе најтешкиот пораз во текот на летните подготовки, откако загуби со неверојатни 10-1 од Бормут на контролен натпревар одигран зад затворени врати во тренинг-центарот на англискиот клуб. По договор меѓу двата клуба, мечот траеше 120 минути и беше поделен на четири периоди од по 30 минути. Во првиот час тимот на Даниеле Де Роси прими четири гола, а единствениот погодок за Џенова го постигна Микаел Ејлертсон. Во вториот дел, во ...
Македонската машка кадетска репрезентација е подготвена за настапот на Европското првенство од Дивизијата Б за кошаркари до 16 години, кое од 6 до 15 август ќе се одржува во Гевгелија и Скопје. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ќе имаат можност пред домашната публика да се борат за место во елитната Дивизија „А“. По завршувањето на подготовките, Стојановски истакна дека е задоволен од сработеното и од изборот на 12-те кошаркари кои ...
Во време кога најголемите англиски клубови трошат стотици милиони евра на засилувања, Брајтон и Брентфорд покажаа дека успехот може да се изгради и на поинаков начин. Зад нивниот неверојатен подем стојат двајца сопственици кои богатството не го стекнале со наследство или нафтени милијарди, туку со математички модели, статистика и светот на спортското обложување. Тони Блум, навивач на Брајтон, го купи својот клуб во 2009 година кога ...
Поранешниот менаџер на Арсенал и актуелен директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, Арсен Венгер, јавно се дистанцираше од предлогот за вклучување приватни инвеститори во сопственичката структура на Светското првенство, нагласувајќи дека воопшто не учествувал во неговото креирање. Венгер објасни дека за проектот дознал дури кога информациите се појавиле во јавноста и потенцираше дека единствено исправно решение било тој да биде ...
Иднината на Винициус Жуниор и натаму е една од главните теми во летниот преоден рок, а Арсенал останува меѓу клубовите кои покажуваат најсериозен интерес за бразилскиот напаѓач. Според повеќе медиуми, раководството на Реал Мадрид нема намера лесно да се откаже од една од своите најголеми ѕвезди и поставило цена од 150 милиони евра за евентуален трансфер. Со тоа, „кралскиот клуб“ јасно ставил до знаење дека ќе преговара само доколку некој клуб ...
Шпанската Барселона продолжува со вложувањето во младите фудбалери, а ново име во проектот на каталонскиот клуб е Џеси Бисиву. 18-годишниот Белгиец потпиша договор со Барса до 2031 година, откако пристигна од Клуб Бриж. Иако клубот не ги објави финансиските детали, шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот изнесува околу 8,5 милиони евра. Бисиву го официјализираше потписот во присуство на претседателот Жоан Лапорта, потпретседателот Рафа ...
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, смета дека е време жена да застане на чело на Светската фудбалска организација, а како свој фаворит ја посочи Лисе Клавенес. Претседателката на Фудбалската федерација на Норвешка веќе подолго време се споменува како можен противкандидат на Џани Инфантино за следните избори за претседател на ФИФА. „Клавенес заслужува голема почит. Таа секогаш имаше јасен став и не одеше по полесниот пат. Во ФИФА ...
Манчестер Сити подготвува изненадувачки потег на трансфер пазарот и сериозно е заинтересиран за крилниот напаѓач на Челзи, Педро Нето. Според информациите од Англија, менаџерот Енцо Мареска, кој веќе соработуваше со португалскиот репрезентативец во Лондон, го гледа Нето како идеално засилување за офанзивната линија на „граѓаните“. Интерес за 25-годишниот фудбалер покажува и Тотенхем, но лондонскиот клуб во моментов предност им дава на другите ...
Еден од најталентираните млади фудбалери од Црна Гора, Василије Аџиќ, ќе има нов предизвик во кариерата. 20-годишниот играч за врска следната сезона ќе настапува за Сасуоло, каде што замина на позајмица од Јувентус. Торинскиот клуб сака Аџиќ да добие повеќе простор за игра и да продолжи со развојот, а Сасуоло доби можност по крајот на сезоната да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра. Аџиќ пристигна во Јувентус во 2024 година од ...
Динамо Загреб направи огромен чекор кон пласман во плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампионите, откако убедливо го совлада литвански Жалгирис со 5-0 во првиот натпревар од третото квалификациско коло. Хрватскиот шампион уште во првото полувреме создаде сигурна предност со головите на Марко Зајц во 31. и Скот Мекена во 33. минута. Во продолжението Марко Лисица во 51. минута зголеми на 3-0, Лука Стојковиќ погоди за 4-0 во 76. минута, а ...