Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Италија бара начин повторно да се врати во врвот на европскиот и светскиот фудбал по новото разочарување и пропуштеното учество на Мундијалите. За актуелната состојба во репрезентацијата зборуваше легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој смета дека на „аѕурите“ им е потребна голема промена. Во изминатиот период се шпекулираше дека селекторската функција би можел да ја преземе Пеп Гвардиола, но на крајот изборот падна на Роберто Манчини, кој се ...
Реал Мадрид го поздрави повлекувањето на предлогот на ФИФА за делумна продажба на комерцијалните права на своите натпреварувања, оценувајќи дека тоа е победа за фудбалот и неговите навивачи. Во официјалното соопштение, „кралскиот клуб“ им се заблагодари на УЕФА, националните федерации и останатите институции кои се спротивставија на иницијативата на Џани Инфантино, истакнувајќи дека нивното единство го заштитило фудбалот во клучен момент. Од ...
Македонскиот тренер, Југослав Тренчовски, ги живее своите магични денови ова лето. Струмичанецот со три бода дебитираше на клупата на Олимпија Љубљана, отккао неговиот тим го совлада Алуминиј со 1-0. Урбаниќ погоди во 93. минута и донесе победа за Олимпија и го „зачини“ првиот натпревар на македонскиот стручњак со победа. Ова беше прва радост за Олимпија оваа сезона, отккао во првите две кола запиша два порази. Струмичанецот во Олимпија ...
Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол смета дека Енцо Мареска е идеален избор за нов тренер на Манчестер Сити и верува дека на италијанскиот стратег треба да му се даде време за да ги спроведе своите идеи. Мареска летово го презеде англискиот шампион, наследувајќи го Пеп Гвардиола, кој ја напушти клупата по завршувањето на минатата сезона. Италијанецот потпиша тригодишен договор, а дебито го имаше на пријателскиот натпревар против Интер ...
Иако се очекуваше дека ќе добие поголема улога, шпанските медиуми откриваат дека бразилскиот напаѓач Ендрик нема да биде дел од тимот на Реал Мадрид во новата сезона. Според информациите, тренерот Жозе Мурињо јасно му ставил до знаење на раководството дека не смета на 20-годишниот Бразилец, и покрај неговите добри настапи за време на позајмицата во Лион. Ендрик се надеваше дека по заминувањето на Гонзало Гарсија во Фулам ќе добие шанса да се ...
Некогаш беше една од најголемите надежи на англискиот фудбал, а денес Џејдон Санчо тренира далеку од очите на јавноста. Во Фликстон, клуб кој се натпреварува во десеттата англиска лига. Англискиот офанзивец индивидуално ја одржува формата на терените на Фликстон, кои се наоѓаат на само неколку минути од тренинг-центарот „Карингтон“. Клубот неодамна инвестираше во својата инфраструктура, па неговите услови ги користат и неколку професионални ...
Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, откри дека е блиску до нов ангажман, но повторно ќе работи како селектор, а не како клупски тренер. Во интервју за „Слободна Далмација“, искусниот стратег истакна дека нема намера да се врати во клупскиот фудбал и дека сака да ја продолжи кариерата исклучиво на репрезентативно ниво. Тој откри дека не му недостигале понуди и дека конечната одлука ќе ја донесе многу ...
Белгиецот Кевин Де Брујне призна дека не се чувствувал најдобро во првата сезона со Наполи, истакнувајќи дека главната причина бил различниот поглед на фудбалот што го имал со тогашниот тренер Антонио Конте. Белгискиот плејмејкер минатото лето пристигна во Неапол како слободен агент по заминувањето од Манчестер Сити, но не успеа да ги оправда високите очекувања. Во 21 настап во сите натпреварувања постигна пет голови и запиша четири ...
Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува со одличните настапи во узбекистанската Суперлига. Офанзивецот беше најзаслужен за победата на Согдиана од 3-1 на гостувањето кај Машал, постигнувајќи ги сите три гола за својот тим. Дориев го отвори резултатот уште во 5. минута, носејќи му предност на својот тим од 1-0. На самиот почеток од второто полувреме Согдиана доби пенал, а македонскиот репрезентативец беше сигурен реализатор за ...
Младиот офанзивец на Црвена Звезда, Василије Костов, и понатаму е едно од најбараните имиња на трансфер-пазарот, а најновите информации велат дека Интер повторно сериозно се вклучил во трката за неговиот потпис. Според „Foot Mercato“, италијанскиот шампион веќе започнал преговори со агентот на талентираниот фудбалер, кој би можел да ја продолжи кариерата на „Џузепе Меаца“. Интересот на Интер за тинејџерот не е нов. Клубот од Милано го следи ...
