Американскиот НБА новинар Брајан Виндхорст смета дека Леброн Џејмс би имал загарантирано место во репрезентацијата на САД доколку реши да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Иако Џејмс претходно најави дека не планира повторно да настапи на Олимписки игри, американските новинари сметаат дека ситуацијата може да се промени, особено ако Леброн ја заврши кариерата по сезоната 2027/28. Џејмс досега има четири олимписки ...

По неколку домашни засилувања, новиот проект на КК Пелистер го официјализира и првиот странец. Камрон МекДауел ќе ја организира играта на Пелистер. Овој американски бек шутер доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. МекДауел има 23 години и висок е 196 сантиметри. Во пет сезони во колеџ лигата МекДауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. ...

Египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах доживеа спектакуларен и „луд“ пречек во Турција, каде што пристигна за да го комплетира својот историски трансфер во редовите на Трабзонспор. Илјадници фанови го пречекаа поранешниот ас на Ливерпул со овации, песни, факели и вистинска навивачка еуфорија која го блокираше аеродромот. Салах најпрво слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, каде веднаш го облече препознатливиот бордо-син дрес, водејќи ...

Лионел Меси постигна два гола и запиша една асистенција за Интер Мајами во победата од 4-2 против мексиканскиот Атлетико Сан Луис, во својот прв меч по завршувањето на Светското првенство. Со овој настап во Лига Купот, аргентинскиот фудбалер стигна до рекордни 14 голови во ова натпреварување. 39-годишниот Аргентинец постигна голови во 11. и 44. минута од натпреварот. Преостанатите погодоци за клубот од Флорида ги постигнаа Теласко Сеговија и ...

Наскоро почнува женскиот шампионат на Македонија во фудбал. Шампионот Скопје одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Кочани, а Каменица Саса ќе гостува во Тетово против Љуботен. Засилениот Вардар ќе игра дерби со Истатов во Скопје. Во останатите натпревари Речица ќе има тешка задача на домашен терен против екипата на Ас Јунајтед од Струга, додека пак во Струмица ќе се игра мечот меѓу Тиверија Брера и новајлијата ЖФК ...

Шпанскиот тим Реал Бетис го совлада Арсенал со 3-1 во претсезонски пријателски натпревар на распродадениот стадион „Авива“ во Даблин, Ирска. Сите четири погодоци беа постигнати во динамичното прво полувреме. Родриго Рикелме погоди од непосредна близина на далечната статива по грешка на голманот на Арсенал, Кепа Аризабалага и го отвори резултатот во деветтата минута. По еден корнер Шпанците го зголемија водството на.0-2. Нелсон Деоса ја ...

Германскиот стручњак Матијас Јајсле официјално е именуван за нов менаџер на Њукасл Јунајтед, наследувајќи го Еди Хау на клупата на премиерлигашот. 38-годишниот стратег потпиша четиригодишен договор кој ќе го задржи на „Сент Џејмс Парк“ до јуни 2030 година. За да го обезбеди неговиот потпис, англискиот клуб му исплати отштета од 11 милиони евра (9,5 милиони фунти) на неговиот досегашен клуб, саудискиот Ал-Ахли. Јајсле веќе му се приклучи на ...

Напаѓачот на Шкендија, Фабрис Тамба, истакна дека тимот со голема самодоверба и мотивација го очекува првиот натпревар против Хибернијан во третото квалификациско коло од Конференциската лига. „Дојдовме со голема мотивација бидејќи нѐ очекува многу важен натпревар против квалитетен противник. Не знам многу детали за Хибернијан, но сум слушнал доволно за нив и не беше никакво изненадување кога дознавме дека токму тие ќе ни бидат следен ривал. ...

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, сака повторно да го донесе Елиф Елмас во Неапол, но информациите во медиумите велат дека нема да биде лесно да се реализира овој трансфер со РБ Лајпциг. Македонскиот репрезентативец официјално ја заврши својата едногодишна позајмица во италијанскиот клуб на 30 јуни 2026 година, по што се врати во РБ Лајпциг. Иако Наполи реши да не ја активира првичната откупна клаузула од 16 милиони евра, клубот ...

Поради доцнење со визната документација, тренерот Артим Положани ќе ѝ се приклучи на екипата на Шкендија на денот на натпреварот против Хибернијан, па на официјалната прес-конференција пред медиумите говореше неговиот помошник Куштрим Вока. „Хибернијан е специфичен противник, пред сè поради физичкиот стил на игра кој е карактеристичен за британскиот фудбал. Сепак, убедени сме дека ќе одговориме на вистински начин. Барањата на шефот на ...

