ЕХФ направи измени во распоредот на два натпревари на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, потврди македонскиот првак. Промена има кај првиот домашен натпревар против Нант во 2. коло. Средбата, која ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20:45 часот ќе започне во 18:45 часот. Изменет е и терминот за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот нема да се игра на 15 октомври како што беше првично ...

Натпревар на сезоната за Црвена Звезда, битка за 15.000.000 евра и Лига Европа како сигурна опција. Ова се само дел од епитетите што ќе го следат српскиот шампион во двомечот против Хапоел Бер Шева. Иако црвено-белите имаат негативни искуства со Израелците, јасно е дека многу работи се на страната на тимот на Дејан Станковиќ. Пред сè поради фактот што Хапоел ќе биде домаќин на првиот натпревар (вторник, 19:30 часот) на неутрален терен во ...

Битола добива уште еден прволигаш, бидејќи на спортската мапа се појавува ЖФК Пелистер. Со овој потег, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето спортско семејство, со цел да придонесе за развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и Македонија. Од клубот најавуваат дека ЖФК Пелистер ќе работи со фудбалерки во повеќе возрасни категории, создавајќи услови за нивен правилен спортски развој и напредок. Покрај ...

Македонија повторно ќе биде домаќин на големо европско кошаркарско натпреварување, бидејќи од 6 до 15 август ќе го организира Европското првенство од Дивизијата Б за кошаркари до 16 години. Кошаркарската федерација на Македонија повторно ја доби довербата од ФИБА за организација на уште еден младински шампионат. Натпреварите ќе се играат во Скопје и Гевгелија. Во главниот град домаќин ќе биде спортскиот објект „Т Арена“, додека во Гевгелија ...

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона, а ново име во редовите на актуелниот македонски шампион е српскиот центар Димитрије Николиќ. Искусниот кошаркар, кој има 28 години и е висок 211 сантиметри, официјално стави потпис на договорот со аеродромци и ќе претставува ново засилување во рекетот за тимот на Васко Атанасов. Николиќ зад себе има богата кариера и настапи во повеќе клубови во Србија, регионот и Европа. ...

Гонзало Гарсија и официјално ја продолжува кариерата во Премиер лигата, откако Фулам го потврди трансферот на младиот шпански напаѓач од Реал Мадрид. Лондонскиот клуб за неговите услуги ќе плати околу 40 милиони евра, а според договорот меѓу двете страни ќе стекне 70% од правата на фудбалерот. Реал Мадрид задржа дел од контролата врз иднината на Гарсија, што остава можност тој повторно да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ во наредните години. ...

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген официјално се пресели во холандскиот гигант Ајакс, напуштајќи ја Барселона по повеќе од една деценија. Искусниот 34-годишен чувар на мрежата пристигнува во Амстердам како едногодишна позајмица од редовите на каталонскиот клуб. Поради првичните тешкотии околу неговата висока плата од 15 милиони евра по сезона, двата клуба постигнаа компромис според кој Барселона ќе покрива значителен дел од неговите ...

Манчестер Јунајтед со години ја брка титулата во Премиер лигата, а навивачите повторно имаат причина за оптимизам. Доаѓањето на Мајкл Карик донесе нова енергија, а интересни знаци дополнително ги разгоре надежите дека „црвените ѓаволи“ би можеле повторно да се искачат на англискиот фудбалски врв. Имено, последен пат кога Јунајтед ја освои шампионската титула, тимот играше во гостински син дрес, токму каков што ќе го носи и оваа сезона. Тоа ...

Кошаркарскиот клуб Куманово за следната сезона остана без плејмејкерот Лука Димитриевски. 22-годишниот кошаркар му се заблагодари на клубот и навивачите и најави нова етапа во својата кариера. Се работи за плејмејкер кој е дете на Куманово и дебитираше во првиот тим уште на 16 години во сезона 2020/21. Оттогаш пет сезони беше дел од клубот, а имаше и авантура во Водно Санс. Сега младиот организатор на играта се реши дека е време за нов ...

Фудбалскиот трансфер пазар би наскоро можел да добие уште еден трансфер вреден повеќе од 100 милиони евра. Според најавите, Јан Диоманде е блиску до трансфер од РБ Лајпциг во Реал Мадрид, со што би станал 22. фудбалер за кој е платена деветцифрена сума. Првиот ваков трансфер беше реализиран во 2013 година, кога Реал Мадрид плати 101 милион евра за Герет Бејл, а рекордот и натаму го држи Нејмар, кого ПСЖ го купи од Барселона за 222 милиони ...