Македонскиот интернационалец Марио Младеновски имаше одличен старт на сезоната во Хрватска, со гол за победа за неговиот Вараждин. Вараждин со резултат 2-1 го порази Хајдук Сплит во првото коло на ХНЛ-лигата, а Младеновски беше стрелец на првиот гол. Стоперот на мечот погоди во 53. минута, по асистенција на Чанјуга. Во продолжението од мечот Хајдук израмни преку Пукшташ, а Мамиќ ги постави конечните 2-1. Во финишот на мечот Ливаја имаше шанса ...
Челниците на регионалната АБА-лига го објави комплетниот распоред за групната фаза од АБА2 лигата за сезоната 2026/27, во која Македонија ќе има три претставници, МЗТ Скопје, Маџари и ТФТ. Најновиот член на регионалното натпреварување, Маџари, дебитантската сезона ќе ја отвори на 6 октомври со гостување кај Војводина во Нови Сад. Првиот домашен натпревар ќе го одигра на 29 октомври против Морнар, а своите мечеви ќе ги игра во салата „Јане ...
Македонскиот фудбалер Филип Бошковски е нов член на албанскиот Фламуртари, потврди клубот. Десниот бек му се приклучува на тимот во пресрет на новата сезона и ќе претставува засилување за одбранбената линија на клубот. Бошковски е роден на 28 октомври 2000 година, висок е 179 сантиметри и настапува на позицијата десен бек. Со овој трансфер, 25-годишниот македонски фудбалер ќе има нов предизвик во својата кариера, по настапите за Пелистер и ...
Идниот противник на Шкендија во третото квалификациско коло од Конференциската лига, Хибернијан, со пораз ја започна новата сезона во шкотската Премиер лига. Тимот од Единбург загуби со 2-1 на домашен терен од Мадервел, само неколку дена пред првиот европски натпревар против македонскиот вицешампион. Гостите поведоа уште во првото полувреме и на паузата заминаа со предност од 1-0. Хибернијан израмни во 55. минута преку Мартин Бојл, кој беше ...
Германскиот ракометен гигант Флензбург го потврди ангажманот на португалските репрезентативци Мартим и Кико Кошта, кои потпишаа долгорочни договори со клубот до 2032 година. Со доаѓањето на браќата Кошта, Флензбург не добива само двајца врвни ракометари, туку и тандем кој со години настапува заедно и одлично се надополнува на теренот. Заедно со Французинот Ајмерик Мин, во бековската тројка на Флензбург за следната сезона се гледа како една од ...
Струга Трим Лум продолжува да им дава шанса на младите фудбалери, а најновото име кое доби можност во првиот тим е Агон Демири. Талентираниот фудбалер дебитираше на пријателскиот натпревар против ГФК Охрид Лихнидос, во кој стружани славеа со 3-1. Демири влезе во игра во второто полувреме и со само 16 години и шест дена стана еден од најмладите дебитанти во историјата на клубот. Од Струга соопштија дека младиот играч и понатаму ќе тренира со ...
Иако нивната европска авантура заврши уште во квалификациите, вкупно 75 клуба од 35 земји ќе поделат финансиска награда од УЕФА. На листата е и македонскиот првак Вардар кој го заврши настапот во Европа, но според податоците заработи скоро еден милион евра од мечевите со КуПС и Рига во ЛШ и КЛ, како и Силекс, кој беше елиминиран од Динамо Минск во Конференциската лига. Станува збор за екипи кои беа елиминирани во првото и второто ...
Кошаркарскиот клуб Работнички денес одбележува значаен јубилеј – 80 години од одигрувањето на својот прв официјален натпревар. На 2 август 1946 година, на големиот православен празник Свети Илија и државниот празник Илинден, започнало првото кошаркарско првенство на Македонија, организирано во рамките на Вториот фискултурен слет. На турнирот настапиле екипите на Македонија, Работнички и Ванчо Прке од Штип. Работнички во својот дебитантски ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, можел да има годишни примања поголеми од 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси, доколку успееше да го реализира контроверзниот план за создавање нова комерцијална компанија која би управувала со Светското првенство. Според информациите на повеќе британски медиуми, заработката на Инфантино била директно поврзана со проектот кој предвидувал продажба на 20 отсто од комерцијалните права на Мундијалот на ...
Едуардо Камавинга се најде на удар на шпанските медиуми и навивачите по ремито на Реал Мадрид (2-2) против Фиорентина во подготвителниот натпревар. Најостра беше „Кадена СЕР“, која оцени дека францускиот репрезентативец бил „практично јавна опасност кога топката му е во нозете“, посочувајќи дека направил премногу грешки во организацијата на играта и не влеал сигурност во средниот ред. Критики пристигнаа и од „АС“, каде што Камавинга беше ...