Италијанскиот гигант Интер не ја прифати понудата од 40 милиони евра од Брентфорд за младиот српски играч за врска Александар Станковиќ, син на легендарниот Дејан Станковиќ. По одличната сезона во Клуб Бриж, каде ја освои титулата во Белгија и беше прогласен за најдобар млад фудбалер во првенството, Станковиќ летово се врати во Милано. Новиот тренер Кристијан Киву сериозно смета на него и го гледа како важна опција во средниот ред, поради што ...

Иднината на Аргентинецот Кристијан Ромеро останува неизвесна, откако дефанзивецот ги забавил преговорите со Интер поради интересот од Атлетико Мадрид. Тотенхем веќе прифатил понуда од околу 40 милиони евра од Интер, но трансферот пропаднал бидејќи Ромеро не постигнал договор за личните услови. Ова сега сака да го искористи Атлетико, кој иако првично нуди помалку пари, се очекува со бонуси да стигне до сумата што ја бара англискиот клуб. ...

Дебитантот Шкендија Арачиново продолжува со засилувањата за новата сезона, откако го промовира албанскиот лев бек Есин Хакај. Искусниот дефанзивец пристигнува со богато интернационално искуство, откако во кариерата настапуваше за турски Самсунспор, како и за познатите албански клубови Влазнија и Партизани. Со неговото доаѓање, дебитантот во Првата лига продолжува да го комплетира ростерот со цел успешно да ги оствари амбициите во новата ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови обвинувања, откако неколку американски градови-домаќини на Светското првенство соопштија дека не ја добиле ветената финансиска поддршка од по еден милион долари. Според американските медиуми, на претставниците на градовите им било усно ветено дека ќе добијат средства за организациски трошоци, но исплатата никогаш не била реализирана. Поради тоа, локалните организатори бараат ...

Фенербахче го зададе првиот удар во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совлада австриски Штурм Грац со 2-0. Турскиот гигант од самиот почеток го диктираше темпото и ја оправда фаворитската улога. Првиот гол падна уште во деветтата минута, кога прецизен беше Андерсон Талиска, а непосредно пред паузата предноста ја удвои летното засилување Мејсон Гринвуд. Во продолжението домаќините рутински ја ...

Тренерот на Шкендија, Артим Положани, не отпатува со експедицијата во Шкотска поради доцнење во постапката за добивање виза за влез во Обединетото Кралство. Поради неговото отсуство, официјалната прес-конференција и последниот тренинг пред натпреварот со Хибернијан ги водеше помошникот Куштрим Вока, заедно со останатиот стручен штаб. Од таборот на тетовскиот клуб информираа дека проблемот со визата е веќе решен и Положани во текот на четврток ...

Само неколку дена по завршувањето на судиската кариера, еден од најпознатите европски арбитри, Ентони Тејлор, доби нов ангажман. Англичанецот е именуван за нов прв човек на судиската организација при Фудбалската федерација на Турција. Тејлор зад себе има богата кариера на меѓународната сцена, судејќи на натпревари од Лигата на шампионите, Европските и Светските првенства, како и финалиња под капата на УЕФА и ФИФА. Поради своето искуство, важи ...

ЖФК Менада продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а првото засилување е на голманската позиција. Нов член на клубот е поранешната младинска репрезентативка на Македонија, Марија Ничоска. Македонската голманка зад себе има настапи за ЖФК Љуботен, ЖФК АС Јунајтед, како и за повеќе екипи од Првата македонска женска лига, а во Менада веруваат дека нејзиното искуство и квалитет ќе бидат од големо значење во остварувањето на клупските ...

Стартот на премиерната сезона во новоформираната Регионална ракометна лига ќе донесе неколку интересни пресметки уште во првото коло, а најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Партизан. Битолчани на стартот ќе се соочат со српскиот шампион, кој од ова лето е предводен од поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез. Така, шпанскиот стратег повторно ќе се судри со „зелено-белите“ против кои имаше судири и во Лигата на ...

Повратникот во Премиер лигата, Хал Сити, го претстави новото засилување на голманската позиција. Во клубот пристигна грчкиот репрезентативец Константинос Цолакис, кој потпиша петгодишен договор. Според британските медиуми, Хал Сити за неговиот трансфер од Олимпијакос плати околу 20 милиони фунти, со што е поставен нов клупски рекорд. Претходниот најскап трансфер беше во 2016 година, кога клубот издвои 13 милиони фунти за Рајан Мејсон. Our ...

