Мемфис Депај очигледно не сака само нов договор со Коринтијанс, туку и удел во бизнисот на бразилскиот гигант, Коринтијанс. Според „Газета Еспортива“, холандскиот напаѓач поставил неколку необични барања во преговорите за продолжување на соработката, кои далеку ги надминуваат вообичаените финансиски услови. Меѓу нив е барање да добие приватен апартман на стадионот „Нео Кимика Арена“, како и право да го користи стадионот за организирање ...

Црвена Звезда направи неочекуван чекор назад во квалификациите за Лигата на шампионите, откако загуби со 1-0 од Хапоел Бер Шева во првиот натпревар од третото квалификациско коло. Поради безбедносната ситуација во Израел, мечот се одигра на неутрален терен во унгарскиот Сомбатхељ, каде што белградскиот тим, и покрај фаворитската улога, не успеа да дојде до позитивен резултат. Избраниците на Дејан Станковиќ имаа повеќе иницијатива, но тешко ...

Најавениот трансфер на Мохамед Салах во Трабзонспор предизвика вистински потрес во фудбалска Европа. Според турските медиуми, Египќанецот договорил 17 милиони евра нето по сезона, со можност заработката да достигне 22 милиони евра преку бонуси, што би било рекордна плата во историјата на турскиот фудбал. Во договорот наводно е вклучена и посебна клаузула според која Салах ќе добива процент од продажбата на дресови и клупски реквизити со ...

Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, откри дека капата со натписот „Make Spain Great Again“ која ја носеше за време на прославата на светската титула немала никаква политичка порака. Фотографијата од прославата во Мадрид привлече големо внимание поради сличноста со познатиот слоган „Make America Great Again“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Торес објасни дека станувало збор само за шега и прослава на успехот на шпанската ...

Британската тенисерка Ема Радукану нема да настапи на овогодинешниот УС Опен поради стрес-фрактура на десната потколеница, пренесуваат медиумите на Островот. 23-годишната тенисерка се повреди за време на сезоната на трева и по лекарските прегледи било одлучено дека нема да биде подготвена за последниот Грен слем турнир во сезоната. Радукану, која во 2021 година сензационално го освои трофејот во Њујорк, неодамна започна со лесни тренинзи, но ...

Љубителите на тенисот повторно ќе имаат можност да ги гледаат Серена и Венус Вилијамс на ист терен. Американските легенди добија специјална покана за настап во конкуренција на двојки на турнирот во Синсинати. Ова ќе биде нивно прво заедничко појавување во дубл по УС Опен 2022, откако планираниот настап на Вимблдон не се реализира поради повредата на коленото на Серена. Турнирот во Синсинати, кој ќе се одржи од 11 до 23 август, би можел да ...

Иако веќе реализираше неколку значајни трансфери, Манчестер Сити не планира да застане со доведување нови играчи. Новиот менаџер Енцо Мареска сака дополнително да го засили тимот, но прво се очекуваат и неколку заминувања. Најмногу внимание привлекува иднината на Родри, кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Доколку шпанскиот репрезентативец замине, една од опциите за засилување е талентираниот Ајуб Буади од Лил, иако тој не се гледа ...

Искусниот македонски стратег, Дарко Крстески експресно пронајде нов клуб, откако пред само еден месец се раздели со екипата на Новаци. Негова нова средина ќе биде Гевгелија, каде што ќе го води тимот на Кожуф. Интересно е тоа што Крстески на клупата на Кожуф ќе седне на местото на Иван Варадиновски, кој летово се упати во обратен правец – од Гевгелија во Новаци. Крстески зад себе остава успешен тригодишен мандат во Новаци, каде што беше еден ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во Топ-16 на Европското првенство во Србија и ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9. до 16. место. Со овој успех, нашите кадети го обезбедија опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, а воедно изборија и пласман на младинското Европско првенство 2028. Нашата репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана ...

Новата сезона во шпанска Примера ќе започне со неколку значајни промени во судењето, а најголемо внимание привлекува проширувањето на овластувањата на ВАР-системот и воведувањето мерки против одолговлекувањето на играта. ВАР отсега ќе може да интервенира ако судијата погрешно покаже втор жолт картон или ако дисциплинска мерка му биде доделена на погрешен фудбалер. Исто така, видеотехнологијата ќе може да коригира и очигледно погрешно досудени ...