Кевин Дурент сè уште не планира да се повлече од настапите за репрезентацијата на САД. Искусниот играч на Хјустон Рокетс откри дека има желба да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, но нагласи дека местото во тимот нема да го добие само врз основа на досегашните успеси. Дурент на настан организиран од „USA Basketball“ порача дека конечната одлука ќе ја донесат генералниот менаџер на репрезентацијата Грент Хил и стручниот ...
Ракометарот на Партизан и српски репрезентативец, Милош Кос, ќе биде надвор од терените на почетокот од новата сезона поради повреда на десната рака. Новиот играч на црно-белите заработил скршеница на третата метакарпална коска, по што му претстои пауза од околу шест до осум недели. Кос летово пристигна во редовите на Партизан како големо засилување, но повредата ќе го спречи да му помогне на тимот во првите официјални натпревари. Избраниците ...
Еден од најкултните англиски клубови Дерби Каунти е на чекор да добие моќен инвеститор, откако саудиски милијардер и член на саудиското кралство Турки Алалших влезе во напредни преговори со сопственикот Дејвид Клоус за вложување во англискиот клуб. Според британските медиуми, договорот е блиску до реализација, но сè уште треба да добие „зелено светло“ од регулаторните тела на англискиот фудбал. Алалших е едно од највлијателните имиња во ...
Еден од најталентираните млади фудбалери од Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, и официјално е нов член на Јувентус. Италијанскиот гигант потврди дека постигнал договор со Баер Леверкузен за трансферот на 18-годишниот репрезентативец на БиХ, кој стави потпис на договор со „старата дама“ до летото 2031 година. Според првичните информации, трансферот е вреден околу 35 милиони евра, што го прави еден од најголемите во историјата на ...
Управата на Милан подготвува низа активности со кои ќе му оддаде почит на својот легендарен капитен Франко Барези, кој неодамна почина на 66-годишна возраст. Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот разгледува можност дел од стадионот „Сан Сиро“ или еден од тренинг-комплексите во иднина да биде именуван по една од најголемите фигури во историјата на „росонерите“. Според „Газета дело Спорт“, раководството на Милан веќе разгледува неколку ...
Норвешкиот голман Ориан Ниланд постигна договор со РБ Лајпциг и ќе го засили клубот од кој беше дел и во минатото, но не успеа да се наметне во првиот тим. Ниланд импресионираше со одлични настапи на Светското првенство, беше дел од екипата што стигна до четвртфиналето на турнирот, а сега се враќа во Лајпциг, каде треба да добие двегодишен договор. Претходно, три години беше дел од шпанската Севиља, а во минатото го носеше дресот на Ход, ...
Микел Артета, Чаби Алонсо и Андони Ираола денес се меѓу најценетите менаџери во Премиер лигата, но малкумина знаат дека нивната фудбалска приказна започнала на исто место. Тројцата како деца настапувале за аматерскиот клуб Антигуоко од Сан Себастијан, основан во 1982 година со единствена цел, развој на млади фудбалери. Родени со разлика од само неколку месеци, тие заедно ги минале првите фудбалски чекори во клуб кој денес важи за еден од ...
Возачот на Тојота, Сами Пајари, ја оствари победата на Рели Финска во рамките на Светскиот рели шампионат (ВРЦ), со што на четири трки пред крајот на сезоната се проби на втората позиција во генералниот пласман. За 24-годишниот Финец ова е втор триумф во кариерата, откако претходно славеше и на релито во Естонија. Со победата на домашен терен, Пајари ѝ го донесе на Финска јубилејниот 200. триумф во историјата на Светскиот рели шампионат. ...
МРК Куманово ги започна подготовките за новата суперлигашка сезона, а тренерот Александар Саша Радосављевиќ порача дека пред екипата е нова приказна со изменет играчки кадар и нови предизвици. Искусниот стратег истакна дека е задоволен од сработеното во летниот преоден рок и верува дека петте нови ракометари ќе донесат дополнителен квалитет во тимот. „Имаме изменет играчки кадар, дел од ракометарите заминаа, а пристигнаа нови засилувања. ...
Шпанија го освои Светското првенство по одличниот настап на турнирот во САД, Канада и Мексико, но во составот на шампионската селекција недостасуваше еден од талентираните фудбалери на Барселона - Фермин Лопез. Младиот играч за врска се повреди непосредно пред Мундијалот и не успеа навреме да ја достигне потребната физичка подготвеност за да биде повикан од селекторот Луис де ла Фуенте. За разлика од Ламин Јамал и Нико Вилијамс, кои заминаа ...