Италијанскиот гигант Јувентус летово направи голема реконструкција во нападот, но покрај спортскиот ефект, клубот од Торино направи и значителна финансиска заштеда. Најтрофејниот клуб во Серија А ги доведе Рандал Коло Муани од ПСЖ и Керим Алајбеговиќ од Баер Леверкузен, а според анализите на „Калчо е Финанца“, нивниот вкупен годишен трошок за сезоната 2026/27 ќе изнесува околу 30,39 милиони евра. Коло Муани пристигна за 38 милиони евра, со ...

По речиси четири сезони поминати во дреот на ТФТ Скопје, Виктор Ташовски се раздели со четвртопласираната екипа од минатиот шампионат. Ташовски потпиша договор со хрватскиот кошаркарски прволигаш Дубровник за претстојната сезона, што ќе биде неговиот прв меѓународен предизвик. View this post on Instagram A post shared by Košarkaški klub Dubrovnik (@kk_dubrovnik_) Од денот кога пристигна во ТФТ, Виктор растеше заедно со клубот, а неговата ...

Премиер лигата од сезоната 2026/27 ќе тестира ново правило со кое сака да стави крај на честите злоупотреби на прекините поради повреди на голманите. Според новата пробна мерка, доколку судијата дозволи лекарска интервенција за голманот, а претходно не е досуден прекршок, тренерот ќе има само десет секунди да го извести четвртиот судија кој фудбалер од полето ќе го напушти теренот. Избраниот играч ќе мора да остане надвор од игра најмалку ...

Хрватскиот клуб Динамо Загреб постави нов рекорд по број на членови. Клубот денеска ја надмина минатогодишната бројка од 65.243 членови, која дотогаш беше најголема во историјата. Од клубот истакнаа дека новиот рекорд не е само статистика, туку доказ за поврзаноста, лојалноста и поддршката од навивачите. „Ако го сакаш Динамо – тогаш тука припаѓаш“, порачаа од клубот, со очекување дека бројката ќе продолжи да расте. Сепак, кога станува збор за ...

Иван Слишковиќ официјално ја заврши својата играчка кариера и се врати во Нексе Нашице како помошен тренер. Поранешниот хрватски репрезентативец реши да стави крај на активната кариера на 34-годишна возраст и веднаш да му се приклучи на стручниот штаб на клубот како асистент на главниот тренер Саша Баришиќ Јаман. Слишковиќ веќе настапуваше како лев бек за Нексе во периодот од 2011 до 2013 година, каде што ја стекна својата полна играчка ...

Маурицио Почетино официјално потпиша нов четиригодишен договор со Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави, со кој ќе остане на позицијата селектор на машката американска репрезентација сè до Светското првенство во 2030 година. Федерацијата ја донесе оваа одлука за продолжување на соработката веднаш по завршувањето на Светското првенство. Почетино ќе го предводи тимот низ квалификациите и на самиот Мундијал во 2030 година, кој ...

По потпишувањето на двегодишниот договор со Челзи, Џордан Хендерсон истакна дека бил привлечен од амбициите на клубот и визијата на тренерот Чаби Алонсо. „Многу сум возбуден што пристигнувам во Челзи. Ова е клуб со огромна историја и големи цели. Разговорите со луѓето во клубот ми покажаа дека постои јасна визија за иднината и сакам да помогнам таа да се реализира“, изјави Хендерсон. Искусниот англиски играч за врска додаде дека сака да го ...

Индонезискиот прволигаш ПСМ Макасар продолжува да се засилува со фудбалери кои настапуваа во македонскиот шампионат. Откако неодамна го ангажираше Стефан Јевтоски, клубот го потврди и трансферот на Лука Булатовиќ. Српскиот офанзивец го напушти Пелистер по испаѓањето на битолскиот клуб во Втората македонска лига и експресно пронајде нов ангажман во Индонезија. Булатовиќ зад себе има солидна сезона во дресот на Пелистер, во која директно ...

Македонскиот кошаркарски тренер Дамјан Саздов повторно доби големо признание, откако втора година по ред е избран меѓу учесниците на престижната тренерската клиника на ФИБА. Оваа година клиниката се одржува во Тренто, Италија, во рамките на Европското првенство за кошаркари до 18 години, А Дивизија, каде што се собираат најдобрите европски тренери, кошаркарски експерти и најталентираните млади играчи од континентот. Саздов повторно ќе има ...

Додека повеќето клубови се одлучуваат за класични фотосесии и промотивни видеа, Комо избра поинаков начин да ги претстави дресовите за новата сезона. Фудбалерите на италијанскиот клуб излегоа на улиците на градот и им подарија голем број дресови на случајните минувачи, создавајќи вистинска еуфорија меѓу навивачите. Наместо во студио, промоцијата се пресели меѓу луѓето, а видеото од необичната акција брзо привлече внимание на социјалните ...

Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров-МРК објави ново засилување за претстојната сезона. Нов член на македонскиот суперлигаш е искусната ракометарка Марија Анчева. Средниот бек во Ѓорче Петров пристигнува од редовите на Астибо и ќе претставува дополнително засилување во бековската линија на тимот. Од клубот ѝ посакаа топло добредојде и многу успех во новата сезона, во која Ѓорче Петров повторно ќе има високи амбиции на домашната и европската ...

Мајкл Керик е вистински пример колку брзо се менуваат работите во Премиер лигата. Иако го презеде Манчестер Јунајтед пред само дваесет првенствени натпревари, денес тој веќе е десеттиот менаџер со најдолг стаж во англиската елита. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ беше назначен за тренер на 13 јануари 2026 година, а во меѓувреме дури осум премиерлигашки клубови ги сменија своите менаџери, што доволно говори за суровоста и нетрпеливоста ...

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ќе ја повлече поддршката за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објавија британските медиуми. Со овој потег, Англија им се придружува на фудбалските сојузи на Велс и Шведска, кои веќе го направија истиот чекор. Според „Скај Спортс“, англиската ФА ќе испрати официјално писмо со кое ќе ја повлече претходната поддршка за неговата кандидатура за нов мандат. Во меѓувреме, УЕФА размислува за правни мерки ...

Иднината на Винисиус Жуниор повторно е во центарот на вниманието, а шпанските медиуми пренесуваат дека бразилскиот репрезентативец повеќе не е расположен да ги продолжи преговорите за нов договор со Реал Мадрид. Наводно, разговорите меѓу двете страни западнале во ќор-сокак поради несогласувањата околу финансиските услови. Винисиус смета дека понудата на клубот не го одразува неговиот придонес и статус во тимот, поради што донел одлука да ја ...

Новак Ѓоковиќ повторно ја отвори темата за иднината на тенисот, предлагајќи промени во системот на бодување кои би можеле да предизвикаат големи реакции. Српскиот ас смета дека форматот на натпреварите треба да се модернизира за дуелите да бидат пократки и поатрактивни за публиката. Ѓоковиќ предложи сетовите да се играат до четири освоени гема, наместо до шест. Тој исто така смета дека треба да се укине правилото „предност“ при резултат ...

По историската сезона во која Валенсија стигна до завршницата на Евролигата и ја освои титулата во домашното првенство, клубот продолжува да гради амбициозен тим и покрај заминувањето на дел од клучните играчи и тренерот Педро Мартинез. Навивачите останаа верни на клубот, а сезонските билети се практично распродадени, што гарантира полни трибини на сите натпревари. Според шпанските медиуми, следното големо засилување ќе биде Трендон Вотфорд, ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по завршувањето на подготовките во Англија зборуваше за состојбата во тимот, трансфер плановите и младите фудбалери кои го привлекоа неговото внимание. Германскиот стратег призна дека клубот разгледува можност за доведување нов напаѓач, но дека ситуацијата не е едноставна. „Тоа ќе зависи од тимот. Имам голема доверба во Деко, знаеме дека можеби треба да реагираме, но многу зависи и од Феран Торес. Ќе видиме ...

Иако најголем дел од шпанските медиуми тврдат дека Родри е најблиску до трансфер во Реал Мадрид, се појавија и сензационални информации дека Барселона исто така влегла во „трка“ за ангажман на шпанскиот репрезентативец. Според каталонските извори, тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко разговарале за засилување во средниот ред по тешката повреда на Френки де Јонг, кој најверојатно ќе биде надвор од терените до крајот на 2026 година. ...

Англискиот репрезентативец Тревох Чалоба е на чекор до трансфер во Комо, откако италијанскиот клуб постигнал договор со англискиот дефанзивец за личните услови. Сега останува Челзи да ја прифати понудата вредна околу 30 милиони евра, а според информациите од „чизмата“, зделката е блиску до реализација. Чалоба повеќе не е во плановите на лондонскиот клуб, додека Комо, предводен од Сеск Фабрегас, му нуди важна улога во одбраната и настап во ...

Македонскиот суперлигаш ТФТ Скопје донесе ново засилување во своите редови. Се работи за Американецот Тајшон Комер - динамичен бек кој носи цврстина, лидерски квалитети и вистински натпреварувачки дух. Комер има одличен преглед на играта, игра во високо темпо и знае како да ги контролира натпреварите. Зад себе има значајно искуство, а веруваме дека неговата енергија и квалитет ќе бидат огромно засилување за нашата бековска линија. Комер оваа ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76