Евролигата објави проценка на квалитетот на екипите пред новата сезона. Очекувано, предничат грчките гиганти од Атина, Панатинаикос и Олимпијакос, а во првите десет екипи имаше место и за белградските клубови, Црвена Звезда и Партизан. Според проценката на аналитичарите на Евролигата, главни фаворити се екипите кои веќе години наназад се во европскиот врв, и тоа не е ништо ново. Листа на најквалитетни екипи во Евролигата според кошаркарските ...

Мохамед Салах е на чекор од сензационален трансфер во Трабзонспор, откако ги прифатил условите на турскиот клуб и наскоро треба официјално да стави потпис на двегодишен договор. Според турските медиуми, египетскиот ас ќе заработува 17 милиони евра нето по сезона, а со бонусите сумата може да достигне и до 22 милиони евра годишно. Со тоа Салах ќе стане фудбалер со највисока основна годишна плата во европскиот фудбал. 1. Ерлинг Халанд ...

Второлигашот Новаци останува активен на трансфер-пазарот оваа лето, а најново засилување е Јусуф Каба, кој пристигнува од редовите на Струга Трим Лум. Дваесет и двегодишниот играч за врска минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во Шкендија Арачиново, каде што беше еден од поважните играчи во тимот. По завршувањето на сезоната се врати во Струга, но не остана долго во редовите на прволигашот и сега кариерата ќе ја продолжи во ...

Женскиот фудбалски клуб Пелистер упати отворен повик до сите девојчиња од Битола кои сакаат да се занимаваат со фудбал и да станат дел од зелено-белото семејство. Младинската школа на битолскиот клуб започна со упис на нови членови, а поканата е наменета за девојчиња родени во 2010, 2011 и 2012 година. Без разлика дали веќе имаат фудбалско искуство или сакаат да ги направат своите први чекори на теренот, во ЖФК Пелистер ќе добијат можност да ...

Никола Јокиќ би можел наскоро да стане сопственик на најголемиот договор во историјата на НБА, што само дополнително ја потврдува неговата величина во најсилната лига на светот. Според информациите на „ЕСПН“, се очекува управата на Денвер Нагетс да му понуди на српскиот центар петгодишно продолжување на соработката, вредно околу 359,5 милиони долари. Јокиќ има договор со Денвер до 2028 година, но веќе има можност за нова максимална соработка. ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално го казни Макаби Тел Авив поради однесувањето на неговите навивачи на натпреварот против Шериф Тираспол во квалификациите за Лига Европа. Израелскиот клуб ќе мора следниот домашен европски натпревар да го одигра пред празни трибини, а дополнително ќе плати и парична казна од 40.000 евра. Причина за дисциплинската мерка е употребата на пиротехнички средства од страна на навивачите на Макаби за време ...

Погребот на легендарниот Франко Барези беше централниот настан во Милано денеска. Армија навивачи на славниот Милан испратија последен поздрав на нивниот долгогодишен капитен, кој почина на 66-годишна возраст. pic.twitter.com/0XDUJbuQjw — Milan Posts (@MilanPosts) August 4, 2026 На погребот на Барези присуствуваа многу поранешни легенди на Милан, меѓу кои беа Марко Ван Бастен, Кларенс Сидорд, Паоло Малдини и Роберто Баџо. Франко Барези целата ...

Управата на ФК Вардар ги пушти во продажба влезните билети за дерби-натпреварот против Шкендија во Првата македонска лига. Двата најсериозни кандидати за шампионската титула ќе се судрат уште во второто коло, па затоа се очекува и голема посетеност на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Билетите ќе можат да се набават преку продажната мрежа на МкТикетс, а натпреварот се игра на деветти август, со почеток во 17:00 часот. Двете екипи ...

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, успеа по три сета игра и со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-4) да ја совлада Анастасија Фирман од Украина, во натпревар што траеше два часа и 30 минути. Во првиот сет, кој ѝ припадна на Ѓорческа, двете тенисерки имаа проблеми со освојувањето на гем на свој сервис и имаше дури седум брејка (четири за Лина). Во седмиот гем беа одиграни 14 поени, а како поуспешна излезе македонската тенисерка. Во вториот сет, ...

Како што пред неколку дена објави Gol.mk, Методи Максимов е и официјално нов играч на штипска Брегалница, каде се очекува да биде големо засилување за екипата. Играчот што настапува како десен бек и крило се враќа во Македонија, откако во меѓувреме настапуваше за Ласк Линц и норвешкиот Алесунд. Потоа се повреди и настапуваше за вториот тим на Ласк, а сега повторно ќе го гледаме во Првата македонска фудбалска лига. Максимов е најавен како ...