Башкими експресно реагираше по убедливиот пораз од 6-0 против Силекс во првото коло од Првата македонска фудбалска лига. Кумановскиот клуб во еден ден промовираше дури десет нови фудбалери, со цел што побрзо да го засили ростерот за продолжението од сезоната. Нови членови на Башкими се стоперите Џулинај Капланај и Андреј Љубевски, играчите за врска Габриел Тенлеп, Андри Стафа, Клаудио Мартинез и Мал Јанузи, левиот бек Билал Исени, крилните ...

Македонскиот второлигаш Пелистер има ново име во својот табор, а тоа е Давид Ивановски, кој доаѓа од редовите на Кожуф. Се работи за 19-годишен офанзивен фудбалер кој треба да ја збогати напаѓачката ротација. Во младинските категории настапуваше за швајцарските Винтертур и Сент Гален. Пелистер по испаѓањето од Првата лига гради нов тим со јасна амбиција што побрзо да се врати во најсилното македонско фудбалско друштво. Прочитајте повеќе околу ...

Легендарниот португалски фудбалер, Луис Фиго, упати остри критики кон претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барајќи тој веднаш да ја напушти функцијата. Во колумна за британскиот „Дејли Мејл“, Фиго не го „штедеше“ првиот човек на Светската фудбалска организација, обвинувајќи го за нетранспарентно работење и одлуки кои, според него, не се во интерес на фудбалот. Поранешниот освојувач на „Златната топка“ смета дека Инфантино се обидел да ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз на Европското првенство од Дивизијата Б за кошаркарки до 18 години, кое се одржува во романскиот град Тулчеа. Во последниот натпревар од групната фаза, нашата селекција беше поразена од Словачка со 80-65. И покрај поразот, македонските јуниорки го одиграа своето најдобро прво полувреме на шампионатот. По израмнетите воведни десет минути, во кои Македонија имаше ...

Кошаркарскиот клуб Монако ја продолжува правната битка за настап во француската елита следната сезона. Откако жалбата беше одбиена од Француската кошаркарска федерација, клубот случајот го достави до Националниот олимписки и спортски комитет на Франција (CNOSF). Проблемите започнаа кога финансиското контролно тело не издаде лиценца поради недоволни гаранции за финансиската стабилност и нејаснотии околу промената на сопственичката структура. ...

Амбициозниот кошаркарски клуб Дубаи продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување е данскиот центар Дејн Ерикстрап. 23-годишниот кошаркар висок 212 сантиметри пристигнува од Гронинген, каде минатата сезона имаше одлични бројки во заедничката лига на Белгија и Холандија - просечно 18,4 поени, седум скока и две асистенции по натпревар. Особено се истакна со шутот за три поени, со успешност од 37 проценти. Дубаи летово ...

Македонскиот суперлигаш Алкалоид замина во Маврово, каде ја започнува втората фаза од летните подготовки за новата сезона. Откако заврши првиот период во Скопје, екипата ќе продолжи да работи на физичката и тактичката подготвеност пред серијата пријателски натпревари, кои ќе бидат последната проверка пред стартот на новата сезона на домашната и меѓународната сцена. Избраниците на тренерот Кирил Лазаров повторно ќе имаат големи амбиции во ...

Тренерот на шкотскиот Хибернијан, Дејвид Греј, ги прокоментира очекувањата од двомечот со Шкендија во Конференциската лига на УЕФА, истакнувајќи дека домашниот терен може да биде многу значаен во дуелите со македонскиот претставник. Шкендија во шкотските медиуми е најавена како екипа која лани стигна до нокаут-фазата во ова натпреварување, но Греј смета дека неговиот тим има капацитет за пласман во следната рунда. „Потребни ни се нашите ...

Францускиот стратег Ерве Ренар влезе во фудбалската историја со несекојдневен рекорд. Искусниот 57-годишен тренер стана првиот селектор кој во текот на една календарска година предводел три различни национални репрезентации. По разделбата со Саудиска Арабија и краткиот 19-дневен престој на клупата на Тунис, Ренар доби нов ангажман и официјално е назначен за селектор на Брегот на Слоновата Коска. За оваа репрезентација тој не е непознато име. ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално потврди две важни новини во правилата кои веднаш ќе се применуваат во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Првата промена се однесува на жолтите картони. Наместо суспензија по третиот жолт картон, фудбалерите отсега ќе го пропуштаат следниот натпревар дури по добивањето на четвртиот жолт картон, што ќе им овозможи подолго да останат на располагање на своите тимови. Втората ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35