Кадетската репрезентација на Македонија одигра уште еден силен подготвителен натпревар пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, кое од шести до 15 август ќе се одржи во Скопје и Гевгелија. Во последната контролна средба пред шампионатот, избраниците на селекторот Дејан Стојановски беа поразени од селекцијата на Велика Британија со 82-72, во натпревар во кој покажаа карактер, борбеност и реакција во ...

Легендарниот НБА кошаркар Крис Бош откри дека и по завршувањето на кариерата продолжува да води тешка битка со здравствените проблеми, па дури и бил на чекор до смртта. Бош откри дека во јануари повторно доживеал белодробна емболија и поминал една седмица во болница. „Во јануари имав нова епизода. Практично бев на чекор до смртта, но успеав да се извлечам. Не се шегувам. Повторно доживеав белодробна емболија и поминав една недела во болница. ...

Поранешниот селектор на Холандија, Луј Ван Гал, не ја исклучува можноста повторно да ја преземе репрезентацијата, откако се појавија шпекулации дека би можел да го наследи Роналд Куман. Искусниот стратег, кој трипати ја предводеше холандската селекција, изјави дека секогаш е подготвен да му помогне на националниот тим доколку има потреба. „Холандија има квалитетен тим и верувам дека може повторно да се бори за европска или светска титула. ...

Факундо Кампацо повторно се поврзува со враќање во Црвена Звезда, откако шпанските медиуми објавија дека белградскиот клуб ја следи ситуацијата околу аргентинскиот плејмејкер. Кампацо настапуваше за Црвена Звезда во сезоната 2022/23 и за кратко време стана миленик на навивачите, а сега би можел повторно да го облече „црвено-белиот“ дрес. Според информациите од Шпанија, Аргентинецот не е целосно задоволен од статусот во Реал Мадрид, а Звезда ...

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, откако Фудбалската федерација на оваа земја официјално соопшти дека соработката е прекината со заеднички договор. Од Федерацијата му се заблагодарија на 62-годишниот стратег и на неговиот стручен штаб за професионалноста, посветеноста и работата во изминатите 29 месеци, посакувајќи им успех во понатамошната кариера. Петковиќ го презеде Алжир во 2024 година. Во ...

Милано денеска беше обединето во тага по смртта на Франко Барези, човекот кој со децении беше заштитен знак на Милан и еден од најголемите стопери во историјата на фудбалот. Во базиликата „Сант Амброџо“ се одржа погребната церемонија, на која присуствуваа илјадници навивачи, членови на семејството, поранешни соиграчи и бројни фудбалски великани. Пред црквата се собраа голем број симпатизери на Милан, кои со аплауз и скандирања му оддадоа ...

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години ја совлада Турција со 27-29 (15-13) во второто коло од разигрувачката група за пласман на Европското првенство во Белград. Иако важевме за голем фаворит, на стартот подобро отворија Турците. Тие имаа предност од три гола во воведната фаза, последно со 8-5. На тоа следуваше одговор со наша серија од 2-6 за преврт и прво водство (10-11). До полувремето повторно ривалот поведе со три разлика, ...

Откако пропаднаа сите досегашни обиди за негово заминување, сѐ поизвесно е дека Рафаел Леао ќе остане во Милан и во новата сезона. Иако „росонерите“ се подготвени да го продадат португалскиот репрезентативец за околу 50 милиони евра, во моментов нема конкретна понуда што ги исполнува нивните барања. Во текот на летниот преоден рок за Леао се водеа преговори со Фенербахче и Галатасарај, но трансфер во Турција не се реализираше. Интерес ...

Ѓоко Хаџиевски експресно најде нов ангажман, откако само неколку дена по заминувањето од бугарски Спартак Варна беше назначен за нов тренер на Ал-Медина од Обединетите Арапски Емирати. Македонскиот стратег ќе го предводи клубот кој се натпреварува во четвртата лига на ОАЕ, а со тоа се враќа во средина која одлично ја познава. Хаџиевски во минатото работеше во повеќе клубови од Обединетите Арапски Емирати, меѓу кои Хата, Емирејтс и Ал Дафра, а ...

Брегалница продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во тимот од Штип е Бразилецот Матеус Да Силва Лемос. Станува збор за 29-годишно лево крило од Рио де Жанеиро, кое не е непознато име за македонската фудбалска јавност. Лемос претходно настапуваше за Македонија ЃП и Вардар, а летово беше и промовиран во Шкендија Арачиново, но на крајот се одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Брегалница. Бразилецот веќе една седмица ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75